Конечно ги извадив сите слики од стариот апарат. Тие со филмови што беа. Од мојот 6, 7, 8, 9 роденден, and guess what? Нема слика каде што немам колено со фластер. Сите родендени во истата соба, на истата маса, истите другарчиња и највкусните мали сендвичиња на мама, со познатите тенки и долги лепчиња од малото пекарче во улицата. Пекарчето кое сега го нема. И ние на сликите, никој со никого немаме контакт. Ни по улица не сме се сретнале. Сите сме заминати ваму-таму на факултет но тоа секако не е изговор. Kaко и да е. Ми надојдоа солзи во очите кога гледајќи ги сликите се сетив што се случуваше на тие родендени како вчера да беа. Но cолзи од среќа. Се смеам. Се сетив што се се случуваше на таа уличка во нашето мaало. Како ги победував сите во трките со мојот најстар и 100 пати преправан тротинет, со моето име врежано на него. Спојлер Распаднат е, но си ги чувам деловите. Како играв фудбал, ракомет, дрвена Марија, жмурка и штркот бара боја ... Како сите скокавме од радост кога дедо ми ќе ни ја наместеше нишалката во дворот. Kaко на истата рана точно 6 пати го повредив моето колено. И ден денес ми стои лузната. На другото имам лузна од штраф од креветот. Moрбидна сум, знам. Спомени. Убави спомени од моето детство. Убаво детство.
Имав едни фармерки,не ми беа нешто многу на кеф,па ги носев кога ептен не знаев што да облечам. По некое време приметив дека фармерките никаде ги нема. Ги барав ги барав ама ништо,едноставно магично исчезнаа. Ми фалеа,често помислував на нив.Помина месец два... Кога се помирив и престанав да ги барам,ги пронајдов сосем случајно во запуштена корпа за алишта. Бев пресреќна,сега не можам да ги изнаносам,и сфаќам колку биле убави и комотни. Муабетот ми беше. Никогаш не знаеме што имаме,се додека не го изгубиме..
^ И друго може да биде муабетот. Си имаш некој со кој ти е убаво, комотно се осеќаш, можеш да бидеш правата ти. По некое време и разни глупости, тој човек исчезнува. Едноставно го снемува. Ти фали, често помислуваш на него, го бараш. Поминуваат месец, два.. Се помируваш, си викаш па не сум будала по него уште да патам, ај да видам шо е со животов мој и шо можам од него да напраам. И оп, сосема случајно баш тогаш се враќа таа личност. Е сега крајот е друг. Или ќе дадеш шанса и стварно пак ќе ти биде убаво. Или ќе сфатиш дека ти направил услуга пред неколку месеци што заминал па сега и сама ќе го испратиш. Со мафтање, со песни, со се. И ја па будала, кое филозофирање го удрив во 3 саат. Од мислење за едни обични комотни фармерки.
Сите постари членки ќе се сетат на темата сакам да прашам. Абе друг живот живееме тогаш овде, многу поубав. Шо на ум то на друм, си прашуваш и сенекој ќе се најде да одговори. Сега барааш тема за прашањето, па дал некој ја видел, па одговор нема... И шо направивте со тие рестрикции, не смеело вакви, не смеело такви прашања...и уништивте една многу убава тема, која на сите ни беше добредојдена. За 10 минути добивавме одговор, а сега ни по 2 месеци нема. Треба да гуглам, а си има овде жени, одма ќе им текне, си знаат, ќе ти кажат.
Значи колку има тролови на форумов и напалени морони то чудо нешто... Тешко на администраторите со нив! Не е еден бе форумов врие од такви болни умови! Некои стварно си имаат мака,и бараат помош а некои ќе си играт дрн дупка,па да не зборувам за оние напалените....ццц сТрашнооо
Што се однесува до напалените мажи - ова е форум, а не место за остварување на вашите сексуални фантазии. Ако ти треба женска барај си кај МТВ. Што бараш да замараш женски на форумов. Треба да се превземе нешто околу ваквите неизживеани ликови.
Администраторите сигурно си ја вршат работата ама овие морнони по 50 профили прават и налет то не е еден туку скоро половина форум
Јас таквите ги ставам на ИГНОР. Баш пред некој ден ме изнервира еден. Уште и податоци ми бараше. Безобразен.
И јас исто ама верувај а се уклучам на форумов гледам ЛП пораки,ваков таков бил,бре па што мие мене гајле каков си,ако си таков каков што си најдиси девојка! Човек помислува им треба помош дели искрени совети на крај они...безобразни испаѓаат
Веќе не се замарам со такви напалени. Ама некогаш знаат ептен да те изнервираат. Мислат дека некоја ќе се залета по нив.
Сакам да кажам ... среќен роденден злато, побрзо од мене ја удри 20ката ама за брзо ќе ти се приклучам и јас. Да ми останиш најсреќен, најдобар - како досега. Частам за неговиот роденден пс. пишувам од компјутер и редовно буквите „р“ и „ж“ не ги пишував зошто неможам да се навикнам на тастатурата малку измешана е. Се почувствував како Грујо
Да си искомунициран со твоето "Јас"е најголема висина. Твоја висина Ќе ставам какао со портокал и ќе зборувам за височини. Се осеќам како повикана од таму. Ќееееејф.
Се разочарав од многу важна личност во мојот живот.Се запрепастив,како може толку многу,парите да влијаат врз нечиј живот. Како може да бидат поважни материјалните работи,од оние кои немаат цена?Како може да биде среќен,ако до него не се ногвите најблиски луѓе,оние кои шират радост,среќа,љубов,внимание..... Како надвладеуваат чувствата за моќ и богатство,епа не можам не не и не можам никако да разберам.Иако сите викаа дека сум била иста како баба ми ( нека почива во мир ),но јас немам таква расипана душа како твојата,БРАТ! Епа,што сакаш така,така нека биде,само не зборавај кој е бил во најлошите денови од твојот живот,дали јас ТВОЈАТА СЕСТРА,или некој друг.Јас ништо не ти барав,ниту некогаш ке ти се помолам за нешто,само многу ми е криво зошто така да зборуваш.Си викам мал е уште,не сфаќа,ама не,со неговите уште малце 23 години,епа и не е баш така мал.Како и да е,си се изнаплачав многу,многу ми е тешко.Ама највеќе ми е тешко за мајка ми,која жената,гледаше само најдоброто да ни го даде во животот,само тебе БРАТМИ не успеа да те изведе на правилен пат.Ќе си го најдеш ти својот пат,кога-тогаш. А сега биди среќен со твоите МАТЕРИЈАЛНИ РАБОТИ.Е баш тие ќе те направат најсреќен на цел свет. Тоа е БРАТ МИ !!!!!!!! Еден те имам,но повеќе не.
Тоа се прави од почит а не заради тоа дали ти се мајка и татко..се знае кои се вистинските ..ако не им викаш мамо и тато како ке им се обратиш да побараш нешто..глупо е да кажеш тета стојна или чичо стојан тоа ми треба ...или уште поглупо да прашаш готови прашања сакте тоа или тоа ..на братучед ми жена на мојата тетка првите 2-3 год тераше инает не им викаше никако или понекогаш со тета/чичо но тетка ми и рече дека не саакат така да им се обраќа по што не се странци живеат заедно и како знае да се снајде да ги прашува кога и треба нешто ..виде не виде и сега е прилагодена ги вика мамо/тато ..Така да тоа е само почит...
Млади со вакви размислувања? Демек ако не им викам мамо и тато не ги почитувам? Почитта не се гради со тоа како се обраќаме. Туку со многу разбирање. Среќа имам свекрва и свекор на место па ич не им е битно како им се обраќам. А што е со оние кои се пеат мама , тато , а позади грб очи си вадат и оговараат?
Ми се здосади да сум болна... Годинава мириса на ново, а јас 5ти пат сум болна. Овој пат до гуша. Стари пријатели сме со болнициве. Сабајле вена не можеа да ми најдат, сестрата вика, ова бааги бушени вени се а? Може мислеше се дрогирам, ама ја нешто не ја сфатив. Абе сумамед одамна не сум акнала, шо ме држат во неизвесност без веза? Оспен, цитерал, еве панцеф почнав од вчера. Што де труеме и молиме, дај сумамедот и завршена работа.
Да малди со такви размислувања...Подобро мама и тато да викаш отколку тета и чичо поглупо од тоа нема и нема ни да има...твоите мама и тато никој не ги заменува ама глупо ми е на свекор и свекрава ми да викам тето и чичо како да ми се комшии...