Кога се работи за туѓ проблем знаете се да кажете. Некако тогаш станувајте најпаметни, најхрабри, најодлучни, најсмели, вие многу поинаку би постапиле, се поинаку би решиле, партали би направиле. Абе блазе си ви. Цела таа дрскост и некултура во тоа ваше советување се објаснува со : "не можеш да очекуваш тапкање по рамо, ти давам искрен совет." Не , не е тоа искрен совет, тоа се сите ваши фрустрации и несигурности насобрани во вас кои ги исфрлате преку критикување на другиот . Како тој глуми, тој не знае да се снајде, тој е кукавица, жртва, а ниту сте блиски, ниту сте компетентни да навредувате. Одма се почнува со психолошка анализа, не само на лицето со проблем туку и на сите во негова средина, одма давате некакви дијагнози, одма некој има тешки психички болестi, абе лудило. Да се чуди човек колку професионалци и храбри луѓе сте, а всушност секој во својот куфер носи три пати потежок проблем со кој што не е спремен да се справи.
Денес направив голем чекор. А за мое изненадување и среќа моите најблислки (мајка ми и баба ми) се покрај мене и морално и финансиски. Искрено не очекував толкава поддршка. За 2 недели закажав на доктор. Верувам дека ќе се излечам. Полна сум со надеж. Ќе дојдат подобри денови.
Зошто си ја запоставив оваа тема, не знам, ама ете после толку време и тука да напишам нешто. Наскоро нови членови во фамилијата, кај и да е денес или утре, мали мачиња. Не можам да дочекам да ги видам, се надевам дека ќе се убави како мајка му, зошто таткото не знаеме кој е. Денот е прекрасен, кога е исполнет со луѓе на твоја возраст кога ги слушаш како споделуваат инпресии од дестинациите каде биле минатите години или пред да се запознаеме и да се нарекуваме колеги или па јас како што правам по број на индекс . Некој предложи ова лето после испитната сесија во Септември да си поминеме квалитетно време заедно некаде во Грција. Грција ми е омилена земја за летување и нормално дека одеднаш кажав дека идејата е супер и дека би било ептен јако ако ја изреализираме идејата. Ми варира расположението, еден ден пишувам депресивно зошто не ми се паднале прашањата што сакав на испит, друг ден сум најсреќна на цел свет . Си се разбираме со колегите, зошто никој друг ближен ниту па партнер не може да те разбере. Имајте пријатен остаток од вечерта !
Иако ви кажував каков бев инкогнито тип кога ќе ме прашаа за симпатијата , си мислам и денес ништо не се сменило На тоа поле сум, џоа мало дете, едно трема, едно радост, и иако не е тинејџерска симпатија во прашање веќе, денес кога станува збор за него, исто имам трема и самоувереност како детето што пееше за Розовата пантера Ее оо тигре тигре, до тој степен што денес реков тој бил висок 173, а јас 193 Ќе се вадев на коктел, ама пиев сок
Дoјдoвме дo мoментoт: Тaтo имa пoвеќе пaри oд мaмa.. Нaгрaднo прaшaње:Кoлку дoбрo евaнгелинa си ги вoспитaлa децaтa??? Ќе пoдлегнaт ли и тие пoд мoќтa нa пaрите? Гoспoде знaчи, нели дoстa е веќе?!?
Хороскопот ме лаже нон стоп а јас секој ден го читам. Е ајде де, зошто?! Ваѓда и тој некој ден ќе ја каже вистината, надежта последна умира.
За нечие сумирано расположение во текот на цел ден, можеш многу да дознаеш со едно ѕиркање во плејлистата што ја слуша пред спиење...
Добро утро Втор ден откако почнав со 30 минутна медитација насабалје. За ништо повеќе не би ја заменила медитацијата, како чистење на душата ми е, лек за нерви Ми прелетуваат секакви мисли, но успевам да се контролирам, плус и си велам дека се ми е доволно, се заблагодарувам за мојата моментална состојба макар што не е сјајна. Морам да научам да не барам повеќе, морам првин да бидам задоволна од ова што го имам, нели? Се надевам ќе ги средам за брзо моите измешани емоции. Ви праќам куп позитивни вибрации