Одам денес во фото-студио да се направам фотографија за училишна легитимација. Ја затупеа со формалности на натпреварот, ама нека биде. Влегувам нели, ме прашуваат што треба, им кажувам, викаат еден од фотографите, тој видно изнервиран од прекинувањето, рипнува од стол, го грабнува фотоапаратот, клекнува... штрак! Додека се свестив тој веќе јуреше кон комјутерот. Ајде викам, каква излезам - таква, и онака сликава само за легитимацијата е. Му се приближувам на фотографот, тој ги пластифицира веќе сликите, тапка со нозете го гледам, и само гледа кон комјутерот и кон другиот човек на комјутерот, јако сконцентриран. Одеднаш се почувствував лошо што му ја прекинав работата, којзнае таму можеби правел од оние невестински слики кај што се гледаат мажот и жената во небото заматени. Ме заинтересира што работел, одам кај комјутерот, гледам отворена папка со фотографии слични на мојата, ех, викам не можам да видам што правел. Се вртам кон другиот многу посветен работник, и на екранот гледам агарио си игра фелава. Тој што ги пластифицираше сликите ја грабна таа машинката за сечење. Овој другиов на комјутерот го изедоа, фотографот му се смее. Му отидов од зад грб на тој другиот и му викам: Ако пуштиш од твојата маса во вирусот, тој ќе се раздели и ќе го распрснеш големиов. Тој ми се врти, ништо не ми вели, го распрсна големиот, се најаде, стана прво место. Фотографот заврши со моите слики, ми ги тупна в раце, седна на другиот комјутер и тој си го продолжи своето работно време со агарио. И така... само да кажев.
Абе 100000 пути имам кажано дека не јадам Леќа и они пак упорно Леќа за ручек прават да ти се одмили и јадење и све у пм
Значи не можам да ги сфатам и се чудам кога ќе видам како се сликаат со ци*цките извадени, газот напрчен, се слекуваат за лајкови, а уште по јадни ми се машките шо коментираат Цццц кај оди светов.
Во се ќе успееме, само не можеме да манипулираме со времето. Тоа секогаш не гази. Уживајте во секој миг...
Ајде цела бавча да ја внесиме во спална со лисје со цветчиња со све за да направиме лични инстаграм фотографии....
Осмотски се движам кон тебе, пронаоѓам позитивни јони и одеднаш концентрацијата ја снемува. Врската прекинува . Знам дека потенцијалот сеуште пулсира, но каде си ти? Каде исчезна симбиозата?
Колку интересни работи се активни кога треба да учам. Зошто се најавив леле ... Ајде се обидувам да одам да доучам оти маф ми е плано
Задутре сум на натпревар по македонски јазик и сум многу возбудена. Од друга страна, има премногу материјал за учење и навистина ми е тешко. Се надевам дека сѐ ќе помине во најдобар ред и дека ќе успеам да се квалификувам на државниот натпревар. Држете ми среќа!
Дајте ми да цртам, да правам 3D модели, профили, да идам на терен, да правам анализи, да си решавам задачи - Нема ич да се жалам. Само оваа теорија да не ја учам..
Почнав да ги пропуштам темите отидени во канта. Гледам некоја интересна се отворила, незнам зошто мене тие теми што се за во канти ми се најинтересни за зае*бавање.
После утринската поплава од емоции ми требаше само еден погрешен збор или постапка да се распрснам на 1000 парчиња. Скршена
Како некои доктори знаат со збор да излечат абе секој чест, алал нека им е диполмата. Ти вика ништо не ти е, супер си, не добро туку предобро изгледаш, свежа на лица, убава боја имаш...значи и да си болен, те лечат со збор. Убаво на психата ти влијаат тие зборови и автоматски стануваш подобро. Пошто се што ни се случува, се е до психата и сами ако не си помогнеме, никој друг не може. А некои други доктори, пак, да ти е страв да појдеш кај нив. На пр: Леле вакво нешто немам видено...ах, толку си млада...абе деца не се чувате...ама зошто е ова вака не ми е јасно...нема подборување кај тебе не се ни трудиш...вака и беше на една пациентка и не можеше деца да има после....вака му беше и на друг пациент, бог да го прости....абе у пичку матер, ќе те умре со збор Обично тие подобри се повозраси доктори со искуство, посебно од машкиот пол. А тие полошите се помлади женски...нормално има исклучоци, ама во глобала гледано тоа е... Значи џабе некој ќе учи 4000 години за да стане специјалист кога нема човечност во него, нема дарба за да се понаша добро со луѓе, нема чувстав и осет ни малку...нормално не се очекува од доктор да има чувства за сите, таман работа ако ги жали и сочувствува со сите, ама ЗБОРОТ е битен, да те убеди дека те разбира, да ти го изманипулира мозокот. Џабе и диполома, и години изгубени и се... Инаку како може да сум алергична на овие душички Сакам да си имам вакви дома, сакам кога ќе дојдам да има некој што ќе ме сфати како сум без да ме праша, сакам да си ги гушкам по цел ден, сакам вакви суштества пошто се најдобри другари без да очекуваат нешто за возврат освен малку храна...како може да сум алергична на нив? како и зошто?
Сите проблеми, караници, нервози и стресови од претходниве три дена само не' натераа да седнеме како семејство, да разговараме и мислам никогаш не сме биле поблиски. Целта ми беше друга. Секојдневно гледам една љубов, која е толку голема и искрена и посакувам и јас еден ден да имам таков човек покрај себе. Се сакаат, си приредуваат изненадувања, се грижат еден за друг, си се поддршка, се засмеваат, ниеднаш не се скарале... Инспирација ми се и посакувам љубовта вечно да им трае .
Пред точно една година во овој доцен час на свет донесов еден мал убав принц.Животот ми го промени,ми го исполни.Не ми се верува колку брзо помина времето.Те сакам бебе мое најубаво.