Многу ми е мило што вчера забележав дека има многу луѓе на Саемот на книгата. Мислам дека секој треба да го посети, редовно одам секоја година како голем вљубеник во литературата и можам да кажам дека целиот настан е исполнет со позитивна енергија. И да, многу ме нервира тоа што сум ограничена на една-две книги, а јас сакам да ги купам сите.
Сум пораснала доволно за да не ми е гајле за ставовите на тие што се плашат гласно да кажат мислење. И не, не зборувам за политичка определеност.
Сакам да кажам (1) (зошто кога можам накратко да се искажам?), пиев кафе, Арт, и од спротива врват две мајки со деца. Детето плачеше веројатно за играчка и падна онака на колејнци и ова толку силно го мана (по гла) шо беше на доволна оддалеченост од мене за да тоа се слушни онака. Мислам сфаќам, плачело можеби за играчка, океј е да го искараш, да го чукниш по газе малку, ама да му ја влепиш една в гла и тоа да се слушни до сите околни луѓе - НЕ! Госпоѓо, немој да се навредиш ама имаш дете покај себе, не ја пропуштај таа шанса. Сакам да кажам (2) сакам прво да се заблагодарам за сите честитки за роденденот. Мислам дека овај роденден е од ретките за кој сум добила толку внимание. Дечко ми, ми подари бели ружи, па претходно бевме кај него и на излегување зборував во дворот со брачеда му и забележав дека една стара комшивка ѕирка низ нејзиниот двор. Излегуваме низ вратата ние и ете и таа излегува на улица точно пред нас и ... „АЈДЕ СО СРЕЌА НЕКА Е!!!“ ... готово се мажив. Сакам да кажам (3) гледав видеа од Conan и мојата врска со една од другарките ја пронајдов во ова видео целосно: (Годете кој сум јас ) Сакам да кажам (4) УТРЕ ЌЕ ПРОБАМ ЃЕВРЕК СО СЛАНИНА, мислам не ни знаев дека постои! Ајде добра ноќ од мене, или подобро, ќе гледам South Park, не чини толку да се возбудвам. Останете ми поздравени.
Ве гледам на фб и инстаграм средени со напучени усни, исподотерани (а како дотерани е ствар на вкус) и после ќе ве сретнам во град. Ни однос, ни култура, ни ништо. Ви се гледа сељачкото...на километри. Ајде за движење и реални атрибути, не коментирам, ама уста да не отварате...брат, педер, пцовки, неартикулирано смеење, довикување, зборење со отворена уста. И шлагот капак - тестенини и црвено вино во Венето. И не, не зборам за дечурлана, туку тераат накај 30ка.
Nisto od poroduvanjeto na kerka mi i se zivee vo mojot stomak , a jas i tato i cela familija sme nestrplivi da ja zapoznaeme veke ... Denes povtorno bev na ctg poradi temnokafeaviot sekret i mi kazaa deka se otvara karlicata i matkata , i deka ne e opasno za bebusot . Barem mi padna kamen od dusava , da mozam na raat da spijam i da funkcioniram vo sekojdnevieto .
Совети за како да се слави (најдобар) роденден: Кафетин колд + Б комплекс + Чај од жалфија + Топломер
Згадена сум од последниве настани, почнувам да се нервирам во каква дупка живееме , да ти се одмили предмет зошто проф ти вика ако одиш на протест ќе имаш повисока. Луд народ,лудо е се!
Не дека верувам, ама од навика читам хороскоп. Го читам само тој на Фемина, тука секогаш некоја среќа, некоја Бора Бора, некое сончево време ми предвидуваат. Отидеш пр. на Црнобело, исто како само на црно да си отишол Како да читаш дека ќе одиш во некој концентрационен логор. Па побогу, give us a break Инаку, сдк Во нешто во што верувам, се потајните знаци дека нешто ќе се случи. Одеднаш, од никаде, два добри знаци, и ете се случи, а тоа минимално случување, предчувствувам е за нешто големо и поубаво.
Почнав во банка уште во четвртокот и со нетрпение чекам да дојде понеделник. Не знам дали затоа што е почеток или е поради тоа што го сакам ама многу ми е интересно. Денеска ќе одам на саем на книги од сега го жалам буџетот што го имам.
Сдк дека мразам луѓе што се играат со туѓите чувства! Или сакаш или НЕ сакаш, трето нема! Штом веќе го одбираш второто, остави на раат да те заборават, исчезни !!! А, уште повеќе се мразам самата себе, што дозволувам вака да се чувствувам лошо! Незнам до кога ке бидам ваква попустлива и ке дозволувам да ме повредуваат.... само кога ке си простам на самата себе зошто го дозволив тоа, е тогаш нема да ме боли душата и ке бидам среќна!!!
Зошто денот има само 24 часа малку ми се ... станувај Аутлук, ништо не ти е, ќе стасаш се' !!!!!!!!!!
Има неколку датуми шо ми се вечно врежани у глава. Еден од тие е 16ти април, денот кога ми се јавија од милионер да ми постават прашања, за да ако влезам у конкуренција да ми се јават да одам у емисија. И ми се јавија, ми праат некој пријателски муабет колку пати се јави и слично а јас бев укочен целиот шо се вика. Спојлер И им раскажувам по телефон, па коледе беше, палевме оган, испив 3 чаши вино и се качив до стан и на ТВ моите го гледаа квизот. И им викам кои се бе овие, ја повеќе ќе освојам и така малце напиен се пријавив два пати. Прво ме прашаа шо праиш у слободно време, хоби некое, филмови. Ја имав 17 години и неискусно одговорив па не гледам филмови да не речам ич и ништо од општествени науки не ме занима.И ми поставија 10 прашања, одговорив 7, нормално имаше и од филм и од филозофија, не знам колку точно одговорив. И ко за чудо ми се јавуваат после 10-15 дена, сеа сме понеделник во сабота е снимањето на емисијата, кажете кој ќе биде у публика со вас и дали можеме да сметаме на вас. Цел у шок бев, али прифатив. Го имав оној пубертетскиот брк, едно време мислев така да им се појавам, али си викам, има неколку школски шо ме тераат да се бричам, па сеа фали уште Трендо на ТВ да ме зеза Влегувам таму цел изгубен, се упознавам со останатите 7 и ми раскажуваат некој лани освоил 100 000, некој бил и лани али не поминал на брзи прсти, си викам шо барам ја тука. И иде тој главниот продуцент ли не знам шо беше Шокаровски се презиваше се поздравува со сите и вика, ти брат многу ладни раце имаш, а тие што имаат ладни раце, никогаш не поминуваат брзи прсти. ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ си викам уште ова фалеше. Throw me a bone out herе шо би рекла Фиби Tри пати пробни брзи прсти, три пати прв точно одговорив. Дојде ред за први брзи прсти у емисија, се стресов, само ја згрешив од сите. Поминав на брзи прсти со врати ми го срцето, песната на Ламбе. Аииии која трема, не можев да добројам колку луѓе имаше у публика. Глас ми трепери буквално, пред да почнат да снимаат Трендо вика 5 000 ќе земеш секако, не се секирај. Ги одговорив првите 4 и 5то прашање не ми текнува како беше формулирано, како нарекуваме без везе муабет нешто у таа смисла? И понудени одговори а) дрн-дрн јариња б) брм-брм моторчиња в) ѕрн-ѕрн ѕвончиња Се изгубив буквално, немав чуено шо да праам. Трендо вика идеме на реклами и ми се доближува една 60 годишна баба со пудра. Е си викам уште ти ми фалеше сеа. Ќе паднев од стол и го погледнувам Трендо, ми вика мора така. Погодив од втора, али ме дупнаа заебавање на школо. Шесто прашање, нешто со пресметки беше, ни лист хартија ми требаше, ни ништо, ко од пушка го одговорив. Седмо, кој е најуспешниот формула 1 возач на сите времиња. И тука се збунив и го прашав Трендо на што се мисли на титули, на победи? Овој искусно уште толку несигурен ме напраи, ми вика не знам, онака озбилно. Побарав пола-пола и одговорив Шумахер. Осмо, некое прашање за филмови, али ко не гледаш, не гледаш, барам публика, со 80% ми кажаа. И тука безвезе муабетите на Трендо, што те занима, кај ќе одиш на факс, ја викам нешо природни науки ваљда, па и електро иде у предвид. Почнав да му расправам како у 5то одделение прочитав 42 книги надвор од тие што беа за лектири и на тие од библиотека им здосадив, дури почнаа да ме прашуваат да им ги раскажувам книгите. Моите од дома се загрижија да не полудам од многу читање. Aко ме остаеше да зборувам којзнае шо ќе му кажев хахахах Идеме на реклами. И пак тоа шо го пишав на почетокот, дека неискусно одговорив кои ми се слаби страни, филмови и општествени науки се покажа на следното прашање. БЕМ Прашање од филозофија, која се учи у 4та гимназија, а ја бев трета. Кој напишал делото Метафизика? Ни сум чул за делово, али имав еден братучед електраш џокер и му викам на Трендо он има електро може да знае. Демек физика-метафизика И Трендо коa прсна да се смее, му се јавувам на братучедот вика појма неам. Се откажав и го погодив на среќа дека е Аристотел али премија беа и 32 000. И идам на школо у понеделник, татко ми се пофалил на колегите од работа дека у четврток ќе ме видат на ТВ (наставник е) и класната разбрала и влегува оправдани-неоправдани чита и ми вика : ти почна и да бегаш или за да одиш на милионер изглеа не дојде у петокот и еден чуден поглед коа ми упати Школски се закачаат, женски од други класови, не бре, телето црвенееше. На таа слава барем една да не фатиш. [/spoier]
Девојки сакам да прашам дали некоја знае каде можам да се обратам за пракса или работа, станува збор за информатички инжинер и се околу информатика, не е за мене туку за блиска особа. При крај е со студиите, интелегентна особа, навистина ја биува во таа област и верувам дека би напредувала многу бргу само ако и се укаже можност. Ве молам ако имате инфо некаде да треба, некој да бара, поправка на компјутери, средување проблеми на комјутери, пишување програми во повеќе јазици, изработување веб страни, итн. пишете ми, навистина ми треба. Ви благодарам однапред феминки. Ако има посоодветно место за овој пост слободно префрлете.
Разгледајте на www.najdirabota.com.mk (во индустрија бирате информатичка технологија) или на www.vrabotuvanje.com.mk/
Како личност која или се грижи за тоа што ќе биде утре, или се потсетува со носталгија на минатото, тешко ми е да уживам во ова што се случува сега и овде. Не можам да престанам да се прашувам "Што ако?" Но што добивам а што губам од тоа? Морам да сфатам дека има нешта на кои јас не можам да им влијаам. Тоа што се грижам нема да смени ништо. Ќе гледам на светлата страна: Вљубена сум. А тоа е прекрасно. И ќе уживам во денов. Ќе го почувствувам сонцето и ќе гледам во небото. Ќе напишам нешто убаво, ќе ја искористам моменталнава инспирација. Срцето ми е исполнето. Има ли нешто поважно?
Ти благодарам многу, ќе разгледам и тука ама проблемот е што секаде бараат со искуство а никој не нуди пракса.
Татко ми значи, по кафе да не го пратиш. Се врати со кафе, тава со нелепливо дно, џебно ноже и она за лупење краставици. Барем нешто корисно за мене да земел ама ај...