@SV1911 За останатите слепци е сосема заслужено. Штом им е подобро да бидат покорени и третирани како вистински овци, јас мислам тоа го дозволиле, а останатото што ќе ги снајде, е само заслуженото.
Сд измрчам.... Влегувам во бутик и ми вели продавачката со нападно исцртан туш и полна усна цртана со моливче за усни :Здраво, повели. Шо си бараш? (доста самоуверено ми зборува небаре Нобелова осовоила) Јас :Блуза.... (бев облечена во спортски стил, не ме остави да докажам што сакам) Таа:Спортско нешто, така? Јас во себе :Молам?? Првин вака, хелоу... Значи ако носам спортско нешто не значи дека и барам да си купам повторо спортско. Откајзнајш ти шо мислам јас? Кое право го земаш ти да си нагаѓаш шо барам јас? #пречувствителност #пмс 14days left Ај подобро книга да фатам. Чао
Денов ми влијае како и песната. Неверојатно смирувачки, но преплетено со нишки на тага... Имајте убав викенд!
Зошто да го правам тоа кога, ете, не ми е по кеиф?! - Ама... Општеството така налага. И тука ти се иде да кренеш среден прст и да речеш ме боли за општеството. Сепак решаваш да останеш културна па само се насмевнуваш и викаш "мене сепак моето ми изгледа поправилно". Озбилно коса ми се крева кога ќе речат ама има правила. Океј правила на работно место или слично, такви и јас почитувам. Ама правила за живот бе? Кој ги измислил, кој рекол дека најдобро е така? Најдобро е она кое што ти го сакаш и кое внатрешниот глас ти вика "направи го, направи го!". И баш го боли уво што мисли општеството и дали некој верува дека тоа ќе успее.
Скд бидна и полагањево македонски денеска. Не сакам да легнам да преспијам оти - отиде денот, а така највеќе мразам.Ете ако треба ќе зјапам во тв цел ден ама не преспивам! Ко инат некој бе, цц Ок. Понатка сдк дека вечер најверојатно ќе скапувам дома А колку би било поубаво ако се сѐ одвива како што си планирал? Или не? Затоа што тогаш нема воопшто да е интересно, без изненадувања и неочекувани ситуации На темава немав одамна нешто пишано,преферирам да пишувам кога имам нешто подобро за кажување. А не дека кажав нешто паметно погоре Ок,бај!
Зад таа насмевка вие што ја гледате можеби стои многу тажна личност што не сака никој да примети дека се бори со некои ситуации а не сака да пушти солзи за да не треба да дава објаснувања ..А и подобро е така ..
Зшто секогаш за секој наш неуспех виновникот го бараме о некој друг? Зошто врските се во ред само ако ние завршиме работа преку врски, ама кога некој друг ќе заврши пред нас тогаш не ни чини државата? Дали може да постои корумпирана власт без корумпирани граѓани? Зошто секој вели зошто баш јас, нека тоа го направи некој друг? Зошто Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и останатите комити загинале за Македонија, зарем они беа глупави што не чекаа некој друг да загине заради нив, а они да уживаат во придобивките? Ајде да тргнеме вака, секогаш кога некој ќе ни понуди нешто што е надвор од закон да кажеме не, или кога нас ни е намиран газот тогаш е ок ама кога некој друг ќе си го намири газот не ни чини. Дали знаете дека молчењето ве прави соучесници? Можеби поголем злочин е да знаеш а молчиш отколку да си ти тој кој прави злочин. Затоа гледајте малку подалеку а не само сопствената корист.
Едноминутен молк, како признание и воодушевување на сите мириси кои постојат на белиов свет. Мириси бе, од најгадни до најоргазмични; такви кои кога ги сеќаваш посакуваш да си го запреш дишењето и да се молиш да преживееш додека не проветрат, или пак други, поради кои посакуваш да имаш огромен распон на белите дробови и цел респираторен систем за да ги вдишуваш во еден здив бескрајно долго. Отсекогаш ме фасцинирале телесните мириси. Не оние низ ЈСП и низ гужви, нормално , туку оној специфичен мирис кој секој од нас си го има. Пред некое време, додека си зборувавме лејт најт глупости како и обично, ми вели: „Леле, немој никогаш да ставаш парфем, кожата ти мириса поубаво од најубавиот парфем кој го имаш.“ Е добро де, си велам, ајде опиши ми жити мене како мирисам!? Се туфка сирот човек, за на крај да ми рече дека мирисам на бебе, а единствена асоцијација за мирис на бебе ми е мирисот на киселко, после бљуцкање. Куку, сирота јас, зарем така мирисам!? Не гледам причина зошто некој мирис не би имал опис; ма сè си има свој опис, само треба да се пронајдат вистинските епитети. Еве на пример, мајка ми мириса на спокој - ја душкам низ коса додека ја прегрнувам и се наоѓам во некоја зен состојба, што дури мислам и светот да се сруши, мене ќе ми биде сеедно. Aма она, баш сеедно - све ми је пуно рамно. Другарка ми пак, цел живот мириса на парфем кој нигде не постои, чиниш ѝ струи низ вени наместо крв. А ти, ми мирисаш на среќа, измешана со капки љубов. Ако воопшто постои мирисна нота на тоа - да знаеш, тоа си токму ти! Te мирисам и ми доаѓа наплив на среќа, па почнувам да се смеам така без глас. И ете, кога некој би ме прашал зошто се смеам, не би знаела да одговорам, но подобро да бидам будала која се смее на сенешто отколку намќор со веѓи свиени низ корави бори. Пусти мириси, нема ништо помоќно од нив; посакувам за момент да сум ти и да се изнадушкам од глава до пети за да си го опишам сопствениот мирис...
Има време за мене, не се разочарувам,сакам да успеам во животот и знам , и секогаш ќе стојам на свои нозе, главата горе и горда на самата себе! само сакам да го живеам животот како што го замислувам јас и понастрана од себични дволични луѓее кои шират негативна енергија.
Најдволично лигавење од секогаш ми било она "срцкаа,златнаа,златичка мнпгу си убава,леле срцка од кај ти се сандалкивее,душичка бе" а од позади реферат на друга страна.Ужас ми се повраќа од вакви личности.
Кафенце во друштво на самата себе и полнење на батериите...дишина....позитивна енергија и исполнетост!!!
ДЕфинитивно отиде човечноста јабана. Учела госпожата за доктУрка, ама не научила чоек да биде. Побитно и беше кафето отколку пациентот со мозочен удар кој чекаше у ходник. Ах, мори, ќе те стигне некој ден, сите ќе не стигне. Жално!
@Miss666 Никого не бранам, сите знаеме каква е ситуацијата во државата, особено во здравството, ама конкретно за снимката, може да се намести само во прилог на докторите, затоа што нема никаде кафе, а носат ракавици.
Да, во ред, али место да се расправа можела да повика некој колега што ќе помогне. Здравствен работник е, треба малку осет, ипак не идат луѓе у болница од убаво што им е. Ништо не правиме со таков однос, човечност ни фали.
@Miss666 Така е, во потполност се согласувам. Кога во една институција одиш, нивна должност и задача е да ти ја дадат услугата за која си дојден, а за која се и платени. А човечноста и културата, сувишно е да се каже колку фалат, и на едната и на другата страна.
Како може лесно да се излаже човек. Пиашал доле дека пиела кафе, и сите го видоа кафето, никој пациентите позади. Колку е лесно да изманипулираш некој, ех... А јас кафе не видов... А никој не виде зошто жената беше во ракавици, може имала и друг со мозочен на другата клупа позади, може имала покритичен пациент... Ама ете, кафето во огромен фолџан го видоа, а може и да се дискутира дали беше турско, нес или капучино. Оти нели, кафе пиела... И не мие постов за здравство или за докторка... муабетот ми е колку е лесно да изманупулираш човечки мозок. Дупење и здрав разум што би рекла другарка ми. Ако се подзагледам малце ќе видам и што желба си удрила у филџанот... Веќе не треба ни илузионисти, ни магионичари. При очи, биваме излажани. Иначе, сдк дека се е поубаво кога маж ми е дома. Направив и појадок и ручек. Вечера јок, не јадеме толку
@Cka Демек сега си зачудена? Па не ли е манипулација она што секојдневно го гледаме по медиумите? Или можеби манипулацијата ја гледаме само кога е од другата страна која е спротивна на нашите убедувања или инереси? Пушти било кои вести 80% се манипулација и искривување на вистината, труење на народот, политика халуцинација. Зарем здравството ни е сјајно па те зачудува и не веруваш дека се случило вакво нешто?
"Господинот" треба да се прошета низ Клиниките за да види колку персонал има во истите и во какви услови се работи... Јас и цигарите ги видов не само кафето.