Ахххх јас реков дека нашата фамилија ја јаде некоја чума Почивај во мир,Господ нека ти даде мир на небото бидејќи го немаше на земјата
Има еден феномен - ,,за умретите се најдобро,, Додека биле живи, од лошо полошо за нив Ама затоа пак кога ќе умрат сите убави работи се вадат на виделина. Шо мора да лижеш тоа до вчера што си плукал ? ЌУТИ !!!
Денес сум исфрустирана и нервозна поради нашиот “сјаен“ образовен систем.Не повиквуваат во училиштата за време на летен распуст поради пополнување на некаква документација,притоа документите им требаат само кога има инспекција(инаку никакви документи “не се потребни“,се е како што треба).Она со што се соочивме јас и поголем дел од учениците беше само јаготка на шлагот.Имено на +40 степени господата бараат да се носи облека по нивен кодекс(кој подразбира дека забранети фармерки над глужд,затворени блузи со кратки ракави...),да биде иронијата поголема вработените во училиштето облечени се како за на плажа.Се извинувам како можи да ми го одредувате стилот на облекување? Имаавт ли право за тоа? Дури и за време на учебната година сите сме под притисоци и закани за носење на униформи.Колку што знам присилно носење на униформа го нема во ниеден закон,исто како што го нема стилот на облекување кога нема настава.Работата испаѓа дека нас ни е страв од инспекција па за време на распустот вие морате да не покривате.И дека нас ни е жешко па доаѓаме како за на плажа,а вие морате да се облекувате согласно “кодексот за облекување“. Жалосно што од ден на ден нашиот “образовен систем“ се повеќе не притиска и ни поставува безсмислени правила.Обвразовниот систем е претставен како розов иако многу далеку од тоа.Поради лечењето на нечии комплекси врз нас,младите секој ден заминуваат од државата во средина каде што за документи и сл има определен рок,каде што летниот распуст е навистина распуст а не трчање по училишта,каде што кодексот на облекување за време на распуст е непознат поим.До кога ќе има притисоци врз учениците? До кога заканите и безпотребните правила ќе го диктираат нашето однесување?До кога добро скриеното заплашување ќе ни ствара трауми? Вака ли младите личности утре ќе излезат од училиштата? Наместо да створите здрава и зрела млада личност,вие створувате искомплексирани и бунтовни личности.Училиштето очигледно е еквивалентно на затвор.Благодарност до всите кои господа кои од нас бараат да се однесуваме како роботи. Се извинувам за долгиот пост.
Sedam vcera na klupa so kerka mi vo kolickata,bese zaspiena i poleka ja lulkav.go cekam masmi vleze do banka.zastanuva do mene eden na izgled sosema normalen covek,se nasmevnuva,mu vozvrakam so nasmevka,zjapa vo kerka mi vo kolickata i mi vika..oh kutroto toa,neka pociva vo mir...abe krvta mi ja smrzna moron nekoj nenormalen,znaci denot mi go unisti skros.trebali takvi luge so psihicki poremetuvanja da setaat sami??uzas!!!
Уште не можам да се одморам од факултетов, од колоквиумска, а не па од испитна. Живците ми отидоа на тој факултет, му нема крај веќе. Наместо желба да го учиш тоа што сакаш, со тек на време си имаш само фрустрации зошто си играат како сакаат. Налет и факултет и се
Денес бевме на ветеринар И МАРЛИ Е ЗДРАВВВВВВВВ Ми падна камен од срце. Наводно, оти тие му се на лактите и на предните и на задните ноџиња, оти лежел на чименто си ја рендал кожата. И затоа му паѓало крзнoто и изгледа како израстоци. Ќе му ги мачкам со кокосово масло оти со друго немало шо да се мачка... И да го терам да спие на кебето. Ама жешко му е сака на чименто да спие му е ладно. Ќе му постелам некој друг полесен материјал за спиење... Иако веројатно за џабеее... Ама ајде. Битно не му е ништо сериозно фалаааа Богу!!!!
Денес бев во школо за да ги земам свидетелството и алманахот. Кога го видов свидетелството расположението веднаш ми се поправи, сите петки нанижани И си помислив, добро е Хепи, не си се мачела за џабе девет месеци Ама алманахот... Текстовите чудни и неорганизирани, еден куп грешки... Сепак, добро е Барем сега конечно и официјално сум завршена со училиштето кое речиси воопшто не го сакав
Те обожавам. Тукууу, да ми објасни некој зошто ја натерав мајка ми да купиме статичен миксер?! Пола саат матеше и не го смати шеќерот со белките. Убаво си збореше жената обичен да земаме, ама не јас госпоџата морам статичен да имам, ќе се скршам од работа ако матам 5 минути.
Кога другарките ти се низ Германија и Америка ти работиш немаш време да седниш се присетуваш на една другарка на која и се љутиш а вооедно ти фали. Не ја сакаш во твојот живот а на моменти ти недостига страшно. Ти доаѓа да и пишеш, но се присеќаш колку пати таа ти пишала за роденден за именден и се разочаруваш. Туку секогаш во овој период страшно се присетувам на неа,секогаш си правам филмови во глава како би било да е тука до мене...
Ова луѓево како да ти посакуваат лошо да ти биде во животот. Пред да се омажам кога си кажував колку сум задоволна од дечко ми имаше коментари, ааа ќе видиш, ќе живеете заедно скроз ќе се смени, ене го мојот таков е. Океј. Почнавме заедно да си живееме уште поубаво ни беше. Ааааа ќе видиш, ќе се земете и тогаш друг ќе биде зашто ќе те има со потпис. Ене го и мојот, колку беше добар, па откако се земавме никаков е. Доброоо, се земавме пак си бевме супер. Аааа чекај дете да имате, ќе бидеш цел ден со детето, он ќе си шета, ќе си брка работа. Ајде и дете имаме, еднаш дали отишол фудбал да гледа човекот. И не зашто јас мрчам, не му се оди просто, поинтересно му е со малата да се занимава. Ааааа чекај свекрва да ти стане, па ќе видиш како лицето ќе си го покаже. Ајде и тоа нели бидна, жената си е иста. Аааа ќе видиш детето како ќе ти се смени, не се радувај предвреме. Абе луѓе, да не си каже нешто човек убаво, од која причина ги тера луѓево вака да зборат, да те кобат некако, еве не знам. Ама не кобеле они, туку ти кажуваат од искуство, да знаеш што те чека. И криво им е после зашто не ти испаднало така и не можат да ти речат - нели ти реков. Простоќа.
И ова сакав да кажам. Просто ми лежи на душа. Мислев не сум тип што некогаш ќе посака деца да има. Ама ете, поминува време, заедно сум со тој штп го сакам, додуша не во брак (што ми е предуслов за дете) и ете...душа ми плаче за дете, не знам ни како да го наречам тоа чувство, ај ќе речам мајчински инстинкт. Ама и знам дека нема во скоро време да биде...толку работи стојат пред тоа, а често на тоа помислувам...ама нема врска. Само, дај Боже да дочекам...
Во недела одам за Охрид. Чисто на еден ден да се разонодам. А кога ќе ми текне Охрид имав случки изминативе години. И си велам е да ти се пл*кнам на денешно време, тогаш беше подобро. И си мислам ќе се искапам или не,божем тоа ќе ми ги испере моите и нечиите грешки. Се се голта и се се заборава обично до паметот е колку сме талентирани да оставиме се зад себе. И оно и да бегаш пак ти се враќа како бумеранг, има тука нешто штом толку се враќа. За арно да е, за подобро да е. Може вреди што знам...