Денес крстив едно бебенце Матеа.Ја облеков во бело убаво фустанче со тул и хулахопки бели со розеви цветчиња,па на главата и ставив од оние топери ли се незнам како се викат со цветче белко,права принцезичка беше.Потоа почастив со чоколадни бонбони.И станав кума.Па да Ви се пофалам и Вам.Нека ни биде вечно кумството. Многу се израдував,прв пат облакав женско бебенце толку малечко,јас со синко немав гајле тој е машко не му се плашев,но со женските е друго,треба по нежно,зарем не?! Имајте убав ден....
Ние луѓето секогаш имаме изговор зошто Не можеме. И јас бев таква, ми се промени животот кога почнав да наоѓам начин како да ги избегнувам тие изговори. Ослабнав половина од мојата тежина. Не беше лесно, но се судрив со сите предизвици кои се соочив тие 14 месеци. Станав нова личност, мислев дека сум среќна со дебелината, но целото време сум го губела да се убедам себе и околината дека сум среќна. Ослабнав и сватив навистина што значи да си среќен. Стравот е поголем хендикеп, предизвиците не се тука за да не ослабнат, туку ојачат. Јас сум спремна на се, не се откажувам никогаш. Сега се соочувам со ново поглавје во животот. Нова епоха. И проблеми, среќа, и се. Не се откажувам повторно, ќе се соочам со сите предизвици, со сите удари кои е спремен животот да ги нанесе на една личност. Кога ќе се сетам дека и невозможното сум го направила возможно ми олеснува. Добивам сила, моќ за да продолжам. Сега имам плус и причина да се борам со сите удари, предизвици. Ќе станам мајка, ќе имам мала принцеза. Бебе кое секојдневно се радувам.
se zapisav na faks ne odi retko koj od profesorite skrenuva vnimanie edinstveno da dremes na klupi kolegive redovnite ili molcat ili se zakacaat imame edna neizdrzliva se podelija vo grupi oddelenska se diva liga a se zatreskav vo eden od niv e aj dojdi do nego doma kavgi vikanje lele majko nemam grb sto ke me zastiti momce ni drugarka na psiholog ne sum bila 100 godini imam barieri so samata sebe od antidepresivite ne mozam da se naspijam bez niv ne mozam
СДК 1: На Фемина членовите се поделија – ќоше за млади, место за „повозрасните“, катче за бремени девојки и за тазе мајки. Не ми е проблем што не се пронаоѓам во ниедно од првиве две, ниту што не можам да бидам дел од вторите две. Само ми е жал што некако сите се затворија во своите ќошиња, па останатите теми на кои се пишуваа интересни мислења и се водеа квалитетни дискусии се некако запоставени. А може и сум љубоморен затоа што не припаѓам никаде, не знам. СДК 2: Некои луѓе едноставно не се родени за директори. Или, ај да бидам поскромен, за канцелариска работа. Последниов месец поради многу безвезални канцелариски обврски, скоро ич не излегов на терен. И „директорскава“ ми фотелја на која седам у канцеларија почна буквално да ми го иритира задников. Изгледа, мојот газ не е створен за фини работи.
И јас имам такви моменти на криза, мило ми е што слушам дека не сум еднинствениот. Во такви ситуации пишувам во темата за тројки и се карам со другите машку членови таму, а никој не сфаќа дека тоа го правам бидејќи едноставно некои работи не можам да ги сменам, така се раѓа секојa фрустрција, а така се раѓа и секоја караница на фемина.
Вчера на гости во друг град каде во семејна куќа живеат снаа и свекрва. Снаата не беше тука, ама затоа свекрвата е тука. Јас испофали снаата и вели ( сосема случајно паднавме муабет за снаите и свекрвите ) "душо јас мојата снаа не ја оговарам,комшиите мои само зборуваат лошо за нивните снаи, мајками ме учеше ќерко што повеќе молчиш тоа поголема слога, не губиш ни снаа ни син ни внук, нема вечно се да е по твое. Остави сами да си искусат од животот, не ги спречувај, не ги тормози и хармонија ќе имаш во куќата. Мојата снаа отиде на велигденски одмор со внучињата, да се одмори, да види свет, да ги прошетаат децата, а моите комшии ми велат па зашто и нас не не зеле, па вака, па така... а јас им велам моето време помина, пари се за трошење, моето време е сега мир и спокој, ако се тие среќни и јас сум а поголема љубов од тоа нема." И симнувам капа...
Си го лигавам сладоледов, си липам и си пеам, се' во исто време. И мачкава тажно ме гледа. Дај нека се расчистат облациве, нека ме огрее сонцето пак. Не можам вака да функционирам колку и да се обидувам. Барам премногу, не можам да се задоволам со обично, со малку, го сакам најдоброто, сакам максимум. Си патам од преголема надеж. Си патам од премногу бајки и соништа. И пак се надевам дека сепак еден ден ќе ја имам својата бајка и ќе ги исполнам своите соништа. Се надевам иако тоа ми нанесува неизмерна болка. Затоа што само надежта ме движи. Не сакам да се откажам од неа. Научена сум на болка. И ова ќе помине. И друга болка ќе дојде потоа. И таа ќе помине. Сите бури ќе поминат. Се' ќе помине.
Ми пречат и ме иритираат сите високи тонови. Почнувајќи од пискање, квицкање, крцкање па се до тенки женски гласчиња. Уште повеќе ме фаќа сафра од луѓе кои зборуваат тивко, колку за носот нивен. И да, луѓе кои не ја стегаат раката кога се поздравуваат, туку само некој чуден обид за ракување, нежно, меко... Абе ептен ми се фамозни тукашните возачи. Додека сите брзаат некаде, кола со ротација, пример брза помош дефинитивно треба побрзо да стигне во ургентен, од сите вас. Како да треба на Марс да се качат, а не да направат простор да помине едно комбе со пациент. Не е прв пат да пишувам за ова, за жал. Знаете, пред извесно време личност која мене ми значи се наоѓала во едно такво комбе. Секогаш станува збор за нечија мајка, татко, брат, жена, маж, крај краева човечки живот е, небитно чиј... @BoneMachine и @Bender Rodriguez од практични причини не ни треба да постојат темите за млади и возрасни, ама ете... Се читаме во ФФФ.
http://www.igre123.net/puzzle-igre/igre-bubble-shooter.php cel za vecerva mi e da ja zavrsam igrava ja igram posle 2 godini sigurno
Секогаш во врска дозволувам партнерот да се чувствува како да е слободен, зошто и јас така сакам да се чувствувам, а не како да ме гуши некој. Нешто што мразам е брукање по социјални мрежи и ставање лајкови кај женски со не толку добро нашминкани деколтиња за селфи слика. Тоа ужасно ме нервира и после сведоштвото на таквиот грозоморен чин ( прсте нагоре кај спонзоруша) се разочарувам од човекот бе. Абе како можеш јавно да се срамиш ? Аууу гревчеее
А ти што мислеше, кога пишав „квалитетни мислења и интересни дискусии“, на која тема мислев? На „Тројки“, секако. И таму више слабо навраќаат, дури и машките.
Наједноставното нешто што ме вади од такт е шкрипење по тањир со виљушка. Аууу, леле мислам ќе здивам косата ми се крева нагоре.
Последна вечер дома но и најубава откако сум дојдена за празнициве. Направив потпечени макарони, прв пат. И ги пробувам, некако не бев задоволна. Си реков Леле сега тато ќе рече не се убави, не се солени, ќе најде некоја мана како што обично коментира ако нешто не е добро. И гледам јаде, па уште си зеде. Коментарот беше: (и се обрати на мајка ми) Макароните од Битер се сто пати подобри од твоите. Е тато мој, сега мирно, спокојно и задоволно ќе спијам. Не верувам дека ќе се наспијам бидејќи рано треба да станам, ме чека пат, back to the big city and exams... Не сум уште подготвена да се вратам и да се посветам на обврските ама ќе влезам во колосек.
Имам многу познати во чуждина. И алергични се на прашањето како (ти) е таму. Одма се завзема офанзивен став и се почнува со самосожалувачкиот еп. Значи сум прашала или од грижа или од учтивост, за да ми треба помош, прво директно би прашала, друго, сигурно од нашинци не би барала. Размислувам да почнам намерно да ги буцкам кога нешто ќе ме изнервираат, штом веќе им ја најдов слабата точка. Ако ми спуштат некој неубав муабет, знам како да ги сецнам „ааа таму што ви е убафко, блазе ви.“ И дури се правдаат дека не е, препотувајќи се, ќе си се смеам во себе. Кога ќе пораснам, сакам да бидам печалбар кој ги забавува роднините и пријателите од родната грутка.
Се распадна и она малце што остана и што го имавме,морам да си одам жал ми е што ке ве оставам сами,но животот и вие ме натеравте на ваков чекор.Ви ја посакувам целата среќа на светот,жал ми е што повеќе никогаш во животот нема да влезам во таа(проклета куќа за мене),но сонот на една личност ке го остварам па што сака нека биде.Ви посакувам све најубаво за последен пат ЗБОГУМ. Дишам значи постојам