Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    1.599
    Пол:
    Женски
    Таа беше толку беспомошна, мала и заљубена. Таа го сакаше,го сакаше толку многу што заспиваше со неговата фотографија во нејзините раце.Толку многу го сакаше што тоа беше невозможно да не се примети од далеку.
    За да биде среќна, доволен и беше само еден поглед од него и во тој момент секој можеше да познае што чувствува кон него и колку големо е сето тоа само од нејзините очи кои блескаа. Доволен и беше само бакнеж во образ, за да биде среќна целиот ден. Доволно и беше само да чуе „Добра ноќ, малечка“ за да може мирно да заспие. Сето тоа и беше и повеќе од доволно.
    Не можеше да ги сокрие чувствата од никого, штом се спомнеше неговото име блага насмевка се отцртуваше на нејзиниот лик, и' навираа солзи и ја наведнуваше главата надолу. Го сакаше толку многу што дури ја болеше. Ја распарчуваше.
    Сите го гледаа тоа, освен тој. Или пак можеби грешам.. Можеби го гледаше, но не сакаше да го прифати. Не сакаше да прифати дека тоа мало девојче, со кое до пред неколку години играше криенка, сега е порасната и го сака. Го сака со сето свое срце.
    Сепак, изгледа не сакаше да прифати.
    Но таа покрај се', покрај се’ се надеваше. Се надеваше дека ќе биде негова, а тој само нејзин. Се надеваше дека тој ќе биде нејзиниот херој.
    Таа толку го сакаше неговото движење, толку го сакаше таков каков што е. Го сакаше мирисот на неговата цигара, јакиот парфем кој и ги буди сите емоции одново и одново. Го сакаше, толку обичен, за неа совршен..
    Се радуваше на сe’ што беше поврзано со него, макар и да е најмала работа. Му го подаруваше сиот свет, правеше се за една негова насмевка. Но, ништо не и беше возвратено.
    Тоа девојче се’ уште се надева. Се надевам и јас.. Бидејќи според мене, тие се создадени еден за друг. :)
     
    На summer-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Морам да престанам да халуцинирам дека сум ги изгубила клучевите или телефонот секогаш кога нема од прва да ги дофатам :doh: !
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Кога незнаеш што со себе, земи брашното, замеси некое слатко :mm: И радувај се пред рерната, додека се збувнуваат тие мали чоколадни колачиња, ем си работен, ем шеќер не е на одмет никогаш :angel:

    Плус, задоволството мене ми е поголемо, ќе ми поминат добри 5-6 часа читајќи и кркајќи :emo:
     
    На bittersweet, ozbilnazena, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Денес сум нерасположена исто како времето.
    Како велат, не ми стапнувај на жуљ :rofl:
    Ми се ручка нешто плус.
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.328
    Пол:
    Женски
    Дојде време за промени. :rofl:
    Јас ќе го променам тоа, само гласајте за мене. :P
    Добро, прекинувам тука со самопромовирање и кампањи. :D

    Само што си дојдов од фризер, косата отиде.
    20+ сантиметри ја ишишав. :D
    Обична промена, но сепак се чуствува.
    Жешко ми дојде и викам ај ќе си ја фатам во репче, па прво се чудев кај ми отиде толкавото репче, но ми текна, но вака е подобро и така голема обрвска ми беше косата. :D
    Секоја промена е добра. :)
    Инаку имаше колумна нели една недела може да ти го промени животот. :)
    Се согласувам, но и само еден момент исто така.
    Конечно по толку време слушнав нешто што потајно се надевав дека ќе се случи.
    Е сега дали ќе биде добро или лошо, времето ќе покаже.
    Најбитно да сме живи, здрави и среќни, па останатото како и да е ќе помине, без разлика дали е добро или лошо. :)



    А сега ми текна на нешто, ми оди да се закопам во земја, ама ајде добро, дете бев (и сум).
    Кога пишував дека ќе си ода, па се враќав, а вие упорно ми кажувавте, а јас мислев дека намерно ми го правевте тоа, а само сте го пишувале за мое добро. Малце доцна сфатив, но како и да е, почнав да ги слушам возрасните, затоа што 90% од тоа што го кажуваат е точно и кажано само за мое добро. :tmi:
    Со кој памет го пишував врска немам.
    Тоа ко да не бев јас, некој друг беше. :rofl:
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Што било, поминало. Што е, така требало да биде и точка.
    Не се жалете, секогаш може да биде и полошо. :P

    Јас на пример, си имам поголеми проблеми. [​IMG] Се сопнав на тротоар и најверојатно преметнав некоја жила, кај глуждот. :D Глужду не боли, Елена те моли! :D Едвај се дотетеравив до автобуска. Демек идам споро, лагано, врмето е со мене, ништо не ме засега. 8) А јас у ствари, едвај одам, со петни жили се трудам, да одам нормално и да не изустам ниту еден неартикулисан звук. [​IMG] А воедно и да го фатам автобусот, што ми бега. Нескафе направив јас, три во едно. [​IMG]

    Иначе, јас сега така се нафукав... што се прејадов. :wasntme: Не можам да мрднам. :D Од што бев гладна, бидејќи не бев јадена од вчера сабајлето, а станата бев во 5:54, не можев да дочекам да се доварат јајцата. [​IMG] Полуживи ги изедов, ги бутнав во салата. :emo: И приметив дека ми останале некои лушпички. Почна да ми крцка нешто во устата. Е.агоооо сега. Можеби бил кимот. :rofl: Нек се угоде. :D

    Ај, здраво. :handshake:
     
    На ines.h, Hipster, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Нема да издржеш, ќе сакаш на некој да му го тропнеш 100% :lol: Те чекаме со нов профил ;) , а до тогаш...we'll miss you (and your humor :) )
    p.s. не не` терај долго да ни фалат твоите постови!
    :hai: :*

    п.п.с. Немој со редактирај - финти, срце ќе ме лупне :angel:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    10.387
    ^Зарем поверува?СЕ зезаше Абеја во контекс на муабетот. :D
    Бај д веј ако веќе сакаш да одиш некаде Абеја,намини накај мене :D
     
    На sofijanoka и Abeja им се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    ^ па што ја знам.. гледам шема е напуштање форум, па си викам во случај да е така да ја отпоздравам. Срцка ми е и обожавам да ја читам :)
    Сфатив дека праи мучки ;) Плавуша, јбг, касно капирам... :D
    Патем, ако се собирате, викнете ме. Јас честам кафе ;)
     
    На Viktorijaaa5 и Abeja им се допаѓа ова.
  10. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Да те исправам ;)
    На што личи?Постојано гледам вакви мислења и не можам а да не прокоментирам.Неможам.Сега не кажувајте дека се правам паметна,ама навистина веќе преку глава е со вакви улигувања,лижења на газови и сметам дека најчеста причина се или ѕвездичките или едноставно умилкувањето.
    Можеби не е ништо,но јас не трпам ова, ни овде кога ке видам ни на фејсбук,твитер или што и да е...
    А не пак во живо. |(
    Но ,навистина напишете едно озбилно мислење .Да има почеток и крај.
    А, не без интерпуциски знаци,без точки, а правописот 0.
    Нашол кој да зборува :x
     
    На prettyliar и Abeja им се допаѓа ова.
  11. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Горниот пост бара супервештачење. Ама ај да не се мешам :D
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Сепак е убав животот.
    -Знаете сите дека во одредени моменти се жалиме, како животот ни бил лош и дека сме можеле поубаво да живееме, но тоа е она што ни го одредил Господ.Сепак колку и да мислиме дека е лошо секогаш има полошо.Се сеќавам и јас, имаше моменти кога велев дека во животот имам само бура, како кај мене се лошо оди и дека никогаш тоа нема да се смени.Но ете бидејки верував во подобро утре и дека се еден ден ке среди се среди. Незнам дали затоа што бев оптимист и премногу верував но ете сепак сите коцки се наместат. За да имаме среќа мора да имаме и лоши моменти инаку како би ја препознале среќата? -Епа никако, затоа мора се да помине за еден ден и најмалата среќа да знаеме да ја цениме.Паметам кога бев помала и кога моите другарки излегуваа до покасно а јас морав да си дојдам дома пред 12 часот во тие моменти тоа беше мојот најголем проблем , што на моменти си го мразев животот но знаев дека и тоа еден ден ке се промени, дека се ке си дојде на свое место затоа несакав да им се спротистваувам на моите родители, бидејки сигорно тоа го правеле си нивна причина а за мое добро. Ете помина и тоа , веке одамна ја имам таа дозвола сама со себе да си раководам и да се однесувам одлуки а што ке беше ако одамна направев некоја глупост ?
    -Но ете верувам дека сепак секогаш дојде она на кое што се надеваме и она кое го сакаме. Кога му ракинав на дечкоми (моментално сега пак сме заедно зборувам за порано кога раскинавме мислев дека јас сум некој победник, дека некогаш јас сум пресудила во животот, дека само тој пати и дека јас сум ЈАС ете направив нешто , јас бев таа која раскина сега нега ттагува по мене...Тој тагуваше не дека не , но по извесно време јас почнав многу повеќе да тагувам, прв пат во животот сватив дека сум направила грешка за која не се простува и дека не се дава друга шанса ! Но ете и јас пак добив шанса си ја повратив довербата и сега сме си среќни значи она што е твое секогаш ке си дојде и од судбината не се бега. Со овој пост сакам барем малку да им покажам на помалите дека не е се така црно во животот како што замислувате, она што сега ве мачи утре ке се смеете на тоа , само немојте да избрзувате со одлуките и зборовите.
    Се издерувате на своите родители за работи за кои еден ден кога ке бидете свесни или кога ке бидете родител нема ни вие да ги дозволите. Нема родител кој мисли лошо на своето дете... И секогаш сакајте го оној кој вас ве сака , а не оној кој не ве забележува но бил нај добар фраер, имал убава куќа или кола....Во животот сватите дека љубовта, почитувањето и довербата се нај важни...Не е доволно само вие да сакате некого, бидејки така ке се осеќате празни , најубаво е чувството да бидете сакани а уште поголемо е задовлството кога и вие ја возвраќате таа љубов.
    Во животот пресудни се и парите иако некој вели ''ПАРИТЕ НЕ МИ ЗНАЧАТ НИШТО''-Мене ми значат но не да сум некој манијак за пари но да ми значат.Да немаме пари нема да имаме здравје ,бидејки сите сме свесни дека ако денеска имаш пари ке имаш и здравје, ќе платиш лекување и ке оздравиш штета оној сиромавиот кој нема скршен денар, нема ни да го погледнат докторите...Ако немам пари неможам да се слушам со дечкоми кој е далеку од мене бидејки за тоа треба пари...
    Во животот е потребно да има се но доволно е од се по малку да биде тоа...Малку љубов но од оние кои ни значат, малку среќа но кога ни е нај потребна, малку пари за да си овозможиме пристоен живот, малку пријатели но искрени нека бидат....
    Да имаме се во животот во умерени цели...Онолку колку можеме да имам скромен а среќен живот.
     
    На Maria.Vampire му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Добро, оние мајки кои одат да молат наставници за оценки,што се лигават и им лижат гз,се запрашале каде ќе заврши нивното дете во животот? Во основно ќе молиш, во средно мислиш на некој му е гајле што твоето дете од вкупните 300 во генерација има двојка затоа што не седнал здраво да научи. Доаѓа факултет,доаѓа вработување,самостојност,неможеш ти цел живот да одиш да молиш. Е на таквите,еден ден животот ќе им плесне освестување наеднаш, за да сфатат колку слепо го отупувала детето со тоа нејзино лигавење.
    И луѓе,па дали сериозно ви е дојдено до препукување на форум? Убаво кажа АнаКаренина,ако имате толку слободно време, седнете прочитајте некоја книга,прошетајте негде,пролет е, издувајте се надвор малку,има толку поинтересни работи од докажувањето која била понеписмена.
     
    На Golden, LittlePinky, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.312
    Пол:
    Женски
    Се моли Април да се опраи, не му доликува! -.-'
     
  15. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Ти ми исправуваше грешки или ми ја прераскажуваше реченицата?
    Не гледаш дека таму каде што имам мала буква немам точка пред тие зборови?
    Гледаш дека измеѓу „Да се има почеток,да се има крај“ имам запирка?
    Стварно не знам колку е литературно македонски важно сите го употребуваме и верувам колку треба да се смета за правописна грешка.Всушност знаеш ти воопшто што е правопис ?
    Нит(ниту) го сретнав на форумов и претпоставувам на некој дијалект е.Мене интересно ми звучи и затоа си го употребувам.
    УмилкувањеТО - чекај малку,мене со тоа членување реченицата ми ја губи смислата...
    И ама се употребува во литературен македонски јазик.
    Единствено запирките после „А“сум ги пропуштила.Ете,да,грешка ми е тоа.
    А,сега ти размисли кој треба да е во потрага по тој што треба да зборува. ;)
    И да,се извинувам ако се пронајде во моето мислење.
     
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Пушти на канал 5 избори 2012 на сител истото на Антена 5 пак исто неможам пјше да ги слушам изборниве кампањи досадни ми се многу......
    Туку ве поздравувам со песнава и имајте убав винекд
    http://www.youtube.com/watch?v=m_1QqYdEjC8
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    КОНЕЧНО! Така бе брат! Ми стигна лаптопот после еден месец маки со онаа кантата!
     
  18. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Жени на пазар, кокошки во кокошарник, деца на фемина... И после се прашувате зошто нема добри дискусии или каде заминаа старите добри членови.
    ***
    Сакајте и бидете сакани, живејте во реалноста и не трошете време и нерви на форуми и интернет. Борете се за тоа што го сакате и запомнете: Минатото не се враќа за да може да го промениме.
    Учете од своите грешки и од грешките на другите и носете помудри одлуки во иднина.
    На крајот секој го добива она што го заслужува.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.328
    Пол:
    Женски
    Некој ни таква канта нема, па биди среќна што имаш барем компјутер, без разлика дали е лаптоп или обичен компјутер, затоа што деца плачат за леб, а не па на канта компјутер да мислат.
     
    На Someonespecial и Maria.Vampire им се допаѓа ова.
  20. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    2.083
    Си го сонвав идниот маж :o
    Добро ... во сонот ми бил маж, воразсни сме биле.
    Леле каков маж бе луѓе лиги да ти потечат, едно тело, па поглед, па насмевка, па очи... :inlove:
    ако стварно ми биде таков мажот ич не му ја секирам сега и сама да сум.. :rock: :x
     
    На Elennaa и LittlePinky им се допаѓа ова.