Еееееј, април дојде, најубавиот месец, најпозитивниот, шта вам је? Еве, нека ви каже тетка Ким нешто паметно, од нејзиниот неисцрпен извор на мудрости. Така да си знаете. Април е мој месец, имам наплив на енергија и на добро расположение. Убави настани ќе се случуваат месецов, имам на што да се радувам. Патем, денеска во центар имаше преубава атмосфера, маскирани дечиња на сите страни, насмевка од увце до увце, трчаат, среќни, невини, без ни една грижа во светот. Колку и да си намрштен не можеш да не се насмевнеш на тие насмеани детски лица и среќни душички. Поминуваа луѓе и колку и да им беа натежнати рамениците од маките пак топло им се насмевнуваа. Така што олабавете се малку и уживајте во месецов.
А кога ќе научите дека правилно е сфаќа, а не сваќа? Сваќа означува роднинска врска. Спојлер Така што, немате простор да мудрувате
Сакам да се поздравам со целиот форум. Конечно ѝ се исполни желбата на дел од "возрасните". Ете, не отребија нас децата како петки во четврта година. Ете така, еден ден можеби ниту една тинејџерка. нема да остане. Како ѝ да е, барем стекнав некои пријателства овде. Јас сеуште ќе бидам овде, но нема да коментирам. Ако сака некој нешто да ми пише, нека повели во лп. Ќе ме има и на чет секако. Но, поретко. Дојде време да ја прифатам раката на реалноста. Поздрави .
Девојко кој ти е проблемот? Кои непријатели кои глупости зборуваш? Ти знаеш што е форум? Форум е место кај што можеш да си кажеш мислење, а дали тоа мислење ќе ти се допадне или не не е моја работа ниту на никој друг тука, никој не те тера со сила да прфаќаш мислења нути ти наметнува со сила. Те сфаќам за темата зборуваш и си изреволтирана, ама погоди што, ова е слободен форум секој може да пише што сака и што мисли, така да ако си ти подготвена да отвараш теми биди подготвена и да се сносиш со мислењата и кртиките во неа, а не одма да се лигавиш дека било се за лајкови, да баш не заболе тука за лајковиве, процент зимаме од нив до кога ќе се вадите на најголемата глупост на форумов - лајковите? Друго, форумов не е место за дружење туку за споделување мислења, а надвор од него може да се дружите колку сакате и да се гушкате и да се сакате, не дека ни тука не го правиоте тоа со поздравките и бацките и срцушките ама нема врска. Некој не е дојден тука да се дружи туку да си дискутира, без разлика на тоа дали некој дискусијата ќе си ја сфати лично и ќе плаче три дена под перница после тоа, без разлика дали мислењето ќе ми го прифатат тука и ќе добијам одобрување од пола форумџики или ќе ми контраат сите, тоа си е дискусија, некој ќе се согласи некој не, тоа и е поентата. Ама ти и 80% од другиве феминки тука си патите за внимание. Си сакате да ве лајкуваат, да ве читаат, да ве приметуваат, да бидете значајни, да се согласуваат со вас, да ви кажуваат убави зборови, ама на форум тоа неможете да го добиете па после затоа се не ви чини, сите ви се непријателски настроени. Па правите драми околу заминувања од форумов и слични глупости ама на никој не му е гајле за тоа бе, на никој, смешно е и бедно е. Ништо лично нема никој против вас тука, незнам зашто со сила сакате да се правите интересни со по 10 поста во темава у еден ден, напорно е бе да читаш кој што праел у школо и колку петки добил денес и у што му се маскирал цел кас, тупење е. И не читам јас такви глупости, многу добро знам кој што може да напише тука коа ќе ја отворам темава се е едно исто, само скролање. Пишала ДримГрл и лајкнала Папилон, па посел она пишала другава и лајкнала и така натаму - е ме сфати сега зашто веќе не е интересна и инспиративна темава? Зашто си пишуваат ради реда, колку да ги има нонстоп, да се билдаат мислења, да не случајно ги утнеш на некоја тема, а да не пишале... ( да не дојде до сечење вени и кубење коси или евентуално да ме нападнете виртуелно или физички ако ме видите негде низ град, постов не се однесува само на тие што се спомнати туку на тие 80%)
Ако бе,не ми пишувај сеа. Да дае Господ еден ден на Све за љубав да ме бараш,и да се праам дека не те познавам! Е,така.
Тотално разочарана од луѓето и нивните карактери. Секоја им чест после се што направиле како можат навечер со мирна и чиста совест да си легнат. Не велам дека не сум грешела..човечки е да се погреши. Ама кога некој тоа го прави константно и притоа не осеќа ама баш ни 1% вина за тоа? И тогаш ли е човечки? Доверба..а чекајте, што беше тоа? Се помалку и помалку луѓе заслужуваат да им се верува. Луксуз е да имаш пријател. Ама мислам стварно ПРИЈАТЕЛ, што секогаш ќе знае да ти даде добар совет, да те поддржи во тоа што си решил да го направиш. Пријател на кој ќе можеш да му веруваш и да знаеш дека нема да ја изневери таа доверба. Разочарана, не знам што да мислам...останав без зборови и сеуште не ми се верува што се случува... Немаме иднина со ваква младина!
fo·rum ˈfôrəm/ noun noun: forum; plural noun: forums; plural noun: fora 1. a place, meeting, or medium where ideas and views on a particular issue can be exchanged. Не е дневник, не е споменар, не е сајт за спојување на сродни души, не е професија, форум е. Ако имате мислење на одредена тема кое ќе го поткрепите со факт, дискутирајте. Како поинаку да се каже не знам.
Кога со другар шетате низ Џамбо и ви става цајканска капа на глава, од тој момент знајте дека више не сте му другарка. Мажи бе!!! Првиот пат јас глупа не укапирав, си се изнасмеа, третиот пат, мислев демек цајкан знаеш, демек јас смотана, па уште и се налутив (па не дека далеку од вистината), ама третиот пат прееска, па уште и сериозен, треба вечер да се маскираш, лициси, ово-онооо... ееее тогаш ми светна! Значи не е до девојчињана се што извадиле денес на мегдан, до мажиштата и фантазиите било. Ама бре девојчиња тоа и дома во спална можете, како да ви кажам. Кичма ме боли, срам ми е да кажам од што и не е безобразно...
Како што сам може човек да си се сопне во живот не е можно друг така тактички да те среди.И така,јас стално си се сопкам со банални сопки навидум и невидливи.Од страна гледајќи би стоело како да не ме боли,изгледа како секоја нова сопка да ме јачи.Ама не е така!!!Секоја нова сопка ми прави такви модринки во душава,модринки што не зараснуват,ме уништуваат,полека,полека... А би требало да сум среќна.Што ми фали?Даска, и да ме претепа некој! Од сопствена глава се пати најмногу.Си мислам дека сум најтврдоглавото суштество на векот кога се работи за помош да пружам на некому,за совет,да украдам нечија насмевка ќе направам се’,што вика мајками и на крај света ќе идеш за туѓа потреба.Ама кога се работи за мене џанам не бре си спијам на ушите,два чекора не мрдам лево десно,си тупам во место. Признавам јас им завидувам на „нарцизите„ ова најозбилно мислам дека се најсамоуверените луѓе,знаат што сакат и не размислуват дали нивните постапки некого навердиле,дали ...а не како мене самокритичност на кубен,правење планови за на крај никој да не биде повреден, а всушност автоматски сум јас(онаа сопнатата).И џабе ми е не знам по кој пат си се убедувам дека од утре ќе се променам,али џабе теле се учи, а не крава.Мрш таму не си верувам повеќе! Си го читам постов и си се смееам,ццц Не нема да биде човек од мене Изгледа дека при последната сопка имам добиено некои пораметувања,не?
Ги читнав минативе страници...скоро сите постови се депримирачки и настроени кон кавга. Што се случува,не сум во тек,а и ќе се смирите сигурно. Ајде малце насмевнете се. Мене деновиве ми врват пребрзо. За вас не знам. Очигледно дека му се брза нешто на месециве за да ми дојди роденденот. Прочитав негде дека одгледувањето растенија е мир за душата. И се согласувам. Убаво е да имаш растенија и да се грижиш за нив. Да растат со љубов. И сликчево пред некој ден го видов. И тоа ми се вртка низ глава. Имајте убав ден форумџики. И ич да не ви е гајле што мислат другите. И одгледувајте растенија. И пијте чај.
До кога 1ви април ке биде денот кога сите си зимаат слобода да се шетаат по долна облека без срам ?!? Во кој свет излегувањето по боксерици и подзвездици со минич со пич ке се смета за интересна маска за 1ви април? До толку ли "креативноста" е замрена па порното почнавте да го сметате за интересно и уметност?! Секоја година се полоши и полоши,едните исти дебилни "маски" се вртат на тој ден. Децана се покреативни и поинтересни од голите калугерки со миничите и мажите облечени во боксерици. Во што сте маскирани?! Во проститутки?!? Тоа не е маска,тоа е вашето секојдневие само еден ден во годината имате храброст јавно да го покажете !! Јаз'k !!
Темава ми беше омилена. Ја читав со задоволство, од темава научив повеќе одколку од цел форум т.е сите други теми. Еве отворете ги старите СДК теми и видете како треба да изгледаат. Јас нема да ја тупам толку, само кажувам секоја чест на Марли. Тука кажете се, работи што сакате, што чувствувате, што ги помислувате.. Пишувајте, ама не се карајте бе луѓе. Што толку сериозно сте запнале, слободен форум е, кој што сака нека си пишува. И мене ми смета нешто, ама ќе си ќутам. Ќути си-дупи си. Уживајте. Убав ден е. Има сонце. Насмевнете се.
Со негативни мисли и енергија нема да се постигне ништо дорбо само стварате неубава атмосвера таму каде што сте. Најдете си корисно место каде што вашиот вишок на енергија ќе го трошите и ќе го минувате времето убаво. Потребни ни се насмевки и убави моменти,среќа и искрени чуства ... на никој не му е убаво да прочита и чуе негативни муабети,смејте се заразете ги луѓето околу вас со вашата насмевка создадете позитивна атмосвера ,победете ја негативната и уживајте максимално во секој момент ! Имајте убав ден
Сериозни ли сте? Форумов стана разбојничко поле од хормонични жени ,девојки.. Хмммм... Епа вака да ја смириме ситуацијата,правам тема за случка на денот..сите таму ќе си раскажувате за вашите случки,а овде ќе си го ослободите умот и ќе ни ја продавате фантазијата.. So..do you like my idea? :geek:
Пролет е. Излегуваат првите пупки.Цветовите почнуваат да расцутуваат...со нив и јас. Голема насмевка на лицето.Ништо не ми го уништува расположението. Како оживува природата,оживувам и јас.Сега таа е претставник на мојата душа. Во пролетта нема време за тмурни чувства.Во телото е целата позитивност,светлина... Пролет.