А штo е сo мaжите кoи им се oбрaќaaт сo бaбa и дедo нa рoдителите нa нивните сoпруги? Искренo, јaс би се нaвредил aкo утре ме нaречaт дедo.
Јас би ги викала по име, многу веројатно дека, ако имаат надимак, по надимакот ќе им се обраќам. Ако немат, ништо чудно да им смислам и да го употребувам. Ќе им срасне, со време.
хахаха па ке бидеш постар тогаш кога ке ти кажат дека ке ти биде време за да ти кажат дедо...ке имаш внучиња како да те викаат а?
хахаха баш ме изнасмеа..не ми е тоа поентата кој како сака нека си ги вика само викам како е праивлно со тоа мама тато се осекаш поблизок ..ама кој како сака ..како ти е полесно така ги викај...
Маж ми ги вика по име. Јас неговите кога по име , кога си чичо и тето како да ми се комшии кои си ги почитувам А со мамо блиска нема да се осеќам ако во меѓувреме се тепаме и караме. Ама за пред луѓе сме тато и мамо. Реин ќе не мета.
Нека смете што побрзо а ти како сакаш викај ги јас само реков како е правилно...и како си личе за една фамилија...
Оние што во темава ни го раскажуваат денот како го поминале, ги замолувам да бидат подетални во своето раскажување. Во колку точно станале, како стигнале на работа? Со такси или со автобус одат? Јадењето какво им било, дали загорело малку? Кога се избањале, сабајле или вечерта? Ако било вечерта, во колку точно завршиле со сушење на косата, а пак во колку си легнале? Колку чаши вода дневно испиле? Ако имаат добиено колку улошки тој ден смениле? Ова се битни информации, и ги замолувам следен пат попрецизни да бидат. Вака немам целосна претстава за тоа колку им бил совршен денот. Ај здраво.
Wow како што личи за една фамилија викаш а? А зошто во знак на блискост и почит сопругот не ги вика твоите родители мамо и тато? Јас тоа викање мамо на свекрвата го сфаќам како непочитување на мојата мајка. Таа ме родила, ме исчувала, ме ранела и школувала, а јас одеднаш на некоја друга жена, што не е со ништо заслужна во мојот живот ќе и се обраќам со еден ( за мене) свет збор-МАМО. За мене нема логика...
Во врска со викање мамо и тато на свекорот и свекрвата, скоро сигурна сум дека тоа нема да биди зошто јас ни моите не ги викам така во секоја прилика Со мајка му на име си се викаме, татко му чупе ме вика и уште не сум имала шанса да го прашам било шо или да му се обратам со име. Патем, се видов со пријателка од средно. Не заврна ама бев многу среќна. Колку и да не ми недостига средно кога ќе се видам со неа, таа ми недостига. И да, мајка го стави најубавиот каранфил шо можев да го најдам во најубавата чаша/вазна (кригла ...) која можеше таа да најди ... #уживајдокрај Некако и дождот не ми смета денес, навистина убав ден
Болна сум пак. Станвање ни слушам, ни гледам се да ме болииии... Браво бе браво. Друго дечко ми на нерва ми оди со месеци не сфаќа едно нешто шо му го трубам постојано. Чудо е колку луѓето не сфаќат ко ќе нејќат да сфатат. Уште малцр имам трпение ако не нека оди упм. Трето ќе стигни ова стипендијата некогаш да се порадвам или какооо... Ајде брее луѓе ајде.
Јас па не можам да замислам да ги викам по име или некој друг збор или пак ништо ..Реков дека се знае кои ти се вистиснки родители и кои го заслужуваат правото значење на зборот мамо/тато..Реков дека не е вкусно да се обрќаш со некакво име таму како некои странци тугинци а во иста кука живеат..И не ме напагајте ако сакате и жаби,крокодили орангутани како ви одговара така викајте...
Живoтoт е тoлку сoвршен, штo нaјгoлем прoблем вo мoментoв е кaкo ќе ги викaме рoдителите нa пaртнерoт...
Многу мразам да зборувам со некој што "секогаш е во право". Значи ти му викаш не,не е така,а тој упорно си продолжува по свое,те убедува,па дури и прашања поставува! Аман!