Моментот кога некој се обидува да се напрега со тебе за нешто за кое што: не ти е грижа не знајш ништо апсолутно си неутрален до тој момент не знаеше дека постои ... и се обидуваш да објасниш се погоре, ама тебе мора да ти е грижа, мора да знајш, мора да имаш став и мора да имаш замисла дека постои зошто ти си во генерално ставен во некоја група, во некои природни граници на некое општество и секој кој е во тие рамки мора да се однесува така. Сериозно? До кога? Па дури и зборав со другар за ова ми прај, ова ти е од добро срце и широкоградост, и онака седам позачудена - „Ама јас едноставно не знам ништо за то. Какво добро срце и каква широкоградост?!“
Во последно време на работа, една ситуација виси во воздух, а не е препорачливо да коментираме за неа. Барем не озбилно, може само да се правиме ко ништо да не е, и да ја споменеме понекогаш на шала, а далеку од шала е. Не ме засега многу, можам комотно да игнорирам, ама јас ли сум ако не кажам тоа што мислам? Ќе се разболам. И денес видов дека ми се исплати ќутењето. Многумина знаат што им е проблемот, си го знаат и решението на проблемот ама одлучуваат да живеат со него. Не сакаат помош ни од тебе, ни од никого. Затвори уста, насмевни се и кажи им -на здравје нека ви е. Ако досега тоа би ми звучело лицемерно, како да сакаш да видиш нечиј пропаст, сега велам -нека идат у ку..ц со тој памет. Гледај си своја работа и ништо друго.
Се секавате кога пополнувавме споменари,имаше прашање: песимист или оптимист? Реалист. Не,не сакам да носам ни лажни розови очила,а уште помалку сакам да гледам низ темна призма. Е нормално дека не држам права линија,тук таму се накривува. Кога раскажувате за вашиот живот со претерување,го чините поубав,скраја да е или полош? Сите за себе мислиме дека имаме шести сетила понекогаш. Е тоа шесто сетило ме оддалечува од луѓе кои држат вештачки прави линии кон било која од трите опции. Е тоа сетило ми го стеснува кругот на пријатели. Не дека некогаш не згрешил. Типот на човек кој истовремено се срами од она што е и вештачки пробува да ги залажува другите а и самиот себе си,незнам во која категорија да ги сместам. Не остава впечаток дека е песимист а истовремено е многу лош тип на оптимист. Зошто лош оптимист? Од што е премногу голем оптимист,се дави во сопствените лаги,свесен но неможе да си признае на самиот себе си. Ја одбрал опцијата лош отимист,наспроти добар песимист. Не за џабе измегу Да и Не,постои Можеби. Помеѓу Црното и Белото има и други бои. Немора со сила да избираме страна. Балансот е опција која треба да постои во нашите животи.
Oна кога излегуваш и се социјализираш, само од проста причина да не изедеш се` што има низ дома. Па тоа свирка ли свирка по тебе чипсот од фиока со ш`ц мала со сВе, ене ја теглана крем - раце испружила ќе ме враќа. Ма гитла бре, мамата ваша! *дига нос у вис, треска врата и си оди*
А јас паа мислев го заборавив.. кого лажешш. Никој само себеси .Доволен беше поглед за да почне срцето да го чувствувам во грлото , да се препотувам , буквално да незнам кај сум... Господе немам шанси со него , тргни ми го од пред очи. Доволно ми беше година дена празни надежи. Што ли среќа ќе имав јас ?
Моментот кога ќе ти се јават за да ти соопштат многу убава вест, а ти се плашиш дека е некоја првоаприлска зафрканција Го погодија денот! Сега се мислам да го исклучам телефонот, да не ми се јават пак и да ми речат: Аааприли-лиии-лииии!!! Кој ги шиша, јас одам да частам
Никогаш не сум го разбирала тоа топло-ладно. Денес ајде си се удвараме, утре не се познаваме. Епа после играј си со ладната вода, што друго да ти кажам И СДК, животот ми е убав. Ама знаете зошто? Затоа што јас така одлучив (damn I sound like Gruevski ) Не ,ама стварно така. И после ми викаат "аха лесно ти е тебе, си уживкаш", е што да правам бе луѓе? Да ми биде лошо само да сте вие на раат? No can do
Sdk srcev udar ke dobiev koga vidov na najnov model na golf stavil prikolka,a vo nea stalsko djubre. Srce me zabole.
Частевај, па ако не ја биде работава (недај Боже нели), можеш да кажеш и ти на почастениве април-ли-ли
Девојки сакам да ви кажам дека повеќе не се уклучувам на форумот,едноставно ми сте здосадени и напорни,неможам повеќе да ве читам...знам звучи дрско и безобрасно од моја страна......но да бидам искрена.............ве лажам дами мои АПРИЛИЛИЛИ. Баш напротив мислам дека никогаш нема да ми се здосадите! Ова беше да го скршам мразот,да ве зезнам де,са колку успеав вака виртуелно незнам али да знајте ве сакам
Сакам да се катапултирам на некое место каде што никој нема да ме најде ,каде што никој нема да гледам од околинава што ме опкружува ,од цел зајадлив народ,љубоморен што незнае на кој начин да те спушти под него..Сакам мирно место ,каде ке живеам без страв,срам ,каде никој за никого не го интересира..Да почнам сосема нов живот од почеток.Ете тоа го сакам ,ама каде и како да си го оставрам тоа..
Спојлер: Бесмислени анализирања-скролај долу, досадни се. Велат дека никој не може да те познава онолку добро колку што се познаваш ти самиот. Но што кога ни сам не знаеш кој си? Што кога ни сам не можеш точно да се дефинираш? Многу се изненадуваш од себе и не си очекувал дека баш така ќе постапиш/мислиш/чувствуваш во одреден момент...Како да набљудуваш некоја друга личност. Се' е некако непредвидливо. Се стремиш кон промена. До некој степен успеваш (или си мислиш дека си успеал), но не застанало тука. Сепак тоа не била финалната фаза, како што си мислел најпрвин. Си се трудел да имаш што поголема контрола врз твоите постапки, одлуки, емоции и начинот на кој тие влијаат на тебе, пробуваш да ги игнорираш и потиснеш за да станеш помалку чувствителна личност. Колку повеќе вложуваш труд да го постигнеш, некако се чини како се повеќе и повеќе да губиш сила за да успееш во тоа. Се трудиш да не се грижиш што мислат другите...Но дали ова постепено ќе премине во тотална незаинтересираност и претерана ладнокрвност, баш она кое си се трудел да го избегнеш? Не знаеш што да очекуваш. Се трудиш да бидеш брутално искрен, а понекогаш со таа брутална искреност некого ќе повредиш. Владее хаос, растргнат си меѓу две крајности. Примери за тоа каков не треба да бидеш има илјадници... Што кога можеби полека почнуваш да стануваш како нив? Дали твојот пат кон промена всушност се сменил кон нешто поинакво? Помислуваш дека конечно си при крај и си успеал. Од нигде никаде, неочекуван заплет. Скршнуваш од оној пат кој што си го замислил и не знаеш кој е следен чекор, ама сепак решителен си и не сакаш да се откажеш. Каде е крајот? Каков е? Кој е крајниот резултат? Периодов сум мотивирана за да учам и да го совладам најтешкиот предмет што ќе го полагам за 1-2 месеци. Би била пресреќна и презадоволна ако успеам, држете ми среќа, семестаров ќе биде баш напорен. Милиони планови, не толку многу време, ама важно е дека се има мотивација и решителност.
Имам миљарда оружја, тука спаѓа: трудољубивоста, кујната, убавата мисла... Тоа ти е како во армија: пешадија, авијација и морнарица. Шо треба повеќе, м ? На денов на лагава, некако сакам да го покачам гласот за една октава... Некако како да немам на кој ,м ?
Демек собираат донации за „болно дете“, а уствари пљачкосуваат. Денес кај нас у канцеларија влезе еден човек со оној познат лист за собирање донации. Застарен лист од минатиот век во замрсена фолија. Значи не тропнал, туку си отворил и по ходникот се шуњал. Колегата излезе и го испрати до вратата. После саат време нашите комшии од канцеларијата над нас се пожалија дека на една од вработените и го снемал мобилниот и новчаникот (со лична карта, платежни картички). Вратата од канцеларијата не им била заклучена и тој фино лепо си влегол си пребарал си земал и си избегал. Фактички листот во раката му служа за ако некој улета и го праша: „Кој ви треба?“ да каже дека ете собира донации. Пред икс години на колешка истото и го направил еден. Оваа отишла до другата соба за да земе пари од ташна за да му даде, а овој у меѓувреме и го земал мобилниот и здувал. Ви пишувам за да внимавате на лопови кои крадат среде бел ден, но и убаво да им го разгледате листот со кој собираат донации (датум, печати) за да не подржувате криминалци што сакаат емотивно да манипулираат со вас.