утрово го оштетив моторот на шахта на еден од најновите скопски булевари, направен пред неполна година...затоа ме нервира кога ќе слушнам дека во нешто сме втори или трети во Европа а секојдневно се замараме со инфраструктурни проблеми типични за седумдесетите години...
Не е точно, не е проблемот во шахтите туку проблемот е што не можат да направат улицарамна со шахтите. Шахтите се од камен кој е релативно стабилен и не попушта, туку штедат на тампон и недоволно ја набиваат земјата која подоцна попушта и шахтите остануваат да штрчат. Знаеш ли ти ние колку мала држава сме по територија? Ако се, се прави квалитетно за 2 мандата ќе биде тип-топ и со што ќе ни мачкаат очи на следниве избори, од каде ќе им ги полнат џебовите на нивните фирми? Вака малку ќе позакрпат пред избори, наредната година пак тендерче за изведувач на работите, пак ќе капне некоја парича од овој џеб во оној(читај од нашопт во нивниот) плус се е легално, нема лажи нема преваре. Одам некни на лекар да го проверам моето интимно здравје и слушам еден тип збори на телефон и вика, Ми јавија сега од партија, сега бргу ќе имало тендер таму и таму, ти следи весници и одма конкурирај и ќе завршиме работа. Значи се е по закон, има тендер запазена процедура и нормално избран најквалитетен кадар, кој квалитетно трчал за партијата.
Се здебелив уште 2 кила. Гледам јас дека ке се направам - колку висок толку широк -.- Нема да може човек да препознае дали одам или се тркалам.
СДК дека итер си тогаш кога никој нема да го забележи тоа. Кога барем еден ќе го примети , автоматски преминуваш во ГЛУП.
Sekoj kojsto misli deka site ovoski zreat vo isto vreme so jagodata,.............. ne znae nisto za grozjeto.
Е богами тешко било кога блиска личност во која полагаш верба и се понадеваш дека нејзината негативна смена е твоја илузија, во еден момент, како некој со Ајакс да ти ја исполира сцената, и сфаќаш дека, поточно, би посакал навистина се да беше моја илузија и барем овој пат да бев во грешка.
Сама чувствувам дека сум многу поладна и посурова со околината. Секако дека тука спаѓаат и луѓе што не заслужиле така да се понашам со нив, ама не сум крива јас, туку моето понашање е реакција на понашањето на други луѓе. Значи самите луѓе ме направиле сурова...самите луѓе на тежок начин ми помогнале да си ги отворам очите и да бидам себична...самите луѓе ми помогнале да сфатам дека само бесчувствителни успеваат во денешто време...самите луѓе ми покажаа дека не треба за никако да трчам и да бидам од корист. До пред некое време го гледав светот на поинаков начин, со розеви наочари. Мислев секој што ќе ми каже убав збор, дека стварно ме сака или му значам. Мислев дека можам да се потпрам на моите другари во секое време. Мислев дека стварно има луѓе. Мислев дека постојат и такви што не се себични, што гледаат за другите, што се грижат за емоциите на другите...ама не било така. Ги тргнав розевите наочари и еве сега го гледам суровиот свет. Ја гледам суровоста послужена на тацна пред мене. Никогаш не вели никогаш, ама овој пат со сигурност можам да кажам дека НИКОГАШ нема да му верувам на никој. Колку и да сум блиска со некој, секогаш ќе постои мала доза на сомнеж. Освен на самата себе, на кого друг можам да верувам? На никој. Периодов премногу сум разочарана од човечкиот род. Не е заслужна само една личност, туку повеќе личности придонеле за така да се чувствувам. Постепено вртам нов лист. Нормално не може одеднаш ама ете веќе помалку се чувствуваат разлики кај мене, па ќе дојде и денот кога скорс ќе имам нов живот и нов карактер. Нема веќе играње, нема веќе правење будала, нема веќе слабост и попуштање...само сурово со сите. Колку пати им давав шанси дека ќе се сменат, дека ќе биде подобро ама не, напротив, стануваше се полошо нивното понашање. Колку пати собирав во себе, колку пати бев изнеревирана, колку пати плачев, бев навредена и понижена...толку...готово. Јас не сум марионета. Ќе се грижам за личности и работи од кои што лично имам корист (и секако за најтесниот круг на семејство безусловно), а на другите вртам грб. Нема веќе да дозволам ништо да ме изнервира, нема да дозволам никој да влијае на мене, елиминирам непотребни личности, игнорирам уште понебитни, кажувам во лице се што мислам...толку било од добрата јас...полека се создава спротивната во мене.
Како мирис на лилии,ти пишувам,проткаени ноти,улици од моето маало. Оти јас ќе напишам а вие ќе читате навидум нова а во душа несуден ткаач на стихови.Оти корици немам ниту книга,а безброј ги напишав,тука таму,некаде.И знам дека ќе останат во некое катче.Мое,ваше,нечие. Во Скопје липи.Дожд, И никогаш нема да ме видите на улица,а калдрмите го знаат моето перо. Оти судот рекол хартија да недопрам,по души да испишувам,перо ми дал мастило изумил. Крај патот ќе ме бараш,под фенерите најдеш. Под липите ќе ме чувствуваш. Но никогаш нема да ме допреш. Поздрав феминки мои!
Здраво! Јас сум таа што верува во љубов. Јас сум таа што сака еден човек, ист човек 10 години. Јас сум таа што пред секое легнување, фантазира за него и си 'прави муабети' со него. Му раскажува како си го поминала денот. Или само зема лист и пенкалото и му се обраќа него. Тој е нејзин учител, а таа послушен ученик. Ученик кој доби доста животни лекции уште рано, рано. Тој има друга, а таа уште верува во него. Тој најдобро ја познава неа и тој е оној дел од кој е составен нејзниот дух. Верувам дека сите ние постоиме за некој. Верувам дека ние сме нечии спасители. Доста ви ноќ
Психички и физички сум уништена. Во тешки депресии сум, во тешки маки, во тешки проблеми. Сама сум си крива, сама, сама. Пропаднав. Немам никој, немам другарка, немам поддршка, немам ништо. Се сушам, 10 кила за 2 месеци ослабена, немам ни алишта ни ништо, се` големо, се` за в канта. Слаб апетит, јадење строго 2 пати дневно и тоа со сила. Слабокрвна е мал збор за мене. И наивна. И глупава и секаква. УНИШТЕНА.
Не ја сфаќам поентата зашто сум родена ама најозбилно. Се би било исто кога би ме немало. Еден момент да имав и да си речев ех убав е животов. Се е на сила, молење, тоа сеедното веќе преку глава ми е. Еден да имаше што би си помислила: е на овој стварно ќе му биде мака кога ќе ме нема. Дури луѓето што ме родиле не им е грижа за мене. Секој ден плачам и што ? Солзите ќе ја измијат болката, ќе му текне некој на мене ? Не. Секогаш останува исто како што било. Смачено ми е веќе да изигравам кловн, психијатар, стендап комичар, да гледам со секоја постапка дали ќе повредам некој. Само мачење видов до сега ништо друго. Нека иде се во бестрага.
@larrachi Ја уништуваш единствената личност со која ќе живееш до крајот на животот, а тоа си ти. Седни, убаво размисли, и запрашај се дали вреди? Запомни: Твојата најдобра другарка и твојата најголема поддршка си си ти.
@Summerlover Да точно, ама што ми вреди кога сега немам на кого да се потпрам, немам на кого да му кажам дека ми е тешко, дека сум очајна, дека сум уништена, тажна, депресивна, расплакана, скршена. Немам со кој да го поминам викендов, немам на кого да му ѕвонам да му речам: „спремај се, излегуваме“. Полна сум со тага и мачнина.
СДК ... МИ се дешаваат љубавни бранови, бродоломи ... кои не ги ни повикував нит очекував. Не знам кај да им киднам, за да не ме потопат ...