Немој да се плашиш од среќата...Како што долго време можеме да имаме само лоши моменти и тага така може и да ни се врати среќа на поголем период... Искористи ја максимално бидејки постојано животот ни е менлив, среќа па тага па пак среќа и се така...Тажните моменти мора да ги пребродиме а среќата мора да ја уживаме. Ти посаккувам ова среќа да ти потрае засекогаш тагата да ти стане непозната , Секогаш да си среќна...Се радувам за тебе и мило ми е
Во последно време имам некоја потреба од ширење позитивна енергија и мотивирање на некои личности кои забораваат да се радуваат на малите нешта и се разочаруваат при најмал неуспех... Навистина понекогаш ми иде да почнам да им делам смајлиња со онаа порака „Just because you had a bad day, doesn't mean you have a bad life.“ Не смееме толку лесно да се демотивираме, да дозволиме една мала пречка да ни ја разниша самодовербата и само поради некој кикс да си ги потцениме вредностите. Се сеќавам, мајка ми уште од најмала ме учеше дека неуспесите служат за да ја сфатиме во што грешиме, да не` натераат уште повеќе да се потрудиме и со крената глава да продолжиме да чекориме до саканата цел. Прифатете, никој не е совршен, а и не може во исто време се` да биде подмачкано на секое поле. Секому може да му се случат падови, да има лош ден во кој ништо не му оди, да потфрли дури и во она за што најмногу го бива. Но тоа е само нормален дел од оние угорници и удолници на животот, и не ја намалува вашата вредност и способности. Затоа верувајте во себе и во своите квалитети. Наместо за причина за сожалување и омаловажување на самите себеси, сметајте го неуспехот за уште поголема мотивација и никогаш не се откажувајте од вашите соништа.
Најглуп збор(за мене): срцка. Има повеќе причини што ме иритираа зборот. Напнаа многу со овие митинзи, собиранки, делење бонбони, зејтин итн... Вчера Стевето, денес Ѓорето...не се некои интересно фаци.
Од каде позна дека детето е геј, и дека сака со вас за зборува за манијачење на машки? Читаш мисли, или?
Си имам нова навика Каде и да одам си купувам Спојлер влошки хахаха дома колекција направив...Порано кога ми затребаа трчав во продавница а сега имам дома една корпа полна но штеша што сега ми го нема... Во што е проблемот ??? хахахахаха ИЛИ ИЛИ ИЛИ ПАК се пореметиле хормоните или.....хахахаха тоа е иронија нешто да го имаш а сепак неможеш да го користиш
Да не прават работи со што ја истакнуваат својата определба? А оние паровине што се џвакаат по автобуси и по паркови? Не ја истакнуваат определбата?? Бог да чува.
После неколку тажни приказни,прочитани нешта ... кои ме доведоа до тоа,да се запрашам ..Зошто се луѓето толку големи гадови? (со исклучоци) .. прошетката со мајка ми ми годеше многу,а уште повеќе ме развесели цвеќето што го купивме..ах,одвај чекам утре да го сместиме секое на своето место. Пријатна ноќ
Она кога по цел пат, од продавница до дома, друштво ти прави едно каменче. Си го шутираш, глумиш некој јак фудбалер... стигнуваш пред влез и ти се раѓа чувство на совест, доколку го оставиш. Така само, во ноќта... Нејсе, еве, за неколку минути и доаѓа Априлилилилили. Ќе дојде во тренд песната Сè е убаво во април, во твоите очи има сјааај. Ама јас за друго дојдов тука. Еми на татичко му е роденден, за некоја минута. Мислам дека имам посветено дооооволно мислења за него. А бе легенда си е човекот, што да ве лажам. Каков татко, таква ќерка. Лелееее, Еленоооо, колку си била ти нарцисоидна. Иш, иш. Шала на страна, кога ќе се споредам со него, многу си личиме. Мислам по карактер. И двајцата сме избувливи, тромави, несмасни, заборавени. Ниту он, ниту јас, не поднесуваме кафе. Поточно јас не поднесувам турско, а он никакво. Не можам да заборавам, за еден мој роденден, имав торта со кафе, многу беше вкусна, патем. Касна едно парче, не го ни дојаде, што не е карактеристично за нас. После тоа вечерта, го гледаш се врти, не може да заспие: - Лелее, ради кафево сега не можам заспијам. А многу имаше кафе внатре... една шоља во цела торта. И сите што не го знаат, кога ќе го пoнудат кафе, секогаш одговара: - Стави ми сто грама за дома. А што е најтрагично, озбилно го сфаќаат, му нудат. Татко ми и кафе... ти се молам. Попрво Том и Џери ќе се смират. Да продолжам со сличностите, у ствари... И двајцата најчесто одиме како да сме на коњски трки. Кога пијам вода или што било, ми клокоти грлото, што ме нервира. Пошто сакам што е можно побрзо да испијам. И ај сега да не набојувам убави и неубави заеднички навики. Ама ме нервира друго нешто, за што ама ич не сум се метнала на него. Нема влакна на јазикот, кажува што ќе му дојде на ум, тоа на друм. А јас... дефинитивно имам влакна на јазикот. На кого сум се метнала толку срамежлива, јас стварно не знам. Можеби тука не се претставувам како таква, ама сум. И те како сум. Обично кога ќе ми пишат некои во ЛП, некако ко да имаат сосема друга претстава за мене. Поима неам. Пријатно. Еве ви една песничка, за пред спиење. До душа мене ми текнуваат мал милион број, ама ај, да не го тупам со моиве песни. Стварно сум досадна. Само едно нешто... Сигурно не сум #распеана ради добрата понуда. Океј, го тупам. Чао. http://www.youtube.com/watch?v=Tj75Arhq5ho
Дали форумот стана РАТНО ПОЛЕ ? не ми се верува !!! Значи кога и да пишеш нешто некој мода да те демантира, да ти се спротиставува , да те убедува во спротивно , да ти се исмејува ? Единствено форумот беше место каде што секој на секого сакаше да помогне без нешто да има корист од тоа , а сега само некој гледа со кого да се спречка. Аако сте лошо расположени не им ја расипувајте среќата и расположението на другите. Ако нема те што паметно да кажете зачувајте си ги коментаррите за себе немора секогаш да искоментирате било што. Кога немам што да кажам молчам не се залетувам. На никого до сега не сум се спртиставила или да му наместнува мои мислења. Но не ја пренесувајте лошата енергија и тука. Секој со некого само се пречка. Дај бе луѓе ако се дружиме да се дружиме па што корист од расправии ??? ни ФЕМИНА НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ благодарејки на нервозните кои тука ја исфрлаат нервозата на некој ни крив ни дужен..... !!!!!!!!
Пу пу пу, чукни во дрво, ќе се урочиш. Кој знае што ти спрема животов, не ме сфајкајте погрешно, само кажувам од мое искуство. Биди спремна за било што. Знаеш како кажуваат „секогаш очекувај го најлошото“. Инаку нека ни е честито влезот во ЕУ. Баш добри вести слушнав денес.
Поизнервирана не сум била, после долго време срадање од мојата алергија јас сега сама открив дека имам утикарија, е сега само уште испирувања да направам одново. Колку само бедни ... БЕДНИИИ доктори имаме во нашава Македонија, се маткав многу време по болница а оваа глупа докторка незнаела да објасни дека јас имам Утикарија, освен што сум алергична на домашна прашина, се мачам две години .... со цел денеска сама да дознаам од што јас боледувам ... Дајте бре земете им ги лиценците или пракајте ги на докфалификациии овие доктори што немаат Д од доктор,... смао за пари земање ги бива ,.......
Во градинка често си ја мацкав косата во манџичките што ни ги даваа за ручек, зашто си имав јас посебен начин на јадење. Е ова омбрево коса, на тоа ме потсеќа.
Koму да кажам,а да ме разбере? Кому да кажам,а да не ме тапне по раме и да ми каже,ќе биде во ред? Кому да кажам,а да не рече знам како ти е,а појма да нема како ми е? Kому?! Или ќути си, трај си, пати си. Дур срце не ти прсне, дур разум не те напушти,скроз. Ама скроз.