Малку по малку коцките си се местат, а јас посреќна во животов никогаш не сум била. Откако сум со него како да живеам друг живот. Нови работи ми се случуваат, и до негде и чудно е, ама се' додека тие работи ме прават среќна, во ред е. Ја напуштив работата и најдов друга. Овој пат по струка. И дури сега сфаќам дека залудно сум се трудела и сум се нервирала за работи и луѓе кои не го заслужувале тоа, ама па да не беа тие, денес немаше да бидам тоа што сум.
Мојата мачка е лажга отепана или јас сериозно не разликвам симптоми, па по неколку дена чекање конечно почнува со пораѓањето и јас сум како татко шо си ја чека жената во ходникот. Паничам. Сакам мачиња, ама си ја сакам мачката да ми е арна. Штом ми дозволи да ги видам мачињата ќе ги исфалам со слика
Абе јас во кој свет живеам ? Цурава 30мин. ме убедува дека имала ниска самодоверба а целиот профил и е селфиња од неа по бикини
СДК добро бе до КОГА? До кога ќе трпиме ќотек и омаловажување од страна на некој кој што се замислува дека е над законот? АЛО Илчо мајмуне...ќе го заштитиш ли ти еднаш Вардар од тоа племе скапано семката да му се сотре??? ФФМ МАФИЈА!! Ова Уганда ли е бре будало..Каде беше МВР да ги заштитува фудбалерите не па навивачите на Вардар во Чаир денес???? Абе нема на Градски да влезеш па тигри и волци да те чуваат така наречен претседател на ффМ! АЛО министре проливер ...нели ти е срам бе...каде ги прати ЕБР денес, а? вчера беа на Филип 2ри денес у Чаир ги нема ...македонски деца тепаат будало...утре и твое дете ќе тренира фудбал.... Јас се извинувам на речник...но емоциите се посилни од мене .. http://www.mkd.mk/sport/rakomet/inc...ren-so-boks-nastradaa-i-pachovski-i-grncharov
Тој шо ми ја згазна мачката аир да не види! Добро бе ,слепецу кој ти дал возачка? Незначи дека ако е ајванче незаслужува да живее! Ма ке ти се врати се ке ти се врати!!!! Море само да дознам кој беше,лошо ќе е многу лошо се колнам!
СДК дека грешиме кога мислиме дека секој миг и секој ден од животот треба да ни е совршен. Прво, совршено нема никаде Второ, убаво е да има амплитуда која ќе ни дозволи да си ги цениме убавите работи и убавите денови
^^ Можеш само да ја оставиш во судоперот... И така бидува. Јас така правам. После сите временски шокови и турбуленции... некако, ко да не се осеќам спремно за летово. Баш, баш сега.
Ама не ми е проблем тањирот, ножот и лажицата да ги измијам, теглата ми е . А да, ја оставам и јас така. Ја полнам со вода, демек полесно да ја измијам после... Иновативна сум кога ме мрзи, мхм.
Лујџе, не го сфајчајте животот ПРЕмногу сериозно како мене пример. Само што зборував со сестра ми и ми олесна. Долго време молчев и ми се насобра. Се работи за 3 машки. Сме се изнасмеале двете. Хаха, јас ги опишувам какви се и се зафркавам ваков е таков е. Мавнат, чалнат, супер е, инаетчија, пијаница, боем. Ама и ти не знаеш што сакаш ми вели. Да и велам.. Веќе се мислев со месеци кој да го одберам... Колку е само убаво да имаш сестра и да можеш се да споделиш со неа. Некој кој те знае 25 години. Полесно ми е. Сите што имате дадички да си ги гушкате секој ден. Добра ноќ на сите
Не е можно ваљда да после 00.00 часот ми се сменија други чувства, демек друг ден почна? До пред 00.00 ч. бев во минус расположение, и одеднаш ми се промени кон подобро, ми дојде некоја енергија се да отерам у пм, ми дојдоа убави мисли а гледам само 20тина минути поминале ко што вика татко ми: Ва та фа? (what the fuck).... Инаку демек сонце деновиве има, убав, ден, сите леле колку е убаво, дрн дрн, абе за кого како...мене на пример ми смета толку топло одендаш, главата ме пука цели денови, да не правам муабет за алергијата од полен, трева, само сум малаксана и ми се спие. До пред некоја минута се нервирав, ама сеа како што кажав ми се промени расположението па да си изгледам една епизода со Сем и Дин, и мислам да си легнам. Ни сама не можам да поверувам толку рано да си легнам ама наместо да ми даде енергија, мене сонцето ме истроши буквално. Дожд ми смета, сонце ми смета...знам, знам...ама сонцето не ми смета ако се појавува полека и помалку да фрла зраци, а не вака, одеднаш 50 степени, буквално бунда носев до пред 4-5 дена а сега на куси. Па малку осет... Инаку чувството кога си игнориран, а пред другите се правиш дека си ок... П.с. како не си се родив бе во богато семејство и секој викенд да шетав по разни земји, па уште и влогови прават на јутуб за тоа. Ај тие будали ама јас побудала што сум зела да ги гледам...а за учење имам, не дека не....и се нервирам тие во 1000 земји прошетаа а јас бе? е бе мозок заебан, да ти ебам тоа мислите глупи.
Не реткo знaaт дa ми дoaѓaaт слики нa негoвиoт aкт, извaјaн нa ничивиoт кревет. Нa сликите нaвлегувa ситен зрaк и јa прoбивa нoќтa сo тaa ритмичнa умеренoст дa не мoжеш дa се изнaситиш и вaкa вo неделa нaвечер влечејќи дим oд цигaрa нa балкoн дa те буцкa желбaтa дa сaкaш дa вoзиш дo мугрите пoсaкувaјќи пaк дa пoзaјмиш нештo штo ти следи. Гo сaкaм aприл. Ми гo нaјaвувa мaј пред тендa, a сo тoa и летнaтa магија. Силнo и се рaдувaм нa импровизираната грaдинa штo требa дa јa уредиме вo скoрo. Ќе рaдувaм и нa пoкaчените притисoци се дoдекa ме пoтсеќaaт и терaaт дa се смешкaм. Дoбрa нoќ. , Вaшa М,
Кога влегувам кај моите се осеќам како во дизни цртан филм. Урбана средина, ама од нигде никаде... зајак див...од кај комшиите кај нас во двор. Еже претрчува, влегувам низ врата дома - пеперутки две бели од надвор внатре влегуваат, следно - глувчиња пу пу пу...па да ја комплетирам бајкава. Според него имам корелација со некој дизниев цртан, летоска ми се лепеа светулки по рацете, од него бегаа, вилино коњче ми застана на светло сината блуза, мислеше вода е, а пчели ми одеа на вештачкиот цвет во косата. За воља на вистината и комарците ме сакаа, ама не е тоа тема на муабетот. Ах да и маца ме дочекува пред врата и спие токму на масата на тераса, како права царица и само ја бркаат да се симне. Животинско царство... Мајчина прегратка, татков совет... секој по свој дом и убост на душа.
Кога веруваш во себе, никој не може да те уништи. Сум имала среќа многу да научам од постарите како не треба. Никогаш, не смееш да правиш нешто ако дел од тебе го сака тоа, а останатиот е сосема несигурен. Завршив како одличен ученик, еден од најдобрите, мислев ќе продолжам Медицина во Скопје. Животен сон ми беше да студирам на некој познат универзитет. И така добив шанса, која веднаш ја искористив. Дојдов тука сама на 18. Потрошив цела година по визи, центари, но не се разочарав. Најдов убава работа, и кога мислев дека тоа е максимумот, добив писмо. Пишуваше дека ме примиле на еден од најпрестижните универзитети. Ми се исполни сонот, се она за што се залагав кога не спиев по цели недели, кога сите мои другарки беа по дискотеки, а некои дури станаа и мајки. Јас им завидувам на тие девојки/жени, што толку млади почнуваат да се грижат за мали нови суштества. Но мене ми беше тоа недостижно. Нема да се почуствувам спремна додека не се изградам како личност. Можеби е себично, но знам како е да се бориш сам, кога немаш на кого да се потпреш. И благодарна сум на моите родители што ми создале такви НЕуслови, за да бидам она што сум денес. Да бидам сигурна во себе.
Чекаш да дојде викенд,доаѓа викенд и поминува како 1 саат,оффф леле почнав да се осеќам како средношколец. Последниов период сум под толкав стрес што не паметам вакво нешто,се надевам дека брзо ке заврши и ке биде све како што треба и под контрола. Имајте убав ден.
СДК после 24 саати неспиење, а причина непозната, се осеќам ко умрен. Нз дали е заради апстиненцијата од кафе(а вчера 4 чисти и долги ги дрмнав) или поради сите перипетии шо ми се случуваат, појма неам. Ќе гледам да дремнам барем саат два, па да видам малце и од овој ден, прекрасен е, сонце и пријатни пролетни мириси. И се е тоа премногу добро само ако немаш за учење!!! Добар ви ден