Пмс welcome! Заедно со дождов расположение на нивоу! Ужас! Цел ден си јадам само трилече и се осеќам мизерно. А и никако да се наспијам, па и вратот веќе неколку дена ми е вкочанет и ме боли, не можам да го оправам. Си се издепримирав без причина. Еве пред плачење сум. Плус два дена го немам видено! Ај, со помин нека ми е. Побрзо нека си оди глупавово расположение, не го сакам. Иш од мене, сакам позитивна енергија.
Уште јадеш трилече ма ? Моето од вчера го нема, ај дај малку.Инаку фала за рецептот крш сум со комуникацијава заради расипан лаптоп, па само да ти кажам зш чоколаден прелив ставаш на трилечето, јас ставив карамел прелив исто од Витаминка.Нели карамел треба.Ептен е вкусно, како оние жолтите карамели на кило мириса.
Оффф беее. Цел ден температура. 37.5 - 38. Напред назад. Качи слези. Докторката ми рече не требало одма да се пие парацетамол се борел организмот. Е ајде нека се бори капнав цел ден. Сега се качи на 38.5 е тогаш можело џанам парацетамол. Ај да видиме шо ќе биди.
Па цело трилече јас сама си го јадам! Купив чоколаден, не ми ни текна на карамела.. Сеедно и вака беше превкусно.
Што да кажам...празна сум деновиве. Сеуште работам, неколку од грешките што се случија предходен месец испадна дека не биле мои туку на шефицата која ми вршеше притисок.Сега се умилкува. Пред два дена ме направија крадец, ме извреѓаа, ме направија партал, едена муштерика која тврдеше дека ми дала 1000 ден, а не 500 како што јас и наплатив, а каса точна.Шефот рече ќе гледаме снимки, па ако типката не е во право ќе и речеме да тужи па да и го изгорат газот, јас реков ќе и ги дадам парите од џеб не сакам да се спуштам на нејзино ниво.Шефицата ми вика не потпаѓај на притисок и провокации ако си сигурна.А јас уште да рикнам и да плачам. Денес дојде маж и и толку беше мил и фин што тоа ми беше доволен доказ дека дотичната сфатила дека не е во право и нема лице да се извини. Лошо е, не сум била под толкав стрес ни на полагање на најтешките испити, што ми се репер за стресен период. Многу лош период ми се погоди, испитувам и некој проблем со териоидна и срце, баш не треба да сум под стрес, а јас...не знам што да кажа. Се одлучив дека до мај месец ќе издржам за да има пари за да почнам со тоа што го сакам, упорност само. Платата ја трошам како од шала, не ми е јасно каде ми одат парите, сфаќам дека сум човек што ужива во малку луксуз и ги сака парите, па и така ги трошам, тие ми се мотивација моментално.УПС. Жал ми е за вестите што секојдневно ги слушам од светот.За девојчето, за лебедот, за детето кое плаче за шише вода пред граница.Жал ми што може да сме луѓе и да живееме многу среќно, а ние избираме да сме нелуѓе и да мизеруваме додека не станеме прашинка.Прашинка, честичка, трошка во универзумот сме, ете толку сме небитни, а толкава важност си даваме. Човек мене не може да ме види писимистично расположена, меѓу тие што ме знаат важам за личност за која чашата е секогаш половина полна.И така се осеќам, оптимист сум по природа, верувам дека се ќе испадне добро на крај, поради тоа во главо сум среќна и весела.Но некогаш, има денови, недели, можеби и месеци кога сум тажна, буквално осеќам тага во срцево ради некоја причина.Не ради некој, не ради нешто, едноставно тажна сум.И таков е овој период. Расположението ми оди од крајност во крајност, може да сум многу, многу среќна без причина или многу, многу тажна без причина. Се си мислам досега требаше да се спознаам како личност, но знаете што, не се познавам, не знам што можам да очекувам утре од себе.Имам кажано и предходно дека се осеќам како во мене да има стална борба меѓу две личности.Јас уште не знам која сум.А не знам дали и ќе дознаам зошто живеам константно како една.Очајно ми треба промена и се гушам.
Е само во тешки моменти ќе сфатиш кои ти се вистински пријатели и кој навистина ти мисли добро. Толку.
Не можете да ги натерате луѓето да ве сакаат. Ако сакаат да ве гледаат како добра личност, ќе ве гледаат како добра. Ако сакаат да ве гледаат како лоша личност, ќе ве гледаат како лоша. И што е нај трагично од се, не можеш ништо да направиш за да им ја смениш сликата за себе. Колку и да си поинаков и колку и да се трудиш. Може само времето да промени некои нешта и да покаже некои работи. Вие не.
Има нешто чудно, изгледа штом се смири ситуацијата ќе се дознае што навистина се случило. До тогаш немам никакви заклучоци . Ме потсети зашто често пазарам во КАМ маркет во Буњаковец, бидејќи е под земја.
Јас: Госпоѓо (на возраст од не повеќе од 45год) пулмологија се наоѓа на приземје, до крај лево. Госпоѓата: А девојче, а може да ми објасниш каде е пулмологија? Do us a favor, just kill yourself.
И што имам јас од тоа што ќе си поκаже вρемето и ќе ти вρати животот, κога мене само ќе ми поκаже животот деκа нема да се вρати вρемето...
Останав замислена. Другарка ми ми вика поарно да ме скрши и да ме остави со се дете за мене правиот и да ме зборат, види ја ја остави, а оној како ја сакаше сега како капка ќе ја чуваше, отколку да сум цел живот со тој што ќе ме чува, а да мизерувам за другиот и никој пат да не дознаам што би било. Е ај доброутро. Има вистина и у ова. И ај сега?
Не постои соодветна мерка за нето-тежина што ќе ја измери тежината на животната рамка. Тоа што го дефинира квантитетот е исполнетоста, испишаните страници со дела, моќните зборови и стекнатите искуства. Афинитетите мудро насочете ги кон постигнување на личните очекувања, наместо лековерно да ги премерувате туѓите успеси затоа што секогаш ќе добивате само произволен број. Вистинскиот секој го чува за себе, а и не е ваш...
Го голтам тоа што ми го сервираат, без да се распрашувам. А ме јаде, нешто одвнатре ме јаде. Милиони прашања, милиони претпоставки, милиони филмови ми се вртат низ глава. Немам храборост, немам волја, немам сила да прозборам...
Утре( сабота,12.03) на ул.``Македонија``,во близина на спомен куќата на Мајка Тереза,ќе има голема акција,од 12-17ч, за вдомување миленичиња. Кој сака да вдоми и да спаси животно од улица,со ова има одлична прилика за тоа.