Матурирав пред две години... и ич не се извеселив на сопствената матура абе ни КАПКА алкохол не се напив! Дома си појдов во 11 часот.. да да, не дочекав ни да заврши забавата (за афтерпарти ствари не идеше ни предвид). Може затоа што не си живеев многу со генерацијата.. може затоа што сме такoв пар со дечко ми што се правиме заедно, и ја не знам да се веселам без него... може да немав дечко ќе останев до сабајле, логично.. што нужно не значи и дека ќе си поминев убаво. И сега, сите се фалат колку јако си поминале на матура, колку испиле, колку се изнаиграле, колку доцна се вратиле.. почна да ми станува криво еден период што немав и јас убав помин. Некако ми фалеше таја близина со генерaцијата сите што ја опишуваат, и оние тинејџерски понашања, пиење, лумпување, сите глупости што народот ти ги простува оти си млад и зелен Е сето тоа јас не го правев "на време" (ако има смисла поимов). Арно ама, вчера моја блиска другарка правеше матура.. виното црврно се погоди (иако после сето заврши в леѓен ), музиката такоџе, друштвото.... од тука на мое инсистирање јас и дечко ми се префрливме в кафана... таму уште толку... и Татјана прв пат се направи ѓон пијана. Дома моите не ме познаја... на дечко ми му се бендиса мојата друга страна... другарите жалеа што не дојдоја со нас... келнерите чудно ме зјапaa (ама па тоа му е работа, како ќе му биде интересно иначе ), таа шо ми продаде сладолет исто така, ама ако мене ми беше супер! Почнав да се веселам, да пијам, да тресам глупости од кога (наводно) пораснав (шо сум пораснала бе, 20години ). И добро ми е подобро од кога бев средно. Бааѓи поубаво си поминувам... а тек почнувам И сега сфаќам... не мора да се лудува во средно бе ни на матура, ни на екскурзија, ни в кафана со класот... можеш кога сакаш, уствари. Можеш кога ќе имаш добро друштво, можеш кога ТИ ќе посакаш да го правиш тоа. И така е многу подобро него она веселење со сила, оти така ТРЕБАЛО... Еххх.. мило ми е заради Мене што си го сфатив ова... ми требаше
^ Aбе треба да се лудува во средно, не зезај. Иначе би било убиствено досадно. На што ќе се сеќаваш од тој период, на тестовите и часовите? Да си се веселела на твојата матура, не би било тоа со сила. Можеш кога сакаш да откачиш, нема аргумент против тоа, ама греота е да ти биде досадно во средно. Не е возможно од цела генерација баш со никого да живееш и да не можеш да се забавуваш на матура. Што знам...
@Tatjana95 животот секогаш може да е забавен ама најзабавното е во средно. Штета што тоа си го пропуштила. Другите знаат дека ако во средно не прават глупости и не лудуваат, нема кога. После не е исто.
^ секоја чаша алкохол е приказна за себе. Ама ниту една не е иста. Дали е неделен ручек во прашање, нечија свадба, обична седенка со друштвото или твојата матура - секој настан за себе. Не ги пропуштајте настаните. Каде што можете да отидете и да се дружите, нека не ве спречува лошо расположение или дечкото. Матурата е еднаш, апсолвентската исто. Не ги пропуштејте ниту екскурзиите, секој со своите можности. Верувајте еден настан никако не може да се компензира или замени со друг. Сепак, не може да биде "тооолку лошо"...
Сите си имаме маани. Добро е да си свесен за своите маани... СДК дека многу малку од луѓето можат да си ги поднесуваат своите маани кај други луѓе.
Денес решив цел ден во пижами да седам. Колку повеќе во нив седам, толку повеќе ми се спиет. Е сега, дали ке умрам за спиење или од спиење - останува да видиме.
Си уживам, си слушам музиче, дојдов само да ве прашам : - Не ви се слични песниве? Мене случајно слушајќи ја оваа од Sia- California Dreaming страшно ме потсеќа на онаа Љуби се исток и запад... може до мене е, преслушајте ги, дали и вам вака ви изгледа или до мене е, а може и до денот и расположението викендско и матурско Ќе ви пуштам и линкче, да не ги барате..
Денес ни стигна првата половина од стипенијата и скроз се израдвав. Со оглед на то шо немав ич ич ич пари периодот, стварно ми олесна. И прво нешто шо направив- си го закажав кучето понеделник на вакцина и чип Приоритети! Се изначека кутрото дури да имам пари. Еднаш е вакциниран за беснило ама пред две години и тоа сумливо ми беше. Сега убаво ќе си го вакцинирам и ремче ново ќе му купам! Срцееее моееее И така дечки, вечерва ќе ја поминам гледајќи ја The Hobbit трилогијата со брат ми и пуканки. Па утре си викам нека е подобро времето да излезам да прошетам...
Многу сакам изненадувања. Сакам да подготвувам, се хранам со насмевката која изненадувањата им ја изнудуваат на моите мили луѓе. Уживам во подготовката, деталите, ситници. Дури и кога изненадувањето е ситница од типот на омиленото чоколадо на другарка, малите нешта се оние што го прават животот поубав и повозбудлив. Ама сакам и мене да ми приредуваат изненадувања. Копнеам да добијам кутија леонидас или чоколатциња од Chocol'art. Или да ме однесе некој на кино, театар. Така ноншалантно и одбрано, префинето и креативно!
Месецов ми е бајкаа и многу ми е жал што деновите се побргу поминуваат но се радувам затоа што скоро секој ден добивам некоја убава вест,многу насмевки,честитки,телефонски јавувања . За среќата да биде уште поголема вчера се породи и една блиска пријателка, големо е задоволството затоа што бебката е родена баш на мојот роденден, исто се радував пред 5 години кога внук ми се роди на мојот роденден. Посебни луѓе се раѓаат на посебни дати Споделената среќа е уште поголема
Песнава дури сум на работа неколку пати ја слушнав на радио, едвај успеав да ја најдам мислејќи дека е на Ријана, значи предобра е типкава светски звучи и изгледа, секоја чест за албанскава музичка сцена Стварно ме изненади
СДК декa мн си гo сaкaм мм,денoвиве ми е пoсебнo тешкo зaштo oд пoнеделник ке бидеме рaзделени месец денa,oк нее ни мн зa рaзликa кoгa сме биле и пo седум месеци,нo ми се смaчи дaнее тaкa дoмa сo нaс,некoгaш еден ден,некoгaш,целa неделa,се пo терени,тaквa му е рaбoтaтa знaм,мoрa нo несaкaм..нескaм ни дa види декa ми е тешкo,зa дa не сеекирa и глумaм декa сум oк,и декa ми е нoрмaлнo,се пoнaшaм кo дете знaм,нo немoжaм пoсилнo е oд мене,не декa кoгa е дoмa сме зaлепени еден дo др. нo дoвoлнo ми е дa знaм декa е тукa,вo др сoбa,декa е вo двoр,декa спие дo мене,тoлку ми дaвa мир,сигурнoст негoвoтo присуствo,a тoлку немир,тaгa и прaзнинa кoгa нее дoмa. Ете сегa имaш друштвo,бебе не си сaмa ке ми речaт,кaкo секoгaш,нo нее истo тaa љубoв е др,a тaa другa,и уште сегa ми недoстигa,и силнo вo грaдите ме бoли...несaкaм ни минутa дa сме рaзделени,секoј ден гледaм нa чaсoвникoт кoгa треебa дa си дoјде oд рaб.и уште пoсле 10зaеднички гoдини ме бaкнувa пред дa oди нa рaбoтa,и кoгa ке си дoјде...пред кoгo билo,и кoгa билo..вo нaјтешките мигoви oд мoјoт живoт бил сo мене,ниту еднa другaркa,никoј не ми е тoлку дoбaр другaр кaкo негo..збoриме зa се,се смееме,плaчеме зa се ЗАЕДНO..зaеднo гo пoминaвме тешкиoт пaт вo биткaтa зa бебе и успеaвме..уште кoлку дa пишувaм мaлку е,нз и oвa зoштo гo пишaв,нo некaкo мoрaв..ми тежи нa душaвa нештo...некa пoмине времетo пoбрзo
E da, ocigledno od niednoto Sdk.. uzivam vaka koga vrnit I si lezime so sakaniot vo temnica, so dve tri svekji, slusajki go dozdot kako ni tropkat na prozor...♡ Спојлер Ziva romantika sum xD
На овој Марфи колку сум му омилена, тоа е чудо нешто. И нее, не зборам за она фаќање цел бран црвени семафори баш кога каснам или редот на каса секогаш е побрз од како ќе се преместам во другиот. Пфф, мачкина кашлица е тоа во споредба со она што ми го приредува секој ден. Со маки си редам коцка по коцка за да биде се како што треба и кога конечно сум успеала си викам ај сега едно кафе, да одморам и пак во акција. Прва голтка од кафето и си се радувам колку е добро тоа што сум го направила, ете ти го Марфи. Туп, прво мене шамар коа во стил кај смееш ма да имаш време да се порадуваш, тууууп, после рушење на она што сум го напраила. И ни кафе не сум допила, пак од почеток. Фала Марфи, онака од срце. Тапа фраериште си, да не биде не сум кажала! Не, озбилно. Или не треба да бидам толкав перфекционист (ама ај смени го тоа) или наскоро ќе ви пишувам од лудница. Толку се е збркано, не знам ни од кај да почнам едно по едно да средувам. Толку сум изгубила нерви и трпение што дури не се препознавам. Како темпирана бомба сум и само мала ситница ми фали за да пукнам. И тоа од оние појаките експлозии, е ко огнометот на Прокредит банка во 10саат. Претходно бар брзо поминуваше, сега бре нејќе ни да чуе. Лута ифрит дур некој не го окрка, често ни крив ни дужен. Е до тој степен е дојдена работава. И обично кога и да сум била меѓу два огна, некако од одма си знам во кој сакам повеќе да горам. Малку анализирање, малку време на времето и првата одлука се покажала како правилна. Сега пак знам што ме влече повеќе ама тоа значи повредување на луѓето со кои ги поминав изминативе две години. Ако избегнам да ги повредам, би се повредила себе. Некако се плашам дека пак себеси би се ставила на прво место...