Кога ќе сфатиш дека додека шеташ по улица промаја ти дува во душата, свесен си дека со најубавите делови од себе, си ги исплатил евтините љубови, евтините пријатели... Свесен си дека целата своја љубов, страст, нежност, надеж си ги оставил под туѓите прсти, радоста и солзите си ги заклучил под нечие рамо, Свесен си дека си се истренирал да бидеш јак, си научил да бидеш немилуван, не сослушан, не сакан... Свесен си дека имаш дупка во душата, во која сто можат да застанат, а никој нема да ја пополни, зошто со најубавите делови од себе си ги платил најевтините луѓе... и повеќе не си ист... ладен си, опкружен со промаја...
Ми недостига делот од денот кога можев да си вклучам фемина и пиејќи чај или кафе да го уживам тој мал дел од денот во вистинска смисла. Месецов ми е хаос. Позафатена дефинитивно не сум била. Денот ми е исполнет од рано наутро, па се до најдоцни часови. Ама ако, убаво ми е. Си се фалам, не се жалам. Вие, се надевам, добро ми сте. Одам сега, повторно ме чекаат обврски. На кратко наминав, многу време ве немам поздравено. Имајте ми најубава вечер. Поздравче
Очи во очи. Погледот кажува се, не е потребно да се зборува многу. Сакав да покажам и да одглумам сила, но како и секогаш, погледот ме издаде.
Сите ми се чудат... Често одам за Косово. Приштина каква е таква е...не знам како мене ми е убава. Пак ќе кажам, сите ми се чудат. Ама јас многу сакам да одам во Косово. До сега не знам колку пати бев и секој пат... убаво ми е. Чувството кое што ме понесе првиот пат и како се вратив потоа, длабоко ми остана врежано. Едвај го поминав патот назад дома. Презафатени денови, што мислам дека спиев, ама пријатната музика, удобноста која ја добив ми ги држеа очите отворени. И секој пат одам и се враќам со истото чувство. По тие улици, по тие ресторани, по тие продавници... Приштина има едно од повпечатливите зајдисонца кои сум ги видела во целиот хаос кој владее. Па во сет раскош во очи нова година ми соопштија нешто одвратно со кое се борам од тогаш навака и не си дојдов со такво убаво чувство какво што имам кога одам и се враќам од Косово. Ниту еден чек ин по аеродром, ниту една Европска метропола не ми го дала тоа... Прашањево е за на психијатар...мајке ми. Тој еден прв пат во какво чувство ќе те снајде, засекогаш ќе си го носиш и ќе го имаш врежано со тоа место. Оттаму и добро познатото - каде и да одиш себе си се носиш. Од себе не можеш да избегаш. Кога можев да се осеќам најгрозно во точката на цела убавина на светот и најубаво во црната дупка на Балканот...е само чист пример дека се е до внатрешното чувство и убавина, а не призмата низ која гледаме. Си се чудам и јас на паметот уствари.
Сдк 1: Мене стварно некогаш не ми е јасно, кога ќе му речеш на човек НЕ, како не може да се разбере од збор. Сдк 2: - Зумбулите, ми ја покрија целата соба со прекрасни, боженствени ноти на мирис. Уживам во нив
http://www.bankarstvo.mk/index.php/...araat-magistri-i-doktori-baraat-struchni-lica Па уште и се пофалил - мојата колумна. Дечко, твојава колумна е израз на твоите фрустрации заради тоа што не си станал асистент па професор, а не дека имаш поента. За човек со д-р пред името (кое ако не било така важно, немало ни да го пишеш) многу сиромашен речник и никаков критички осврт на ситуацијата во која се наоѓаме. Не ме чуди зошто не си станал професор. Си се изгубил помеѓу соништата и реалната твоја способност. Има многу поголеми и поважни работи од овие бљувотини. А и според тоа што те видов на фб, абе...маже. Баш маже. Не знам на што е пољут повеќе...јал на висината ил на скршениот сон. Тажно. Само ќе ти кажам дека се согласувам дека требаат стручни лица, но тоа помеѓу до тоа е мнигу поважно, но ти не го гледаш. А ти избриши си го тоа д-р пред името од принцип и благородни причини. Иницијативата за колумната ти е друга, реалноста е што ти се уште сакаш да си професор, а според избраните зборови не заради талент или љубов, туку заради суета. Шуќур што нема да храниш млади мозоци со наука без љубов. Се гледа мотивот...што дури и е претажно. Што требало, како требало...кажи како ти стигна до тоа сознание и кажи дали си среќен сега, оќе? Фрустриран си... Твоите академски напори немале поента, јер ти си полу човек, бог на финансиите и само ти вредиш и разбираш? Штета што не можев да му пишам директна порака на фб, а сега па и изгубив интерес. Ми смачи од неиздржани колумни на којгоде без поента...па и полни себе.
Неќум циции, во духот , телото и манирите... Сакам луѓенца кои најсветло ми гледаат со очите, смело и нежно те придржуваат... Да не паднеш, да не се сопнеш.
Немам застанато зад хартијата да пишувам, па не памтам од кога. А живам да пишувам „кратки“ приказни од дестина страни Сега седам зад тастатурата и не знам од каде да почнам, за што да се работи, а имам потреба нешто да го пренесам на хартија. Ај со среќа нека ми е.
САКАМ ДА КАЖАМ ДЕКА ПОЛАГАМ КОЛОКВ., А ЗНАМ ДЕКА НЕ ЗНАМ НИШТО .. сега барем ми олесни душава хаха .. (за трагедија е )
Најпрво извини што те цитирам . Познатата "шема" со ваквите презимиња почна на времето кога сите ние се селевме низ Европа па и пошироко и ради прегледност и исполнуваност на тамошниот закон автоматски презимињата ни одеа во машки род. Не знам ама јас не гледам овде некој аздис во "проблемот". Секој е слободен да бира што му годи а што не во животот. Сигурна сум дека нема да сакаш да го почуствуваш ова чуство , среќен човек си што не може ништо да те опие, да би спротивно сигурно би го мразела моментот кога си ја повлекла и првата голтка .
Преземањето на презимињата е дел од македонската традиција кое е озаконето со закон,нели. Но за жал граматиката сеуште не е влезена во законот а мислам дека се спрема.Нема да спорам како треба, нели слободен избор во рамките на законот...НО што би се случило кога јас би го преземал презимето на жена ми??замисли Роберт Петковска?? не звучи убаво нали? како ќе ми се обраќаат ..Ќе го молам господинот Петковска да одговори...или слично...
Изнаспана, изнаодморена, колоквиуми=done Неможам да ви кажам колку сум кефој ко ќе ми олесни на душата за некој работи, и ко ќе знајш дека веќе се ближи крајот, си ѕирка од ќошето За чудо да ви кажам, среќна сум После долго време го кажувам ова, ама да така е, некако имам чувство дека коцките ќе си се наместат, незнам зошто така, на арно нека е само. Имајте убав ден
Кога сме веќе кај презимето и мене ми е нелогично да е моето презиме во машки род милсам дека нема смисла ...Нашата граматика е различна и не звучи убаво...Жал ми е за некои што мислат дека се фенси кога го прават презмието во машки род ама ајде нека е ..Одамна не сме свои па така да тоа е тоа...
Во потрага сум по антибиотик на рецепта по веледрогерииве. До сега полесно ќе најдев некој Веле дрога што продава.