Која е поентата да си ги уредуваш сликите до непрепознатливост? Зарем луѓето не те знаат во живо? Зарем ти е поважно инстаграм аудиториумот што ќе мисли? Разбирам и тоа уредување (не ми текнува подобар збор) да е суптилно и природно, а не... Која си ставила апла очигледни трепки, друга толку го стеснила лицето што личи на вонземјанин. Трета, очигледно не е задоволна со носот, па едноставно само го замаглува. Ги зголемуваат очите, мислиш секој момент ке те изедат, на устата и Карлеуша може да им подзавиди, а оние од метар и шеесет со бутчиња на сликите изгледаат како Лима да им е родена сестра. Само се надевам дека барем тоа ги прави среќни, а не да се чувствуваат уште помизерни кога ќе ја објават сликата едитирана до бескрај.
на здравје за убавиот ден.Исполнет со многу слики и насмевки.Позитивните луѓе можат мн да влијаат врз вас.
СДК: Сонце на тато. Денес е твојот ден..денес после толку години заплакав од среќа потсетувајки се на денот кога ти се роди. Да си ми здрава и жива...да си мудра, чесна и убава, полна со љубов и насмевки како Мајка ти..кога ќе пораснеш да ти даде Господ еден курајбер со којј ќе се сакате и чувате како јас и Мајка ти....да имате среќа каква што си ни Ти на нас па да видиш колку се радуваме...а јас, јас секогаш ќе бидам позади тебе да ти ја давам подршката како добар татко се до мојот последен здив..Нека ти е среќен роденденот.....Желбо моја остварена!
Значи како шо не сум при себе пред испит - е никогаш толку. Ами предиспитен стрес помешан со ПМС? - Сон за секој кој е до мене Се надевам наредните две недели нема да добијам бан на форумов, да ме откажат моите од ќерка, да ми раскини дечкото, да ми се скарат другарките само зошто знам дека сум и ќе бидам неподнослива. Ве сакам
Сте размислиле како тука си оставаме мало парче душа секој ден? Љубови, насмевки, стравови, болка, тага... Некогаш сме тука од досада, некогаш за забава, некогаш затоа што сме се врзале за ликовите и ги чувствуваме блиски. На најобична тема ќе истуриме се’ што ни лежи на душа и ќе си откриеме некоја црта од карактерот за која не сме знаеле дека постои. Помагаме и го делиме тоа парче душа кога некому му треба поддршка. Но некогаш сме и малку лоши. Некогаш и многу, ако се работи за нов, недокажан лик. Еден збор од некој непознат на форум може да те погоди во срж. И сфаќам дека сум го направила тоа повеќе пати. Жал ми е. Би сакала на сите поединечно да ви се извинам. Да, ова е форум, но тоа не ни дава право да бидеме злобни само затоа што сме анонимни и не знаеме ништо за личностите кои ги потценуваме. Не знаеме ништо. Сфатив нешто... важно сознание. Форумов е супер место за површно дружење, па и склопување нови познанства, затоа што има прекрасни луѓе. Кога можеш ќе помогнеш, ќе се позезаш, и толку. Моите борби, болки и скапоцени моменти не можам веќе да ги делам тука. Ќе си ги чувам за себе, барем во тоа отсекогаш сум била добра.
Животот е нешто слично на паричка... може да ја потрошиш како сакаш, но може да ја потрошиш само еднаш.
СДК ако во животот сакаш да имаш пријатели и другари треба и да вложуваш во нив. Мораш да им се најдеш кога си има потребен, да ги ислушаш, да им направиш друштво. Пријателството се негува, колку ќе дадеш толку ќе ти возвратат. Инаку арно си грееше сонце од сабајлето, јас не знам што му требаше пак да се наоблачува
СДК дека уморна сум од се. Сакам да заспијам и да се разбудам после мноооогу време или да отидам некаде далеку од сите и се и да почнам од почеток. Ама неможам. Уморна сум да се објаснувам а уште поуморна да почнувам се од почеток. Ми треба некој рестарт, нешто да ме поткрене во овој момент, да знам дека досегашниот труд и вложување не биле залудни, како и цело тоа време, години....
СДК уште не и се израдував на пролетта, а веќе барам лето.. Поради распустот веројатно Ах..Летно зајдисонце..
Добро име за кафич е Friend Zone. И таму ги носиш на кафе оние со кои не сакаш ништо повеќе од пријателство.
Како и луѓето, така и работните места во денешно време доаѓаат и си одат. Тие се нужно зло на кое сетилата реагираат вообичаено...
Се ежам од покондурени суштества, суштества што мислат дека ако биле на екскурзија низ Европа 2 недели го фатиле бога за муда, се знаат пази, прошетана од Шпанија до Естонија, на нејзе никој не смее да и пререче за вистинската вредност, за моралот, за Европа и светот, за тамашнота фунционалност. Пази таа од 2 недели се научила и секој ден "расправа" едно та исто, способна е да дојде до степен на најлош можен безобразилук само ако некој и спомне и слушне дека некој веќе видел и слушнал се што таа со години наназад го расправа. Прошетаните, културните и мудрите луѓе не се фалат и не се качуваат над глава на секого од улица колку прошетале и каде се не биле, дур се свестиш и сватиш една морална вредност всушност ќе забележиш дека со твојата арогантност и неукост сите избегале од тебе.
Денес...месец март...сабајле снег...после удри сонце...завиори ветерот и пак снег...дрвјата расцветани, природата се бои...ете така четири годишни времиња во еден ден. Значи дами и господа,и покрај тоа што постои нескафе класик три во едно,месец март е решен да биде силна конкуренција со тоа што настапува нов производ на пазарот на кафето:Март експресо-4 во 1
Секој човек има период во кој ја губи желбата за живот и скршнува од патот, макар за кратко. Тогаш се е црно, во секој работа, од секоја случка, се согледува само лошото и буквално ништо не може да те израдува или исполни од внатре. И додека ти кукаш и се самосожалуваш, додека си недопирлив за надворешниот свет и се бориш со самиот себе, светот продолжува да се врти. Времето не запира дозволувајќи ти да си ги средиш мислите, животот не престанува за да собереш доволно сила и мотивација да се исправиш на нозе од последниот пад. Сѐ оди напред. Освен ти, секако. Ти си заглавен во моментот кога твојот свет престанал да се врти. Одеднаш се будиш од хипнозата. Нешто конечно допрело до тебе и предизвикало да започнеш да го правиш она за кое уште на самиот почеток си бил свесен дека требало да го направиш. Согледуваш што се си пропуштил од годините каде што си живеел собирајќи сила за да го поминеш секој нареден ден. Согледуваш колку личности си повредил и изгубил поради таквото одесување. Колку си изневерил, разочарал и прокоцкал довербата во тебе. Препуштен сам на себе останува да се соочиш со личноста во која си се претворил. Е кога ќе се соочиш со „новата јас", всушност сфаќаш какво "чудовиште" си. Па започнуваш борба. Започуваш борба да го избркаш тоа чудовиште од себе, повторно да бидеш „старата јас". Ама не можеш. Личноста која толку сакаш да ја вратиш е убиена од тоа со кое до сега си се соочил. И нема да бидеш „таа" личност уште еднаш. Веќе конечно си вратен во живот. Се градиш одново. Нови перспективи, нови стремежи, нови секојневија. Кроиш и нови сништа, но сега со поразчини планови и очекувања за животот. Позрел и поискусен од претходно, со сите лузни на себе, одиш на повторна средба/борба со животот. Пак си во игра и фрлен во рингот овој пат треба да го покажеш најдоброто од себе. Затоа што иако крајот се знае- смрт, дотогаш целите мора да бидат постигнати. Во спротивно твојот живот би бил залудно потрошен.
Животот е краток и треба максимално да се посветиме да го проживееме што е можно подобро, но голем број од нас заглавуваат во работа која баш и многу не ја сакаат само за да можат да го прехранат семејството, да ги платат сметките, со мала надеж дека ќе остане нешто вишок.Животот не треба да го потрошиме на материјалните нешта.Се посветуваме на неважните ситници од нашиот живот, заборавајќи вистински да живееме.
Прво СДК дека ве изначитав После тоа да кажам дека кај и да отворам, во која било тема, се некој глупости читам бе Само оваа ми е океј И трето да кажам дека не знам зошто , ама не уживам многу во шминки.Си се сакам природна, најарно ми е. И нашминкана на слики не излегувам убаво Оти бе оти така. И ете тоа.Петок Убав викенд, уживајте