Колкава е шансата да ја видиш повторно личноста на која си и кажал како се чувствуваш. Никогаш не сум сакала за зборувам за моите чувства, ама изгледа ова од алергијата ми е вака. Ајде си викам, подобро да бидам искрена да кажам што ми тежи на душата, па можеби ќе испадне нешто добро од целата ситуација. Мразам што сум станала ваква, I need a drink, ааа не бе тогаш полошо ќе е
Сликата што ја имаме за себе и перцепцијата за истата во погледот и размислувањата на другите никогаш не соодветстуваат на начинот на кој посакуваме да биде така. Различноста од бои со која е претставена секој ја објаснува по свое убедување. Тие што за нас се темни за некои може да бидат светли и обратно. Затоа, не тррудете се по врамувањето на сопственото јас да предизвикате свртени погледи кон себе за да оставите кој знае каков впечаток. Никогаш нема биде реално изразен како што треба да биде. Добар дел од елементите на платното остануваат во позадината незабележани по својата вредност. Концептите за карактерните црти се толку различни колку и вкусовите на луѓето...
Дојдов до заклучок дека девојчициве со душа чекале да дојде 1-ви Април, за да облечат смешно-трагична-скул грл-порновача-униформа, со нрд наочара, со две репчиња од страна, тоа коренот 5 сантима што ѕирка скроз небитно мислам, за што се фаќам и јас , со бела чорапа до коленици ( по можност спортска со лого од брендот, од брат/татко дома најдена ), со се! Па ми доаѓа да ги бацам бре у чело и да им честитам на лвл минус 100 креативноќа. Ако се пронајдовте, плиззз фајнд дис офендинг
Јади трици, јади..и пак ненајадена. Устата пена ми фати ама нееее...ич не сакам луѓе на кои се им е црно и бело..ама ич! Скарата сепак за утре остана, ако не се прејадам со трици ..или банани
Играш игра на компјутер со четиригодишно дете и, толку се напнува и ти вика: овие, тука колите, како се паркирале? Кој ги паркирал вака убаво? Видиш дека може? Значи, ти.. не знаеш. Денот кога неговите ќе решат да се откажат од него по весници.. ќе го посвојам. Мора да се опушти ова мало човеченце. Многу ми го напнуваат, изгледа.
Ако е се океј со дечко ми, ќе се скарам со другарките. Ако не се скарам со другарките, ќе се скарам дома. Ако не е то, ќе биди проблеми и маки на факултет. Или пак ако се горенаведено е океј или ќе сум болна, или ќе паничам и сама ќе си измислувам болести и проблеми... Немааа немаааа рајат! Онака една недела се да е океј и да имам мир во умот. Нема шанси. Туку да си пуштам Daredevil...... Фак ит.
Денеска ми се случија многу убави работи а воедно, и мојата најдобра другарка многу убаво ме изненади после толку време конечно се видовме пак, сакам само да ти кажам дека неможам да те пуштам пак да одиш, многу ќе ми фалиш, неможам да си го замислам животот без тебе затоа што си посебна, и не само тоа една и единствена си затоа што другарка како тебе нема и нема да има никогаш ти благодарам за убавото изненадување форевер френдс
Единствена сум од семејството што никогаш не може да глуми нешто што не е, да бидам лицемерна и поради тоа повеќето од гостите и роднините ме сметаат од типот на Др. Хаус. You know, because I don't put up with their bullshit. Намќор, ладна, лоша Е чекајте бе малку, по која логика јас сега би требало да простам и да зборувам на некој што се однесувал лошо со моите родители и мене, бидејќи тогаш било лошо време, а сега за убавите настани да се однесуваме како ништо да не се случило? Обожавам вакви сцени, кога сум ептен искрена на фамилијарен собир. Искрена, но на фин и културен начин. Фаците и неугодноста се priceless
Пред неколку ноќи сонив страшен сон. На работа сум, собрани сите колеги и директорот. На телевизија соопштуваат дека на нашата планета Земја за кратко време ќе се случи голема природна катастрофа со апокалиптични последици. Имено, како резултат на безмилосната експлоатација и ископувања, се јавила длабока пукнатина која за кратко време ќе предизвика серија земјотреси. Ние сите сме во паника, а директорот смирено ни вели да продолжиме со работата... Се будам вознемирена и цел ден го анализирам сонот. -па јас сум навистина загрижена за иднината на нашата планета, па кога немам други проблеми ги анализирам пренаселеноста, недостатокот на чиста вода... -или сонот ја отсликува реалната состојба кај нас на работа "и светот може да се руши, но ние ќе продолжиме со работата". Анализирам, мислам што порака ми праќа потсвеста. Пукнатина во темелите... Во периодов работам на едно истражување и вчера беше денот за последно читање. Задоволна, со олеснување ги правам последните проверки. Одеднаж запрепастено откривам базична грешка во статистиката и пресметувам уште еднаш. Грешка е. Ме фаќа паника, почнувам да се препотувам. Пукнатина во темелите...И се јавувам на Л. иако знам што ќе ми одговори кога ја гњавам со вакви работи " абе кој ти го гледа тоа во овој хаос". Почнува да ме разубедува дека ништо не е и нема да се смени крајниот резултат и никој нема да забележи -Ама јас знам, и велам, ќе повторам, плус сонот вели дека ќе се случи катастрофа. -Да, бе светот ќе се сруши, ми вели. Ме убедува дека тоа што директорот кажал да продолжиме со работа значи дека никој ништо нема да забележи. Ноќеска ја повторував статистиката и псуев и мултиваријантна и се'. Убаво ми вели Л.-напрај си обична корелација, ова со ова, чиста работа. Ех, мојата драга Л. секогаш ги има вистинските одговори, секогаш полна со разбирање, без трошка осуда за моите глупости и лудости. И ќе заборавев, крајниот резултат беше ист, ги добив истите предиктори.
Демончињата, дребулиите и компликациите ми се излезени, нека се рашетаат малце, нека пуштат тоа прамените Дури, не растеретено, не лабаво, та и како да ми дуфка некако од шо ги нема. Таман ете ми изговор за наелектризираноста што ми го дрма телото! И ова ли сум јас? Ај дане ќе се издишам како балон.
СДК ... Уморна. Уморна од фини моменти, смирувачка енергија, од убави луѓе ... И пак уморна од тоа дека уште фали, многу фали нешто ...
Братучед му кога беше помал многу се радуваше кога му пеев песнички. Сега е скоро две години и повеќе разбира, па кога ќе почнам да пеам, вреска на цел гас додека не престанам. Тоа мора да е некој знак...
Во овој мој живот се случиле толку ''интересни''нешта за да ме научат тоа што ми следи ќе ми дојде како Божји дар во рака изгорена од Ѓаволската вила. Дали ќе го задржам со раце полни лузни од зацелените рани од мене зависи. Дали ќе го задржам овој пат......хм.
Уморна сум навстина се уморив од луѓе што немаат осет, не разбираат од усул и приватност, немаат поштено ниту грам акл во паметот да сватат дека се досадни, напорни и глупи! До кога бе со ваквата македонска малограѓанштина бе луѓе.. си викаш бегам, бегам што подалеку од ваквите.. и на крај ..оп, ете ги до вас, врата до врата, ехх Марфи знаеш да бидеш и ти напорен!
Понекогаш зад насмевката се крие најтажниот човек. Понекогаш зад најповредените се крие најдобриот човек. Понекогаш...не...секогаш ќе е доволно само една,но најсилна прегратка за солзите да не доаѓаат повеќе и да исчезнат како вечен заборав... Да да,така работите и стојат. Сеќавањата убиваат,тие велат не,но тие секогаш убиваат. Ете толку.
Odvreme navreme navecer obicno, pominuva nekoja kola pred zgrada i treshte muzika od nea.... I sekogas e istata pesnaaa aaaaaaaaaAA.
Толку многу работи сакам да ги кажам.. Сакам, сакам да врискам, да се ослободам од нивната тежина. Тежина која ме влече надолу. А не можам, не можам да бидам брутално искрена кога знам дека ќе повредам и сепак ништо нема да се среди. И така.. Ќе си ја пеам како ли јас да заспијам дур не раздени..