Има едно општо мислење - тој кој што не го поднесуваш стави го на игнор и заврши со него Нека си ја задржи негативната енергија кај него. Нека си ја дели со тие околу него. Но треба да се додаде - ако и покрај тоа она негативното од него те допира, со две реченици стави го таму кај што припаѓа ....не со индирекни пораки или ,,велам ти ќерко сети се снао,, ...оти негативците немаат осет и усул до каде смеат да се ,,опуштат,,.
И токму тогаш, кога ќе провалиш во суштината на некоја личност, целата мистика ја губи формата. Без фантазија, со безлични соништа и здодевни до болка. Па и недостиг на чувства. Не знаеш, чувства ли му недостигаат или има исклучително ограничен вербално-емоционален речник? Му фали основната вештина-емоционалната интелегенција или Самосвест. Море не дека не чувствува, чувствува ама не знае што е тоа. Чувствата го збунуваат, па настојува да ги избегне. Го осеќаш нивниот вистински вкус: млак и блуткав. А недостиг од зборови за чувствата, ваљда значи недостиг на сопствени чувства. А колку нездраво е ваквото животарење? Да можат со зборови да си го опишат чувствувањето, ќе беше нивно -си рече Хенри Рот.
Кој е објаснувањето екстремно богат, пораснат во европска држава, со сите манири и култура, кога доаѓа овде се дружи со најпростите суштества што постојат? Добар е, а малку се изгуби докажувајќи се себе си на другите.
Викам луѓе на кафе кога ми треба успат нешто да ми земат а јас не можам/не сакам моментално да искочам од дома. Еве сеа си чекам да ми дојдат на кафе со пица.
Среќен нека му е роденденот на мм. Само успеси да му се множат и да бидеме среќни уште долги години заедно
Љубомора во бракот левел: -Кај си? -Еве, оперирам пациент. -Ајде прати селфи од операционата сала, да видам!? Тоа е тоа...
На некои луѓе не им е потребно да бидат нападни, гласни, да се фалат, да се истакнуваат со материјалното, со физичкиот изглед, да бидат снобови, арогантни и дрски. Зашто едноставно зрачат. Со карактерот, со насмевката, со богатството на речникот, начитаноста, манирите, интелигенцијата, подготвеноста да излезат во пресрет, смиреноста. Дури и во очите им пишува колку се скапоцени. Кога запознавате некого со сите овие карактеристики, сфаќате дека друго не е потребно!
За сите што се откажале... Јас одамна откажав, не се борам повеќе за ништо.... Но знам дека ова нема да остане вака... Станувам, собирам сила.. Не е готово се додека јас кажам дека е готово. Ќе се борам до крај за тоа што треба. GAME IS NOT OVER!
Сосема ново поглавје во животот, нова улога, ама мислам дека добро се снаоѓам. Уживам во поголемиот дел од времето, помалиот дел кога веќе не можам имам замена. Ама не постои друго чувство на светот како кога ќе те погледнат тие очиња, кога можеш да му ја задоволиш најосновната потреба, кога најслаткиот мирис ќе те заскокотка по носот... Ми вика маж ми, нормално ли е да мислам повеќе на неа отколку на тебе? Па јас да не сум до неа на тебе нема ни да помислам, беше мојот полушеговит одговор. Се гушкаме тројцата, уживаме максимално во овој краток период кога е толку малечко бебуле...
Велат единствени виновници за се, сме самите себе си. Не знам, можеби. Можеби и покрај сите борби, животот одлучил дека мора да биде суров спрема мене Мака ми е веќе. Мака од се.. Посакувам да ме нема.
Сакам да кажам дека .. . 1. По барање на публиката следува уште една листа од Читател. 2. На саемот на книга купив 16 книги. Ако дознаат моите колку пари потрошив, ќе ме запалат. 3. Повеќе почитувам луге кои се поддржувачи на ДПМНе и искрено ќе кажат дека на пр. имаат родител партиски вработен и слично одколку дека само заради тиа што добро направиле за државава. 4. Многумина НЕ прават разлика помеѓу "Среќа" и "Моментално задоволство". Али додека во тој речник се е Среќа тогаш среќата би била краткорочна и дилгорочна. 6. Дали навистина не примети дека фали точката со реден број пет ? .. не знам, кажи ми 7. Моето прво селфи го имам направено во 2008-ма година. Така да јас сум првиот после Мр. Бин 6. Од што толку е турбулентно и хаотична ситуацијава во Македонија, почнав со точкиве да одбројувам наназад. 5. Кога протестирам, протестирам со јајца. ( во буквална смисла на зборот ) 4. Имам пријатели Американци на фб, и сум вчудоневиден од тоа како информираат преку статуси на фб. ( Сега го заспав бебето, додека мажот ми е на работа да земам да исчитам во веце затоа што е хаос ) 3. Понекогаш се чудам на чудесиите во светот а понекогаш само се чудам на моето чудење. 2. Ај замисли на некоја блиска особа како се прозева. И сега додека таа се прозева, нели и ти сакаш така убаво да си се направаиш Wooaaah !!! ( јас штотуку направив, прекрасно е чувството на прозевање ) 1. 0, Дали откри што е со точката 1. ?!? ПозЗ3³ ®
Да замолчам и да молчам... Па, совршено знам тоа да го правам затоа што одлично ја научив тишината во себе, ама ако не ми е застанато трпението на црвено светло за премин на другата страна, ќе го исклучам. Дали да го гледам распоредот на нештата и да си ги премостувам мислите и емоциите низ лавиринтите на суровоста или да се преобличам во непрепознатливост? Некогаш беше задоволувачки доволно, ама сега, прилично добро ми станува неподнослива фраза. Сакам да ја отворам вратата на она одлично, да го запознаам, да го поздравам со аплауз и да му ги видам душата и изразот на лицето... а тој, нескротливо да ме скокотка, да ми чепка по сетилата, да ми шепнува за понатаму, да ме заплиснува со нескротливост и заедно да ги искачуваме скалилата низ времето кои не се така малку по угорницата. Моите желби се ничии. Такви ги сакам и така ги растам. Можеби не се како оние од соништата, но виреат со топлината на волјата. Се повеќе сум сигурна дека подготвувањето изненадувања не ме воодушевува како очекувањето животот да ме изненади од никаде со поскоро некогаш и некаде. Во меѓувреме, тренирам вештина за зборување, само не во форма на монолог.
Се радувам на секој нов момент што го доживувам и што ми се случува. Секоја година пред месец мај ми се случуваат најубавите работи. Сакам живот полн со обврски. Последниов период ми се случија преубави нешта. Сакам ова вечно да трае. Се радувам и на секое ново пријателство,на секоја дружба.
Ми се јавува другарка, ми вика тетка ми сака број од тебе за пракса за братучетка ми да зборите. Ми се јавува теткава и ме замолува да го викнам девојчево на пракса, да ургирам, ама вика битно е да не знае она за ова. Викам како да не знае? Па ќе и се наруши самодовербата. Ова беше аха момент зошто државава ни има најпрепотентни и арогантни дерлиња со огромна самодоверба на метар квадратен кои се убедени дека сами успеале, а имаат цела армија помош зад себе. Замисли молимте...и после она прераснува у умишљена лепотица. Па кај преку врски, па и пуна себе, а некое способно дете нема никаква шанса. Не прифатив. Ќе си дојде на интервју. Ако ја бива ок, ако не ќе влезе ама ќе знае како влегла. Сега ми е појасно све за оние од факс, и оние што се вработуваа од прва како сите знаевме дека се со врски, а они се правеа дека не се. Уствари, они стварно не се праеле, туку поима немале. И знам дека е пракса, ама идејата на интервјуто за пракса е да се види до кај е, да се соочи сама со себе, да добие идеја дали сака да се види во тоа. Никој не очекува да е рокет сајантист. И ќе се развива. А ако не го научи сето ова ќе се убеди во тоа дека е нешто што не е и нема да се изгради како што треба.