Феминки,денес дипломирав и да Ви кажам супер денот.Конечно го дочекав овој убав ден.Бев со моите родители и синчето,мм не е овде.Ги почастив професорите и деканот со вино италијанско,бомбони и мешавина од индиски ореви,суво грозје,бадеми и лешнаци.Потоа отидовме на ручек да се почастиме.А сега и вам да Ве почастам Сега сум дипломиран Финансиски менаџер. Имајте убав остаток од денот.
Принтање маици, свирчиња, дотерување со шема гардероба, па точакот ишаран да биде тренд, па пред протест слики на инста, на фб со кул хаштази, па хихихи хахаха, забава, па музика, идеш си "протестираш", па селекција во групи демек што стално се они тие секој ден во шест, па слики после на кафенце, па тиња белизе бенд демек го заебуваат николче ау, леле што му напраивме ГОТОВ Е,секако да не ги забораиме и шарените командоси со маски, храбри воини кои после секое шарање си се тагираат на слики со наслови ГОТОВИ СТЕ, НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ за да привлечат доволен број на вагини и пениси.... каков имбецилен народ сме, од секоја сериозна и културна работа, од борба за сув живот и преродба ние праиме кич, тренд и забава...сите вие што се гадите веќе од фациве на "протест" целосно ве разбирам, додека една никаква група на луѓе си го дрви секој ден во шест, во останатото секојдневие нема никаква промена....ама буквално никаква
СДК... Темата Фемина готвач:Овошен десерт ја доживувам како големо кулинарско ремек-дело на вредните домаќинки Најдоброто меѓу добрите. Многу слики, шаренило од бои и безброј зборови на едно место. Прекрасно за вид, а претпоставувам и со неодолив вкус. Пофалби за сите
Животот на секој човек е пат кон самиот себе. Ниту еден човек никогаш не бил целосно самиот тој, туку секој се стреми да стане тоа некој несвесно, некој појасно, кој како што умее. Не постои друга реалност освен онаа што ја имаме во самите себе. Затоа повеќето луѓе живеат толку нереално – бидејќи ги сметаат за реалност сликите надвор од себе, а на својот сопствен свет во себе не му дозволуваат да дојде до израз.
Читам една далечна роднина по фб бараше донации и тоа елементи за кујна, облека за деца, а сега ја читам со пишува на женски домаќински муабети ќе си оди фамилијарно на одмор на море. Ах и облека за неа исто така... Бога ми се замислувам колку ќе се потресувам. До душа во последно време си ја пратам интуицијата и правам разлика од реална потреба и правење жртва. Па знам десет пати победни луѓе што помагаат други, а некои вакви немаат срам. Што знам, секој да си добие тоа што си бара на крајот, па мислете што ќе барате и што ќе се правите. Три пати се помислувам пред да паднам на жал, шарм и сочувство. Злоупотреба и идиотизам.
СДК:Тежок период ми е за све се нервирам.Се и свашта ме нервира.Утре ќе пишам подетално у друга тема.
Бегај од алчен човек. Себичен, кој си гледа само и единствено за себе. Дури и по цена да направи хаос, да повреди друг, нему око нема да му трепне. Ќе лаже, ќе ти прави лице, ќе се согласува со тебе, речиси никогаш нема да ти оди контра, да ти каже што навистина тој мисли и намерава и оп еден ден ќе ти го забоди ножот во грб. Никогаш не сум ги сакала ваквите луѓе,никогаш не сум сакала да имам било што со нив, никогаш не сум сакала да ги имам во мое опкружување. Деновиве си го покажа вистинското лице уште една таква личност. Деновиве си добив уште еден нож у грб.
Ми недостигаш, а немам доволно зборови да ти објаснам колку... Знам дека ме разбираш, ја чувствувам твојата љубов преку 6000 + километри кои не делат сега... Но наскоро ќе се гушнеме, ги бројам деновите најмил мој.. Трета годишница денес. Не ми е страв да чекорам напред, те имам тебе.
Mrazam koga vo tek na razgovor moram da se pripazuvam kon licnosti koi za se nesto go krevaat nosot,ke recam nekomu da ne me svatis pogresno,ke zboruvam nezno kuturno i op op pak na krajot ke bidam svatena pogresno...pa posle moli se objasnuvaj se so saati,ete vakvi luge imam mnogy kraj sebe Znaci aman luge olabajte malku,ne ste centar sveta !!
Јас сум феминистка. Верувам дека жените треба да имаат исти права како и мажите. Да ,знам дека во Македонија не живееме како во Сирија, но тоа ми е и причина плус да се залагам за еднаквоста затоа што неправда е неправда, без разлика дали ми се случува мене, на комшиката или на некоја жена на другиот крај на светот која не ја познавам. Тоа се вика солидарност. Застрашувачка е омразата на мажите кон жените, особено на Балканот, кој како демек бил ,, напреден ,,. Членувам и на форумот на Кајгана. Таму е уште пострашно, и пропратено со голема поддршка. И што е најстрашно, во вакво патријахално општество најголема вина за ваквата омраза ја сносат жените. Жени, учете ги вашите синови да ја почитуваат жената првично како човек, Вие ги воспитувате, вие го градите нивниот карактер. Затоа што со вакви ставови, вашите синови не ве почитуваат ни вас. Да, да, мајка сте му, па мора да ве почитува оти сте го родиле. Но она што го мисли за жените, го мисли и за вас и да не му бевте мајка и ќе ви го кажеше. Ако сакате нешто да промените, тргнете од себе.
Во Швајцарија направиле тунел низ планини долг 57 километри...кај нас уште не можат да направат шахта рамна со улица... Има разлика, нели...
И ќе се роди човечуљче нормално, по ничему различно од човеците во градот, државата.. светот, кој уште од дамнина решил кои од човечуљчињата биваат човеци и... цел живот ќе потроши на не-нормализирање, на истакнување на својата невидлива уникатност, чудност, дистинкција од масата. И ќе се роди човечуљак различен... и ќе потроши цел живот на нормализирање, на докажување дека е по ничему поразличен од човеците, по ничему „специјален“, уникатен... трн во сечие око. Е ај сеа. Туку, занимливо е што, оние, првите... увек ги штитат правата на вторите. За пари де.
Велат "секогаш биди спремен за најлошото" ... Е зошто бе!?!? За тоа што се спремаш - тоа и ќе те снајде! Затоа - секогаш бидете спремни за најдоброто!
Дефинитивно периодов водилка ми е оваа мисла: Изгубено е само она од кое ти ќе се откажеш. И нема да се откажам. Се прашував дали вреди ама судбината ми даде одговор дека вреди и одам до крај.
Понекогаш колку и позитивно да размислуваш ,да очекуваш се да заврши добро ,сваќаш дека во нашава државичка ништо не е добро и неможе добро да се заврши ако не си некој на ''висока нога". Што е најстрашно никој не добил против државата . Македонија вечна !
Морав да се надоврзам нинџо . Вчера исто така случајно со мм ми погледнуваме слики од "некаде во Македонија", 100 слики од назначена улица имаше, како еден пешачки и ленти за нешто од 5 тина километри. Си велам "бре бре" народот на месечината се качи не ти тунели, мостови и не знам што не направија" овие се дуват ко пауни за еден нацртан пешачки - големо достигнување џанам. Ете.. баш од оваа појдовна точка можеме искрено и реално да погледнеме до каде сме. Се додека барем едни патишта како што треба не направат никаде не одиме, никаде, џабе им се милионите инвестиции и субвенции кога сме се подолу и подолу, а мислам.. ако сакаат да исперат мозоциве на народот и да стишат емоции со 2 км пат и 5 км линии мислам дека тука се сјебале начисто. И смешно ми е бе, а и жално кога гледам што простираат и што направиле кога сето тоа требаше да го направат години наназад. А денес да се инвестира во нешто што сите инвестираат во 2016 и 21 век.