Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Кратка и јасна порака до напатените за внимание. Сега, одјеби.
     
    На SparkyAngel, Trnche, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Девојки, само да Ве поздравам.
    Јас, добра сум, јадам колачиња со цимет.
    Имајте убав 2ри април :f:
     
    На LittlePinky, Mishela, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Сериозно, многу злобно од моја страна, и малце сеирџиско, и може да ми се врати,ама покрај сите нервози, заебанции, brainfuck што ми го прават на работа, кога ми беше тешко сите си ги луфтираа, а сега кога страдаат од хронична течна столица да не речам се протртија од работа и нервоза и неправилности и куп работи што треба да ги завршат во краток рок, мене ова ми останува....

    [​IMG]
    :D
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Денес решив да „забегам“ и да се глупирам
    не дека секојдневно не сум забегана, но денес сум посебно забегана
    А јас кога ќе забегам, сВе се можно. Ама баш сВе. :lol:
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    :emo:
     

    Прикачени фајлови:

    • fack.jpg
      fack.jpg
      Големина на фајлот:
      57,5 KB
      Прегледи:
      450
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Ej, луѓе бе, wait a minute...
    Обично не сакам да коментирам за кавги и неубави случувања тука, ама не можев да се воздржам.
    Ве читам прееска неколку страни и само си викам, што се случува овде?
    Од една страна монотонија, трагикомични мислења и теми, од друга страна кавги и негативна енергија.
    Колку и да сакам да гледам и на форумот, како и на се друго, на позитивната страна, и колку и да обрнувам внимание на оние ретки квалитетни постови и по некоја убава вест како вчера од Битерче што ја прочитав и ми го разубави денот... за жал морам и јас да признаам и да си потврдам дека форумов не е како порано.

    Баш се сеќавам лани ова време, со каков мерак ја читав темава што верувам дека ни (била) омилена и најпосетена на повеќето, дури и напишав еднаш дека ми е мерак да ја отворам.
    Убави постови во кои може да се препознаеш, да те поучат, па и убави вести, позитивна енергија...
    А сега што читаме скоро секој ден, не само во СДК, туку и низ цел форум?
    На секоја, да не претерам, трета страна, распоред на часови на некоја тинејџерка, исчекување на некоја оценка и потоа свечено известување за истата. Па во наредната страна револтирана возрасна членка која што, разбирливо, не сака да чита што добил некој по математика или дали ги знаел како Оче Наш сите лекции по географија, ќе потсети што е всушност вистинската намена на форумот. Па пак ќе ѝ текне на друга од онаа група деца кои мислат дека некого го интересираат нивните школски денови, ќе напише отчет за нејзините часови. И така до недоглед.
    Во модни критики коментари од два збора, уште и таму по школски тертип се воведуваат оценки, во форумски игри, каде што можеше да се прочита интересен муабет на виртуелни познанички (којшто и наликува на муабет на форум), читаме школски што си кажуваат по што ќе има испрашување утре и за симпатии, како да читаш пораки од чет на фејсбук на другарки.

    Клише е, ама деца, еве сонцето ве вика, излезете во маало и покрај игрите со топка споделувајте школски искуства, пофалете се и побарајте некоја мала награда дома за петките. Во ред е да се пофалиш еднаш, двапати за некоја оценка, ама форумов не е ни дневник, ни место за школските или работните извештаи.
    Не сакам да генерализирам, останувам на мислењето дека тука има многу деца на место, кои ми се исклучително драги, ама затоа и уште повеќе ми е криво, дека заради одредена група која не го знае значењето на зборот форум се препознаваат и некои кои не треба.
    Никој никому тука не е непријател, и никој нема ништо лично против никого. Никој никого не брка, разберете. Нормално е дека на форум се очекува квалитет, да се прочита нешто интересно, зрело. Сосема е разбирливо дека дури и позрели тинејџерки, онакви какви што спомнав погоре, не сакаат да читаат на колку лекции имате тест. Да не зборуваме па за возрасните, квалитетни членки кои воедно се тука од одамна и уште повеќе ја чувствуваат разликата.
    И да, оние кои не можете да ги поднесете таквите бесмислени постови, како што предложи една членка пред неколку страни, додајте ги ваквите во непријатели и готова прича. :D
    И не сакам никого да навредам или да отворам кавга, само морав во еден пост да си го кажам сопственото мислење што се однесува до дискусијава. :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, bittersweet, lana.del-rey и 9 други им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Мојата Јања почина пред некое време. Кога ја примивме веста не можевме да веруваме, утрото ни кажаа дека се шетка низ двор, дека се средува и пресоблекува. Замина како дама.
    Таа и дедо ми до последен момент не попуштија, не се откажаа од она во што уживаа, да бидат средени, спастрени во секој момент. До крај не се даваа и што би се рекло заминаа на нога. Ничиј терет не сакаа да бидат.
    После неа не дозволив во ниту еден момент да не бидам средена.
    Многу сум среќна што успеав да ја видам месец дена пред тоа. Да сврземе два реда муабет и повторно да ми се намести со насмевка да ја фотографирам.
    Мојата Јања беше пример за тоа како треба да се однесува, како да изгледа една жена. Таа беше сила и добрина, таа за нас беше Се.


    Него го измачуваше еден многу битен момент, успех или не. Плачев кога слушнав дека ја постигнал целта. Се радував повеќе од тоа што би се радувала за себе. А сега да се спремам, треба да го испратам на пат.
     
    На prettyliar, cheetah.girl, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.377
    Допаѓања:
    286.692
    Вчера ме фати некоја инспирација да напишам еден долг пост, ама ете, брзо и ме пушти без да пишам ниту еден збор :D .


    Таман да почнам, гледам 1Април и самата себе дури се запрашав вистина ли е сето ова што ми се случува. Се сецнав.

    ќе останам :emo: и ќе набјудувам како ќе се развиваат работите иако внатрешното гласче никогаш не ме изневерило.

    Нешто посебно и големо е на видик :sun:
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    158.260
    Што пие кафана?????????? :rock:
    ТАРГЕТ ПОСТИГНАТ ВО 90 МИНУТАААААААААААААААААА!!!! Рокот не е прегазен!!! (добро...малцуцка, можеше на пример да биде и поопуштено...ама ај :wasntme: )
    Ми оди да излезам и да се дерам по улица.
    *изведува чикен денс*

    Се јавив на 100 места да се испофалам и сите беа као, ок...добро... Они си имаат свои муки јас се дерам по телефон.
    Другарка ми ми вика Лилит, само ти се потресуваш па се радуваш, никого не го боли стап, ни дали се остварило,а ич па ако не се. :?:
    Па и да е така,па штооооо? Јас си се радуФкам!!! Нининининининииииии!!!! Ла,лалалалалалалала!!!!!ЛА!
     
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК... не е убаво ова што се прави. А можеби и е. Што знам :?: Оладив. Не е тоа што беше...

    http://vostip.mk/index.php/%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE%D1%82/
    Копирање на сите страни. Барем можела девојката да наведе дека текстот е превземан од Фемина.
     
  11. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Толку досадни,предвидливи маски,то чудо едно. Секоја втора мачка,секоја трета полицајка,секоја четврта тетка пред МТВ! Се глупираат на 14 години излегле на плоштад со сукња која е далеку од пристојна,чипкани блузи,тесни,мислиш ќе припукнат во секој момент,па згора на тоа и се тетерават на некои кичасти штикли.Па секое дете со страв и гад ги гледа,се чуди од која планета се дојдени. Каде е културата,пристојноста?
    Да се маскираш,да се нацрташ нешто,не да одиш во тотална крајност,на ништо да не личиш. И креативност малку,не нафрли го секое прашливо тесно блузиче на тетка ти од времето кога одела на средношколски забави.
    Децата добро,скоро сите се принцези или јунаци,ама секое е уникатно и интересно на свој начин.
    Јас ги исплашив домашните(добро,и едно детенце на плоштад),малце срце им се стресе кога ме видоа,па додека им дојде душата на место,да сфатат дека е шминка. Инаку бев зомби,се пустев и се правев два часа,се шминкав,се лепев,ама вредеше. Плус,интересно ми беше :D
     
    На Monna.Monna, QueenElena, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Се воздржував да не пишувам на темава... Ама неможам врие на форумов од Drama Queens мислам дај олабавете, не Ви се допаѓа одете си. Немора проштални писма и со глупости да ја спамате темата. А да и немора по 5 пати во еден ден мислења да оставате во темава. Се согласувам со челните погоре што пишале дека не е дневник темава, не е споменар немора да не апдејтирате како ви поминува секоја секунда од животот.
    Темава порано ми беше многу инспиративна, уживав во текстовите на неколку членки да не ги спомнувам. За жал повеќето се поретко пишуваат, а неколку завршија со форумов.
    Направете тема СДк-кидс, се шалам ама мора некако да се најде некој компромис.
    Или СДК-како си поминав во школо незнам. Да се реши хаосов.
    Полека ама сигурно 80% почнавме да губиме интерес за форумов и темата. :!:

    Едит: Дајте активирајте се во темите Scandal и Twisted, немам со кого да ги коментирам сериите. :wasntme:
     
    На Monna.Monna, bittersweet, lana.del-rey и 8 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Татко ми доаѓа вчера изнервиран и вика: Добро, знае ли некој да се ориентира во Скопјево освен по кафичи и кафани?
    Барал некоја оптика, ама не можел да се снајде, па им се јавил на телефон за да ги праша каде поточно им се наоѓа дуќанот.
    Позади овој кафич, до оној кафич, оваа кафана, онаа кафана... А бре девојче кажи ми некоја банка, министерство, школо, некоја култна зграда, што и да е.
    Му викам: Таква нација сме бе тато, тие локации најмногу си ги знаеме :wasntme:

    Туку, кутрево мое прееска ми изеде едно лале :doh:
    Почна да го душка, изгледа го раздразни носот со прашникот, па почна да кива без престан. Се изнервира и реши да го возврати ударот со тоа што го смачка лалето и го искина на парченца. И после си седна до мене како ништо да не се случило, дури и никаква грижа на совест не чувствуваше што ми го уништи букетот. Какви puppy eyes и guilty look, нема тоа кај неа.
    Во последно време си гледам видеа на интернет со кучиња што направиле некоја беља.
    Ова ми е нај :D :D
    http://www.youtube.com/watch?v=_kLdO3EsECs
    Издаици!
     
    На Foreveryoungiwannabe, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Имам впечаток дека дури и традицијата за маскирање излите..
    Ул. Македонија, не беше преполна како други години. Повеќе немаскирани од маскирани..
    И за жал најбројни проститутски аутфитови...дури и оние "попоштените" се окуражиле за денов па извадиле се што личи и не личи |(
    :!: Така дечковци не се наоѓаат, па наредна година пак ќе треба да ги гледаме (истите) девојките разцицлени до очај :x
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Од каде традиција? Јас колку се сеќавам, како дете кога бев немавме априлијада, ниту пак како момичка се сеќавам да имаше вакво нешто :?:

    Да не ме затворала мама дома во соба со затворени темни пердиња за да не мора да ми шие маска? :o :^)
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Па се` започнува во одреден момент. Ниедна традиција не почнала од времето на диносаурсите. Зошто нешто што подолго време се одржувало да не биде традиција? Кога си била ти мала немало, тоа значи дека не смее нешто за твоите деца од кога ќе бидат мали да им стане традиција?
    По дефиниција: традиција - Обичаи, правила на поведение, погледи, вкусови, што се предавааат од поколение на поколение. -> ете од таму традиција.

    Патем маскембал за 1ви април не е нешто што масовно се прави, пример мислам дека освен Скопје во другите градови, не се организира... и што?
    Не гледам како твојов коментар има врска со тоа што вчерашната атмосфера низ Скопје не беше како што била други години, ама добро...
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Да правеме муабет, ама Рекс пак го закачил Дино за душа да го дави, па ај да одам да ги сврснам да престанат. На Пебелс му викам доста ми ги прибира, еден ден во музеј коските ќе им ги има само, едно нема да остане од толку што се јадат еден друг :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Епа мене повеќе ми е нејасно зашто упорно се искача немаскиран на први април со намера да се коментира и манијачи за овие маскираниве. Имаш идеа, кретивност маскирај се и помини си топ, ако не, не го исмејувај туѓиот труд и креативност.
    Некои луѓе сериозно си се подготвуваат за тој ден, со недели однапред и се забавуваат. Секој со своја замисла и желба.

    Има доста креативни луѓенца низ градов, кои не чекаат само да се дочепаат по првата маска од вучко, туку се потрудиле дома и нешто напраиле сами.
    Од еден обичен стар чаршав да ви кажам можат многу работи да се направат и да се помине една занимлива вечер. Од искуство ви кажувам.

    Јас за друго дојдов да се излуфтирам, ама се забрбљав со маскиве...

    Живееме во држава на крвопојачи, и тие малку пари што си ги трошиме со мерак сакаат да ни ги доземат и извадат од џеб.

    Што е следно, данок на додадена вредност на живот? Колку повеќе живеме толку повеќе пари да платиме, зашто сме преживеале.
    Која илузија ја гаеме дека сме слободни и имаме слобода на изразување, кога од секоја страна сме угнетени, притиснати во ќош и заплашувани.
    Се плашиме да збориме, да се буниме, немој ќе те чујат ќе те обележат. Па само стоката се бележи, а ние стока ли сме?
    Епа стока сме изгледа...

    И да се насмееме за крај, Пендаровски давал запалки како промотивен материјал- сака да пушите да умрете, Бранко е крив, ете не може да им се верува :D
    Ама па така е што :wasntme:
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Убавото време е виновнник што цел ден се мотам околу дворот и садам свеќиња :lol:
    Кога видов како изгледа двор со цвеќиња морав и јас да посам неколку..Сега ке набавам цвеќиња и ке посадам моооогу многу..Времето е страшно многу убаво од сите страни гласови на деца се слушаат и бели цветки од дрвата блескаат....
    АПРИЛ прекрасен си !
     
  20. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Епа девојки, станот во Виена за сестра ми го купивме, за да остане тука да студира, договорот е потпишан, па редно е да ве почастам! Со среќа нека си живее :d:
    [​IMG]
     
    На SparkyAngel, Dog-lover, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.