Од толку имиња што му имам сменето додека сме се расправале дури сега ми текна на ИДИОТ. Четири години да поминат за овој збор, па мислам срамота е. А овде, е толку близу Неговите пак "навреди" секогаш се со некоја титула или позната историска личност: Ок е, претседателче, инспектор Џинџиџ, он бил Бранко( за се' крив) што мене автоматски ме прави Грујо, Аркан, господ бог, грофица... Како да не го сакаш
Колку мие грев за овие мигрнтите. Само што слушнав на ести се удавиле 3ца Жал мие за тие мали дечиња. Тие мали ангели кои не се за ништо криви.премрзнати и прегладнети бараат само подобар живот. Господ да им помогни на сите!
Посакувам што побрзо да соберам храброст и да го попрвам физичкиот недостаток што толку ми ја руши самодовербата. Многу луѓе можеби не ни примеруваат, но мене многу ми смета. Од друга страна, и од здравствен аспект е неопходно да го решам. А не е едноставно... Паничен страв ме фаќа да седнам на столот... Еден ден, без да знае никој ќе отидам и ќе закажам преглед. Знам, тешко ми е само додека ја почнам некоја работа. Самата себе си правам саботажи. Долг процес ќе биде тоа, но веќе не наоѓам изговори! Стравот и болката не можат да се споредат со среќата, задоволството и олеснувањето откако ќе го решам тој недостаток што толку психолошки ми влијае. Ќе бидам храбра!!!!
@Avery Не си го оставај здравјето за "еден ден". Еден ден може касно ќе е. А ништо не е толку страшно + ги имаш твоите дома и форумот за поддршка, за што и да е
Не е Париз ама подеднакво важно е. Тоа што не се случува во Европа не значи дека треба да биде игнорирано. Тероризмот е ист секаде!
Изморена сум од се. Едвај чекам да помине тромесечие и сите натпревари за конечно да се одморам малку.
Едвај чекам да си одам дома. Ми недостига мојот дом, моите родители и сите оние кои си ги сакам. Само дома успевам да се наспијам мирно и да ги наполнам батериите. Ми недостигат прошетките со мајка ми, долгите разговори со неа... Ми недостига мојот град... Се ми недостига!
Долго време не сум била толку нервозна.Буквално чадам, спремна сум да се искарам со секого во секој момент. И баш сега кога не ми се прави Ништо, јас имам еден тон за учење. Ми фали летото, ми фали периодот кога немам никакви обврски и си го планирам времето онака како што ми одговара.Ми фали да спијам до 1 попладне, ми фали гледањто серии и филмови и после читање на некоја релаксирачка книга пред спиење без притоа да се тресам дека другиот ден треба да станам рано или да учам.Гимназијо, те мразам!
Понекогаш, особено во доцните вечерни часови, мислам дека во главава имам премногу спомени, слики, впечатоци и мисли за свое добро. Случки, настани, радости, гордости, несреќи, грешки, моменти, чувства, емоции, личности, родители, роднини, другари, другарки, девојки, воздишки... Се тркаат, се преплетуваат, се преклопуваат, но едно нешто е сигурно - сите заедно ме совладуваат и оставаат во едно разголено издание, кога се' што сакам е да имам временска машина и да се вратам назад, да ги искусам барем уште еднаш - баш такви какви што ги помнам. И сето тоа додека оваа волшебна. мистична музика од познатата теткица Лара Крофт оди во позадина.
Удри бригу на вежбање... И по дожд и по ветришта и по магли, после шмркам, епа шмркам, после главата, епа главата. Да ми кажуваше некој дека менталното здравје ќе ми зависи од вежбањето, ќе ви се крстев. Барем чоколадо можам на раат да си мезам. Ко за инат, не ми се ни јаде веќе чоколадо, не е интересно со сила да буташ откако ќе ти се одјаде. На ти ги блакцава, цела недела збирани, збирани, спремен човекот.... ма иди бре бегај, после јас дебелата да бидам, ноу. Не дека и вака не сум. Си ги најдов поранешните омилени фармерки и цела радосна си ги облеков, решена дека ќе ги носам и... шлап, пливам. Па не ми изгледал газот толку убаво колку што си мислев. Боже Исусе, животе, изненаџење по изненаџење. Си ја најдов цаката... Не дека се жалам, ова ќе му дојде нешто во стил на самоласкање, да се самовеличам и да продолжам да ги бојкотирам чоколадните продукти. На тема кој кого ќе надживее, најверојатно јас прва ќе скинам конци, ама ок, јас најверојатно од дијабет добиен заради претерана конзумација на блага и теста за време на ПМС, а он ќе цркне од јајца, ама пак, ок. Чуден е животов, чуден! Од толку можни патишта на кои можеше да ме плесне, од толку можни комбинации и равенки без познато Х, да ме издува со торнадо баш тука... чуден! На моменти и многу заебан и болен, до толку што може да ти се насолзат очите сред смеење од душа, па да се чудиш дали ти дошле солзите од радост или од мака. Надвор заладено, си го извадив капутчето, и тоа големо, е аманте бе, не дека скинав до толку грама. Сега еве си џвачнав нешто и седам и си зјапам во прозорчево, наместо да земам да работам. Само кукам, море рутери, море заклучувања, џабе, ќе зјапам во таванот ако не ми се работи. Одложувам непотребно и беспотребно, не само тоа, ами и една друга обврска, абе фани заврши работа и готово. Ама сум станала флека невидена, си крчкам тука, ми се заарни и ова домашарењево, па со цели ритуали сум, пиштам, вриштам, ако некој ми наруши некој ритуал... А не дека до некна се влечев без компас во животов, ама ајде, демек пораснав сега. Вечерва тема на дискусија дека не се' е така како што изгледа, дека сите си носиме по некоја планина на грбот, дека зад секој човек што ни се чини дека е стабилен и созреан, всушност може да лежи куп лајна и гомна, дека можеш да дочекаш некои работи од некои од кои најмалку си се надевал... А ако ти фаќа црпката малце повеќе, тогаш не престануваш да се самоанализираш и да се прашуваш што тебе ти фали, иако веројатноста е дека одговорот е - ништо, човек си како и сите останати. И многу памет не е на арно, само сакам да верувам дека секој, кога-тогаш, си го наоѓа мирот и тоа што го барал. Нема ништо поубаво на светот од тоа да си задоволен од тоа што си, од тоа што си создал, од луѓето кои си ги привлекол и задржал во животот, од успесите што си ги постигнал... а и од тоа да имаш до кого да легнеш навечер и да му ги кажеш сите тие работи. Да видиш како му се собираат брчките околу очите затоа што си насмеал некого, си стоплил нечија душа... Душа давам за секогаш да се смеам со брчки околу очите, да изгледам прекрасно и без грам шминка, да се смеам од уво до уво и да слушнам колку сум блесава, да танцувам како никој да не ме гледа, на една од најубавите песни на светот... Да бидам дете, да биде дете, додека истовремено се пазиме и чуваме. Не знам да ви кажам, првпат да не сум сигурна што и како се случува. Многу работи направив за првпат во последниве неколку месеца, грешиш, учиш, поправаш, минало времето... Не се каам, беше така како што мораше да биде, морав да пробам и по цена да не успеам, не жалам, се' е искуство плус. Минатата недела ви спомнав дека се решив да бидам емоционална камиказа и уште стојам на тој став. Среќно, вртоглаво и гордо се впуштам во нешто што ќе ме трасне така силно, ама сакам, свесно одбирам, сакам да почувствувам нешто такво. Истовремено одиме, бавно и претпазливо, како две дечиња што се учат да проодуваат, фатени за рачиња, едно до друго, чекор по чекор по чекор... сакаат да научат да трчаат за многу брзо. Сакам да сакам безусловно, неотповикливо, слободно. Сакам да ми се наполни душата... Не знам дали некогаш навистина сум сакала или се' било само потреба од некоја личност, потреба да си посакуван, потреба да му значиш на некој нешто. Неизвесноста ме убива, не знам дали и ова нема да биде само уште еден обид во низата да си дојдам дома. Ме убива тоа што животот, како и да е, што и да се случи, мене ќе ми се смени за 180 степени... без разлика дали исходот ќе биде позитивен или негативен. А одговорот, може да го донесе само времето. Време кое јас одбирам дали ќе го поминам смеејќи се, плачејќи, љубејќи, мразејќи, учејќи... Ако веќе однапред се гледа крајот на тоа време, животот не би бил живот, бар не таков каков што го знаеме, нели?
Дали постои нешто што би ме допрело посилно од еден тивок, но сепак впечатлив звук? Да одекнува силно низ секоја клетка што ја носам на плеќиве? Да тлее долго откако вибрацијата ќе замре? Тишината е мојот верен сопатник, но музиката ми е на некој начин патоказ. Знак на патот. Знак кој потсвесно самата го избирам да светка во темнината. Да ме води низ недојдијата. Кога нотите би биле видливи, а мелосите сјајни, би забележале длабоки траги по моето тело, обвиено со опалесцентна аура. Испишани. Не! Изрезбани. Насекаде, и никаде. Бидејќи јас сум таа што ги проголтува тие тежини, и јас сум таа која гордо ги носи тие амајлии.
Чувтвото кога погледот ти се сретнува со тотално случаен непознат минувач што првпат го гледаш, си разменувате насмевка и уште фали да застанете и да се гушнете, да си кажете дека сигурно се знаете од некој претходен живот. Но одминуваш, па се вртиш да го видиш повторно, а веќе го нема и почнуваш да тагуваш дека можеби си ја испуштил љубовта на твојот живот за секунда. Чудно чувство....
Ја повредив ногата вчера Се осеќам грозноо...за едно идење и вц ја викам мајка ми да ми помогне...и цел ден сум во кревет како идиот
Зошто водителки, гостинки во емисии облекуваат краток минич и потоа со раката само дрпаат ли дрпаат на здолништето да не им се видат гаќите и само се тегнат со нозете да не излезе целулитот? Облечи си нормално здолниште и седи пристојно..Многу е досадно да гледаш на тв и 90% од емисијата вниманието е насочено само во тегнење на миничот или на корсетот кој одвај ги држи градите. Еве, замислете ја Билјана Дебарлиева, толку пристојна водителка со убав речник (па рака на срце ми се чини број еден е како водителка), да тегни на сукњата? А, таа е толку пристојно облечена и може вниманието да си го стави на зборувањето, а не на друго..
Преку глава ми е од глупово време. А јас како да го предизвикувам денес по патики заминав на работа. Ладно ми е, климата на 10 минути дувка по некоја секунда. Греалкава ми ги гори нозете. Се нервирам. Сакам лето, сонце, фустани, свежи бои, расшетани луѓе. Ми се смачи од луѓе со чадори сите брзаат да стигнат негде. Ми се смачи од вентијаги палта и црни и сиви бои.
СДК ме нервира кога некој кој ми збори во стил ,,селам ти ќерко-сети се снао,, Ми ја вреѓа интелигенцијата.. Посебно ако е некој со послаб интелект од мојот.