Како е можно секогаш кога ми е најтешко, кога не сум океј, кога имам проблем или се случило нешто наместо дечко ми да ми помогне и да е тука за мене и да ми е рамо за плачење, потпора и поддршка- тој стално успева да ме доизнервира, да се искара, да ми направи три пати потешко! Значи не можам да сфатам. Кога него му тешко јас гледам да му олеснам да му помогнам да придонесам некако или барем ако не можам да помогнам да не одмагам. Тој друга приказна. Не знам дали намерно е или ненамерно е ама искрено ова особина или шо и да е мене често ме премислува за него. За дали пример би можела да сум со него до крајот на животот. Не планирам јас кога ќе имам проблеми и маки и ми е тешко, а од тоа сигурно ќе има на куп, сама да си врвам низ тоа па и плус тој уште повеќе да ме нервира. Стварно нема смисла. Утре има разговориште да направам. Голем е, време е да порасни и да престани да се понаша како тинејџер себичен.
Трета година, средношколска ексурзија низ Европа. Сите сакаме да одиме, но не сите можеме да си дозволиме. Затоа нашите директори одлучија ние 10те деца од генерација кои не идеме, да бидеме казнети и да одиме таа една недела на часови, со испрашувања, без никакви отсуства бидејќи ние не сакаме да патуваме, според нив. Според нив ние децата што останавме сме прости, не сакаме да шетаме и да запознаваме нови работи. До сега, вака никогаш не е било. Секогаш кога имало екскузија, децата од генерацијата што остануваат имаат така кажано 'одмор', бидејќи никогаш до сега децата не биле исмејувани од професорите со зборови како 'пфф немаат твоите 500€за екскурзија, а-ха-ха'. Криво ми е што нема да идам, ама шо кога не можам да си дозволам. И даз ме боли исмејувањето од таквите 'професори'.
@sever123 Мразам кога некој не разбира дека друг можеби нема. Мразам ваквите исмејувања, особено кога доаѓаат од некој што себе си се нарекува академски граѓанин. Ем ми се крши срцето, ем ме револтира. Но, не грижи се мила, тркалото се врти. Правдата кај и да е стасува. Не се нервирај
После 2 часовна дружба со едно детенце од 5 години сфатив колку јас сум пораснала.Очигледно некои работи ги забораваме со текот на годините.Од децата може да се научи многу од тоа колку е важна искреноста до тоа колку забавен може да биде животот те. колку забава може да има дури и во обична песна.Сите треба да учиме од децата,тие се најневини,најискрени и најслатки.Добра ноќ феминки...
Tуку ќе се најде некој идиот од нигде никаде да те дави за нешто со што немаш апсолутно никаква врска.
СДК дека јас толку цврсто решена да го заборавам дечкото кој што влезе во мојот живот и за кратко направи хаос и оооп денес ми пишува неговата бивша, со која сум имала само едно бледо здраво, сега ми споменува кафиња и дружба. Хаха ова само мене може да ми се случи, ама баш ми е смешно и воопшто не се замарам. Интересен ми го направи денот. Ама немора до толку лицемерие цц
@sever123 јас сум фрапирана од ова однесување. Прв пат слушам дека некоја личност која себе си се нарекува "просветен работник" на таков начин потценува некого. Не е срамно, жално е. Нејсе, сите агенции даваат гратиси кога се одржуваат екскурзии со голем број на ученици. Не ме фаќај за збор, но во секој клас, од да речеме 20 ученика има 1 гратис, ако знае некој поточно, нека каже. Екскурзијата во агенција е 250 евра, нели вклучен е патот, сместување во хотел и влезници, па за трошок таму - кој, колку има. Во мојот клас имаше ученици кои беа во иста ситуација како тебе, ама со тој гратис, со некоја помала сума за трошење беа и тие ученици. Се распрашавте за тоа, запознаени сте?
СДК Сакам да си најдам работа по стуката (прехрамбен технолог сум ТМФобрзоавана) а не само по маркети и помали фирмички. Со колку мерак сум учела и киснела во лаборатории за да само кујната сега ми е импровизирана лабораторија. Знам дека не смее човек да се разочарува ама какви се можностите во знашава земја се поникакви од ден на ден коса ми се дига на главава и така наелектризирана неможам раат да се наспијам како во деновите кога активно работев и работа што не ја сакав.Толку ли многу барам како и останатите незнам ти колку што не бришат од евиденција пред избори????
Само денов да помине со позитивен исход. Или ако не е позитивен да имам сила да го прифатам тоа што не можам да го променам...
Ги гледам... таа - дојди small boy, јас ќе ти го отворам чоколатцето тој - thank you girl, ја шлапа I love you! сакаш ти малку? таа - шшш.. биди quiet брат, нани little baby тоа - се смее во сонот Јас
Одамна почнав да верувам дека кога нешто толку сакаш да го оствариш ќе го оствариш. Полека почнав да се искачувам на скалата на успехот, се повисоко и повисоко. Иако не искажувам многу, онака скромно, многу сум горда на себе. Колку прекрасен ден
Во право си се даваат гратиси ама тие гратиси обично ги земаат професорите. Мислам дека даваат по 3 гратиси ( барем јас кога бев средно даваа 3 гратиси ) и борба водев со професорите да се дадат тие гратиси на ученици што немаат, а не да си ги земаaт они. @sever123
За вас не знам, но мене утрото ми почна со два заљубени гулаби на мојот прозорец! Имајте убав остаток од денот!
СДК денес не бев во школо.Супер денот помина.Добар успех направија кошаркарите.Ама секогаш има некој што ќе те изнервира до крајност..
СДК, знаев дека не е нормално да не чувствуваш ништо. Прво празнина, па лава од емоции, рушиш и уриваш се' околу себе и на крај... Срцето ќе ти испадне од градите, рацете ти се тресат, грутка во грлото. Е нема, нема да ме покосиш и овојпат. Едноставно, нема. Одбивам да се предадам.
Zaboravi go malecka. Ti za nego bese samo novcanik. Koga svati deka toj ke bidi ispraznet te otkaci. Samo toa treba da go pamtis od nego. Ne gi pravi Istite greski poveke. Zatvori go srceto taka e najdobro