Спомени ме навраќаат во минатото,копнеам по стари денови. ^^ Туку... Усни со вкус на лубеница,блитва се крчка,генералка на подвидок.... Ме гуши несреденоста денес,си ги засукав ракавите,и да се пофалам се сум средила. Си го гушкам милото,го опсипувам со љубов.
Многу работи сакам да казам! Сакам да казам, маски, пиЧки сте! Се смениле времињата требало и ние девојките да правиме прв Чекор. Таман ке го направис тој прв Чекор, опаааа им се дигаат акции и не се познаваме. Ајде бе! Па после се прават маЧо гејовите bile за стрелање! Епа, не сте ни пола мази од тоа сто се тие Немате топки веке на десно време, ги имате колку за украс за нова година. И да, се зависи од нас самите. Ако гледас негативно на другите и тие така ке те гледаат, ако му се насменувас на зивотот и тој ке ти се насмевне. Нисто, се селам во Русија, барем знам дека таму има мази. Фала,Чао!
Сигурно го знаете чувството... кога се враќате од фризер а сте задоволни, презадоволни А па посебно кога си прв пат кај некој фризер - среќа е кога си излезеш задоволен! Ех, убаво е да си жена!
10 автобуси само од мојот град заминаа на митинг, а претпоставувам уште толку и од другите градови.. И после имало масовна излезеност на митинзите во секој град. Да бе да. Мене не ми е јасно, сите тие луѓе, кои чекаат вакви прилики како предизборни кампањи, да прошетаат од град во град, немаат ли срам. Притоа тоа се истите луѓе нели, кои се 'поддржувачи' и на Вмро, Сдсм, Гром. Користат ли само бесплатен превоз или? Па и да е така, срамота е бре луѓе. Па и куфери земале. ** Денов во главно пријатен. Иако, црни облаци се зададоа. По колоквиумската недела, си ветив ќе се наспијам утрово. Не бре, 6:30 јас веќе будна. И така како ранобудник, решив денес да бидам со статус домаќинка. Ручекот спремен, алиштата пружени, прашината избришана, усмукано, садови измиени. Според мене, многу потешка е работата на домаќинка, одшто некоја струка. По дома, секогаш ќе се изнајде нешто за работење. Ама баш секогаш. Вредна бев денес. ** Зборот ми беше дека ми пречат луѓето кои премногу значење придаваат на минатото. Разберете, што било поминало. Што ќе биде, ќе помине Раскрстете со фамозното минато. Се додека не се ослободете од тие некогашни спомени, во сегашноста нема простор за создавање на нови. Ми пречат и премногу срамежливите. Секогаш внимаваат што ќе кажат, како да кажат, како да почнат. Опуштете се де, наши сме. Ништо чудно и да згрешите. Луѓе сме.
Леле НЕ, најголемите трауми од детството!!! Кога и да одам на фризер, пред очи ми е сликата како ме стрижат како овца, а јас плачам! И ден денес сум незадоволна, се си мислам дека личам на Јашар Ахмедовски.
ме изнасмеја Е па баш затоа сум задоволна, ем кај новиот фризер, ем прв пат сакав да експериментирам со праменови и фризура на паж, ризик беше можам да речам - очигледно денес ми е среќен ден Ајде и на твоја глава Е по тој повод честам песна http://www.youtube.com/watch?v=y6Sxv-sUYtM
Сексот е глупава тема за разговор. Мислам дека ако и форумов не беше анонимен, тема Секс немаше да постои. Притиснати сме да живееме под тотална негација на нештото во просторија со луѓе кои очигледно го практикуваат. Oтворена е непријатна тема надвор од зоната на комфортот и сите се препотуваат, бргу реагираат згрозено и изненадено, даваат избрзани објаснувања и оправдувања. Вау орален секс, мислиш таму од кај што моча ??? Да, мислам на истото тоа магично стапче кое навечер му пружаш професионални орални перформанси. Не барам да ми раскажувате за обостаните задоволства од фелациото, но не барам ни скиселено лимонести фаци кога ќе отвори темата за разговор. Иууууу, блајк. Анален, луѓето...прават имаат такво нешто ? Да, исто како тебе. Ќе ја исшамарам следната 25+ која неуспешно ќе изглуми невиност во полза на јавно сожалување и почесен орден за воздржување. Нејсе, таа имала нешто повеќе од 10 ти на мувачи, и тук тек озбилни врски по 2 години, ама се' завршило на секнд бејс.
Ветено-сторено ! Си ветив дека луѓето покрај мене секогаш ке бидат среќни задоволни и насмеанни... Ја собрав мајками , се фоговорив со куќни пријатели , ја викнав иднат свекрва и сите отидовме на кафе...Неможете да замисите какво чувство на среќа имаше на лицата на овие две жени каде никаде не излегуваат туку само за куќа гледаат...Премногу сум среќна што успеав некому да му разубавам ден, да го изнесам надвор, во ново место, на кафе... Сите веднаш се вклопија и убаво си поминаа...Мило ми е што гледам иста личност во мајками и мојата идна свекрва, толку се исти карактерите, добри и паметни што тоа дополнително ме радува...Среќна сум што се почитуваат...Бидеји јас и дечкоми за нив сме на прво место и тие за нас се исто така. Зарем има нешто поубаво од тоа да седиш со луѓе кои што те почитуваат и да смееш да кажеш за се, а притоа да очекуваш само добро намерен совет и пријател кој што ке ти помогне...Дури можеме секогаш ке им посветуваме внимание на овие луѓе кои не израснале и никогаш нема да дозволиме да се осеќаат запоставени...Покрај нас тие секогаш ке бидат млади.... Денот е прекрасен искористете го најубаво што можете....Секоја промена е убава... Искористете го животот за убави работи...А најубава работа е да видиш дека некој се радува и е среќан а причината за тоа си баш ти...Немате појма какво е чувството...Посреќен сте вие убав ден...
Ти барем си одела на фризер. Мене баба ми ми правеше фризура. И во фризурата личев на Ајнштајн, Хитлер и Вегета од ДБЗ заедно.
Леле ќути не ме потсеќај, среќа што не се сеќавам дека прадедо ми ме шишал како печурче кога сум била мала, неговите креации ги гледам по сите слики кај што ме има на возраст од 3,4 години... Ми имаат кажувано мојте дека а пукне сонце, позади во бафчата го отварал фризерскиот салон и јас сум била неговата муза, сигурно со некое тенџере или кофа на глава, да држи правец... Што да правиш, прво прво внуче, мерак сите да му ги мавнат ножиците. Ај на здравје шишање!
Дожд и мрзлива сабота, како кец на десетка, нема поубава комбинација... Денес домашната библиотека ја избрав како совршена релаксација. Ништо не се споредува со буричкањето низ полиците, со мирисот на стара книга кој крие некоја приказна, и звукот од шушкањето на нејзините страници под твоите прсти. Ти го задржува вниманието, се внесуваш во случувањата и забораваш на сите грижи. Направете си го облачниот викенд прекрасен, задлабочете се во некоја книга покрај замаглен прозорец, слушајќи ја мелодијата на капките на дождот...
Ако сака нека врне и до утре, мене не ми го поматува пролетното чувство Обожавам вака кога дождот ми мириса на неконкретна убавина што буди пријатност без причина Седам со отворени прозорци и ќебенце за да не измрзнам.. Имам чувство дека е недела, а дополнителен убав момент е што не е, па и утре имаме ден за одмор. Аиии што ми е убаво кога сум вака мрзоволна
После читање на старата СДК, сфаќаш колку работи се промениле. Им фрлив око на многу мислења , па сега ќе ви украдам некоја мисла за во дневникот. Секоја чест за тие што успеваат да го задржат доброто расположение на вакво време. Никогаш не ми успевало... ^ На феминава, јас сум "лајкер", а не "пишувач".
Мислам дека никогаш не ми е доста од чипс и смоки. Може да ги јадам наместо леб, наместо благо и наместо било која друга храна. Ги знам сите вкусови, сите зачини, се' имам пробано и пак се враќам на старите стоби флипс и на обичниот чипс, што има подобро? Смоки-зависник, мило ми е. И го замолувам времето ако може да се управи малку, јас сериозно немам јакна за вакво време. Ќе излегувам од дома на куси ракави, а во рака капут. Пред некој час беше жешко, на куси ракави излегов од дома, сега на враќањето се смрзнав, а нема дожд, подобро и да не заврне. Плу плу. Добро е. Вечер си имам филмски мараток, еден цел албум на rolling stones да ислужам, цела празна тетратка да испишам и плус една голема пакетка чипс. Што ми фали? Дечко? Хахаха. Бидете ми поздравени. Не му се нервирајте на времето, утре пак ќе е жешко.
Одамна не сум пишала во СДК..А,искрено не сум имала и желба. Приметувам дека деновиве во последно време многу брзо ми поминуваат.Пролетта дојде,па по неа и летото и се така во круг.Искрено ептен ме мотивиравте да си сменам некои навики.Од утре сакам да почнам со вежбање и да почнам веќе да читам книги.Ама,најсериозно pinky promise Па дури и се мислам да почнам да пишувам некое книжуле. Волку мотивации не е на арно.И сум приметила дека ептен сум променета.Порано претпочитав цело слободно време да го поминам пред мониторот и да дремам на фејсбук.А,пак сега возам точак,гледам повеќе сериички едноставно таму си се пронаоѓам повеќе.И морам да работам на себеси Знам дека се ми е измешано,но мислите една по друга доаѓаат. А,пак вие имајте убава саботна вечер http://www.youtube.com/watch?v=4jJUlzqi3gA
СДК дека се надевам во блиска иднина некој од политичариве што го организираа митингот да си заглават во невиден сообраќај и после да си одат пешки на ваков дожд по балетанки за да им измрзнат нозете како мене. Среќа секогаш носам чадор со мене па барем главата ми остана сува...
Едноставно на некои луѓе понекогаш ми иде се' да им "плеснам" в лице. Ова не се толерира, луѓе... Ајде во животот од секогаш е било така, поглупите се правеле попаметни, ама и на форуми ли бре луѓе?! Секој си има свое мислење, своја мисла и не се обидувајте да му ја наметнувате вашата, не сме во времето на Хитлер, па...добро во времето на Путин и Грујо сме, али тоа нема везе. Поентата ми беше дека не треба да ве тангира многу туѓото мислење и став за некои работи :geek: Посветено на некои личности Своерачен потпис, coolllady
Сами си ги создаваме и среќните и несреќните мигови,тоа си го потврдив денес по незнам кој пат,ама денес сфатив конечно,научив.Колку и да го негираме тоа и да бараме некаква причина за тоа џабе е ..ние сме тие што одлучуваме како ќе ни биде. Моментално замислувам дека сум во прегратките на саканиот,исто како вчера..но нема да бидам вечерва,ќе почекам. Пријатна вечер
Што треба да биде - ќе биде и што е твое - ќе си дојде.. незнам дали е така ама во моментов навистина ми е потребно да верувам во тоа... Денов за нигде, како времево сум... ама барем има личности кои се тука за мене, да ме ислушаат и утешат...