Не сум ви јас од тие кои на 7-ми март ја гланцаат прашината од нивните вазни,ниту пак ќе ја водат на ручек или вечера.Не сум ни од оние кои ќе редат слики по фејсбукон од провод со знани и незнани колешки,нема ни да се прскам со парфеми,ни да ја тресам раката за да ми ѕвецка накиот. Најверојатно ќе скапам од работа цел ден,попладне ќе дремнам на двоседов,па ќе станам да си сварам едно обично кафе,а напомнување на ликот во огледалото со разбушавена коса ќе му посакам среќен празник. Роза Луксембург и Клара Цеткин најверојатно ќе се превртат во гробот на oва мое однесување,ама ...c" est la vie.
СДК дека се придружувам на @lunicka .... и јас не сум од тие жени кој со нетрпение го чекаат овој ден. И јас цел ден ќе р'мбам на работа, попладне и дома. И оваа вечер како и СЕКОЈА останата со чаша винце пред спиење...за опуштање. Не го хејтам денов, ама за мене лично нема значење. Покрај човек како него, секој ден ми е празник.
Кога... една лигава личност која, упорно се труди да ти се протне во животот со досадни „добро утро, уживаше ли во твоето прво кафе“ ќе реши на 8ми март, рано, рано да им пише на сите на кои, исто така се труди да им се протне во животецот и, тоа ќе го стори во групна фејсбук порака до сите нив, вклучително и тебе! И нешто подоцна ќе сфати што сторил,ама, тоа откако ти ќе го поздравиш него и момите во групната порака/муабет, и на сите тие убавици ќе им посакаш убаво и чудесно утро Good morning Earth, Mars is calling. И, ете ти сега, беља работа... реферати пишува во поединечна порака со правдање. Damn! Why? Та ова е толку забавно. Немав време нити да се расонам, а се смеам! Вторников.. убав! Почна ете со смеење.
Драги дами, чувствувајте се посебно, единствено, најпрекрасно... Овој и сите по него се ваши денови! Честит 8ми март!
Не ја разбирам поентата на некои жени што преку цела година не излегле од дома, караници и што ли уште не со мажот и сега демек празник на жената и ајде ќе отидат во кафана како само тоа да чекале. А можот им купил едно цвеќе или некаков друг поклон и после со тоа се фалат до следниот одми март. Која е поентата само еден ден во годината да ми покаже некој дека ме почитува и сака? Сакам цело време, зошто сум жена секој ден а не само денес.
Ми се гади од жени кои сами на себе си праќаат букет на работа , па се радуваат и замисли не знаат од кого е букетот. Па после мала драмска неизвесност, кажува дека е од мажот и ... Зошто маж ми не дома туку на работа да ми прати букет ?? Сега работам и вријам во себе...не дека мојот маж не ми пратил, туку на сцената која ние и ја дозволивме...група радознали...
Ќе ми честитаат осми март а денешниот ден не го прогласиле за државен празник и неработен ден само за жената. Онаму каде што осми март е прогласен за државен празник (Русија, Украина, Кина, Белорусија и уште некои други), таму и вистински се почитува денот, во сите останати земји овој датум има само симболично значење. И за мене ова е само симболичен датум, бидејќи еве на работа сум, не ми е празник денес, да можам да празнувам од сабајле до вечер. И не ми е јасно, па сите еднакви сме родени, и мажи и жени. Рамноправноста е вродена а нерамноправноста е наметната. Се додека мислиме и сами дозволуваме да сме нерамноправни и дозволуваме некои датуми да симболизираат некаква феминистичка борба, се дотогаш ќе останеме нерамноправни.
Жени мои секој ден бидете горди што се брбливи, а мудри, чувствителни,а храбри, што сте нежни, а храбри, што сте плашливи, а самстојни, женствени, а силни, што сте грев и задоволство во едно. Едноставно бидете тоа што сте!!! ЧЕСТИТ 8ми МАРТ!!!
Тоа стара приказна е...ако не се пофалиш исто како да не си дал. Додуши има и вулгарна верзија, ама ај....не е за овде
После два месеци си ги налакирав ноктите и ми се исушија без да се размачкаат ! хихихиих Среќен 8 ми март,ЖЕНИЧКИ !!!!
Колку треба да немаш попаметна работа за да смислуваш вакви сценарија Аман женички,мислам ги заболе другите вас кој колку ве сака или незнам што
Ne be zlatna,ova za koleskata sto sama si prakala cvece na rabota,kao maz I I go pratil. A,da....Pa samo za 8 se odi u kafana,na mesana skara? Pozdrav.