Никогаш не им кажувајте на другарките кој ви е симпатија. Од искуство ова... Се сетив сега на една случка од детството(онаа, пораното детство). Сите мои тогашни другарки имаа симпатии, а некои од нив дури пишуваа текстови и поеми за нивните симпатии. Претпоставувам, гледале некој филм па влегле во него. Јас тогаш немав симпатија. Но, сакав, ептен многу сакав да бидам голема. Па решив и јас да „имам“ симпатија. Едноставно избрав кој ќе ми биде симпатија и им реков на другарките дека и јас имам симпатија. А немав навистина. Тоа беше многу глупо од моја страна. Другарките веднаш почнаа да трчат кон „симпатијата“ за да му кажат дека јас „го сакам“. И така си загазив. После целото одделение зборуваше за мене. А јас за првпат тогаш плачев во училиштето. Го сметав тоа за најглупо нешто, ама ете, тогаш баш ми се плачеше. И сега, и да имам симпатија нема шанси тоа да го споделам со некого. А малку се заљубив сега...? Така некако... Не личи на мене да пишувам вакви текстови. Обично не сум романтична душа. Чао луѓенца.
Уште една љубов ке биде крунисана со брак. Нека и е честито на братучетка ми,да има долг живот полн со радости.Нека и биде животот и украсен со само убави моменти и здравје боже насмевки на своите деца. Ај со среќа и здравје!
Колку сакам кога имаме празен час па ќе си седнеме во школскиот парк, ќе ги си гледаме симпатиите, ќе се смешкаме на страна без некој да не примети, ех колку ги сакам овие години. Не сакам да остарам. Вака да си останам. Најубаво ми е. Немам големи проблеми, се што ме мачи може да се реши со малку труд и помош од најблиските. Што друго имам да се замарам? Ништо. Млади, имаме енергија за се, имаме доволно пари, имаме пријатели, имаме се' што ни треба, дечко не спаѓа во овие работи. Ќе уживам, затоа ми се годините. Има време за тоа кога ќе треба да работам, да се нервирам и да ме мачат некои поголеми проблеми. Сеуште не ја знам тешкотијата на животот. Не сакам да знам што ме очекува. Живеам за денес и утре.
Денеска за прв пат почуствував удар од неродено дете. Добро не го почувствувај јас директно, туку бев на кафе излезена со братучедава, која машала големо стомаче има, а енос шести месец е, и вика еве го пак, немирен е, дојди стави раката да почуствуваш. Ако ме верувате довојки за малку шо не се расплачав. Ептен убо ми дојде, незнам прв пат ми се случува тоа и ептен бев среќна. И уште сум. Со душа чекам да дојде на свет, па да си го дотерувам, ајде уште малку остана. Денов интересен, не бев на факултет, ме мрзеше, видов надвор сонце, топло, право лето, па си зедов така еден слободен ден да си се одморам и да си се видам со луѓе кои навистина си ги сакам и почитувам и си го имаме муабето. Можам да кажам дека тие три четири часа кои ги поминав со нив ми поминаа како секунда. Тоа е кога си со луѓе со кои имате пријатен разговор, луѓе на кои можеш да им кажеш се, луѓе со кои си како отворена книга, времето лета... Се надевам дека и вас денов ви бил позитивен, исполнет со среќа и љубов, како мојот. Како и да е имајте прекрасна вечер, можеби не е викенд, но тоа не значи дека не треба убаво да си помините
Welcome back! Искрено мило ми е што се враќаш! И да не ти е гајле,кој што вели.Слушај си го паметот твој и луѓето кои те сакаат!
Добро сериозно мислите го интересира некој да чита кој ве хејтал, ради кого сте се вратиле, дека сте биле разочарани од форумот итн.Трагедии направивте од ништо.
Решен проблем Сите што не сакам да ги читам ги додадов во листата на непријатели тука спаѓат сите деца кои замараат за оценки, за тестови и глупости
Да ти е страв веќе и на форум да си ја олесниш душата и таму ќе се коментираат каква тежина ти имале проблемите... Драги критичари и во виртуелниот свет се препознавате .
Не знам што е потрагично,дали драматичното заминување од форумов или уште подраматичното враќање на истиот после 30 мин. Мислам во ред е ,форум е - не заминувате во тугина или во рат. Премногу сериозно го сфакате виртуелниот свет и драматизирате.Животот е надвор кога ке погледнете низ прозор и ке излезете од топлиот и удобен дом а не во монотирот на компјутерот.
Да имаше скала за срам и непријатни моменти, дефинитивно би требала да биде од нула до... ситуации кога треба да поминеш некое време со личност со која не ти иде муабетот. Поточно, врв на непријатност ми е кога ќе седиш во автобус, или чекаш на автобуска со некого со којшто си на обично познанство и поздравување. Се врткаш, мислиш за некоја лајт тема за да отвориш муабет, бидејќи срамота е да почнеш да си буљиш напред, да си ќутиш или да ставиш слушалки како обично кога ќе седнеш до некој што не го познаваш. Сабајле седна до мене едно девојче што ми беше од генерација од основно, знаете од оние коишто ни се во исто школо и велиме дека ги познаваме, а уствари сме биле на едно здраво, како си со нив. И сега нормално ја поздравувам, како си, што правиш, па збориме две - три минути за тоа како е на школо, па познатото што ќе се пофалиш... Ама беља, таквиот муабет се завршува за 5 минути, и кога ќе заврши и „фалењето“ тек тогаш почнува она awkward feeling... И да ви кажам од искуство, ако видите во автобус некого што макар и ќе ви заличи на некој познат, вие поздравете го, за секој случај. Ми текна на една незаборавна брука од преклани, баш првите месеци во гимназија, што си се смеам во себе секогаш кога ќе помислам на неа. Си идам јас горе во двокатен, сабајле, поспана и троа замислена + со слушалки, и седнувам на едно столче. Нормално си мислам до некоја рандом особа сум седнала и не се ни свртувам да видам. А имам што да видам... тоа да бил еден мој професор, и тоа што е најсрамно сфатив откако он ми рече добар ден. Абе ми идеше да ископам една дупка во подот и да скокнам на долниот спрат. Можда не баш прв, ама ептен убав втор, трет впечаток оставив. И после нека рече некој дека најголемите бруки не се случуваат во автобус. Иначе, ептен ме опушта топлово, ме фатила некоја пролетно - летна еуфорија, што да ви кажувам. Денеска си се враќам накај дома од прошетка, на кратки, по пат ме испрска еден прскач во тревата што не го видов, детска летна радост. Уште некоја ташна за на плажа во рака и сладолед да земев, ќе личев на туристка од некој дел на земјината топка каде што е лето, па мисли дека и тука дошло летото. И не дека не сум спремна за лето уште од октомври, ама ете сега веќе и времето ме прави уште поспремна. Уште нешто... не користам инстаграм, плус имам самосликната профилна на фејсбук а у дискрипшн не сум пишала #selfieee<3, дали сум нормална? Ајт поздрав.
Дали и ти понекогаш,во ноќта се сеќаваш? Кој победува во вечната борба помеѓу сеќавањата и ноќта?Дали и ти и се предаваш молкум,или бегаш во лавиринтот наречен сон?.Дали и ти понекогаш сонуваш за враќање,во оној град во нечие срце,кое не се спомнува никогаш и никаде,се шепоти само под прекривката.Дали и ти молчиш за нешто?Дали во себе за секоја болка именуаш цвет и така тие растат во тебе?Дали тебе некој ти бил и останал?Утре можеби не постои,се чуваш ли од ѕверовите,кои копнеат по чувствата на левата страна од твојот граден кош?Чии долгови запишуваш,и дали простуваш?На кому ги трошиш ѕвездите?Кого немаш? Јас сакам аеродроми.Синџирче кое ми виси на клучната коска. Ја сакам тишината некогаш,но љубам кога тој ја прекинува.
Порано бев срамежлива личност, малце повеќе од нормалното, повлечена во себе, не се дружев многу со другите деца, срамежливоста ме закочуваше во почнување нови работи, нови активности. Имав хоби, читање книги, нешто што можев да го правам сама, затворена во некоја соба. Плус како шлагче на се сите четири ми се леви за спорт, па тоа беше -физичка активност на часовите по физичко, е де праев по неколку стомачни дур ме гледаше наставникот Но во средно се се смени, запознав ново друштво со кое пополека почна да ја снемува срамежливоста (ја имам сеуште но не во таа мера како порано ), започнав повеќе да излегувам и да се грижам за себе и за мојот изглед. Читањето книги ми остана сеуште мое омилено хоби, но и сеуште сум антиспортис но почнав повеќе да се опуштам и да се интересирам за работи што порано ги мислев невозможни, всушност бидејќи бев срамежлива мислев дека ако нешто почнам ново нема доволно да се снајдам, нема да бидам доволно добра, мислев дека сите ќе се гледаат во мене и ќе ми се смеат, се плашев од неуспехот, се плашев да го направам првиот чекор. Но како што кажав, тоа го оставив зад мене, и денес кога ќе се сетам на тоа си мислам кое будалче сум била, и за да не останам она будалче што бев, за да си најдам ново хоби покрај читањето книги денес се запишав на Фитнес. Пред некоја година да ми речеше некој да одам на Фитнес срамежливо ќе го одбиев и ќе речев дека не сум јас за тоа, дека не ме бива, но денес го прекршив и тој мраз како и неколу пред него и си сум горда самата на себе, си уплатив за цел месец и си ветив себе си дека нема да се откажам. Секогаш ми било тешко да го направам првиот чекор, но сега веќе го направив и ќе се трудам додека не го постигнам посакуваниот резултат. Најбитно е да се има доверба во себе,во своите способности и малце храброст да се направи првиот чекор.
Дали е убаво да си глуп? Е, на оваа прашање никако да дадам конечен одговор. Можеби не може да се даде одговор бидејќи човек не може да знае како е да си глуп или паметен. на, крај никој не паметен. Релативна работа. Или пак јас сум премногу глупа за да си дадам одговор. Некако не ми оди со овие филозофиите. Ми оди туку, многу се измешани оние моите. Зошто луѓето секогаш велат дека е многу убаво да си глуп? И како го знаат тоа? Чекај сега, повторно се збунив. Го знаат тоа бидејќи тие самите се глупи? Но, ако тие самите се глупи, како би знаеле дека се глупи? Да речеме дека зборуваат на памет. Да речеме дека мислат дека глупавите луѓе немаат грижи во животот. Или пак мислат дека им е сеедно дали би требало да се грижат или не. Или пак дека не си ги разбираат грижите? Добро, зошто се вака двосмислени работите? Можеби затоа што сум глупава. Или паметна. Сеедно. Како што реков, релативна работа. Се збунив, готово. Чекај малкуѕ, чекај малку! Ајде, елено, тресно филозофиите и уживај... Како је лепо бити глуп! Чекај сега, што реков јас? Готово. Ако продолжам јас вака да се вртам во круг, тешко мене!
Леле овие што си одат и се враќаат од форумот ги доживувам исто ко оние што му раскинуваат на дечкото, чекаат 10 минути и го молат да се смират после и така во круг секој ден по 8 пати.
Изморена сум, не можам повеќе.Секој ден стани рано,ова работи,она работи,ваму трчај таму трчај Ми треба одмооор , малку да одморам од се,но тоа за сега не е можно.
премногу озбилно ги сфаќате мислењава на форумов,релаксирано ladys со нетрпение го очекувам утршниот ден,за да дарувам крв (како да одам на дејт со некој момак а не да дарувам крв) така се осеќам,врие у мене ахахах благодарам тато ,благодарам мамо на убавите колачиња со кои ме изненадивте,абе при срце сте ми
денеска девојки јас си купив многу убаво ланче сигурна сум дека и вам ке ви се допадне Еве го : *ле слика* заборавив: ве сакаааааам <333 најмногу на свет феминкииии вие сте ми сеее * поздраааав На што личи?Постојано гледам вакви мислења и не можам а да не прокоментирам.Неможам.Сега не кажувајте дека се правам паметна,ама стварно веќе преку глава е со вакви улигувања,лижења на газови и сметам дека најчеста причина се или ѕвездичките или едноставно умилкување. Можеби не е ништо,ама јас не трпам ова ни овде кога ке видам ни на фејсбук,твитер или што и да е... А не пак во живо. Ама стварно дајте,едно озбилно мислење да се напише-да се има почеток,да се има крај. А не нит интерпуциски знаци,нит точки а правописот 0. ...