Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Девојки шо ви е? Да ве прашам имате ли нешто во главата? Уште немате ни 15 години, а излегувате во миничи, со штикли..А најлоши се оние кои бегаат од дома, имаат дозвола за излегување до 1.., објавила слика со вештачки нокти и пишала дали се добри...Тоа ми излгеда како да нема ниту родители..Погледнете ги малце правите девојки од 20 години како изгледаат и како се однесуваат..Идат во град со тренерки и се шминкаат по малку..И не поминуваат многу време по кафичи.. Мислите дека така ќе ги привлечете машките? Кога пушите цигари, глумите клошарки, пиете на само 13-14 години... Дали стварно мислите дека ќе најдете дечко ако пишете на статус "некој дечко, нешто?" Разбудете сее!! Седнете и научете нешто. Тоа што го привлекува секој нормален дечко е памет, интелигенција, хумор, домашна култура.. а не тоа што сте биле со пола машки од градот и што имате по 5000 пријатели на фб !
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дечки бе, штом имате толку слободно време да седите на форум и да реплицирате на сечие мислење, дајте барем седнете прочитајте некоја книга. Си имаме и читателски клуб на форумов, па слободно можете да ни се придружите. Си читаме книги, па си дискутираме :)
    И еден совет - не си земајте сѐ при срце. Ако толку ве погодуваат коментари дадени од луѓе што не ги ни познавате, можам да замислам како се справувате со критики надвор од виртуелниов живот. И таму ли вака се одјавувате? :wasntme:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Doozy, kala21 и 28 други им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Откако Папилон.Папи остави
    акаунт плав,со писмо
    недопишан на форум
    и со жал отиде
    цвеќиња да бере в поле
    пасвордот и се измени
    букви паднаа надолу
    и маус свија кораво.

    Не беше Папи родена
    за тија пусти теми!
    Теми,розеви отрови
    за клик,брз одговор.

    Прва минута помина
    грутка в срцето и легна,
    втора минута намина
    мисла ја во умот искина.
    Трета минута акаунтот
    на Папи покри Фемината.

    И ноќе кога форумџики
    специјално поздравуваше,
    Други тихо над неа
    жални и лајкови кроеја:
    „Зошто ми, зошто остана
    мислеше недопишано?
    Мислење беше проштално...“

    *Смајлиштоплаче*
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, anuskaNESTLE, prettyliar и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На Dog-lover, Nana19 и Dentina им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    39.582
    ^Тролиди едни :D (во позитивна смисла)
    СДК Најбизарно-бескорисните работи ми се омилен вентил кога учам..инфантилно или не,тоа е... :|
     
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753


    Хахаха не важи тоа за сите...ТОА го кажав на ниво на генерациите дека најчесто се такви но секако и дека има исклучоци не се сите исти...Но нај голем дел се такви за жал...Ме плаши оваа младина луѓе , па тек оние што ке дојдат...Многу брз стана животот , децата почнаа да ги прават оние работи кои што требаше да почнат тек после 18 + ама тоа е...Незнам што е тоа што направи таква нагла промена во младите, ајде во ред дека пред 25-6 било по различно но пред 10 години нема многу разлика од сега ? А во што е проблемот сега ? Незнам што се случува но еве неколку родители се пожалија на своите деца дека многу почнале да застрануваат и си имале преголема слобода :x
     
  7. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.347
    Колку сум среќна деновиве, срцето ќе ми испука од пета.
    Среќна сум за брат ми, што конечно успеа да се издигне, после 3 години.
    Сега тој ќе биде успешен, млад, ВРАБОТЕН човек. :)

    Сега уште една снаа ни фали, па да ни се радува куќата. :)
    Ветувам дека ќе сум добра золва. :$ :D
     
    На Dog-lover, Mama25, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  8. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    2.083
    Баш тогаш кога ќе сакам да го заборам, и до некаде ќе ми успее. Веќе почнува да ми станува сеедно за него.. секој ден се чувствувам се повеќе рамнодушна, не го ни сретнувам случајно повеќе, никаде го нема..
    е баш тогаш наоѓа да ми се појави на сон. |(
    Ќе ме оставиш на мира некогаш бе??? :( :swear:
     
    На summer-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    * Интерпункциски знаци.
    И секако, едно празно место после нив.

    Периодов, премногу напорен е.
    Колоквиумска недела, а времево преубаво. Знае да измаме некој непланирана прошетка.
    Во искушение ме става.
    Ама, си бев доследна :!:
    Колоквиумска е, нема опуштања многу.
    Ме теши фактот, дека утре е последен колоквиум, до наредната колоквиумска недела секако :D , па цел викенд ќе сум free од обврски.
    Утре заминува и тој.
    Иронично е тоа што, кога јас полагам колоквиуми, тој е слободен. А кога јас сум слободна, тогаш кај него е колоквиумска..
    **
    Друго што е иритирачко во моментов, се платените политички програми. Значи мака, мака ми е од едноличните лицемерни реклами. Тоа па тоа.
    Заокружи број 1 за Ѓорѓе Иванов, заокружи број 4 за Зоран Поповски, Стево Пендаровски за претседател.. Мислам |( Досадни се веќе. Разбравме кој што направил, и каква програма нуди, но напнаа веќе. Оставете не без манипулации и беспотребни рекламни спотови, рационално да размислуваме и одлучиме кому ја пружаме нашата поддршка.
    И во целава ситуација најиритантниот податок- социјалната помош зголемена за 46%. Фино, фино звучи. Пред некој ден баш за податоков зборував со корисник на социјален случај. И навистина, помошта и била качена за цееели 60 денари, т.е 46%.
    Мислам дека треба да се засрамат, а не јавно да се удираат по гради дека зголемиле нешто.
    Бедни 60 денари. 2 леба тоа му доаѓа..
    Тонеме, тонеме во немаштија. Голем дел од луѓето живеат на раб на егзистенција, под нивото на човечкото достоинство.
    **
    А интересното на форумов е делот со прошталните писма, поемите за збогум, срцепарателните белешки.. Како да ги наречам.
    Вака, од страна гледано, делува премногу смешно.
    А богами, тие споменатите, веќе се групирале во тајни организации, наречени кланови. Со лозунг 'Еден за сите, сите за еден'. Не дај Боже да цитираш еден член..одма навала на реплики од останатите членовите на истиот :D
    **
    И сакам да кажам дека текот на животот не треба да се планира. Секогаш, ама баш секогаш ќе има нешто што ќе тргне наопаку.
    Затоа, уживајте во сегашните моменти и спонтаноста. А долгорочните планови, чувајте ги во себе.
    Штом гласно ги изговорите, силите на Универзумот ќе се здружат против вас.
    Во моментов нештото што ми се случува е непланирано. Последното нешто за кое претпоставував дека ќе се случи, е токму ова.
    Непланирано, ама слатко.
    Нека трае. Се препуштам.

    И така, си направив муабет за секоја сфера од животот.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    И јас сум многу среќна, полека почнаа во нагорна линија да се движат работите.
    Денеска почна нова етапа од мојот живот. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата. Ахх толку многу сакам да кажам ама неможам... Емоушнс ин д еир! :tmi:
    Од секогаш мајка ми ми викала дека сум дете со повеќе среќа него памет. :lol:
    Никогаш не губете надеж! Упорноста и вложувањто во себе на долг рок се наградува и исплати!
    Добра ноќ! :d:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kala21, Feodora и 7 други им се допаѓа ова.
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Веројатно веќе сте забележале дека јас сум исклучително пасивна на тема политкика. Тоа е искрено бојкот како одговор на крајна револтираност. Не сум политички определена, само незнам од кај прво да почнам да се жалам.
    Ќе почнам да се жалам од почеток, од луѓето кои се за жалење. Тоа се активните промотори и плакатолепачо газолижачки појави за време на политичка кампања. Претседатели на локал штабови, фејсбук патриоти. Тие ми се за жалење. Толку мизерно ми изгледаат за време на очајните презентации, ептен е провидно колку и самите не веруваат во сопствениот идеал. Никогаш не би фатила дебата со нив, безполезно е, ќе те нападнат со милион мали невалидни аргументи кои ќе те натераат да паднеш од стол од иронично исмевање на истите. Залудно ќе ги дува ветрот на штандови, ќе носат кафиња и наполитанки по куќи, ќе молат за потписи, ќе трошат телефон за избори.

    Човек од народот, оди во посета на села со еден жител да видел како се живее. Излегува во пресрет како оргомен хуманитарец, глуми интелектуалец во монтирани видео спотови. Предизвикува восхит и овации кај истите примери на малограѓанство расприкажани погоре во постот.

    Патем, никогаш не сум седнала да гледам вести по сопствена иницијатива. Актуелите политички видео спотови се причина повеќе да не гледам телевизија. Никогаш не сум била на гласање.
    Мислам, за која иднина да гласам ?? Државава нема иднина.

    Пуста надеж, дека дека конечно, овие избори ќе ги стават на работа, барем привремена како мафтач на знаме за време на митинзи.
     

    Прикачени фајлови:

    На Markusa2, Mama25, bubamara12345 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Зошто многу млади изгледаат како измутирани ?
    Буквално како измутирани во фаците, а во телата изобличени ?

    Од храната, од недвижењето, од што ?

    Гледаш девојче, машала како жена пред породување, на лик мислиш 30 годишна, во дискотека срам да те фати, си чиниш платена стриптизерка до тебе има.
    Машките со некои бради од 15 години веќе, испрвутени во главите, свиснати раменици и пуштен стомак.
    За тоа што немаат речник, не правам муабет.

    Тромави до срж.

    **

    Далеку од тоа да сакам да кудам или навредам некого. Однапред се извинувам на секој кој погрешно ќе протолкува.
    Поентата ми е што, претерано млади лица воопшто немаат нормален и здрав живот, па најверојатно затоа и воопшто не личат на млади.
    Ние постарите многу повеќе изгледаме како деца.
    Како да ни се заменети улогите.

    Најдобронамерно, за сите млади нека си посветат повеќе внимание на себе, нека се движат, нека спортуваат, нека се хранат поздраво, нека се однесуваат примерно, нека читаат малку книги.
    Навистина да личат на млади.
     
    На Mama25, Daydream, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  13. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Сакам да кажам дека мразам кучиња.
    Кучиња скитници.
    Ок,разбирам дека немаат постојано место на живеење,ама секое второ да иди во населбава,па стварно ми е преку глава.
    И плус ни ги напаѓаш,ни ништо тие ти лаат и готови се да те нападнат.
    Да не може човек да влезе и излезе од дома.
    |(
    ***
    Мразам луѓе кои прават се за нивното мислење да биде универзално.
    Т.е другите да не можат да го кажат своето мислење и цело време да им се оди по газот.
    Ама само за тие да бидат среќни.
    За другиве,ич гајле не им е.
    Важно нив им е погодено.

    Ох.
    Ако е вакво утрото којзнае каков ќе ми биди денот.
    :?:
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Хомосексуалец е сексуална определба а педер е карактерна особина.
    Овие вториве ги има повеќе.....

    Сдк-2 Добро утро :sun: :f: :hai:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Најважното нешто што го носиш со себе е Умот.
     
    На anuskaNESTLE, XstrongerX, Peppermint и 14 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.377
    Допаѓања:
    286.688
    Добро би било кога старата врска не оставила никакви рани. Оти и оние залечените се чуствуваат и живееме со нив секој ден уште долго после крајот.
    Простуваме...ама не забораваме.
    Некои посакуваат да ги види стариот партнер со некој нов од инат, за да им се наполни егото и он да се потсети што испуштил. Некои други воопшто не сакаат да бидат видени поради надеж дека можеби еден ден повторно ќе бидат заедно.

    И постои една weird категорија.
    Не сакаш да го видиш стариот партнер оти знаеш дека сеуште е сам, дека ќе го боли. Бидејќи неговата болка ќе ја чуствуваш многу појако од онаа својата.
    Не можеш да се сооöиш со моментот некој да ја држи твојата рака и изнудува насмевка на своето лице додека он го гледа тоа и пати...
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, anuskaNESTLE, Doozy и 18 други им се допаѓа ова.
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ..Мирот што го имам внатре во себе неможе да се замени со ништо...
    Не должам никому ништо,немаме извалкакни имиња,и немаме вперени прсти во нас..

    Надеж за подобро утре.
    Тоа го имаме.
     
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Сте посакале ли некогаш да избегате, некаде далеку каде што никој нема да може да ве најде?

    Има една мала солза позади секоја моја насмевка и никогаш никој не се потруди да ја види.
    Годините дојдоа и поминаа, патував, гледав различни луѓе и култури.
    Забранетото ми беше секогаш послатко. Или тоа беше туѓото? Сега веќе не е важно. Сум ги посакала и двете. Сум ги добила и двете.
    Ме стегаат гревовите кои се редат како бисери на вратот, надевајќи се дека нема да ме загушат.
    Споредувам што можев да имам во моето детство, и сфаќам дека после толку години потрага по совршенството, имам едно големо ништо.

    Те молам однеси ме назад, барем за миг ако може. Назад во времето кога ја немаше солзата зад мојата насмевка, тргни ги сите тие бисери од мојот врат, врати ме назад во моето детство.

    Билет во еден правец, ве молам. Завртете десно после втората ѕвезда, и одете право се до изгрејсонце.
    Никој и ништо не е вредно за она што го оставив позади мене, моето изгубено детство.

    Се гледам себеси во Недојдија, заедно со Петар Пан.
    Се слушам себеси како се смеам играјќи со играчките.
    Биди моето изгубено момче, мојата последна шанса, мојот најдобар план, мојот пат кон изгубеното.
     
    На Abeja и Deemy им се допаѓа ова.
  18. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    10.391
    Период ќе да е најверојатно...
    Набљудувам и оценувам луѓе, мерам во грамови на кој може да верувам.Има на кој да се потпрам и заплачам во секое време,но има и кој да игнорирам цело време.
    Тоа е животот!Не може на сите да им се допаѓаат нашите одлуки и особини.Кој не прифаќа и со нашите мани и кој сака вистински на не осознае добредошол,кој не збогум.
    Без лутки и нервозирања,едноставно не можеме да се „вариме„ во исти котал :D
     
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Секој којшто се самопрокламира за реалист е еден типичен тежок песимист. - Златно правило на погледите кон светот(ако мене ме прашувате).
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    првото утринско кафенце е најубаво, неговиот мирис веднаш ме расонува...
    Денот е убав навистина убав, а јас веке бројам денови до едни мои настани...
    Се надевам уште побрзо ке ми поминат деновите и ке се случат моите посакувани работи...

    Добро утро на сите денот нека ви биде исполнет со многу насмевки и среќа а животот нека ви биде цветен и прекрасен како надвор расцветаните дрвја...
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.