Првата заработка, без работа! Јуху. Частам, богата сум. Си заработив пари. Мама се радува, ми кажа сега да не земам пари од неа и од тато, ама таа не знае дека утре ќе одам на шопинг, извини мамо. Колку убаво чувство, не се опишува. Ете ми воља да работам, платата. Пари пари пари, го вртат светот. Ех да имав едно милионче, добро кој кажа дека среќа не се купува со пари? Ќе си платиш интернет, ќе си купиш се што сакаш за јадење, ќе си купиш некој убав телефон, некоја облека што сакаш, хаска и ете, среќен ќе си. Се чувствувам како Бил Гејтс. Сериозно..
Абе навистина ко ќе речат се што сакаш доаѓа кога ќе престанеш да го чекаш. Тркалото се врти навистина. Ама зошто секогаш кога ќе е многу доцна? Сдк... Премногу сум збунета, моментално ми е каша мозокот. Од секоја страна ми се појавува некој и не знам кој пат да го фатам, сите ми зборат ми кажват по нешто а јас како некоја изгубена. Се молам на Господ само да ми поможи и да ми однеси на правиот пат зошто јас комплетно се изгубив.
На прв поглед делувам на смирена личност, а на втор премногу се контрам и инаетам. Но, мразам кога сум во право, а не можам да им докажам. Па кога ќе се погодам во иста просторија со личност карактерно слична на мене настанува ХАОС. Туку да се разбериме, секој си има свој став и објаснувај му колку сакаш-нема да си го смени. Битно интересно е да се дебатира со повишени тонови. Ух, гласниве жици не ми се во ред.
Тортура. Каква ?...Од каде?...Зошто?...Колку?... Милиони прашања во главата а што уствари значи тортура? Дали можам да ја наречам и дразба ккоја ги надразнува сите милиони делчиња кои поставуваат нешто ? И чекаат одговор на нешто ? А ? она што ја уништува сопствената визија на она што сме , каде сме , а што сакаме да бидеме ? сдк Дека ако имаш нешто нејасно , неискажано , или нешто што те притиска и пече закопај го длабоко во тишина !
Непокажани насмевски,личност која никогаш и не бев.Порано бев заљубена во тој свет,виножито од бои а во ноќите сива.Веќе одамна во кафето не ставам шеќер.Половина изедено колаче на дрвената маса.Црешата во мојот двор има цветови ова пролет за прв пат,под тмурното небо,под облаците под светилките,времето минува.Празнина во градите,без зборови,не можеш да ја опишеш само ја оставаш така одвнатре да те раскине,се додека не се умори од газење по твоето срце,тешко се предава. Изгледаш среќно,дали си? Сакам да пишувам за нештата што минале,за од вчера посаканиот сон,за собраните парчиња од срцето кои тогаш блескаа распрснати на подот,а ти ги собираше,се сеќаваш? тогаш мислеше дека тоа е тоа,дека тука се заминува,дека лесно се откажува. Јас од сеќавања,сум уметник. Можеби еден ден ќе најдеш место,можеби сонот и реалноста како две ноќни птици ќе застанат на една гранка.И во бурите лежи убавина.Ноќта е секогаш повеќе разнобојна од денот.Ова не е ни парче хартија. Горчиливи спомени. Јас сепак еден ден си заминав,од клупата во чие дрво гравирав имиња, едмоции датуми,затоа што заборавените соништа лебдат во ноќта. Не враќај се,ти велам. Јас бев. И празнината има ритам,бие. Мелодија,нечии ноти,некогаш.
Дај бе. Па веќе преку глава ми се овие надофрлањава по темава! Немам ќејф веќе да ја отворам. Спојлер Сакав да кажам.. Ја сакам пролетта, го сакам мирисот на пролет, сонцето, топлото ветерче. Ме потсетува на многу работи, ми буди многу спомени. Ми фалат некои личности кои си заминаа од мојот живот без да се поздрават... Али тоа е, живот иде даље. Денес со мажлето, купувајќи поклон за братучедка ми, си купив парфем. Парфем кој го користев летоска, малце да ми пробуди некој спомен си реков. Да ме потсети на нешто, нешто што не се заборава. Се изнапрскав пред да одам на работа, цел ден КОРНЕВ Али убаво ми беше, ми се будеа некакви посебни чувства. Се ми мириса на тебе мил мој. Се! Гуд најт феминки!
Што точно од моите постови те навело на такво размислување? Зошто не би ме муабетеле? Широка е темава да ти објаснувам зошто луѓето сакаат да муабетат непознати и зошто муабетат до одредени непознати. Само добро е тоа да го правиш за пари, кога веќе имаш среќа да привлекуваш луѓе кои бараат решение за проблем, нешто на кое се надевам во блиска иднина. Тоа е веќе бинго! Вака само како полжавот со куќичката сум, не можам да отслушам муабетот од прееска целата слика...екхм...ми покажа кон блуза на жена да ми го објасни ...црвенилото. Како да ви кажам... поарно да не ме муабетат некад. Светот не е толку прагматичен и објаснив, а уште помалку таков како нашата субјективна слика за истиот. Затоа избегнувам претпоставки за било кого, освен ако не добијам одговори на начинот на кој нема ни да знаат како сум дознала, а и тоа се учи како... И то.
Само да се надоврзам... Ова и мене ми се случува, во последно време се почесто... И кога ќе кажам на некој поблизок, знаат да ме обвинат: ај не се занесувај, ај не се филмај...демек јас егото си го кревам со тоа. Глупости. Иначе знаат да ме муабетат на два начина, еден преку оговарање (посебно ако сум малку подотерана, многу девојки знаат да ме зјапаат по улица), и другиот да ми се закачуваат за муабети. За второво изгледа осеќаат нешто кај мене, некоја слобода, некоја доверба...па онака почнуваат. Среќен викенд !
Незнам штаaaaa се десило,искачем из шина помало.Чини мииии се,шечеру,ситна грешка у компјутеру. Добро утро!!
Сте искусиле некогаш вашиот миленик да ве „разбере“ повеќе од било кој човек на планетава? Само таа може да ми помогне, може да ме утеши без никакви зборови... само таа нема да ме искара или да ми се изнасмее на моите проблеми сфаќајќи ги како една шега. Кога почнувам да тонам, таа ме извлекува, ми кажува дека не е време за предавање на непријателот... сеуште не... таа е мојот црн ангел чувар преобразен во четириножно крзнено сувштество...
Те поправив само.. А ,сега...ако научи нешто супер..Ниту јас не сум беспрекорна ,но иронија е да коментираш за туѓ правопис,а твојот да не си го погледнеш.. Уште малку ќе се отвори и тема Кавги па таму карајте си се
^ Браво за двете, за трите или колку и да сте таму во таа макотрпна дискусија. Кој ден се паѓа "Ќе се договориме" ? Сериозно.. Ова многу често го слушам. Проблемот е со мене изгледа, или ми го кажуваат зошто порано јас така на сите им кажував? Мистерија. Фобија имам од таа реченица, се тресам, се ежам цела кога ќе ја прочитам некаде. Сакав да прочитам некоја книга на компјутер, ама никако не се снајдов. Ту мач технологија, информатиката не ми оди или било што во врска со сметнување нешто од интернет. Само песни и слики знам како да симнам без да закачам неколку вируси. Ајде ако се најде некоја фина девојка да ми објасни како да се снајдам на Македоника.мк и да пребарувам книги. Иако повеќе сакам книга во рака, или да е моја или од библиотека, сега мора да прочитам нешто на таа страна. Ваљда ќе ме просветли некој.. Не можам да се снајдам. Имајте убав ден. Не се нервирајте за глупости и ситни работи, еве како што се овие рекламите за вмро и сдсм.
До кога со овие спонзоруши и оросп**ве што се шетаат по градов ќе успеваат во животот повеќе од нас обичните смртници??? Фатила некој богаташ, се вози во некоја луксизна кола, облечена , средена со негови пари, па и ќе ја вработи тој истиот, па некои од нив имаат жени и деца дома, а овие се фрцкаат со нив по Солун, по Белград, па и низ Македонија.... и ќе ми глуми чесна и поштена дама ???? wtf??? Ма ајде марш таму бре !!!!! Па уште и слики ставаат по социјални мрежи со нив. И што е најлошо, пак најубав живот ќе живеат, и ќе се омажат, и ќе ти се занесуваат како да ништо не ни било..... Ќе родат дете, и се се заборава, се брише ... Страшно Што се не ни шета по светов ....
Како и да е, не се замарај со другите. И јас така зборев и сега се каам што сум го трошела времето зборувајки за некој што не вреди. Нивни живот што сакаат тоа нека прават, ти гледај си тебе да ти е убаво. Ние не помрднуваме од место поради таквите црни мисли. Си прави и се може. Еден е животот и краток е ,немаме време за со други да се замараме, кој како му е убаво така не си прави. Си велам кај ми бил досега паметот така да мислам, се негативно да гледам? Многу е поубаво кога не се замараме со другите. Инаку, некоја слибодна лп да ми пише, некоја постара?!
Форумот стана архива на комплекси на ситни души и некреативни караници иведени од истите. Ја имам честа да бидам сметана како една од нив, а и можеби сум, не знам. Форумот стана и место за исфрлање на негативната енергија. Никој не е должен да ги трпи последиците на вашите(нашите) лични фрустрации. Останатото ќе си го чувам за себе со цел да не ја зголемувам напнатоста на форумот. П.С На форумов почнувам да се чувствувам како девојче/бебе од две години. :geek: П.П.С Ќе почнам да одам со чадор дури и кога е сончево. Од причина што шансите да те посере птица од горе се огромни. Па велат, среќа било тоа. Да ти се плукнам на среќата. Не ми треба таква среќа.
Пуно и рамно ми е. Од Вардара до Триглава. Да, и Триглав ми е рамен Како така? Епа ете така, лесно. Се откачил човекот Пак се запишав на хип хоп, со децата. Најстара сум од цел клас, море на некои мајка можам да им бидам, ама нема врска, важно е да се дружиме, така? Синоќа прв час. Гарант нив не ги боли снагата денеска Туку што ме секира. Ќе ме исфрлат од клас жими мене. Синоќа додека почнавме со рутина. Де навам де натам, врти, сукај, скокни, падни стани, на крај од тоа што научивме, ајде заедно целата рутина и после, е после тоа, фристајл бејби, кој како знае. Почнаа децата да фрлаат форми, што од рутината, што крадено од еМТиВи или што и да е денес музички тв канал, или од подиумот во клуб, додека тетка Имелда се фрли на старата добра комбинација од running man, big fish little fish, и ох боже.... и роботот Застанале деца и ме гледаат