Вакви филмови се многу чести.Која е потребата на другите да им се покажува дека СТЕ САКАНИ???Мислам доволно е вие да си знаете или НЕ?А и во времето во кое живееме,во кое сите сме кој повеЌе,кој помалку егоисти,свртени кон себе и своите најблиски,мислам БАШ НЕ ЗАБОЛЕ за вашата ЉУБОВ ГОЛЕМА.
Жени... Ги навредиле - пред други Само мене лично! Им се смееле - тивко во себе Само мене гласно! Ги удриле - можеби еднаш Само мене повеќепати! Ги изневериле - зад грб Само мене во очи! Им се извинувале - мислејќи го тоа Само мене никогаш! Биле сакани - засекогаш Само јас некогаш! Ги болело - но преболеле Само мене засекогаш! Би полуделе, би се откажале, би заминале - сите Само јас НЕ!
Овој празник е за жени како тебе. Во вистинска смисла на зборот. Понекогаш ми треба твое друштво, колку да ме научиш на некои работи
Е, жени, жени 8ми Март славиме, се' е тоа убаво, убаво е и за феминистките, се постигнуваат целите ама кога ќе видиш и ќе слушнеш со свои очи и уши некои работи ни 8ми Март ни до 8ми Март. Јас разбирам дека проституцијата е еден од најстарите занаети ама да слушнеш дека сопствената сестра ја рента помалата сестра зш биле од провинција и овде стан морало да се плати и тоа било форма на помош, е, ми се гади Јас па, со сет памет провоцирам ко бајаги пријател со привилегии на малава да ископам дали тој се мафта со такво нешто испаѓа сестра и' бре Е, у кој свет живееш црна Аутлук.
Колку само немам никаква потреба да нагласам овој ден дека сум жена. Или да брмбљам за нашите права. Ако и се оди во кафана, нека одат во кафана. И тоа е валјда некое си право.
Дојдов цела натоварена со преполна чанта, кеси, чадор, и уште какви не ситни детаљчиња. Додека се наближувам полека и тивко во себе се молам барем вратата да ми биде отворена за да можам да влетам зошто силите ми се при крај... И наеднаш една мала мисла ми вели, како не отворена врата, за ваков баксуз како тебе... Помислувам како понекогаш ситните мисли те претвораат во она што си, во твоите длабоки убедувања ткаат трошка колебање што понекогаш прераснува во силно урнисување... ***Помислувам на времињата одминати, на убавите мигови поминати драги пријатели, помислувам колку јас знам да го препознаам нејзиниот начин, стил на пишување дури и во најобичен маркетинг текст... Размислувам колку добро ја познавам, колку многу ја сакам и колку таа ме сака. Ми надоаѓаат убави расположенија.... Сакав да кажам и дека не ја чувствувам претераната помпа околу 8ми март и ме радува тоа...не гледам претерани кич облека и прослави (иако ги има сеуште, но еве не знам, веројатно поумерено). Денес во автобус здогледав еден дечко со роза во рака, насмеан од уво до уво како весело зборува со другар му како оди да и подари роза... И нели премногу е клише да се каже како секој ден треба и може да ви биде Valentines, 8ми март и што ушт не... епа драги мои, напротив... мене оваа глетка ми го стопли срцето. Можеби живееме во време кога ретко кој може тукутака да си дозволи подароци... А можеби и самата убавина на подарокот е поврзана токму со тоа да се има повод... роденден...годишнина или 8ми март.... Зошто да не?
Драги дами и феминки наши, нека ви е честит празникот и на овој ден чувтсвувајте се посебно и сакано од вашите најмили. Воедно сакам да кажам дека ми е криво што ние немаме ден на таткото. Верувам дека некои татковци заслужуваат внимание и ваков ден. Демек сакале да ја подигнат свеста кај народот. И мене ми е одвратно ова. Јас се водам според онаа: Кога со едната рака даваш, другата да не ти знае.
7ми Март - Д'н на шваљерке...они први добиев поклон. Градоначалнички статус на фб, кој го почнува со "Нека овој ден биде Ваш !" А другите денови бе градоначалниче?
Брееееј, од љубомора какви не муабети, де сама си праќала, де ја тепале дома. Признај Рефо мака ви падна на сите кога букет се појави, а не е за вас Бригита вака или онака, не го слави, не го памети, ама од тројца денес подарок си доби. Честитка, букет и чоколатца. Убавите они, душа ми извадија во последните неколку недели, па ова може да се рачуна како извинување. Или благодарност. Или сожалување Како и да е, добредојдено е.
Да бидам искрена, од целава оваа осмомартовска фрка, омилен дел ми е мајка ми кога ќе си дојде натоварена со подароци од учениците. Сè и сешто ѝ даваат, од прстени, парфеми, чанти, цвеќиња, па чинивчиња некои, сè до пенкала, чашки, свеќи, миризливи стапчиња... Една година дури некој и книга ѝ имаше подарено. На некоја нејзина колешка, децата ѝ купиле чоколаден букет. Well, am I jealous right now. Придобивки од being a наставник.
БригитО ...баш таа колешка ни за нокт од мал прст неможе да ми се фати во НИШТО...некогаш не бев да ми завидува човек на приватниот живот, ама сега можам да се пофалам и СЕ ФАЛАМ Незнам чуму се такви циркуси и на кого му се интересни ...напротив селски се и глупи . Да беше ТИ БригитО овде во публика, знам и како со кои зборови ќе се изразеше. И пушти срце мајка му стара, се си на контра страна
Ок Рефке, се зезам по малку, а по малку и сметам дека оној што има исполнет приватен живот на кој многу можат да му завидуваат, не треба да се потсмева или да вреѓа други макар и очајни обиди малку да си го разубават својот, не толку убав. Мене тоа ми е жално, и попрво би се придружила кон нејзината веселба и радост кон букетот (посебно ако е лажен, иако тоа се твои претпоставки, не знаеш точно), нека мисли дека финтата и успеала, ако баш тоа и е потребно овој ден.