Кој кажа дека ние женските сме комплицирани, бил во право. Секој ден, се повеќе и повеќе ги разбирам машките. Од кукања дека дечкото не им се јавува доволно, до плачења бидејќи не ги сакал како порано, си мислам.. Сакам ли дечко? Хах, ма не. Разбирам дека си имат проблеми, ама не мора да тупат толку секојдневно.. А машките, жалните, за една грешка одма го следуваат раскинувања и милиони песни посветувани на него. Па до толку опсесија не разбирам. Го сакаш, те сака. Ако сте заедно браво, ако не сте, ќе бидете. Жени..
Не бе, не. Јас не сум за креми, пудри, шминки, тоа едноставно не е за мене. На кремите за раце, уште одамна им кажав Гудбај. Лепливи ми се, гадни. И после долго време, ради некои бубуљиц што ми излегуваат за време на ПМС, се решив да си купам некоја крема за лице. Првпат во животов, си купив крема. Добро тоа, него како да се привикнам на неа? Си се намачкав со крема, отидов да ручам. Откако се најадов, отидов во веце, да се измијам... кога што да видам. Сум ја изела кремата. Пак се намачкав, потоа ме почешаа брките и махинално се почешав. Цела крема у рака ми остана. Ааај, пак од почеток. Колку што гледам, нема уште долго да трае. А што е најинтересно, зелена е. Нема да ме чуди, да заборавам и да излезам со неа, надвор. Ич да се немало сенс за козметика, бе. Ќе си ставам маскара, после пет минути си ги тријам очите. Кармин/сјајче... тоа ни под разно, ќе ги изедам. Обично сите имаат црвени усни, после нанесувањето на карминот, само јас црвени заби. До душа, па и мала сум за кармин. Кај сум јас за црвен кармин. Која промена би било. Еј. А и ко што имам мали очиња, само да трепнам, цела шминка ќе ми се расшмрља. Само да трепнам и доволно ќе биде. Навистина алал им вера, на тие што нанесуваат шминки со лопата. Како се контролираат... стварно.
ОВА Е ЗА СИТЕ ШТО МСИЛАТ ДЕКА НЕ СЕ СРЕЌНИ ИЛИ ДЕКА МОЖЕ ДА БИДАТ ПОСРЕЌНИ!! ВЕ ПРЕДИЗВИКУВАМ ФЕМИНКИ! 1) Земете лист и пенкало. 2) Запишете - 5 работи што ве прават среќни - 5 работи што ги сакате и посакувате 3) Ве предизвикувам 17 или 21 ден да мислете на запишаните 10 работи. Замислете го вашиот совршен ден, замислете го тоа што го посакувате како веќе да го имате. Затоа што само ако ја замслете, верувате во среќата таа ќе дојде и кај вас. Избришете ги негативните мисли. „Мораме да прифанеме дека се што ќе замслиме и почувствуваме како реално навистина и ќе стане реално“. Јас ви ги гарантирам резултатите. Одржувајте го позитивниот принцит и имајте пријатна ноќ сите
Tочно, јас се согласувам. Запишав дека посакувам Ламборџини, и сега оти сум само до 10-от ден, само тркалата стигнаа Испробано, very гарантирано, ж swear!
Навистина не ги разбирам оние тажни и депресивни душички кои само се жалат како нив постојано им се случувале лоши работи,сите биле злобни и ги искористувале...се они жртвите,они се совршени а сите други лоши,искористувачи,љубоморни.На сите други животот им е мед и млеко,само тие се жртвите.Во некој свој свет живеат па не би било лошо и реалноста да ја видат. Па уште на фејсбук кога ќе видам како тие истите постојано објавуваат срцепартелни слики и статуси дека не постоело другарство ми се крева косата.Тоа зависи од нас самите како ние ќе се однесуваме,не можеме од другите се да очекуваме.Самите си ги креираме нештата во случајов другарството.....љубовта,довербата,верноста не можат да исчезнат. Тоа за денес,поздравче.
Горде мор, па оти е само до половина, до 20-от ден, кај и да е, целото ќе стигне Ааа ти па џип, колку поголемо, толку повеќе денови треба да мислиш ..Aко не стигне, ќе ти позајмам малку ле Ламборџинито
Добро Summerlover само смеј се. Јас ќе ти кажам дека оптимистите секогаш ги прават будали и секогаш оптимистите успеваат во животот. Ако ти кажам колку луѓе имаат успеано така нема да ми веруваш. Земи читни некоја инспиративна книга („Моќта на потсвеста“, „Моќта на позитивното мислење“) информирај се малку за тие работи па после смеј ми се на ставот. А ако толку сакаш Ламборџини пиши му писмо на Дедо Мраз, што да ти кажам друго. Мислењето си го пишав за тие што навистина сакаат да бидат посреќни, а не за тие што ги исмеваат на тие што ја користат вербата за да бидат посреќни
СДК море сакам да викнам толку гласно што сите што сте по дома со отворени прозорци да ме слушнете Конечно, доста е од кирии, од секакви газди и од селење.... СИ ДОЈДОВМЕ ДОМА, СИ КУПИВМЕ СТАН до душа на кредит е, ама ако де и тоа е подобро од се друго. Уште сме во хаос, со пакети на сите страни, со кеси ама и тоа ќе се среди. Битно може да се живее внатре, па малку по малку ќе се средиме. Пресреќна сум. Првата работа што му ја купивме на бебушко е домче, сонце на мама. Тоа ми беше најголемата желба, со бебе да си дојдеме ДОМА, а не под кирија и ми се исполни. Сега веќе се е полесно. Веќе планираме каде ќе го ставиме креветчето, каде ќе се движи со дубалчето, каде ќе лази... По среќна не можам да бидам, имаме наш дом со човекот кој ме сака и кој јас го обожавам и го чекаме раѓањето на нашето дете.
Нема да чекам мор, преку Топ Шоп ќе го земам Не и замерувај на summerka малце се зеза, не се секирај, таа битно тркала има, та за другото ќе почекат, а до тогаш ќе ги тркалат тркалана по улици, сите со коли, таа со тркала
Понекогаш сите се налутиме и велиме дека ке си одиме од фемина , па и да си заминеме тоа ке биде само наша загуба на никој нема да му е гајле... Фемина има голем број на членови па за 1 или 2 нема да пропадне тоа сигорно нема.. Но и дека неможеме да се сложиме сите и тоа е точно бидејки тука све во голем број и со толку многу различни карактери, возрасти, занимања како и различно сваќање и гледање на животот...Но кога најмногу ни е потребна помош сите несебично се трудиме да си помогнеме а тоа е нај битното. Пред некој ден можеби навистина претерав со моите коментари , и со мојата смешна тема , но понекогаш и грешиме а јас тоа си го признав и ете се покајав. Сите грешиме но човечки е тоа да си го признаеме..Искрено никогаш не би заминала од фемина , бидејки само тука сум нај отворена за мојот живот , и секогаш добивам помош и одговор на моите прашања што во виртуелниот свет не би ги поставила на никого...Со фемина времето ми е исполнето , запознав лиѓе , различни ставови , нови работи...Тука сите можеме да се учиме на туѓите грешки , бидејки на своите не смееме. Јас ја сакам фемина и ги сакам феминките. До сега ниту една немам ставено во непријатели а никогаш и нема да го направам тоа.
Ц, Горде ти па мислиш само со тркала, човек не може да се снајде. Ќе вртиме и оро ќе играме, а пошто се 4, ќе има и за тебе и за ле Спешал и ле за Антонинка
Можеби и јас малку сум учествувала во овие школски извештаи, а? Добро, и да сум, и да не сум... Важно во иднина нема. Навистина е глупо ин верувам дека на некого го интересира дали испрашувале на историја. Епа ајде, наместо да ја должиме работата (рече Елена должејќи ја работата ), да направиме договор. Тие што пишувале отчети ќе престанат да го прават тоа или ќе отворат тема Школски дневник на кутри, ситни тинејџерски души. А оние, повозрасните нема да ги бркаат децата од форумот. Ако ова функционира, форумот ќе биде многу подобро место. Ајде бе луѓе, уживајте во пролетта. Прекрасна е. И имав прекрасен ден. И многу сакам цвеќе. И сакам да цртам. И сакам да правам глупости. И сакам да се туширам по еден час. И ај чао.
Ќе ви се вмешам во убавиот муабет Ако седиш и чекаш,никаква среќа нема да ти тропне на врата,па ако сакаш напиши книга со желби.Среќата сами ја створуваме,со нашите одлуки,со нашите патешествија,со нашите успеси,ама и со нашите порази. И многу побитно е да си реален ти,пред да посакуваш нештата да станат реални. А ако стварно мислиш дека „Моќта на потсвеста“ е инспиративна книга,жал ми е за тебе
Зошто некои имаат потреба да растат пребрзо? Зошто гзот си го пикаат на несоодветни места? Која ви е поентата и целта? Во очите на другите сакате да изгледате дека сте премногу паметни за ваша воздраст и дека сте премногу созреани за разлика од вашите врсници?? Па излезете бре деца, бидете со вашите другари/другарки, не можете да се токмите и да делите памет со некои што се дупло па и тродупло поголеми од вас. Стајте си малце граница во тоа мозоците, кај треба и што треба да се кажува, коментира и избацува!! Многу смешно делува некој од страна кога ве гледа и чита. Мислам стварно.. Некои може ќе си се пронајдат, а може и навредат.. али брате ова е ужасно. Не ми замерувајте, ама што е претерано претерано е. Разгледував по темиве што и како има, притоа наидов на една тема и неможев да се доначудам на разно разни коментари. Ако го мислите тоа, остајте си го за себе бре не мора да пишувате сва и свашта што ви прдне на памет. Значи, пред да се избаците со некоја ваша мисла, преиспитајте си се! Не за друго да не си се наоѓате во смешни мислења..
А колите на што се, да не лебдат во воздухот? Или на тркала се можда? Препрепрепремногу се замараш. Ама најозбилно. Пиши си каде што сакаш, кај сакаш можеш да дискутираш, не се напињај едноставно. Сите постари сме имале период каде што форумов ни бил откровение па сме дремеле без престан на него. Мене ми текнува, кога одев на работа и немав што да правам по цели ноќи пишував нови мислења додека цела страница не беше со моето име. Е сега, не беа два збора па да ме караат, ама гледав се што имам да си кажам да си го кажам по теми на соодветен начин. Ми текнува и на Хипица, кога она се зачлени, исто беше. Знаеме дека е интересно, само доволно е да бидат содржајни мислењата, па ќе видите како се прават пријатели тука. Едноставно не си земајте сè при срце и ќе ви биде полесна комуникацијата. Јас барем така си научив по годините поминати тука. Ај да не го тупам, дојдов само да кажам дека е убаво кога си имаш винце дома за недајБоже, сите имаат ракија по дома за мачкање, ама јас дефинитивно мора да имам винце за подмачкување.
Јас да си кажам шо си слушав,гледав и направив За мене 2 април исто ко први да ми беше Прво ова да си кажам,то ест напишам Прима: Си дојде први април јас бев на забава во Хотел Дома,абре инзвонредно место нешто прекрасно таму ееееј уште баба Рада да микса фалеше.Немав маска,поточно имав....се маскирав во: . . . . . . . . . . . . . БУДАЛА!Си се понашав природно искрено да си кажам...не ми дадоа награда и си се утешив на таков начин шо си ја изедов цела тегла Нутела и денес татко ми отиде друга да купи...го измачив човекот ама то е...јадењето ќе те теши и кога ти е најтешко..другарче Секунда: Си одев со другарките низ чаршијата и го гледам брачед ми.Не знам шо ми текна ама од чисто одење ко почнав да се сопкам,боркам по патчето абре ќе се оставев на место!Брачед ми само ова го направи: поздрав дома Знам брачед...кловн пијан од кока кола така се однесува,знам. Тертиа: Си гледам така случајно телевизија некоја емисија со дадена тема за дискусија и сега претходно се јави некој гледач и водителот му вика намалете го тонот на телевизорот и си позборува тро човекот и така после него се јавува еден и вика:јас го намалив телевизорот! Шо збораш бе?Можиш телевизор 50х50 должина ова она таму да намалиш? Па ти човече Чак Норис,кој Чак Норис-Супермен македонска верзија! После 2 дена пак ги гледав овие квизовите де и еден таму збори:го изгубив телевизорот! Телевизорот пиеше Ред Бул и доби крилја ли? И така тоа е смешната страна на животот...можам да си наречам црнечки.Оти?Оти како црнците порано шо ги мачеле е така и јас...со учебниците се мачам со оценките да си направам петици а не антонио бандерас...сакам на нормален факултет да одам а не на нешто онака колку да се оди...поени се оценкиве бре луѓе...така еми како...Треба фластер ли за да ги направам нанижам како ѓердан? Сакам...честопати мислам дека...нема шо да мислам...смислено е веќе До кватро,4 стигнав така? Да. Е сегааа....добро бе ќе се најди ли некој асолен човек да ми се вметни во срцето и така да ме сака како јас шо си сакам?Ќе дојди коњо со принц или принцот алергија од полен да не фати?! Млада сам ја девојка..за љубавне проблеме..али форевр алоне и тоа ти е нешто..важно сум нешто бе! Сум!Е шо сум?Кога ќе размислам..абре доста само мислам!НЕ!Ќе станам..ме мрзи сега ишијасот ме фате ....море сабота ќе возам ролери..која сабота..и тогаш мораме да учиме заради тој понеделникот кога реновираа..ете гледате!Ко во времето на Абрахам Линколн да живеам!Црнкиња ме сторија...Во недела ќе возам ролери(освен ако не се удрам во некое комбе како минатиот пат од шо знам да возам среќа имав шо немав бакнежи со бандерите...)...или сепак да учам...Учење- Ете...това ти е
Нема да пишувам еден период на форумов. Незнам дали на некого воопшто му е гајле за тоа,ама за тие што им е да си кажам. Може тој период да биде и подолг,но секако ќе ве читам,од време на време ќе ви пишам по малку. Не ве заборавам.
Не лебдат нормално , него summerka испорачала, па рече прво тркалата стигнале, па ја зезам де, затоа и велам прво тркалата па после другите делови :geek: И таа ептен голема кола сакала...