Доаѓам дома после напорни 7 часа со помисла дека облекувам пижами, ќе си пржам компирчиња и ќе си јадам пред тв. И идење дома гледам гости, и тоа гости што секоја недела идат барем и пустите ѓоа лепенка на газот да имаат.Ама ексик, ексик и од гости и од се.Преку глава ми сте.
Кога најблиската другарка, аортата на твоето срце, ќе го гледа твојот изгубен поглед испиен лик на вашата фотографија и ќе ти рече „Кога бе душо ќе се врати онаа старата ти...?“ ти светнува... Ете тогаш ти светнува дека си се заборавила... Дека си заборавила дека те сакале...те сакале ете баш таква каква што си... премногу комплицирана, напорна, упорна, дива и премногу своја... Дека си заборавила дека во нечии очи си неверојатна, силна и посакувана... Дека си заборавила дека постојат сништа кои се празни без тебе, очи што постојано те бараат... Дека постојат луѓе кои те обожаваат, восхитуваат... Дека си се огледала во грубоста, суровоста и празноста на нечии очи... па си дозволила таа празнина и безличност во тебе да се отсликаат... Дека си се отсакала себе и своето тело... себе и своите победи заради некого... Дека си оглувела за комплименти, си отрпнала на милувања, си исушила за страсти... Дека си станала помала од оној кој голема не знаел да те прави... Дека си заборавила дека сама си си се... и поддршка и инспирација и мотив... Дека си онемела кога си ја изгубила надежта, милоста по кожата, љубовта во градите... Дека си заборавила дека си една и единствена... вредна за секојдневна борба... за освојување... за кокетирање... за љубомора...за страст и посакување... Дека си заборавила дека си моќна жена... жена која дрско одела напред, не плашејќи се да живее по своите правила... Сека си заборавила се... само не тоа што требало...срањето кое не требало ниту да ти се случи...
После еден неколкугодишен апатичен период, сега некако како да немам доволно мотив и желба да се израдувам на убавите нешта... а има причина за радување. Дури имам впечаток дека тие околу мене повеќе се радуваат отколку јас...
@Sanjichka007 Само ми даваш идеи Инаку, СДК, ја имам таа една личност, што секогаш ме бодри и е тука за мене, се до делот кога стварно ќе успеам Чудновато! Затоа, секогаш ми е интересно да и го соопштам успехот, што е еднакво да пуштиш видеа на ЈуТјуб, фаците откако пробале лимон
Јас убав простор им дадов за седење: двор, цвеќенца, гарнитурче, сонце. Сеа што не ме бива за услужување, ексик. Не може сите таленти у еден човек.
Не сакам кога и после се пак ми стои грутка тежина во грлото. Обично пролетта секогаш ме препородуваше и ми нудеше безброј опции. Но, сега, патот е многу потежок и не сакам да одам по него. Можеби не знам што точно сакам, но знам што не сакам. Не сакам монотонија, не сакам обични и здодевни утра, не сакам да се бидам со помислата дека можеби утре ќе биде подобро. Сакам тоа утре да е денес. А како? Како да се ослободам од овие окови тешки еден тон и да полетам? Не сакам да бидам заробена во таа куќа. Во таа проклета куќа. А немам начин како да избегам од неа. Го проколнувам тој пеколен ден, се ме потсетува. Џабе минуваат деновите, месеците, еве и шест години ќе поминат во август. Џабе е, јас се уште не можам. Сакам да заминам, да оставам се. Сакам одново да почнам. Без овие болки што ми ги стегаат градите, без овие сеќавања кои ме преплавуваат кога и да зачекорам внатре. Сакам да се откажам од се, и да заминам со празен куфер. Без багаж. Без притисок и прашања. Без мудрувања. И морам да го направам ова. Знам дека морам или ќе се угушам потполно. Само нека помине летово, па од септември безгрижно ќе заминам. Ќе заминам онаму кадешто отсекогаш сонувам да се бидам. Ќе заминам без разлика на сите зборови, без разлика на се што ќе оставам и ќе изгубам. Бар себеси ќе си се вратам повторно. Онаа старата, полна, ведра и безцинична.
Немам веќе фб. Го избришав профилот. Веќе лудница ќе фатев од некои што немаат што да прават и само трескаат глупости. Нешто без врска. Си играат играчки, а не е баш играчка. Едноставно не ме исполнува.
А сите маици ми се испоцедени со млеко. Менувам по 5 пати во денот, се туширам незнам ни сама по колку и пак замирисувам на бајато млеко, ама нема да ставам влошки за гради па што сака нека е.
Се осеќав нервозно и нерасположено и решив да си нарачувам евтини глупости од алиекспрес. Поради вакви моменти од време на време на домашна адреса ми стигаат чорапи со слики од прасиња или усб-а во форма на вонземјани. А поголемиот дел од времето личам на возрасна.
На тетка ми по мајка уште еден живот да проживеам нема да можам да и се оддолжам за се што има направено и ПРАВИ за мене. Доволно е само да кажам дека со мигрена вежбаше со мене математика, со саати, со денови, за викенди!А, камоли пак се друго... Посебна е врската помеѓу тетка-внука.Не е како мајчинската ама е исто толку длабока. Затоа што е една е тетка! И затоа што ја сакам. ,,Only an aunt can give hugs like a mother, keep secrets like a sister and share love like a friend''.
Посл работа, заминав дирекно на ручек со љубовта. Јадевме на кеј. Потоа се договоривме за некој час после ручекот да возиме велосипеди на кеј... Најубави фотографии, најубави спомени <3 love him.
Понекогаш, под замавот на оние типични late night буричкања во длабочините на мислите, сфаќам колку ми се оксиморон однесувањето и размислувањата... Има денови кога сум толку мотивирана да бидам продуктивна со штиклирање обврски во to do листата и истото ме исполнува, а има и такви кога сѐ што ми се прави е бесцелно вртење по песни на плејлистата и разгледување редови и информации што не бараат посебно покренување на мозокот за нивно процесирање... Уште почесто во своите желби ми се случува силно да посакам раздвижување и промени, иако сум личност што тешко ги прифаќа и ѝ недостига секоја ситна прекината навика што претходно била дел од сложувалката наречена комфорна зона... И токму ваквите филозофии што ќе те доведат до заклучок колку си комплицирана личност длабоко во себе, се подобар показател дека треба да си легнеш од било кој часовник. Добра ноќ...
Не верував дека еден ден може да биде пресврт што тотално ќе ти го смени текот на животот...Еден ден...На денешен ден, пред неколку години тоа се случи. Животот што дотогаш го знаев, целосно се промени. Имам некои измешани чувства, да бидам среќна и благодарна или тажна и лута на себе. Веќе некое време, ќе видев на календарот дека наближува денов и секој пат како да голтав кнедла. Не знам зошто ме плашеше помислата дека помина уште една година. Полека се редат, се бројат годините, а јас... Ахххх...Сите очекуваат дека ова за мене би бил радосен ден, а јас никако да ја скријам тагата.
Mногу ми е закон тетовскиов дијалект значи. Со форми, со нагласок, со све. Интересен ми е, ми има некоја топлина, штознам. Прееска во продавница едно девојче збореше на телефон, да ти е милина да слушаш, дури непријатно ми падна.
Времевo ми гaзи пo живци. Или некa пече сoнце, или некa се истури дoжд. Нaјвеќе мрaзaм кoгa не знaм нa штo сум. Сoнце вo кoмбинaцијa сo лaден ветер ич не сaкaм! Имaјте убaвo плaдне и дoкoлку излегувaте, некa не ве зaлaже сoнцевo. Лaднo е!
Еднаш,мојот паметен чичко ми рече "можеш да имаш се што ќе посакаш. Прашањето е дали го сакаш доволно за да се бориш додека го добиеш." Навистина е така. Имав една желба уште од многу одамна. Секогаш и на сите им кажував колку сакам да се исполни,но искрено, никогаш не бев презела сериозен чекор кон нејзиното исполнување. Откако пред извесно време силно се ангажирав околу неа, гледам дека всушност многу мои постапки и чекори кои потсвесно ги превземав се повеќе ме доближуваа до неа. Навистина, ништо не е невозможно... и знаци,ох колку само знаци гледам секој ден,ми даваат мотив,велат да продолжам, да се борам.. АКО И ВИЕ ЧЕКАТЕ НЕКОЈ ЗНАК, ОВА Е ТОА! Вооружајте се и тргнете во поход кон среќата по која толку многу копнеете. Можеби е подостижна отколку што мислите. "Кога сакаш нешто многу силно, целиот универзум прави заговор за да ја исполни твојата желба"
Конечно стигнав до мојата најголема цел во животов. Конечно се свестив и станав онаква каква што сум јас вистинската. Конечно повеќе не се прашувам која е и дали постои смислата на мојот живот. Туку почнав да живеам. Не во минатото. Не во иднината. Туку живеам во сигашноста. Жива сум. Здрава сум. Моите најблиски и најсакани се живи и здрави. Имам мир. Сакам. Сакана сум. Тоа ми е и повеќе од доволно за убав и среќен живот. А верувам дека во иднина ми следуваат многу успеси и среќни момемти. Се борам и ќе се борам.
Јас сум ти тип на човек што и зимно време да ми речеш ајде на коктели и сладолед, пред тебе ќе тргнам Едноставно лето си е лето. Тополото време, Сонцето, морето, бикините, ете тоа е рајот.