Конкретниов случај (снимката) е малку напумпан, што со наслов што содржински тоа и сами го гледаме. Но исто така факт е дека здравството ни е заникаде, што дури и да беше вистина немаше да ме зачуди. Нема да е првпат де.
Деновиве се осеќам како штетник за опшеството. Се што продуцирам е само отпад Дефиниција за дебил сум. Седнувам да учам,не ми оди.... Откажувам состаноци со изговор дека имам за учење,седнувам пак не ми оди. Губам време во предлабоко размислување,за ситуации и луѓе кои одамна не се до мене. А кои од време на време,знаат да ме брецнат,кога ќе видат дека добро ми оди,и нивното отсуство ми годи. Па ете ти после беља.
Вие што колнете дечиња и бремени жени,па воопшто и чивек,мирно спиете? За ваквите луѓе незнам што е подобро. Да им даде господ само убавини па белки ке им омекне душата која е веке затруена или се вакви од што не осетиле зорт? Ако,нека не осетат но нивните гревови да останат кај нив,да не одат по поколениа.
Ми се шета , па после си викам треба да исчистам дома , па пак ми се шета , па си викам жешко е за малото. И за џабе станав од 6 ч. ниту прошетав , а ако полежам нема ниту да исчистам. Ме фаќа мрза ништо не ми се прави ,ниту ми се спие. Само молам бога да не почнам пак со депресииве ,зошто се уништив веќе за луѓе кои ниту помислиле на менеее . Можам да разберем за пријатели , ама блиски роднини , да ти копаат гроб?!! Ми доаѓа да избришам и фб и да сменам бр и се , за да не ги слушам повеќе со нивното лигавење и лицемерство..
Добро утро девојки. После напорна недела да се наспијам како што треба. Следната недела полни раце работа. Денот го почнувам со кафе и потоа малку шетање. Попладне ако не заврне сакам да одам до парк со кафе и книга, да одморам очи и мозок. Малку релаксација. Веќе нема да говорам како лесно е да работиш и да зимаш плата, баш напротив не е лесно, лесно е да зимаш плата, потешко е да работиш тоа го почувствував на своја кожа вчера после цел ден работа си легнав во 10часот. папсана.
Ајде друштво Градски парк на забава , за симболични 100 денари имате избор на храна . Јас сум на штандот за Германска храна
Мразам мрзливи кои солат памет . Ти љубоморат за тоа што го работиш па ти кажуваат нивни ставови кои се смешни и превртуваш очи. Чудно ,зошто луѓево мислат дека ако си сам свој газда воопшто не работиш . А по чудни се оние кои кажуваат дека работат ајде да речеме се фалат или жалат а воопшто не работат една недела кај другарка на поседок друга недела внуци чуваат и се на гости,предосадно тепаат време и само се фалат. Жално сеуште постојат такви луѓе.
Недела, ден за ручек кај најблииските роднини. Пивце, раќиичка, мезе, скаричка. Муабети, смеа. Убавини.
Да го замолам тој што ми ја игра вуду куклата да ја остави на пет минути да земам здив. Ме осакати...
Обично не ме повредуваат вакви работи, ама ете денес така некако ми е. Верувам дека во државните институции владее мрзата. Верувам затоа што додека работев како договорец, милион работи требаше да направам за да добијам здравствено (преку ФЗО дирекно, не како невработена - АВРМ до сега не ме изнервирале). Во ПИОМ чекаш со саати да одлучат што треба да направиш, кои документи ти требаат. Во здравствената установа во која јас работам, ликовите кои клатат врата се ретки, не дека ги нема. Ама малцинство се. Знам јас како работам, знам колегите од различни сектори како работат, знам дека 2 години веќе немам отидено на пауза, знам дека работам и тоа што ми е работа и тоа што не ми е работа. И сето тоа, за мизерна плата. Како келнерка со средно повеќе заработував. Затоа на шала секогаш викаме - од љубов работиме. Посакувам пациентите да го знаеа тоа. Дека буквално од љубов работиме. Работиме како на норма. Персонал од 5 души вкупно, работи со преку 150 пациенти во 8 часа. Секој заслужува внимание, се согласувам. Но тоа што ме иритира е односот на пациентите меѓу себе. Никој не размислува за тој пред него, ниту за тој после него. Не размислува дека и друг има проблем. И искрено многу се налутив денес и решив од утре веќе да одам на пауза. Кога се жалат дека никој не ги гледа, а не ги гледа затоа што работи, епа бар така нека биде. Доволно беше. Не очекувам благодарност, очекувам да бидам почитувана како човечко битие. Ако премногу барам, тогаш немам потреба ниту јас да не појадувам, да работам неплатено прекувремено. Тоа до сега било од човечност. Е веќе нема. Крај.
Премногу брзо... Доста беа шетања, забегувања и одложување да се фати книга...време е малку посериозно...или сепак не? Леле, како ќе положам јас со оваа мрза? Добро бе, има некој повеќе од мене што го мрзи да фати книга? Не бе, не можам јас вака. Ај некој нека научи за мене и нека ми раскаже. Башка увото ми се затна. Од алергии, прво почна да ме чеша и ми се затна...ништо не слушам утре ќе одам на доктор и знам ќе ми го чисти...нема да ми биде прв пат, ама ме боли кога ми го чисти многу е глупо вака со едно уво да слушаш, а во другото ко вода да имаш ставено, ми зборуваат луѓе не знам од кај ми зборуваат, слушам звуци не знам од кај слушам...ми тежи, ме нервира, и ми иде да си го скинам Ми текна на една случка и си се смејам...пред некој ден кога земавма оценки, еден студент влезе цел испаничен и и вика на професорката: - Извинете проф. иднексот ми е зафатен сега, до кога ДАВАТЕ денес? (оценки) - До 13.30 давам, кој СВРШИ (работа) ок, кој не од понеделник ќе дојде... Мислам муабетов беше тотално первезен ако слушаш во живо дури и таа сама си се насмеа кога и текна што кажа... И ете на такви работи си се сеќавам, наместо да седам над книга А да си легнам? АЈ не...
Ги читнав тие неколку прашања по биологија за екстерно што ги ставиле тука во темата, па се чудам од која планета сум дупка. Огромна дупка А да, ќе кажував и за тоа колку сум несмасна ама да не се резилам до толку. Кратката приказна е дека си играв со карамел...фигури ќе правев. Аха
Ужасна глетка е да ме видите ем пијана ем да танцувам. Дали тоа ме спречува во двете? -Nope. Се извинувам за сите што синојќа не виделе.