Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Бев на патување и еве се вратив.. Поминав прекрасно, преубави мигови, и сега сум Back to reality..
    Одново истите обврски, истите навики.. Ама не се жала. Периодов ми е исполнет и со успеси на секое поле, да не се урочам :D ..
     
    На Hipster, Elennaa, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Деновиве имаме во школо студенти од Филолошки, полагаат кај нас...И дефинитивно не е секоја струка за секого.Вчера имавме еден, не беше Македонец, кај имаат по една лекција за предавање и таа не ја учат, овој од листови ја читаше, па и не знаеше да прочита ко што треба, сфаќам проблеми со изговор и слично, ама зашто при толку професии баш оваа, толку беше трагично што дури и смешно станува... :x Уште кога ќе помислам дека некој ден може на децата мои, или на мене да ми предаваат... Памтам пред некој месец имавме на социологија едно девојче, е таа бараташе, па дебати ова она, се гледаше дека од неа баш професор ќе стане. :)
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК сите непријателки расположени , секој некого да испровоцира...Секој да ти одмогне секој да те игнорира...


    Секој ден по некој си оди , и така натму.
     
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Април, спремна сум! :sun:
    Направи ме среќна, убава и сакана.


    Омилен месец, омилено време, се' е омилено во Април. Секој ден ми е убав, за разлика од предходниве месеци кај што се ми беше од ден за ден.
    Не знам дали е до мене но времето многу брзо лета. Вчера беше зима, денес еве сонце. :o:

    Си ја почнавме и сезоната на куси ракави, сладолед во рака и наочари за сонце.
    Особено ги сакам црешите, би сакала да имам една цреша дома, но цело време да ги има тие цветови, не ми требаат црешите.
    Рај на земјата. Кој викаше дека не постои? :wasntme:

    Ми се изредија убави работи денес, само убави случки, нешто чудно за мене. Не сум навикната да сум ваква.. од одамна не сум била. Цело време од шеста до шестка, жлебината ме боли од многу смеење, на арно да е. Амин! :)

    Better days are coming.
    Бидете ми поздравени, еве на сите ви праќам малку позитивна енергија од мене. Сакам една групна гушка, сите ве гушкам, цел свет!
    http://www.youtube.com/watch?v=LXrJdOD5syo
     
    На lana.del-rey, Someonespecial, Grejsi и 3 други им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако пред секој филм или серија кажуваат за која возраст не се препорачува програмата, пред да почне Suits треба да кажат - програма што не се препорачува за млади адвокати кои лесно влегуваат во филм.
    Деца што до вчера немале положено правосуден, сега се поистоветуваат со Harvey Specter и си мислат дека се многу јаки ѕверки во нашиве адвокатски кругови. Дај некој нека им каже дека со таа нивна дрскост и ароганција, само оставаат впечаток дека се крајно непрофесионални и неискусни во она што го работат. Никогаш не сум налетала на постар адвокат што се однесува толку вообразено. Баш таквите секогаш имаат многу почовечен пристап, без разлика дали доаѓаш како клиент, или како кандидат за работно место.
     
    На bittersweet, Hipster, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Се послабо ме има на форумов, слабо вишак енергија за пополнување теми, али не ве заборавам ;) Наминувам чат-пат :wasntme:
    Дали тазе расцутениве цветови надвор ми ги трупаат обавезите па се нешто ми се стеснува времево и лошо се организирам... :?:

    Морам да го цитирам мислењето на bittersweet, слатко ме изнасмеа :) Ајде со лесно да си ја истераш бременоста и :clap: за сопруџето, очигледно добро си избрала :lol: .
    Многу сакам вака кога ќе прочитам нешто содржајно и кога некоја од нас има нешто навистина да каже :)

    Не знам дали има посакување да има некој убав месец, (некои феминки претходно напишале дека имаат очекувања од Априлов), па ете мене ми дојде желба, како за отпоздравување и вака нели на почеток на месецов да ви посакам: Убав и расцутен месец!
    Имајте наубава маска вие што допрва ќе се маскирате ;)

    Ваша М! :makeup:
     
    На bittersweet и Nana19 им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.328
    Пол:
    Женски
    Штета е на ваков убав ден како денеска, да не си излегол да земеш воздух барем 10 минутки. :sun: :)
    Колку е убаво кога по долго време повторно го правиш тоа што те интересира. [​IMG]
    Обожавам да фотографирам, но некако изминатиов период немав ни желба ни идеја што да фотографирам, а штета не ја искористив супер камерата на претходниот телефон, кој што е веќе починат неколку месеци. :P :rofl:
    Пред некој ден викам ај ќе сликам и го земав апаратот и отидов во црквата во мојата населба, која што е одлична за сликање, има 2 фонтани, пауни и шатки и уште некои интересни работи. :)
    Се приближив до фонтаната и апаратот ми падна од рака и директно во водата :tmi: , го однесов на поправка, му бил објективот расипан, па го земавме дома не знам дали ќе го поправам или нов ќе купам, небитно... [​IMG]
    Последна опција за сликање ми е мобилниот, кој што моментално ми е никаков, па камерата ми е никаква, а не сакам нов да купам моментално и така не го ни користам многу телефонот. |( :D
    Деновиве се заразив со грицкање сончоглед, а знам дека шатките јадат сончоглед, па купивме со другарка ми, демек да ги раниме, кутрите прегладнети беа. :(
    Сликав што сликав, фотографиите сe никакви, исти како камерата, па добро нејзин производ, каква мајка такви деца. [​IMG] [​IMG]
    Битно паунот го фатив со отворени пердуви, а женката рецка не му маваше, џабе и се пушташе.
    У себе си викав како не бев паунка одма ќе си го земев за маж. [​IMG] [​IMG]
    Уживајте и правете го тоа што го сакате , бидејќи еднаш се живее, а младоста, воедно и животот премногу брзо поминуваат. :)
     
    На BlackMistery, Mahidevranfan, lana.del-rey и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Прред една година кога се зачленив мислев дека ке се дружиме ке си помагаме и ке ни поминува времето...Можеби сум згрешила но секој ден сум по убедена дека фрумот многу се изменил.
    Не смееш да кажеш свое мислење, одма те убедуваат во спротивно и ти наметнуваат нивно мислење, не смееш да напишеш некој проблем те исмејуваат, и сл.
    ЗОШТО СТЕ ТАКВИ ЛУЃЕ?
    а не ми е ни чудно зошто секој ден сме се помалку...Од тие таквите ете затоа
    што добивате со тоа ??? БАШ НИШТО.....затоа не се трдете напразно...Некој пред некој ден напиша дека нема убави мислења во СДК да нема затоа што поголем дел од тие што ги пишувале тие мислеља си замнале и тоа со право, а оние останатие се сигорно изреволтирани како мене па немаат ни тие што паметно да пишат. Колку некој и да е среќен и да пише да се пофали одма некој само му врати
    НЕ СЕ СЕКИРАЈ КЕ ТИ ПОМИНЕ тоа е тоа...
     
    На Mariangela, Jenniffer, ColoursOfTheRainbow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Е ако баш сакаш да знаеш и мене не ми е гајле за твоето мислење |( Темата е „Сакам да кажам“, а не „Пишуваме тоа што ја интересира lana.del-rey за да може мирно да спие“ :) Позз
     
  10. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јако е чувството кога ќе зезнеш некого. :rofl: :rofl: Онака прво априлски.Ама уште појако е кога наставничката ќе ти се породи на 1ви април во 00:01 :rofl: :lol: :lol: . Честитки мила наставничке :inlove:
     
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Леле мајче,многу мие страв за тебе,убаво мајче што си фатила момче,ама пази мајче,немој да останиш трудна..- хаха една е мајка ми !
     
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    На првите денови од некој месец понекогаш онака рандом си помислувам колку брзо си лета времево, како вчера да беше кога си честитавме Нова година, а веќе ја свртуваме и четвртата страница на годишниот календар, читаме по фејсбук слики со текст welcome april, надвор уживаме во пролетно сонце и глетката на маскирани дечиња кои му се радуваат на денот. :D
    Море, каква Нова година, како вчера да беа она добра стара времена (иако се пред само 6-7 години :lol: ), кога сеуште бев на возраст кога размислував што да се маскирам. :wasntme:

    Легендите мои - мајка ми и татко ми ме лажат со традиционалната ни шега - на сабајле ми викаат дека е 8 саат и дека каснам. ]:) Овојпат, плус додадено и дека сум заборавила да го поместам напред саатот со будилник во мојата соба. [​IMG]
    Провалена шега, ама шта чеш, у 6 ипол сабајле кога, како што вели мама, не гледам ни бела мечка пред себе, пак пали и фино лепо за момент си се извадив од памет. :rofl:

    Туку, кога сме веќе кај спиењето... :D
    Мене не можете скоро никогаш да ме видите изнервирана без причина, освен кога сум ненаспана (читај, без асални 6-7 саата спиење), и тоа плус ако ноќта претходно не сум можела да заспијам - не ме пипкај барем до 9 саат сабајле. :D А не сум за пипкање баш и неколку минути после afternoon nap, додека не си дојдам на себе, да ми текне убаво која година сме. :rofl:
    Кога ќе им кажам во школо дека никогаш не сум учела после полноќ, ме гледаат како мечка да игра пред нив. Ама не можам бе, не сум ноќен тип, и точка, и прашалник и сите интерпункциски знаци... :rofl:
    Кампањски си учам, ама да ми дојде работата до таму да морам да учам ноќеска, нула не би ми бегала.
    А бај д уеј, како што кога врне најкасно ми доаѓа автобус, и како што најглупата песна мора највише да ми се заглави у глава, третиот Марфиев закон што највеќе важи за мене, е дека мора да ме фати несоница само во некоја ноќ кога треба да станам рано. ]:)

    И уште нешто - пролетта значи стварно ми делува како ред бул. Уште да почнам да летам... [​IMG]
    Со физичките активности сум на солидно ниво, и наместо поголемо бројче на вагата, ме мотивира ведрото временце. Барем за овие 2-3 месеци можам да им гарантирам на другаркиве што ми се по возењето ролерки на кеј, дека нема да добијат од мене одговор, не можам, ме мрзи. [​IMG] А најубаво е онака да си се размрдаш релаксирано, чисто за да исфрлиш вишок енергија. Кој е како мене. [​IMG]

    И за крај, да бидам малце мејнстрим и да ви посакам април да биде добар кон сите. [​IMG]
    Бидете весели, позитивни, најдете си причина за силно смеење и зграпчете го убавото време. [​IMG]

    [​IMG]
     
    На bittersweet, sweet-cherry, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    ако не ве интересираат постовите на некој член, на неговите оценки по математика и сл, слободно можете да ги додадете на листата на непријатели. Озбилно ова :D Нема да ви се појавуваат нивните мислења. Некако сите ја заборавате оваа опција, па наместо секој ден да читаме препукувања на темава, поштедете не сите, а и себеси воедно. :)
     
    На Sky-butterfly, cresa-jagoda, Dvolicen и 4 други им се допаѓа ова.
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Само што потрошив нешто повеќе од час време во потрага на една куќа на гугл мапс по иницијатива на свекрва ми. Баравме ширум Америка, куќа покрај езеро |( Седна до мене со храна во устата, озвучено џвакање од левата страна на вилицата, проследено со дожд од плунка како овација по секој потенцијален "погодок". Веројатно очекуваше дека ќе има фотографија од нејзиниот американски, средовечен, полугол брат со разголено влакнесто торзо како го кисне задникот во езерото, среќен, со порцеласки мостови кои не делуваат вештачко.
    Немаше одредена цел потрагата, и тоа е фрустирачкиот дел, мразам да трошам време и трпение на нешта без поента. Се колнам, секоја едно од овие мали незадоволства по малку ме убива, бавно и подмолно. Си игра шах со моето трпение. Мислам, дај ми од изгореното ѓомлезе и убиј ме веќе еднаш, неможам да поднесам.

    Најчест проблем е немањето со кого да ја споделиш досадата. Свекрва ми има милион мали начини како некој активно да вклучи во нејзиното еднолично секојдневие, дури и против негова воља. Гледа дека заинтересирано го следам филмот и сепак инсистира да седам до неа, за да го видам Ѓоко, брат на пријател на нејзин братучед, оженет за пријателка на колешката од работа, која и е сестра на продавачката во колонијалот од спротива, а се сретнала на матура во Канада, меѓу нив седел некој што го познавал зетот, односно неговата снаа за брат |( И', си велиш ?? Ноуп, толку е, само да го запознаеш него, односно неговата матна селфи фотографија, односно целото негово семејно дрво и поширок круг на пријатели кој не е на никаков начин поврзан со тебе или со твојот интерес за филмови прикажани на МТВ.

    А, во случај некој да е во оправдано отсуство на нејзина близина за време на одреден дел од денот, ќе се потруди да му надохнади за пропуштеното. Детално раскажува за припремата на ручекот дали и колку ситно го изрендала кромидот или морковот, колку води му сменала на гравот, колку долго се варел, дали на тивко, на рингла или на оган. Колку котелци нафрлила на чорапот и што гледала на телевизија |( .

    Неможам повеќе да го поднесам ова, ама се трудам. Толеранцијата, е страшна работа !
     
    На Trnche, Sexybaby86, lana.del-rey и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Добро мамо, имаш сега телефон. Среќна си знам, мерак ти е, си се научила да титкаш, разбирам се'... ама веќе пола час упорно и упорно да ми титкаш и да ме зезаш цело време, не разбирам. Па дури ми се јавува да ми каже да земам да учам и да ме праша што правам, па мислам ало, во другата соба сум, влези и прашај. |(
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    СДК-Папи фалиш мила моја..сега дознав..можеби касно пишувам..но те молам не го прави ова..можеби на некој немуе гајле за тебе..но мене и на полно други НИЕ гајле..те сакаме и сакаме да се вратиш..те молам Папи ;( :hug: :worried:
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Ок можеби не е смешно, ама мене твоево мислење смешно ми падна.
    Дај смири се, мислиш се обидува да се самоубие. Нејзин избор.
    :D
     
    На sweet-star, LittlePinky, lana.del-rey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    сите ке си одиме како што почна...ОВДЕКА САМО НЕПРИЈАТЕЛИ ОД СЕГДЕ
     
    На CutieWithABeauty и Maria.Vampire им се допаѓа ова.
  19. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Нова страна на календарот сликата прекрасна зеленило,природа,пролет...рај за очи,секогаш го сакав месецов
    веројатно заради роденденот
    и случајно читам во ќошот СРЕЌА...се прашувам што беше тоа сум заборавила...
    Се навикнав веќе на тага и плачење секој ден само се прашувам до кога ќе трае ова...онака да знам само :u:
    Добра ноќ и останете ми со здравје :hug:
    ми недостигаат гушки,ме боли срцето и душата
     
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.977
    Допаѓања:
    90.446
    Пол:
    Женски
    Aу многу хејтање бе шо ви е :?:
    А шо толку па се замарате кој шо пишал шо раскажувал а :?:
    Да да некогаш и мене ми смета и знам да преречам но зошто бе на некој што нема памет да му солам памет а тој/таа упорно не разбира и не разбира :D И сеа јас да се замарам со него и да му објаснувам дека не треба така туку вака ... мислам боже мој ...
    Не си го зимајте толку на душа секој коментар мислење и реплика од некој друг па овде секој може да каже и да напише што му душа сака но секако :!: за се има одредено место .

    Ај да не се праам паметнаковиЌ , јас само сакав да кажам дека треба само да си смешкате и свиркате,не само за овде туку за се во животот ако не сакате бели влакна да ви излеваат предвреме :D :D