Успеавме да организираме и изложба во Скопје со моите хероини и херои! Дојдете да ја почувствувате енергијата која ја доживеавме, љубовта, убавината, чистотата и способноста на нашите нови пријатели, кои сакат да ви пренесат една порака: разбудете се, тука сме за заедно да постоиме! Воедно и да го чуеме нереалниот глас на Марко кој без размислување реши да ни се придружи на отварањето и да не разнежни. <3
Дали е точно дека сите што сме ги сретнале, сите што поминале во нашиот живот биле со причина? За едни да верувам, ама за други да се смеам Тие вторите ветерот ги донел, ветерот ги однел
За 17 и пол часа ќе седам во училница и ќе одговарам на прашањата за кои се спремав месец и пол. За ништо не сум била поподготвена, а сепак чувствувам дека ќе ми биде најмногу страв да не оплескам. Тремата уште не ме фатила at its best, бидејќи си го држам мозокот зафатен повторувајќи ги по стопати работите кои треба да ги знам за утре. Се надевам многу дека ќе поминам на државен, не за да се прошетам до Прилеп, не да се правам важна, туку уште еден месец за учам за Ј.Крчовски, К.Пејчиновиќ, Т.Синаитски, Џинот, па П.Зографски, Ѓ.Пулевски, Миладиновци, Прличев, Цепенков, Чернодрински, а и за Блаже Конески, најважната личност која несомнено го озакони мојот омилен јазик.Сакам уште долго време комплицираната синтакса да ми биде секојдневие. Си купив разни пенкала и моливи, денес си отидов порано од школо. Не ни требаше да одам, но морав да завршам едни формалности. Неколку часа објаснување во празно за Сердарот, Зборникот, песните на К. Миладинов и словата на просветителите. Пауза на фемина, сега е на ред граматиката. Wish me all the luck in the world, бидејќи ова е најважниот натпревар на кој некогаш сум одела, барем за мене. Јазикот, сепак, е духовно богатство и наследство на еден народ.
Многу ме нервираат луѓе што не знаат ништо друго освен да плукаат по туѓ труд. Некој ќе се убие од работа, и секогаш ќе добива „добронамерни“ критики од загрижени фаци што мислат дека се експерти во секое поле, па совети, коментари, па ќе се разбира повеќе. Животот не треба да е само дремење во својата комфортна зона без преземање никаков ризик. Сите грешат и никој не знае што прави, ама ако не пробаш, никогаш нема да постигнеш нешто над правата линија по која ти течел животот до сега.
Се што сакам да направам во моментот е да го спакувам куферот,да го земам пасошот или еве и не мора пасош и да отидам некаде со другарките. Да се опуштиме,да се забавуваме,да шетаме,да истражувам. Ми треба авантура,ми треба адреналин. Дури и одењето во планина звучи примамливо,зошто да не. Гитара,оган,вино,скара-прекрасно. Животот не е наменет за да останете на едно место,патувајте,истражувајте,уживајте,спријателувајте се. Секогаш ќе имате прилика да заработите пари,но за спомени и убави моменти треба да се искористи секоја шанса.
Мислам дека сум единствената будала што уште од петок вечер е во исчекување на понеделник. Ех, што ти прави љубов!
Сдк, вечерва влегов во Тинекс во Карпош.. Пред тинексот седеше една бабичка и продаваше цвеќиња. Си ги дадов парите во Тинекс, излегов и седев 10 мин во кола мислејќи каде има банкомат пари да извадам. Сакав да и ги купам сите цвеќиња и да и речам да си оди дома, ама ниеден банкомат не ми падна на памет.. Си отидов дома и веќе цел саат се осеќам како гомно.. некако срцево ме боли (буквално) кога мислам на неа. А сега од Маџари да се кренам до Карпош не можам..а сигурно и не е веќе таму бабата.. Колку сум глупава, во Сити мол сите банкомати се, ама еден памет А да, сакам да кажам дека оваа кичмава ми ги помести сите планови за 2 недели покасно.. Да не верувате на доктори..да му верувате на дедо
Ти посакувам среќа на натпреварот. Знам како ти е, бидејќи и јас утре ќе одам на регионален натпревар по македонски јазик. За разлика од тебе, веќе имам трема. Моментално учам за Џинот и за Ѓорѓија Пулевски, уште малку и ќе завршам. Се надевам дека ќе поминеш на државниот натпревар, а и себеси си го посакувам истото.
Се истегнувам веќе 40 минути... Не можам да престанам! Чувствово е незаменливо. Мислам дека од денес ќе се истегнувам секое утро и секоја вечер по саат време. Она кога имаш блажена насмевка на лице и не можеш да ја тргнеш, е таква сум.
Видов еден статус на фејзбук што се пронајдов во него - Познатиот парфем на непознат минувач буди спомени !
Уште утреееее!!!!!! Ја преживеав и ова колоквиумска со многу стрес. Уште утре полагам и ГОТОВО! Вечерта ќе пијааааам ќе лумпуваааааамммммммммм.... Лелеле ко ќе си се дотераааааммммм ко ќе си се начукам. Мераци. Не се издржва ова поќе оти. Ми треба одмор. Да можам да заакам негде надвор од државичево. Ама опасно е од една страна со бомбите, од друга немам пари хихи. Битно ќе се радвам на малите нешта дури не сум во можност да си приуштам поголеми.
Никогаш нема да се опијам! Дури и срам ми е да кажам колку испив и уште сум ... нормална, можам без проблем да си изрецитирам и матичен број и последното предавање по Историја на Македонија, а рачунајте предавање имав во понеделникот. Другарка ми си се успа за 3 ипол минути, а јас си чмаам на телефонов и се анализирам што не е во ред со мене, а паралелно со тоа, се прашувам како ли е да ти се врти и да се запиеш - ете макар само малку колку да биде позабавно. Или татко ми добро ме истренирал, или правам нешто погрешно. Ај дајте други дроги, со овие очигледно нешто не е во ред. #очајна