Читам еден пост на фб за тоа како сите другари му отишле во странство. Толку ме погоди, како да ми ги извади зборовите од уста. И моите другаари, другарки дури и блиски членови од фамилијата ми се надвор или сакаат да отидат. И сигурно нема да се вратат. Ме боли тоа што важни моменти од животот треба преку компјутер да ги споделуваме. Не ми треба ни Аце, ни коњот, ни шпански скали, ни цркви и џамии на секој чекор, несакам златни споменици, ни фонтани, несакам ништо од тоа. Единствено што сакам е моите најблиски да се со мене.
Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи? Типкам и се обидувам да си ги оттргнам мислите. Да ги пренасочам, да им дадам еден убав тек. Да се потсетам себе си дека постојам сама за себе, дека сум независно суштество со самодоверба кое е способно само да се бори за своите идеали. Да се потсетам дека имам и добри луѓе околу себе. Да се потсетам колку си го сакам семејството. Додека во позадина ми оди ова... Да се опуштам, да го пуштам разгореното срце да гори, да се исплаче, да се смири и да се крене. Да твори прекраснотии во звукот на емоцијата. Да се гордее. Да сака. Да не ја губи вербата во човештвото...
Во актот на силување жената се чувствува повредена и безвредна заради неможноста да се одбрани и да биде слушнато нејзиното не, физичкиот акт е со минимално или никакво значење. Не е не и не важи само за сексуален акт, туку за било какво не. Кога жената е физички силувана се наметнува физичката стигма - леле срамота, леле трагедија, леле сирота, но колку пати работите работа која не сакате и се коси со моралот и принципот на работење заради вашиот шеф? Колку пати сте направиле работа за која сте имале силно не кое не сте го кажале или сте го кажале, но не било слушнато? Колку пати ги преминале вашите граници и вашето не? Колку пати не ви бил чуен гласот? Од шефот, од сопругот, од пријателите, од родителите... Колку пати ви горела душата заради вашето непочитувано не или непостоечко не затоа што немале сила да го изговорите? До тогаш, ќе имаме сексуално репресирани жени и општество кое пропаѓа заради дисбаланс. Секое не е јасно не за било што и е еднакво важно и големо. Траумата и болката во душата е иста, но полесно ја потискате, внатрешното ехо некаде потсвесно секогаш и засекогаш ќе ве потсетува на вашето понижување. Колку пати досега сте биле "силувани"? Колку пати сте биле "силувачи"?
Денеска сум посебно среќна Секогаш бидете весели, среќни, позитивни и исполнете си го денот со уживања
Воопшто не сум добро во последно време, не сум среќна, се гушам и плачам секој ден и не поминува. Ете така ми стои нешто на душата тешко ми е. Едвај го поминувам денот само ја чекам ноќта да легнам да спијам, оваа ноќ неможев ни да спијам. Само мислев, мислев и мислев на небитнилуѓе што ме земаат здраво за готово и не трошат ни минутка од своето време. И знам за се тоа сама сум си виновна, што го дозволив тоа! Дојде влезе во мојот живот, ми ги испомеша чувствата и паметот и те снема. Паднав во депресија, тажна сум премногу дури помислувам на глупави работи. Се ме болии, душата ме боли веќе немам памет и незнам што да правам. Немам на кого да се искажам да споделам, некој што навистина ке ме разбере. Дали ке помине оваа!? Ахх..
СДК... Личните постапки се "најдобри" и заштитени од туѓите посегања. Целосно зачувани и свои ги отсликуваат потезите различни од вербалните залагања. Помалку или повеќе, тврдоглавоста е особина за секој, а кога треба да се покаже толерантност ретко кој е подготвен да биде трпелив кон нечиј став.
И така... Ќе одиш, ќе одиш со него ќе го сакаш ќе планирате заедно иднина и ќе се затрскаш во друг што не е те ебе 2 %. Убо вели баба ми нема побудало од женско.Нема!
Многу ми е мило кога една по една желба си реализирам. Верувам во себе, знам дека ќе го постигнам сето она шо го имам зацртано. Горда сум на себе си
... соу мач ту сеј. Здраво жени, мајки, краЉици. Добре дојдов во клубот на најчитаниот македонски форум, It's my pleasure.
Анализирајки ... всушност кај секој поединец маана ќе пронајдеш, доблеста и ретко кој ја памети кога ја гледа ама мааната толку ќе ти бркне во очи што ќе посакаш засекогаш лице да му правиш и благо да се смешкаш пред секој негов кажан збор ако не и да го баталиш во неповрат! Кога ќе размилиме и секој е роден и фунционира тук там со по некоја маана исто како и со доблеста во себе.. и после никој не бил човек, па и ти самоот не си бе! Мааната се говори со години нанапред а таа доблест, таа некогаш пружена помош и подршка кој ја памети кога завршува работа и се осеќа "над сите"?! Зарем е грешно секој да гледа и да прави за себе?! Не е, ама сепак сметам дека не е лошо понекогаш да размислиме и да погеднеме и зад другиот, да размислиме дека и сите други околу нас живеат со грото проблеми и имаат сопствени маки за кои што се борат!
Ајде нека ти е со лесно Го одби? Јас сакав да кажам нешто ама заборавив.. Ама ќе кажам дека сум многу среќна последниве месец ипол.. Некоја чудна енергија имам, ги сакам сите околу мене, не ме замара никој (иако истите постапки од истите луѓе се повторуваат, ама сега како да не ги забележувам).. Научив да уживам во чудни мали нешта во кои уживав пред години.. Колку само може да те уништи една непродуктивна врска, да ми кажуваше некој немаше да верувам.. сум заборавила да уживам во сето тоа што го сакав, ама се враќа се во нормала ..
Нешто да ви кажам, секогаш кога одам во КАМ маркет ми се стега грлото. Таму чувствувам многу неубава атмосфера, и баш тука се гледа маката на нашиот народ. Кога некој ќе рече - е како се нема пари бе, види ги сите излегуваат по кафичи, возат коли и одат на одмор. Да, ти излегувај по трговски центри и таму барај ги сиромашните луѓе. Ај прашај ги луѓето што купуваат во КАМ дали одат на одмори и дали излегуваат по трговски. Тука ќе видиш еден скромен човек што купил само бисквити и чека со 50 денари ред на каса. Ќе видиш и жена што враќа дел од производите затоа што не пресметала убаво кога ги одбирала, па сметката излегла повеќе од планираното. Ќе видиш дека речиси сите луѓе размислуваат пред да стават некој производ во корпата. Ќе ја погледнат цената, ќе размислат и ќе си пресметаат во глава дали им влегува во планираниот буџет. Погледни наоколу кога ќе влезеш, веднаш ќе почувствуваш. Види како се облечени и види го погледот... погледот е тоа што боли! Види како се договараат меѓу себе дали да земат чоко бисквити или да ги остават. А ако си од оние што генерализираат во стилот "сите возат коли, одат на одмори и пијат кафиња, каква сиромаштија во Македонија", тогаш сум 100% убедена дека си од оние што се пикнале на удобно работно место со врски и го оправдуваат тоа место со партиски активности и обид да се наметне некоја розова слика за реалноста. Па не ти е воопшто гајле што некој овде се мачи да врзе крај со крај... и најчесто не успева, па завршува во долгови не за луксуз, туку за храна и сметки. Погледнете наоколу луѓе, се’ повеќе и повеќе пропаѓаме. Многу ми е жал...
Материјалната потреба за некои непотребни работи ми е потполно непозната и неразбирлива. Не можам да ја сфатам потребата од тоа да се има најновото јаболче, ни помалку ни повеќе, ама најновото јаболче е потребно. За мене тоа е каприц и снобизам. Не е потреба, можеш било каков ајфон, или смартфон да купиш, ама најновото јаболче е незаменливо нели. Можеби е до тоа што никогаш не сум сакала да следам некои трендови и да се вклопам во толпата исти и бесчујни следбеници на едно материјално и бесчуствително општество. Кое е тоа задоволство што се добива со купување и исполнување на себе си со материјални работи. Демек навечер поубаво се спие со чувството дека го имаш последниот и најнов технолошки изум. Дајте ако е така и јас ќе си купам, можеби нема да имам веќе несоници и потреба од апчиња за да заспијам. Убаво било бе кога си живееш со родителите, они се грижат, купуваат и ги подмируваат сите трошкови, а ти си имаш плата и таа оди на сите твои задоволста. Бре, бре, милина. Не е битно да се размислува за иднината која што можеш да ја имаш, или сите работи кои можеш да ги исполниш, туку моменталната желба и моменталниот каприц. Нема потреба од размислување за свој стан, и свој дом на 25 нели? Нема поента од штедење, гледај си за денес и терај. Сериозно толку многу е вредно најновото јаболче?! Изгледа јас сум многу затуцана и останата во минатото, па до мене не допира задоволството од материјалното. Сакам некој кој ќе ме гушне навечер во нашиот дом, а не да се гушкам со новото јаболче во креветот од основно.