Биле математика не се учи 3 дена пред писмена . Математика се вежба постојано , може другарката што ја нарекуваш со погрдни зборови учела после секој час па за писмена не и требало многу . Почни да бидеш поредовна со учењето и оцената сама ќе си дојде . И за твое добро не убаво вака младо девојче да биде исполнето со завист ради туѓи успеси .
Да,„млада дамо“ така е. Тука си дошла само да треснеш нешто,и да си одиш.И претходно те забележав. Како и да е,да потенцираше што ми е друга правописна грешка освен спејс грешката Не----можам ? Најде мене правописот како 0 да ми го правиш,кога тебе паметот ти е -1.
Во последно време многу размислувам за тоа колку се разликувам од луѓево околу мене и некако сите имаат слично размислување, однесување, слични желби, слични карактери, а јас сосема поинакви... И не, не сакам да бидам како некого, ниту завидувам некому, едноставно понекогаш се прашувам дали јас погрешно постапувам, дали јас погрешно размислувам, дали различното е добро или лошо Ама џабе.... колку и да се убедувам дека другите се во право и дека и јас така треба да постапувам и размислувам, сепак никако неможам да си отстапам од моите верувања, убедувања, размислувања, моите желби и моите цели, па макар биле погрешни и различни од сите други... Но никогаш не викај никогаш не се знае, се менуваат мислењата, се менуваат луѓето, а времето ќе покаже што е правилно, а што не
Си помислив...синко мој порасна, разбира се и станува се' поумен.Прво, посака татко му да го заспие , добра ноќ мамо и бакнеж ...тргна и се поврна " еј...не си ги собрав играчките....момент тато" ... и јас и мм збунети а некако среќни....и следи собирањето....фрас, врагау, џнгрррр...сите во ќошот,,,.Ете така...
Не се издржва ова појке , не се издржва... кој ке издржи од ова појке тој нек раскажва ..... Хахаха поздрав до сите и имајте убава вечер ова е форум а ние сме луѓе така да расправии потоеле и ке постојат... но поубаво за сите да не се замеруваме...Да се дружиме и да си помагаме.... http://www.youtube.com/watch?v=JQzz0fuDl0Y
Таман станав катјон, сите анјони се залепија околу мене... Закони на хемијата. Туку, да се надеваме дека наскоро ќе се смири работата. Јас не би се карала на вакви убави денови...
ohh yea..she's back !! Хаха ми фалеше некако празно беше без тебе..мило мие што те наговорив да се вратиш..тешко беше ама ете некако сум успеала И да остави ги хејтерите..хејтери се,и хејтери ќе си останат.. Те сакам мила моја..
Мила, најмила Уште толку ми се разубави вечерта со оваа прекрасна вест И вие големи, не бидеме толку престроги кон нас, помалечките, умни сме си ние
На што се должат овие трагедии кога некој го напушта форумов? И која е целта на постовите дека си заминувате засекогаш и на тие 18263643893 постови потоа во кои го оплакувате тој што си заминал од форум и го молите да се врати?
Тоа е цел процес, не знам како не ви е јасно. Прво пишуваш срцепарателен пост во стилот Сега јас си заминувам. Нормално, сè уште се уклучуваш по сто пати на ден да видиш дали имаш исто толку срцепарателни пораки со кои те молат аман заман да се вратиш. Форумов е толку пуст без тебе, исто како Сахара. Потоа ти сфаќаш дека всушност никој не го заболе што ти си заминал, освен тие неколку поракички, па решаваш да направиш еден sexy back. Ама нормално, пак на никого не му е гајле. па мораш да напишеш уште еден срцепарачки пост како пак си назад. Што веќе станува смешно и патетично. И така, правиш еден месечен циклус. Коинциденција? Така ви викам јас. Има уште еден циклус тука. Прво, се зачленува неколкунаесет годишно девојче. Пишува по сите теми што ѝ падне на памет, нормално со неколкунаестиот годишен памет знаеме што може да се очекува. Потоа истото тоа девојче по неколку месечно членство тука мисли дека веќе пораснала, па може да им соли памет на ново зачленетите девојчиња, наместо да им посакаат добредојде и да им го олеснат членството, не, баш напротив, ќе зборат колку новата е детинеста, како нема поим од правопис, иако на почетокот самата таа не знаела дека се пишува сФати. И така, се вртиме во еден зачаран круг. Наместо да си го направиме форумов попријатен, гледаме само очите да си ги извадиме. Хммм, жени или нешто друго? Сите сличности се случајни. Освен оние кои не се.
Нешто, како на сите одеднаш да ви е дошло. Станало е, да рече човек здраво и тепачка. Ај седете си мирни, да не ве run over со Ламборџинито
Сакам да кажам дека се помала навика имам за да го посетам форумов. Се сеќавам дека пред пола година по цел ден бев овде се дружев со сите а чет ми беше второто дома Сега случајно ми текна да дојдам па решив и да напишам нешто. Ми недостигаат времињата што ги минав овде, ми недостигаат глупостите направени овде.... Ве бакнува перлаа
Епа барај ги преку "све за љубав" или како и да беше шоуто. Не плачи, мило либе, не жалииии...они може ќе се вратат...а можеби и не...и сад шта? ништа! Што се случило на СДК? Се некој оди, се враќа, благодарници, солзи за минатото бла бла...абе гледајте на иднината, само напред во нови победи. Некако кампањски се осеќам, не знам до што е, ќе морам да се пријавам за на кутии. И ние ја бакнуваме перла, цмок,цмок
Какво е глупо чувството кога ќе ја превртеш играта што си ја играла нон стоп во последните неколку денови. И сега што да правам? Овие игрите на y8 мислам веќе сите ги имам превртено, ништо не ми е интересно. Па еве девојки, место да пишувам овде некои срцекршачки постови низ форумов, си играм игрички, пробајте и вие. Што друго да ви кажам.. Ова ситуацијава сериозна стана. Леле може да замислам колку само чекале нешто вакво да се деси. Нон стоп ја демнам темава и чекам некои нови препукувања, а ги има често. Абе деца, уживајте. Не знам што толку ви е битен форумот. Еве јас се зачленив бидејќи имам некое екстра вишок време во мојов досаден живот. И така.. не го ни сфатив сериозно форумот, мислам не дека и нешто друго јас сериозно сум сфатила, шта чеш. Не сериозна личност сум јас. Мир! Смир-смир! Прос-прос.
Абе, кој да знае кој е крив што форумот е во ваква состојба. Секоја приказна има два краја. Дали причината се оние малите кои го окупираа форумот, или оние возрасните редовни членки кои си заминаа поради претходни мини конфликти и не издржаа сеуште да постојат тука и да пишуваат и покрај се' друго, макар и рекреативно, не редовно... Во присуство на сите постари членки, школските постови на маливе не би ги ни приметувале, но... кој ни е крив што се откажуваме еден по еден од пишување тука...
Уф конечно да прочитам нешто убаво и овде ... браво за оваа Јас не сум многу стар член но еве оние постарите нека се вратат низ темите и нека го вратат убавиот сјај Фемина,како што и треба да изгледа а не како што моментално изгледа. Наместо да ги игнорираме малите со нивните досадни мислења ние повеќе им даваме до знаење дека се замараме со нив. Секое нивно мислење е со реплика а зошто Очекувате дека мало дете ќе ве разбере, дете од 12 години ќе не послуша нас ,вас постарите што може мајки да им бидете и ќе се однесува како што треба Епа не ,они форумот го гледат поинаку а ние поинаку затоа наместо да ги цитираме нивните мислења да се пишува нешто убаво а не без врска да се полнат страните на оваа тема ,па и на другите ...