А ти па од кај знаеш за каква канта станува збор? Што мора да цитирате на секое и да се правите паметњаковци. Секој втор пост стана бљувотина, ај олабајте малце!
Не го кажав тоа со цел да ја исмејам, туку напротив. Само сакав да и укажам дека не е убаво така ништо да не цени. Сепак нејзините и го купиле, а сигурно со труд ги заработиле парите. Каков и да е битно има нешто, некој го нема ни тоа. Не сакам расправии, затоа ве молам без нив. Можеби подобро беше преку ЛП тоа да и го пишам, но бидна сега.
Абе ти сфатив поентата јас, али стварно олабајте. Едни за ракопис, трети за опроштални писма, четврти кој е попаметен.. и што стана форумов? Бетер од Гламстик.
Абе сите да не сте во некој колективен ПМС? Како викаат американцине, синхронизирани ли сте, сите во исто време да не имате добиено или ќе добивате наскоро? Не ми е јасно зашто толкави акти на агресија одеднаш, како да сте собирале па нaеднаш сите се испукaвате кај што е место и кај што не е место. Дајте малку чилувајте, идете истрчајте се, извежбајте се, убав совет добивте-книга прочитајте некоја, учете за некој тест, поима неам што, ама доста како стринки тетки само се пецкате, ама озбилно, на секој пост некој ќе ја добибери отпосле. Деца, тинејџери, возрасни, сите за ќотеци...
И јас се чудам. Мора мерки да се преземат. Само што адиминистраторите не се тука за тоа да го решат. Барем малку внимание од нив, пак на нешто ќе личеше форумов. Овде сите се нешто да кажат, а не да очекуваат одговор на тоа што го напишале. Дајде малце опуштете се, жити се. Мене и април ќе ми помине како март. Ужас! Се осеќам како да сум со напрчена уста и чекам да измине месецов.
^ Мислам дека нема за што да се цитираат постови од оваа тема зошто јасно и гласно гласи Сакам да кажам... значи тоа што сакам ќе го кажам и нема што некој ни да ми замери, ни да ме цитира, ни да се надополнува или надоврзува на мене или на вас, посебно не нешто слично на она погре со QueenElena & Dream-Girl. Мислам стварно нема потреба . Барем овде нека нема караници, да можеме што ни лежи на срце да си кажеме без помислата дека треба да се пазиме што ќе кажеме, и притоа да наведеме некој на реплицирање!
Сдк се ке биде ок, знам јас. Добро може лажам, може сама сакам да си верувам, може не знам ни шо зборам-ама не може друго да биде, надежта последна умира Друго шо сакав да кажам... извинете ме сите (цимерки мои мили, мамо/тато, колешки, ама сите баш), не ми се зборува сеа, ама па и не мора да ме напињате да кажам шо ми е-НЕ МОЖАМ сфатете ме. Знам дека сте загрижени ама верувајте не можете да ми помогнете. Спремна сум да ги трпам последиците сама, ама можам јас, знаете и вие, па нели стронг ис мај ласт нејм уше нешо-теретанке моја мила, мн ми е жал шо не можеме да се дружиме деновиве, дури ни ти не можеш да ми помогнеш. тоа е се шо сакам да кажам у моментов, ама знам дека покасно пак ке се вратам, чисто од досада и од слободно време кое баш сега го искористувам да размислам за сите грешки и за тоа дали вредело да се направат
Обавезно, ако си некаде на плажа, трчам кон тебе. Нарачај коктелче. Ај ма па ти, од кај знаеш како викаат американците, нешто пред време се американизираше Се собираме утре на плоштад во Скопје, ќе има фемина собиранка околу 20:00 часот, после собиранката одиме на кафе. За малку што не подлегнав на провокациите и не се збогував со фемина. Ама просто немав срце да ги игнорирам тие срцепарателни лп што почнаа да ми пристигаат, откако го најавив моето отсуство. Душата ми плачеше, срцето не ми даваше, особено откако прочитав неколку пораки на феминковци и феминки кои неодамна сакаа да се збогуваат трајно со форумот, некои по два-три пати пробуваа, пораки кои навистина успејаа да ме разубедат да останам, бидејќи тие истите за малку што не ја направиле таа грешка. Јас сум им бескрајно благодарна за несебичните заложувања за мојот фемински опстанок и моето патешествие на фемина ќе продолжи по нивна заслуга. Денов никаков, па и кучето ме измори преска, се одврзало и едвај го врзавме, ме исполигави, пробуваше да ме бутне со боречки вештини, замислете со предните нозе ми ги заробува нозете и пробува да ме собори, како мечка е, едвај се додржав на нозе. Па така направена лом соблеков тренерки и гола во соба. Сега морам да ја мијам косата, зашто миленичето мое кога скокна со уста косата ми ја фати, па така убаво ја навлажни, сега ми е гадно вака да седам. И ај бе не галамете, да не ви дојдам таму да ве замавам сите до еден, можда до петнаесет до два.
^Е како не си ја слушнала најголемата глупоштина, кога се прашуваат дали сите во друштвото се синхоринизирани зашто имаат во исто време добиено? Пих па и ти, ништо не знаеш Ќе те научам јас, тамн да се спремиш кога ќе добиеш грин кард, ај ај, памтам јас се
Не ми беше поентата за тоа што викале американците, туку ти што викаш дека викале де Оди па дојди, па ќе правиме муабет после, ќе дознаеш уште нешто пооригинално, плус ако најдеш некој американец приватно да те подучува урбан ленгуиџ, па има после да се правиш демек = плис спик ми побавно македонцки за да те руазбелам
Не си жива ако не ја дозабибериш нели? Ќе ти кажам јас на тебе каков ленгуџ кога ќе те фатам за тоа ушите...
Микс од илузии.Бура идеи и невозможни комбинации од случки. Распослани фотографии на подот во црно-бело издание ме прогонуваат како сенка во ноќта.Тивко шепотат за спомените.На бледите ѕидови висат стари слики,а под нив дамки како белег на времето што го изоделе. Крцкаат дрвените греди под брзите чекори на ветерот.Секавично ме вознемируваат. Капките од бистрата вода се тркалаат по површината на чашата небаре тоа се солзите што копнеам да исчезнат од малото лице. Го чувствувам мирисот на зелената трева и вдишувам свежина. Во далечината одекнува непознат глас.Измешани поими.Спектар од разиграни бои го краси небото. Издишувам тага.Сонцето е сведок. Погледот ми е вџашен во преполниот орман со спомени и уморно ги барам моментите исполнети со восхит.Многу патеки,а само еден патоказ. Која е за мене? Како да бидам сигурна дека чекорам кон среќата? Веројатноста да ја изберам вистинската е голема колку еден детски бакнеж.
Во мене длабоко има желба да бидам успешна жена...Под успешна не подразбирам да бидам вработена во влада, или на некоја голема функција , туку да си имам своја културна работа со која ке си имам моја плата, за да можам едно кафе сама да си платам и да му речам на маж ми: -Сакаш да те носам на вечера ? Да бидам домаќинка, која ке знае да ги задоволи мажот и децата со прекрасната домашна храна...Се замислувам во кујната како готвам прекрасен ручек и секако и колачиња за моите сакани. Сабајле да ги носам децата во градинка а јас и мм да си идеме на работа...Попладнето сите заедно да си го поминуваме.Не сакам да бидам од оние жени кои што ке седам само пред тв и гледат турски серии, кога сум дома ке се трудам да им удоволам на моите, а после тоа и да си излезам со мм на прошетка а бабите да ги чуваат внуците. Искрено жал ми е за оние жени кои секогаш се дома и никогаш немаат излезено на вечера, на кафе, за жал уште имаат некои предрасуди. Една од тие е и мајками , по цел ден во кујна да зготви да измие да исчисти, но додека сум со неа тоа ке го променам, ке ја шетам почесто ... Но за да биде тоа така мора да сум со тој што го сакам...Бидејки зад секој успешен маж стои по успешна жена и обратно.
Зошто најголемите зини земјо голтни ме моменти се случуваат пред очите на оние кои најмалку сакаме да ги видат тие бламови?
Ајде и јас ќе бидам во улога на паметњакович во ПМС, ама неколку пати прочитав дека се жалите што на сајтов има политички реклами. Е де е.. секаде има, па така и овде. Не знам што се чудите? Голема работа Башка луѓе, тоа се плаќа Од каде на сајтов пари ако не од реклами? Што се правите сите енглези не ми е јасно.. Имало политички реклами. Има. Ќе има уште 2-3 недели. Па пауза . Замислете дека е реклама од некоја крема и готово. Тоа е исто како што се рекламираа вип или кои и да беа пред некое време. Тоа дури беше брутално, го силуваа цел екран па уште требаше да ги чекаме да свршат. Е тоа не сметаше, ова смета... Па тука има новинари, доктори, психолози.... па тие трабаат плата да земаат од некаде. Само да се мрчело...
Мислев дека сум уникат, се додека не почнав да читам 9gags и twitter. Си имам една мака. Ова чоколадово што го јадам, не ми е доволно благо. А денес ова ми е трето, башка сладоледи што јадев. Благоманијак? Би рекла не. Моментот кога ќе дознаеш нешто, што ќе те разочара крајно, па ти доаѓа еден филиг дека сакаш да треснеш нешто толку силно, па сакаш да удреш бокс во ѕид и да легнеш до него и да плачеш. Е така се чувствувам сега, не можам поинаку да објаснам.
Добро де, не се лути веднаш! Не реков ништо лошо. Точно, некој ни канта нема, но кога можам да користам нешто подобро од канта, нормално дека ќе се радувам.