Статус: Чекам да ми се наредат коцките... Самер, ај дај тоа Ламбурџинито кога ќе ти стаса. Некое кругче да направам дур чекам.... Туку гледаш од кругчина правење, од чекање да не речам, вртелешка сум се направила.
СДК дека ми мирисаше на апла розов свет тука уште одамна. Бев доволно избедирана од животов за да посегнам по хороскоп, и тогаш - теоријата ми се потврди. А има една финта, горе, во сетингс, штити од пропагандици... Како и да е, читкајте си ја Лајла Грејс, глејте си Секс енд д Сити, пијте си кафе во Сити Мол, маникирче, педикирче... така се преживува.
Чил аут пипл ! Премногу наметнувате депримирачка енергија, очајно многу ја ширите. Не ги разбирам и нема да ги разберам фамозните исклучоци на луѓе кои гласно одбираат да се изолираат од некој настан или случување, јавно прифатено од сосема логични причини и доста популарно. Ако не ви се допаѓа, ако не сакате да сте дел од некое збиднување, едноставно, не присуствувајте. Значи, веројатно не сте дел од него, и не ве засега. Не ги трошете сите обиди некому да го расипете денот, празникот или расположението. Нема потреба од такви драми перформанс на вашето искомлексирано его. Остава впечаток дека не да не ве интересира, вие само се обидувате вниманието да го свртите кон вас, а тој пријатели мои, очаен обид предизвкува само скролање очи и расипување расположениe проследено со длабоко издишување. Ако не славите Нова Година, не разговајте околу тоа со луѓето кои се во исчекување на вечерта, тоа е нивен избор исто колку што е ваш вашиот. Ако не гледате потреба да бидете дел од 8 мо Мартовските случувања, останете дома и глумете независна, самоуверена машка фигура без тестиси. Остајте ги мајките и наставничките еден дел во годината да се напијат на машки стриптиз. Ако имате одбивност кон весели маскирани луѓе, поминете го 1ви Април дома со филм. Само аман, аман не досадувајте околу тоа. Оти моето субјективно резиме на целото ваше кукање е дека не сте дел од некои од овие случувања е оти немате со кого, ни каде да одите, или зад вашето отсуство се крие уште по мизерен вистинит изговор. Bitch slap is the answer !
И сакам да кажам и не сакам... Чудно е како луѓето полесно се отвараат на непознат човек. Или на форум. Некогаш и мене ми доаѓа момент кога сакам сешто да изнапишувам тука без да мислам ама сепак... Имате чувство дека некој ве слуша, во случајот чита и не кажува ништо... Нема да ве осуди толку многу како некој ваш близок. Може ќе пише мислење-две ама ќе помине. Чудна е потребата да човекот да биде прифатен и одобрен. Не знам, сешто ми се врти низ главата... измешани чувства... Момент кога се препотуваш, како моментот меѓу сопнување и она - за малку ќе паднев. Се враќаш назад па пак малку напред, не сакаш да се вратиш назад... само размислуваш без потреба. ПМС-от прави чуда од најголема аждаја (многу се смеам на зборов) може да те направи бубалка и обратно и само за 2-3 секунди. Се смеам во себе, сакам да гушкам и дишам... и да ЖИВЕАМ! И да, не ми е гајле... Среќна сум... и тоа многу!! Пијам нескафе и ќе заспијам како бебе после тоа -кома! П.с И пазете што пишувате по форуми... се што ќе кажете еден ден може да се искористи против вас! Лека ноќ
Не судете пребрзо за нечиј живот. Не знаете низ што си поминува чоекот и како му е. Не, не знаете, оставете рекла-казала муабети ! И, дај погледнете се себе си во огледало прво ! Ова го кажувам зошто претераа луѓево со оговарање на други. Па, речиси и да не знаат за друг муабет. И после глумат дека се сакаат, се фатиле под рака за на кафе. Една другарка нагло се здебели. Ја изедоа. Машала колкава си, опа да не си трудна, кравичка Милка, бла бла бла. Луѓе без оцет и осет. А, таа кутрата има проблем со тироидната жлезда, и тоа огромен здравствен проблем. Ама, не е должна на сите да кажува што се здебелила! И само таа си знае како и е, ама засрамота луѓево навистина немаат ни култура, ни човечност. А, не дека се поарни...Уствари да беа поарни, не ќе правеа вака...
СДК.. Вчера бев сведок на една..не знам како да ја наречам, непријатна ситуација. На факултет имаме три колешки кои 'важат' за 'лепотиците' на генерацијата. Во животот, за по арогантни и вообразени суштества не знам. Ти се.. навистина убави, секогаш скоцкани по последната мода, не се сеќавам дали едно парче облека го носеле по вторпат , чанти и обувки во сите модели и бои. Секогаш накитени со разновиден накит, и нашминкани. Кожата на лицето им е беспрекорна. Од километар се гледа, дека изгледот им е на прво место.. Предавалната беше полна. Тие, лепотиците, секогаш последни доаѓаат. И нормално, немаше место за нив. Стоејќи крај вратата, само коментираа нешто и се смееја за истото. 'Извинете, може да влезам?', ги прекина измешаните гласови. Тоа беше колешка, од помала генерација. Имаше руса природна коса, прилично слабичка и не многу висока. Кожата на лицето и беше рапава, се гледаше. И косата и беше полу-мрсна. Но колоквиумска недела е, најверојатно немала време да се среди. И лепотиците, во нивен стил 'Ајј ама е грда'.. Изустија, и тоа прилично гласно. Се смееја толку...гордо. Гордоста им се гледаше во очите. И намерно се смееја се погласно и погласно, покажувајќи ги беспрекорно белите заби. Се наежив луѓе. Ми се насолзија очите. Една солза се стркала и по лицето на девојчето. Ја заболе да срж, јасно беше. Се покајав, милион пати се покајав што не им пререков нешто. Се чувствувам како кукавица.. ** Не е се во убавината луѓе. Има нешто и во душата. Убавината навидум е нешто што заслепува, привлекува. Ама зарем е доволна да биде пресудна за создавањето слика за вас? Не бидете плитки. Не сите имаат 'можност да бидат убави' (не знаев ни како да се изразам за ова). Зарем постои некој што не сака да биде, убав, симпатичен.. физички? Зарем вашата убавина ве заслепи, и не ги гледате вистинските вредности? Претпоставувам, секое сабајле го прашувате огледалот 'Огледалце, огледалце, кој е најубав во светот?'. Се згрозив. Ми се гади од помислата дека луѓето се класифицираат на 'убави' и 'неубави'. И секако, убавите бираат да се дружат со убави. А 'неубавите', ја имаат само другата опција. Да се 'дружат' со неубави. И можеби потајно се надеваат, дека нешто ќе се промени. Убаво кажале, Убавината привлекува, а карактерот задржува. ** И уште нешто, средно и факултет не подразбираат само стекнување на знаење, квалификации и вештини. Подразбираат и челичење на себе си. Светот е суров, кога ќе излеземе од тие клупи, за нас патешествијата почнуваат. ** Ви посакувам убав ден на сите! Бидете добри. И не ги класифицирајте луѓето на убави и неубави. Сите се убави на свој начин. Приоритет нека ви биде душевната убавина!
Криво ми е.Математика се изнатепав од учење,три вечери по ред,3 саати,ги знам,задачите,ама мора на тестотот денес ке испадне нешто пак грешно да напишам и пак Биле единица,а онаа курва 5,а не учеше толку како мене.Секој ден се повеќе и повеќе се уверувам дека немам среќа во животот.
Љубовно разочарување, тако звано патетишање кај твитерџии, особено твитерџики има повеќе нијанси. Од еготрипање, до блага суицидалност, стомачни тегоби наречени дијареја, меѓутоа ја предизвикуваат кај другите околу нив, константно барање на глупости во себе со цел да ја оправдаат својата веле вредност. И тоа може да се движи од должина некој екстремитет (рака, нога, пенис, нос, уши, ма што сакате бре) до варење на супа со букви и при тоа буквите сами од себе се местат во поема од Тагоре и уала. Ама се тоа така спакувано демек иронично и саркастично, мразете ме за мојата генијалност вие обични смртници. Треба да има некоја опција да искача рака од екран и да лепи шамар, наопачки, со цигла. Е така. Како ме мрзи денес се...не можам да објаснам. Јас сум тој тип што ги закачува сите можни глупости кои ги сугерираат се некакви истражувања. Еве на пример откако во задниве години почнаа да пишуваат за пролетниот умор, јас почнав да го имам. Па така денес имам пролетен умор народски кажано мрза!
СДк дека, сакам да ја споделам мојата среќа со вас Феминки ... имало Бог на овој свет ... Утрово ми се јавија дека од утре почнувам со работаааа, долго време чекав и конечно ми се јавија ... Толку сум срекна , денес е мојот среќен ден ... Бидете сите среќни како што сте убави ве гушкам сиииииитееее
А бе колку ви е лесно да давате совети и да коментирате да наоѓате маани, да кажувате што треба а што не треба, да осудувате без да ја знаете целата приказна. Навистина се нервирам заради ваквите глупави луѓе Абе гледајте си за себе, нека не ви е важно кој со кој бил, какви проблеми имал, дали исправно постапил, што требало да направи... Толку ли ви е тешко да си ја гледате својата работа, својот, живот, својот дечко
Имам милион и една работа на ум. Реално, почнувам да живеам. И да ја сфаќам вредноста на годиниве, што постарите секогаш ги насловуваат како „најубави“. Не можев претходно баш да сфатам зошто, освен што немаме семејства за ранење, немаме финансиски проблеми со кои треба да се соочуваме зошто некој друг зависи од нас и сл. ама полека, но сигурно разбирам се`. Долги прошетки, брзо возење, Водно - Видиковец, цело Скопје на дланка, а ние излезени од кола пееме и играме со штиклите во рака, се смееме гласно, наздравуваме, се сакаме, дискотеки, истурени пијачки, среќни парови кои веќе не ни ги приметувам зошто не ми фали љубов за првпат во животот откако сум сингл. Запознавања, флертувања, комплименти, гужви, гласна музика. Се` она кое што не можев да се замислам да го правам, еве ме. И тооооолку ми е убаво, што не можам да опишам. Факултетот малце ми го уништува моменталниот просек на среќа, ама се надевам дека ќе се оправдам искористувајќи ги последните две шанси. Тогаш ќе биде се` комплетно. Сакајте некој и некој ќе ве сака вас! Останете позитивни
СДК СИТЕ ИМАЈТЕ ПРЕКРАСЕН ДЕН !! Смејте се, насмејте некој друг, јавете му се на некој што ви недостасува, гушнете некој, радувајте му се на прекрасниот ден. Ако мислете дека треба нешто да му кажете на некој, направете го тоа одма
Абе и мене ме викаа смотана кога они вадеа тројки а јас петка. Па сеа ти види кој ти е крив. Ако грешно напишеш значи не знаеш. kiss ma4e хаха
Свој леб јадете а туѓо гајле водите !!! срамота ! Ајде барем еднаш во животот си гледајте за себе и не се многу замарајте со другите, За другите реферати знаете да изнакажете а кога дојде време за вас вие не знаете ? Епа другите се поинтересни нели има повеке што да се каже С-Р-А-М-О-Т-А ГЛЕДАЈТЕ СИ ЗА СЕБЕ ЗА ДРУГИТЕ ДА НЕ ВИ Е ГАЈЛЕ... СО ПОЧИТ НАНА ако не ви тргнало во животот не мислете дека на сите ни е така... Не пренесувајте негативна енергија...Ако вие сте бесни и нервозни не пренесувајте го тоа на другите...Секоја среќа знаете да ја уништите секоја чест....Некој за момент каже нешто добро но одма сте тука да го убедите дека не е така , дека ке помине и радоста и дека и тоа е менливо... ОЛАДЕТЕ МАЛКУ полни сте со негативности.... но нај лошо е што ја ширите на сите
Прво, се враќам благодарение на Mahidevranfan, CutieWithABeauty, Maria.Vampire, Nana19, QueenElena, sweet-star, Cvetetto и Someonespecal. И гајле ми е што ќе мислат другите, (хејтерите) because haters gonna hate! И, денес мислам дека со другарките (и сестра ми) го срушивме гинисовиот рекорд на плетење венци од цвеќиња. Цела крошна на дрвото ја извиткавме со венецот. И да, планирам да бидам поретко дома и да одам да шетам во природа. Because unnatural is just too mainstream! :geek: Спојлер Купив хипстер наочари, па хипстер изигравам. :geek: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... yPfmRoSfpA
Сите вие што постојано си одите, па се враќате, навистина, мислите дека нас тоа не интересира? Или пак вашите опроштални постови, и пу пу, тие со правдање кога ќе се вратите? Сериозно мислите дека некого тоа го интересира? Ах деци, деци...