Господе дај ни сила да го издржиме денов. Студентски маки големи. Амин. Имајте убав ден феминки,да се надеваме на сончево временце и денес.
СДК Значи преку глава ми е од се!Сакам само да одам некаде и да ја одморам главата..да размислам за работите да избегам од се и секого!
Малце ми е доцна за носталгија, ама вчера после 4 месеци за прв пат имав слободен ден, колку слободен толку со трчкање по доктори и ординации и се шеткав низ градов наш пролетно расцветан посебно живописна ми е Максим Горки и ме облеа некоја топлина не можам да ви опишам. Малце е касно за носталгија ама тоа е цар на обратните чувства сум јас, сите наопаку јас терсене...
Ме нервираш,мали. Ама озбилно. Што треба да направиш,мислам,кооолку многу тоа треба да е,за ТИ да ме изнервираш мене? Епа ете ти,си постигна,јебига.
Колку различна перцепција за денов имаат децата и возрасните. Прееска ми го поправаа точакот (за кој дознав дека не можам корпа да ставам, во депресија сум, си ги сонував цвеќињата напред) и поминуваат деца маскирани. Насмеани, развеселени, којзнае по колку време потрошиле за маските. а возрасниве, како да не ги ни приметуваат, си го тераат денот секој со своите обврски и маки. Ама после ќе ми текне, речиси сите повозрасни на некој датум значаен за Југославија си се подзамислуваат како течеле работите тогаш и онака им разгорува душата, додека за нас е еден сосем 'обичен' ден. Јас инаку арна. Затната од пролетни алергии, валјда тоа е доказ дека сум дете на денешницата. Собирам по некој цвет љубичица за хербариумот, се решавам три слики веќе пола година да однесам на урамување и ги закачкам мачките. Се чудам на човековата алчност и злоба, кога стигнаа ружи од двор да ми крадат, ни расцветани ни ништо, од чиста мира ги откорнале само за да расипат. Ако, ако, инает сум јас по сто пати има да ги садам ако треба. Ми се собраа обврски за факултет, жустро средувам семинарски, проекти, елаборати. Сфаќам дека сум студент уште некој месец и да ви кажам мило ми е. Факултетов не ми излезе тоа што го планирав, но ми даде насока во животот. Знам што сакам и ќе се трудам да го достигнам. И тоа е се што ми треба. Летово идеме во Дојчландија, со мали турбуленции се' се среди. Едвај чекам, ми треба малку постуден воздух. Едно време сонував дека ако отидам некаде кога ќе се вратам дел од проблемите магично ќе се средат ама да не ти била таква работата. За жал или за среќа. Малку ми е преку глава од луѓево околу мене, си се чудам сама на себе колку поизбувлива и понервозна сум станала. Се трудам, ама тие ситниците најмногу ме нервираат. Не знам длаи отсекогаш биле вака безобѕирни па јас сега ги приметувам или што е работата. Себични, максимално себични, само ако може да ти ја префрлам обврската и да си го трошат времето на глупости. И после пак е некој друг крив што не им излегло онака како што сакале. Не знам, се чувствувам многу константно, премногу обично. Како да ми затерал животов една линија и не сака да мрдне ни горе, ни долу. За дијагонала пак да не зборуваме. А може и денес денот ми е таков, којзнае што ќе мислам утре. Во секој случај, ве поздравувам сите, не се трујте себеси и другите со фиктивни проблеми и подарете си букетче лалиња.
Еј еј полеекаа, не ви е темава место за карање, олабавете малцеее.. Иначе да ви се пофалам добив петка по математика! Спојлер лажам , априлилили трт
Седам со мајка ми и зборуваме што се глупости имаме зборувано таман најдов и една на интернет ама иста слика и прилика како мене
Сакам да ви кажам дека јас сум најсреќната девојка, убаво ми е,најубаво Го сакам времето,сонцето,ветарот што подувнува и уште толку прави се да ми е совршено... Сакам да кажам дека убаво ми е кога ќе видам некој што не сум очекувала дека ќе го сретнам ,убаво ми е кога ќе си поминам најубаво а претходно не сум планирала ништо. Ме радува кога ќе си се подновам со некоја нова бижутерија и ташничка па и парче облека ... Имам насмевка на лицето кога љубениот е до мене и гледа со мали детали и ситници да ми го разубави денот ... Среќна сум кога сестра ми ,ми признава дека јас сум единствената што сум ја излажала и сум смислила најдобра лага Убаво ми е мамичка што се грижи дали појадокот и кафенцето му се допаднале на дечко ми (зетко нејзин) Кога после долго време татко ми е сигурен дека сум го направила вистинскиот избор и прифаќа тоа што мене ми значи цел мој живот Сите овие убавини ми се случија за неполни 24часа Нека Господ не чува и нека ни дарува само вакви убави моменти,дајбоже среќата да биде вечно на нашата страна а радоста и убавите мигови нека бидат дел од нашето секојдневие... Кој не би го посакал оваа Да сме живи и здрави сите ... Мене месецов ми започна преубаво се надевам и вас Имајте убав ден и уживајте колку што можете повеќе
Преубаво чувство е кога имаш личност до себе која те разбира комплетно,која ја знае секоја глупост што си ја направила,личност која те познава комплетно,а те знае само кратко време. Не ми треба никој,се додека го имам него. И да,најверојатно сум заљубена во уши,а дури сега го сфатив тоа.Она кога несвесно почнуваш да ги сакаш маните на некој, и истовремено да ти летаат пеперутки и цела зоолошка во стомак.Она кога срцето ти чука милион удари во минута и мислиш дека ќе ти испадне од срце.Она кога ќе помислиш на него,и лицето ти се осветлува и насмевнува. И да,звучам како затрескана тинејџерка,ама ич не ми е гајле Бидејќи кога ќе слушнеш некој дека со самата своја појава му го усреќуваш животот,не можеш да останеш рамнодушна. И да,редно беше да излезам од црнилата кои ме демнеа минатата година. Гледам светлост луѓе,гледам сонце и убави денови.Гледам розовоо I'm walking on sunshinee uhuhhuuh
Петка по математика. И тоа само 5 петки во генерацијата имаше, во нашиот клас-2. А единици во класот-18. Туку, тресни сега тоа. Прекрасен е денот денес. Дрвјата се расцветани, се' е обновено и зелено. Сонцето свети. Пролетта реши официјално да ја преземе работата во свои раце. А јас пукнав во оваа дебела блуза. Се чувствувам како атомска бомба во рерна. Се лизнав од лушпа од банана и се треснав во бандера, се одбив и треснав во канта. Априлили! Паднав во шахта. Априлили! Абе не паднав. Ми се поклопуваа тренинзите(карате и кошарка) па решив да го сменам стариот кошаркарски клуб. Вчера за последен пат бев на тренинг таму. Не знам, можеби ќе ми недостасува стариот клуб, но никако не можам да останам таму. Премногу губам тренинзи, не ми одговара распоредот. Во сТреда ќе одам за првпат во новиот клуб. Чувствувам дека ќе бидам чист, прочистен, со етикета и тапија, дипломиран странец таму. Но ќе се навикнам/вклопам. Или едното, или другото. Оооо, па сега се сетив! Имам еден cupcake во ташната. Отидов да си го смачкам!
Денес е совршен ден за шеткање, кафиња со старо друштво , да не речат сум ги заборајла.Искрено не ми се седи со нив али имам некој работи ус пат. .Има сонце а и ја сум убаво сврцкана само да искочам од дома.кој знае колку ке видам маскирани фаци на моја возраст,ама ја не сум за тоа .Болје би правела нешто друго отколку да се маскирам .Има ли нешто поубаво од трачарење со друштво ?? баи бај
Helloo laidies.............long time no read. Ве запоставив летово ама не само форумот, општо интернетот во глобала, повеќе шетање, помалку време пред лаптопов, дури и сериите си ги запоставив имам еден куп за гледање. Вчера имав многу интересен ручек, седевме со сопругот и децава кои за чудо некое спиеја и до нас седнаа три девојки, македонки и без да сакам им го прислушував муабетот. Не сум виновна јас, тие требаа да си знаат дека каде и да се наоѓаат во светот па макар и во Тунгузија ќе има некој што ги разбира, едната се посомнева дека ги разбирам кога се засркнав кога почнаа да опишуваат во (порнографски ) детали што би му правеле на сопругот мој, другата ја убедува дека нели слуша дека сум австралка, нема шанси да ги разбирам. Си кажуваа типкиве се што би му правеле, јас си се потсмевав под имагинарниот брк, додуша ме пофалија и јас дека не сум била лоша ама сигурни беа дека можел и уште поубава жена да си најде и така си збореа, збореа и одеднаш син ми се буди и како секое дете не збори туку се дери и вика: Мамааааааа жеден сум, дај водааааа. Фациве на девојките во тој момент.............priceless Се подновив со три нови тетоважи, две за децава, едната подарок за сопругот за 30-тиот роденден, покрај тетоважата му дадов и позитивен тест за бременост, што да кажам, секое летенце, детенце. Се мислевме дали да го задржиме бебушот ама од кога добивме зелено светло од гинекологот дека се е во ред, нема да имам било какви последици по здравјето дека ептен скоро една по друга бременост се одлучивме дека кога е бал нек буде маскенбал.........каде две деца, таму три. За ово не сакаме да знаеме што ќе биде, нека е здраво и живо само, дали ќе машко или женско, јас после оваа бременост радњава ја затворам, може сопругот да оди на снип, снип и завршуваме веќе со потомство. Кога му кажавме на Матео дека ќе добие ново братче или сестриче (лош избор на зборови) прсна детево да плаче, не можевме пола саат да го смириме, избега во соба кај Константин и не убедуваше дека ќе бил умен Константин да не го враќаме, многу го сакал, не сакал ново братче или сестриче си го сакал Константин. Се смири тек од кога го убедивме дека и Конта ќе го чуваме ама и уште едно бебе ќе имаме, сега цело време му кажува на Конта како ќе бил голем батко и он иако не знае ни да збори ни да оди. Ај доста пишувам време е за спиење
Април ми бил секогаш мој месец! Не дека ми се случиле многу големи и битни промени или работи, него ете, како месец и пред се пошто ни ја носи пролетта во животот, априлче за мене си едно големо сонце со накострежени а воедно топли разиграни рачиња, и мирис на виножито и насмевка! Ете на што ми текна, дека мојата прва и една од наголемите љубови ми се беше случила во Април. Иако заврши лошо, најлошо од сите мои врски, јас не се сеќавам со лошо на него, ни па на месецот, си ја имав таа наивна голема љубов, и тоа беше се, премногу спомени, но пола и повеќе ги избришав и не ми значат ништо, но секогаш кога ќе се сетам на него, нема мразење и проколнување, едноставно детска љубов која почна во април. И пролетта е најубавото годишно време, ни жешко, ни ладно, ами најубаво за облекување и за прошетки во секој час во денот, дали попладневи или касно во ноќта, па и рано во утрото, со малку подебело дуксерче. (Lilbaby знам за дуксер како и мене у секое време би можела) Но, има една лоша работа која ме следе последните 3 години, а тоа е гадната алергија, и незнам од каде пред 3 години баш ми се појави, цел живот немав проблеми со алергии, но кога иде пролет, и есен, целото тело ми е осетливо и против мене. Без апчиња и плакнење на устата со сол, пролет јас нема да можам да испаднам надовр. Најлошо од се, е внатрешното чешање од ушите горе, па по каналите надоле се до третиот крајник доле скрос, правам чудни звуци кога пробувам да се исчешам внатрешно, како стар дедо кој сака квалитетно да плукне на автобуска станица, и кутрето знае само така накриво да го сврте главчето и ме гледа и си вика, што и е на оваа па сега?! Првиот пат кога го направив тоа, е кога ме фати првиот напад оваа сезона, пред две недели, таа си трчка, јас седам и чекам, да се измори, и кога фатив да правам така да се чешкам, ххххххххххххх,хххххххххххх правам со сите сили, ова трче околу мене и зазема положба за ржење. Сега се навикна дека на секое шетање мора така да правам па не ни ми обрнува внимание додуша. Денес, сум спиела добри 15 и пол часа. Претходната вечер не бев спиена ич, само 2 и пол часа, и синоќа, со дечкото, гледавме еден документарец на лаптопот , и онака сакав една минута да си починам на неговото рамо, не ни осетив кога, ни како сум заспала, ама така квалитетно, шо никогаш у живот не ми се случило, пошто имам лесен сон, и тешко заспивам, не овци да бројам, ами сите ѕвезди можам да ги крстам и поминам додека заспијам, но синоќа, не бре, одма во кома сум паднала. И сабајле кога станав, дечкото преку мобилен ми се смее и ми објаснува како сум си правела балончиња од плунката, пошто незгодно сум му заспала на рамо и гради, и сум го плукала по малку па морал да ме преместе на мојата страна, без разлика колку слатко било шо прв пат така му заспивам. Ако, ти простувам му викам! И сега, после толку многу спиење, нормално денес си земав слободен ден од факултет, несакајќи, скрос несакајќи, нормално денес од 1 бев на факс, и вчера планирав да одам, дури и косата ми беше извиткана од спирали, но ете, си се изнаспав и сега имам енергија да ја истрчам цела Кисела вода ми се чине. Но, наместо тоа, земав исчистив по дома шо имаше да се чисте, си исперив некои работи, кафе појадок, и сега време е за шеткање со кутрето, само да си направам зелен чај, да го ставам во шише и може да одиме. А она среќна, опашот 100 на час и мрда, знае дека е време за прошетка, само се мотка пред врата, ѕирка дали ги зимам патиките со кои а шетам.
СДК денес имавме испрашување историја на 7 лекции т.е. тематско, а јас мислев дека имаме испрашување на последните 4. Пред тоа на првите 3 правевме наставно ливче, тогаш ги знаев и имав 5ка на наставното ливче ама сега ми изветрееле од мозокот како ацетон, а последните 4тири ги знам како Оче Наш, како песна да ги пеам. И го слушам моето име за испрашување, станувам самоуверено ги знам како Оче Наш лекциите (последните 4) и оваа како за беља почна да ме испрашува од првите 3 а јас сум како wat? ја нисам одавде Си викам во сeбе, ајдеее прашаај ме од последните 4 лекции, не бе само од првите 3 што изветреале не бее, тоа што сум го заборавила ме прашува (btw wat ми е намерно напишано знам дека се пишува what )
Незнаеш колку ме интересираше еј,дури баш мислев да те прашам .. Сега мирно ќе спијам после информацииве колку лекции си знаела како Оче Наш.
Дали сум тоа јас? Да, хех, а дури денес го сватив. Колку прекрасно помина т.е. беше се денеска.. Се смеевме на час ко крејзи на стари вицови, па дури и наставничката неможеше да престане да се смее. Потоа се прошетав со другарка ми да ги видиме маскираните дечиња. Супер искуство, особено по зборовите кои ми ги кажа. Никој не ми го рекол ова лично до сега (барем не на овој начин ). Потоа си дојдов дома, ете ја баба дошла. Ми кажа дека ќе сме оделе на свадба, во јуни изгледа. Опаа. Конечно. По цели четири години и јас на свадба. Ауу, сигурно ќе бидам поубава од невестата (ако ме нашминкаат како што треба за прв пат ). Подоцна се скарав со сестра ми, ауу, ја исфрлив од соба.. Но, но таа ко верно кутре, пак се врати. Неврмајнд, сакав да кажам дека фатив книга! Да! Тоа го прочитавте. Лајтнинг учеше Историја (45 мин), па си легна малку, па пак ќе учи. Девето седмо чудо. Утре одма ќе добијам петка (аха, сигурно ). И тоа е отприлика повеќе од она што ми се случи денес. КРАЈ!