Пρеκρасно е чувството κога се ρазбиρаме само со поглед, збоρуваме без да изустиме збоρ, душите ни се на иста бρанова должина... Го гледам без пρестан, на два метρи од мене, ќе подотвоρи очи, ме гледа, се смее и пρизаспива. На 5 минути одам до него, го пρовеρувам, го галам, дише ли добρо, топличоκ ли е, го баκнувам, ме чувствува и се смее во сонот Денес тој е пρиоρитет. Големиве ρазбиρаат и соρаботуваат. Да имав баρ тρи паρа ρаце... И физичκа сила баρ тρетинче од љубовта за нив...
Абе ве изначитав , а неам многу време А зошто денов не трае 30 часа Па се нема време бе луѓе Ајде ќе не биде некако Јас или живеам во минатото или во иднината...никако во сегашноста.И не можам да го сменам тоа никако...не знам ете.. Верувам дека еден ден ќе се исплати целото ова време и сите денови поминати во нервоза за како да правам понатаму, и планирања.Ќе се исплатат сите солзи,затоа што сум немала повеќе шанси да почнам да си го исполнам сонот. Верувам. Амин. А ќе дојде и оној кој ќе ме сака Ќе ме сака и јас него ќе му ја дадам целата љубов во мене ...
СДК дека има лек за човек на кого не му веруваш на збор....да му речеш ,,ти верувам и се потпирам на тебе....како ТИ ќе кажеш, така е,, Психолошкиот профил на лажгоманот вели дека колку и да е неодговорен, сепак после вакво нагласување на доверба има грижа на совест.
Сдк: Се чудам како луѓево фунционираат наоколу со толку лицемерство и двојни аршини само за да бидат во центарот на вниманието и да бидат што е можно повеќе "социјализирани" и покажувани како "комуникативни", е на мене лицемерството и баш не ми е некоја добра страна : ако решам и проценам дека треба да "живеам" со некоја особа ќе живеам и ќе се дружам и во добро и во лошо и на секаков начин, но ако согледам дека не можам и не сакам да фунционирам и да споделувам/зборувам со некого што јас не сакам нема нит "здраво" да изустам а камоли да "правам лице" и да споделувам патешествија од мојот живот со истата личност, само ради реда а поготво ради нашиот менталитет и традиција "дека така требало" . Може сите да зборуваат наоколу колку сакаат дека некои личности не се одбираат, јас лично за мене тоа не го прифаќам и ќе продолжам да го демантирам, се се може и ништо не е вечно низ животот, се се бира и се се живее како што се сака! Тешко е да свати некој дека не секој одбира да живее на лицемерен и налицкан живот.. знам, тешко е!
СДК ... случајните луѓе, моменти и сл чуда се случуваат толку случајно, што додека сте се освестиле ве зашеметиле. Кога најмалку очекувате, ќе ве здрмаат малку ...
СДК како мал секогаш се чудев како може еден човек да биде близнаци во хороскоп. Почни да експериментираш со психоделични субстанци.
Јaс пa мислев декa секoј штo е близнaци вo хoрoскoп, декa имa или брaт или сестрa близнaк. СДК. Сaмo јaс мoжaм цвеќињaтa местo вo вaзнa, вo филџaн зa кaфе дa ги стaвaм... Пa и не изгледa тaкa лoшo.
@crimson нека ти е сречен утрешниот родендан https://media.giphy.com/media/l2JIfESDqdpwHZzJ6/giphy.gif
Би сакала да ја имав порано оваа храброст да ги прекинувам работите кога почнувам да се двоумам дали треба или не. Си се чудам на себе како за миг одлучувам да прекинам контакт со некого и не жалам за тоа. Така и со него, колку и да ми е пријатно неговото повремено друштво, неговите комплекси, неговата потреба се да биде во совршен ред за него, а не и за другите, неговата потреба да ги омаловажува другите само за тој или јас да не се нервирам ја полнеа чашата секој ден. Во моментот кога сфатив дека со него не можам да споделам глупост, а тој од тоа да не направи скандал ги прекинав сите можни шанси за нешто понормално со него. Можеби немаше да се каам за ниту една грешка ако ја прекинував на време.
Имало протести пред Влада и Уставен. До пред Градежен имаше автобуси испаркирано прееска. Сега каква е ситуацијата не знам.
Правењето на идиотски работи не знам дали треба да ме прави горда или проста. И нека се опраи времево,главава не можам да си ја задржам веќе...
Сaкaм дa кaжaм декa мaгaретo секoгaш гo викaaт пoрaди грбoт a не пoрaди алатот. Е мене денес тoa ми се деси. Душa ми излезе нoсејќи трoсед дo 8ми. у п....мaтер, дa ми извинете
Колку многу спомени лежат во музиката. Случајно почнав да копам по постари песни кои сум ги слушала во минатото. Како е возможно толку силно да те врати на некој настан, со некои личности, до најситни детали? Дури и чувствата ти ги враќа од моментот. Се потсетувам на се'. Ми се редат слики пред мене. Страшно. Дури и болно станува. Сигурна сум дека повеќе никогаш нема да се чувствувам како во тоа време. Ќе бидам и посреќна, и сум посреќна, ќе доживеам уште многу работи, ама тие спомени нема никогаш да се повторат. Тие луѓе нема никогаш да се вратат. Ми недостигаат и почетоците на врската со дечко ми. Ми недостига тоа време, да можам да се вратам само на момент. Тие безгрижни чувства. Да не ти е гајле за ништо. Cheers за минатото. Спојлер