Од супермоќи поседувам, дента да бидам втора и наредниот ден веднаш прва смена на работа...и повторно нормално да функционирам без никаков сон цел ден . Прашањето е дали сум човек, или сум посвоен од некоја друга планета ?
Сакам да плачам, а не можам... А толку ми треба да исплачам се... На моменти ќе дојдат ќе ми замрзнат како кнедли в грло ќе ми потонат како тежина в душа... Тие толку посакувани солзи... Солзи полни болка, страст... Солзи на минатото... На очајот... На една случајна, несреќна љубов... На најголемата животна лекцијa... Прв пат во животот толку сакам да плачам, толку ми треба, а не можам. Можеби не вреди, не знам...
Денес си прикупив нови украси за Велигден, иако ја потрошив и таа мала заштеда сега со радост и топлина сум во душава. Нека е за многу години, останете позитивни, не дозволувајте негативноста да ве победи.
Кога знам дека треба да останам разумна, секогаш сум им дозволувала на чувствата да ме водат. Тоа секогаш ме водело до неминовно, големо разочарување, но продолжувам да го правам истото. И лошо е што не се каам ни најмалку. Таква сум, чувствителна до бескрај, емоциите секогаш владеат со мене. Во моментот добивам огромно задоволство, еуфорија, се наоѓам на седмо небо. Потоа знам дека ќе плачам и ќе се затворам во себе. Ако ништо друго, знам дека го правам тоа што ЈАС навистина го сакам.
Пред некое време бев на систематски и меѓу задолжителните прегледи, нели, беше и разговор со психијатар. Освен стандардниот тест кој го има на сите систематски прегледи, со прашања како „Дали си забеган?“ и „Дали понекогаш добиваш желба да се убиеш себе и колегите, и по кој редослед?“ (малце парафразирам), се погодив кај тазе дипломирана девојка на која очигледно сеуште не и се смачиле разговори со изморени работници од разно-разни фирми, па секој кај неа се задржуваше најмалку по пола саат. Кога конечно влегов, после одговорите на прашања како „Дали си среќен?“, „Колку си задоволен со професионалниот и приватниот живот?“, „Како се справуваш со стресот?“ и сл., за крај ме праша и „Кои се моите планови за иднината?“ Откако без размислување и одговорив дека немам некои посебни планови за иднината и дека во принцип не сакам да правам долгорочни планови, туку дека сакам да живеам во сегашноста и да уживам во моментот, очекував некаков прекор или лекција за тоа како не чини у животот да си без план и идеја. Но, на мое големо изненадување, психијатаркава беше пријатно изненадена од мојот одговор и само ми рече дека тоа е многу здрав поглед на животот и одличен начин на размислување, бидејќи најголемиот дел од фрустрациите доаѓале од правењето на планови и неможноста за нивно остварување. Така да, драги мои безидејни луѓе, вие кои не се гледате никаде за 10 или 20 години, затоа што не сте ни размислувале во таа насока, не очајувајте – очигледно, сме биле на добар пат кон здрав и среќен живот.
Она кога си листаш низ стари постови/пораки и препрочитувајќи си нешто долго и озбилно, внимателно напишано... наидуваш на ситна, ама екстра глупава печатна грешка што тек сега ја приметуваш. Dammit...
Global warming wtf? Надвор врни истура, пред малку и снег гледам паѓаше. Смрзнавме, не знаеш наутро што да облечеш, што време те очекува во текот на денот, дал сонце, снег, дожд или ураган, страшно. А какво време таков период. Од секаде смуртени лица, од секаде затворени врати и тапкања по рамо, само разочарувања. Огреј бе сонце, па и среќата да ми се насмевне више одамна не сум ја видела...
Се што имам дома во плик и во банка би дала за мир и спокој за сопствената душа. Нема да се мислам се би дала за мојот мир и моето здравје. Од се ќе се откажам освен од овие две работи без да мислам ..се се ќе оставам...
Болна сум. Кога дишам чувствувам како некој да ми ги стиска белите дробови. Во темава дојдов да кажам што бидна на натпреварот, бидејќи ако пишам уште еднаш во „Да се пофалам...“ ќе имаат добра причина да ме банираат. Четврто место сум, од шеесетина други. Имам 91 поен, некако се истуркав меѓу првите пет, сите се разликуваме за по пола поен. Глупав дожд во Прилеп, од каде изнинкна во сред бел ден, сега не можам да извршувам животни функции нормално. Има три ситуации во кои луѓето не смеат да ми зборуваат: 1. Кога читам. 2. Кога слушам музика. 3. Кога сум болна. Фала.
Гуд морнинг пипл .. Работно утро како и секое и со по некој проблем, ме викна претпоставената да сум ја заменила на кратко за си го испие кафето госпожата, а јас само што го имав направено моето и веќе се олади, али кои сме ние останатите и што се замислуваме за да пиеме кафе е од таквите си патиме, наздравје кафето
Потонавме премногу ми е жал,бевме едно огромно семејство една огромна среќа,загубив еден родител,загубив и друг родител(жив е,а го осеќам мртов),сака да ми го уништи животот,но јас сум борец и нема да престанам да се борам за својот сон.Жално е што верував во тој родител дека ке ми помогне во животот и ке ми го олесни животот но за жал погрешно мислев.А јас ставав рака во оган за него,ризикував све во животот,и странство,и пари и кариера буквално све,затоа што ми беше жал дека останал сам без едниот сопатник,но повеќе нема,да нема да ти помогам ке бидам сам како што и бев,само едно знај еден ден ке нема кој чаша вода да ти даде,кога ке остареш ке нема кој да те погледне.А тогаш ке ме молиш и бараш,ке се каеш и ке се проколнуваш самиот себеси, но жал ми е сам си одлучи така во животот.Ти посакувам неродителу да имаш убав остаток од животот.
Во една прилика мојата најблиска пријателка ми зборуваше за животите кои сме ги живееле и допрва ќе ги живееме, за бремето и лузните кои ги влечкаме од минатото како знаци и патокази што треба да научиме во овој живот. Зборувавме за тоа како бројката и возраста на човекот немаат апсолутно никаква врска едно со друго. Тешко е да се бориш против ставовите на своите родители, против нивните проблеми ох толку безначајни, а за нив како слон големи. Јас според тоа, сум старица заробена во тело на 25 годишна девојка, гледано од аспект на тоа што немам видено и проживеано. Уште потешко е пак да си го живееш животот онака како што тебе ти одговара, да покажеш дека животот не е инстант супа, туку оброк кој се јаде полека, се дегустира полека и се ужива во него, има чаре за се`- ако му фали зачин-зачини го, забибери го, комбинирај го со нешто друго. Експериментирај. Очајно сакам да и го покажам тоа на мајка ми. Во секоја прилика и покажувам и и посочувам дека дадената втора шанса за живот е бесценета, и треба да се искористи најдобро и максимално, дека тоа претставува лекција од претходниот живот- како не треба да се води. Верувајте, колку и да е прекрасно чувството што го победила чудовиштето во себе, уште пострашно е чувството на голтање од прашината што се оставила од тој период. Тоа се многу страшни паразити кои се хранат од сожалување, постојана потрага по признание за „нивната состојба“. Се чувствувам како нејзина мајка, како да воспитувам тинејџерка од 12 години фрустрирана од тоа што има мали цицки, и никој не ја сака во животот. И по погорната логика, можеби е така. Којзнае како сме подредени по тоа некое космичко кармичко реинкарнирање, како да го наречам не знам. Имам прекрасно семејство, на кое му треба само малку боја. Многу е поубаво кога сите светот го гледаме малку пообоено, и не го сфаќаме толку сериозно секој таканаречен проблем. Имаш препрека- обиколи ја, протни се, побарај помош од друг и прерипај ја ако не можеш сам. Единствено што сакам е моите зборови да имаат поголема моќ, да допрат онаму каде што треба. Нема да се уморам од нив никогаш, да знам дека сум разбрана и сфатена како што треба. Така.
Oдамна се мислам да почнам блог за ентериери и архитектура и љубовта кон она што ме прави жива, уметноста во целост, се мислам од октомври и само го отворив, а немам пишано ни збор. Сега ќе се посветам, сакам да го правам тоа. Знаете во животот скоро ништо не испаѓа онака како што си си планирал, а ја сум човек што сака да планира и го правам тоа и скоро никогаш не ми оди ништо по план, па затоа научена сум и да не се нервирам, ако оди оди, ако не правам нов план и се така додека не бидне. Денес посабајлечки си запалив цигара и си направив кафе, ритуал кој не го практикувам, всушност пушам кога имам друштво и некогаш кога ми е мерак, имам едно, две скриени за вакви утра. А после неколку дена дожд, токму такво утро е. Некои мали нервози деновиве ме пореметуваат, дипломската уште чека да биде прегледана од професорката, дечко ми изведува, на работа нови правила и прописи, пари немам, време немам. И секој ден си тече така безбојно, и мене ми треба шарена револуција.
Потребно е време да ја развиеме способноста за предвидување на следниот животен потез. Цел живот гледаме, калкулираме што и како понатаму. Многумина се потпираат на суверение и надеж. Во животот успеваат само оние кои сваќаат, знаат, применуваат дека секогаш има нешто ново за набљудување, испитување. Тешко е да се израчуна исходот, реално, во секој случај животот е непредвидлив.