"Срамота е да дојдеш да пазариш за сума од 20денари" -ми се обраќа касиерка која работи во еден од најголемите маркети во земјава Тинекс. Затоа што имав 500 денари и јас и велам "Треба ли со ситни пари да дојдеме?!". "Па неможеш така со мене да се однесуваш,девојко" и лупа со раката во каса. "Во еден од најголемите маркети да немате ситно и да неможеш да ми наплатиш е срамота" велам јас. "Па која си ти да ми кажуваш" вели таа. "Етика,драга само тоа ќе ти кажам." велам јас. Во Тинекс се вработуваат едвај писмени и помалку образовани луѓе.Без етика,морал и почит спрема клиентот. Браво тинекс навистина сте вредни.
Колку само посреќно место би бил светот кога фактот дека некој друг веќе го добил она за што сонуваме, на сите нас наместо причина за љубомора - би ни претставувал инспирација и доказ дека нештото е можно да се постигне...
Секој се уништува на различен начин. Некој пие, некој се дрогира, некој сече вени, некој едноставно сака..
Чудно како некои личности кои ни биле,досадни,упорни нападни. По некое време ја менуваат тактиката,ни се пикаат под кожа,и стануваат центарот на нашиот свет. Да се чуди човек.
Се ми се чини дека ќе почнам гардеrоба од деЦки бутик да купувам. xD Ништо не ми чинит. Се ми е големо. И најмалото бројче, да.
Денес се чувствувам необично добро. Дечко ми се разубеди да се избричи камоли и на една недела, па за прв пат ќе го видам без брада, а до сега само на слики и то ме прај премногу среќна. Онака љубопитна сум, а знам дека и него најмачно му е зошто многу си ја сака брадата, па не знам зошто едноставно му текна на ова. Конечно моите се согласија да имам милениче дома, и тоа повеќе се заинтересирав за ова едино зошто кога брмблав за папагали другарка ми ме праша: „Глупо е да прашам, ама дали сакаш да ти купам папагал за роденден?“ - истото ми го рече и тато. Па најмалку шо можам да напрам е сама да си го обезбедам кафезот, а ми рекоја дека бојата ќе ја изберам јас.
Многу ми е тешко,се чуствувам како глупача,немам со кого да поразговарам.Многу мисли ми се вртат во главата мислам дека инфаркт ќе ме фати.
На чисто со себе, решив да не сум плачката. А денес е од тие денови во кои имам зошто да кажам благодарам што го имам. Благодарам за сите утра, доцни ситни часови полни солзи или смеа, за прави зборови и криви дрини. За мечтите за бебиња и целиот дооолг пат што го изодевме. Се креваме еден со друг и растеме.
Прекрасно е кога после напорен ден ќе се прибереш дома. Знам дека денес бев во најдобра можна форма и направив се според планираното. А истовремено ми текнува дека е петок и дека според некои стандарди не би требало да ја поминам вечерва дома. Ама who cares, сакам да си посветам време само на себе и тоа и ќе го направам!
СДК без разлика што се случува во вашиот живот, сакајте се и почитувајте се себеси најмногу, бидејќи никој друг не може и нема да го направи тоа подобро од вас.
Го замолувам таблетот да не ми се меша додека jадам. Фала Не знам дали има на светов човек побаксуз од мене. Толку сум фатена во раце чудо едно. сВе што може ми пага од раце. Денес се што jадев, буквално се, мораше врз таблет да падне. Добро де и во нозе сум фатена, т.е со две леви нозе, па милион пати на прав пат сум се сопнала и паднала.
http://www.vest.mk/?ItemID=F8D64D3E2F7A7F4EA56E621AEE9A0032 Во понеделник 21/03/2016 дајте поддршка на лицата со Даунов синдром.
До сега знаев дека го сакам, сега знам дека тоа е 100% сигурно. Абе човеку му текнуваат работи кои ме импресионираат, не ги забележувам, а кога ќе ги направи ме оставаат со подотворена уста. И не само изненадена, туку восхитена. Класика, седевме Арт кога едно мало дете питаше од маса на маса, ама нашата не знам зошто - ја прескокна. Онака сите го пашкаа и си замина онака, и го викна му прај „Мали дојди“, си реков пак ќе учи некое дете на нешто и ќе го мотивира да оди на училиште и на крајот ќе му дај некој денар (и во то најмногу уживам), ама го праша дали сака торта. Му рече да си одбери која торта сака. И можам да речам дека дур го гледав детето, си седна на друга маса онака, абе солзи ми дојдоја. И онака ме гледа и ми се смеј, јас го гушкам. Малото неможеше да ја дојади, си ја спакова и после дојде до нас и дојде да се заблагодари. И пак стара приказна, му вика: „Одиш на училиште? Ама да одиш, редовно. Пушиш? Немој. Никогаш немој, најлошо е.“ Можам да напишам 101 причина зошто го сакам ама барем знам дека имаме иста слабост за деца.