Што правиме ако не постојат ваквите фрази?како ке си ја олесниме болката?Судбината му била таква на човекот и нардоно кажано е(така требало да биде).Што правиме со оние луѓе кој се разболеле и останале без родител тоа не е судбина?А тие родители воделе нормален живот.
Курир Баба Ванѓа помогнала на стотици луѓе да ослабат- еве како... Гледамммм, гледаммм чедо дека треба помалку да гнетиш - ете баш така помогнала!
Многу ме заморува една категорија на луѓе. Ако истакнеш желба нешто да правиш, ќе се потепаат да го направат пред тебе. Ако нешто правиш, ќе ти речат - еј ај заедно? Ако нешто они прават, ќутенката, за да те исклучат, од страв да не почнеш и ти зошто они се такви. Ако се дружиш со други освен со нив, се лутат, а они имаат неограничено право да се дружат со кого сакаат и каде сакаат. Ако не можеш да им удостоиш со нешто, веднаш го сфаќаат лично. И на речиси 30 години топ тема им се врските - јал со мажи ил дечковци, вечна драма... или површни муабети. Еве и тироидата ме стега ко што пишувам, стварно ме гушите значи.
^ Од вакви си патам подолг период. И од ебиветар комшии што се понашаат како да не живеат во зградава и не ги засега ниеден проблем. Некој ќе си живее со нервози, некој ќе ужива без мозок... Ах бее... сакам да сум далеку, да ме снема од маалово, од градов, од државава. А ќе се деси, кај и да е ќе се прелие чашата.
Арно си рече еднашка, Иво Андриќ... Ако нешто те мачи, доведи се до апсурд, до мачнина и повраќање. Ќе ти се згади и ќе се ослободиш. И епифанија.
СДК дека една од најбезврска работите (кои ги мразам) во животот е она - кога оние што биле повредени на некој начин ,можат да почнат да чувствуваат нешто , само ако и тие повредат некој друг. Зошто не се затвори кругот ?
Уклучи фемина, искчучи фемина, најави се, одјави се. Ај пак најави се да не има нешто интересно? Нема. Океј. Можеби сепак требаше да заминам со друштвото..ама ај , бидна веќе. Читам книга, лежам, гледам тв. и така. Сега и мајка ми ќе замине на работа и сама. Некои пак едвај чекаат да се сами дома , ама јас не. Умирам од досада. Ама затоа во главава моја војна. Трупај се со мисли на жешково. И така.
Низ фејсбук врти една статија за некој од Негино мислам или Велес врска немам небитно, шо си се венчал со својот партнер од Германија. Да, за геј брак. И одиш во коментари гледаш какви ли не коментари, од ретардирани поретардирани. Значи буквално застанале возрасни жени, мажи одделиле време да напишат коментар дека тоа било болно, педеришта, смртна казна требало не знам што. Со мало дете на слика синче сликана на профил, коментира педеришта да се забранат. Мори шо мајка си ти? Од кај знајш детето твое како ќе порасни? Оти кармата е бич. Се случува бе, ете утре син ти геј ќе е. Шо јадиш? И да не е геј. Каков пример бе оставате? Каков траг на светот? Ќе виделе тинејџерите ќе мислеле дека така треба. АБЕ НЕЕЕЕ. Така одеше тоа. Ќе видам на фејсбук некој кај шо се замзапалува и дирек трчам по ќибрит. Ако децата толку лесно применуваја се што гледаат во околината, тогаш јас ќе бев прост дебил шо живеам со вакви сограѓани. И едниствениот пример што вие му го давате на децата е да се прости, омразени, идиоти, невоспитани, неедуцирани, без можност сами да си размислат со умот. Ако не прифаќаш геј популација- ќути си. Ако толку сакаш да искоментираш- искоментирај си мислење и пази на речникот. Свињи народ бре. Топ коментар на статијата ми беше каде што една ВОЗРАСНА ЖЕНА напишала: Подобро ќерка курва, од син педер!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Господе Боже. Ненормални. Умноболни. Толку имам да кажам.
За личност што не е превозбудена кога ќе се спомне Охрид едвај чекам понеделник. И на крај на светов би одела со него.
Тешко е.Тешко е да знаеш дека некој твој многу близок има рак.Не губам надеж.Никако.Се надевам на најдобро.Таа е силен борец.Но времето ја изнемоштило.Има разни болести и ова е како врв на се.И не можам да замислам како и е.Цело детство ми е поминато со неа.Баба ми.Единствената личност која никогаш не ме изневерила.Која е секогаш тука.Ете цел ден липам.Сеуште не можам да си поверувам.Но,таа не заслужува вакво нешто.Никој не заслужува.
Ако животот е лото игра, дефинитивно некои луѓе се нашата „сигурна комбинација“, па кога и да ги уплатиме, исходот е ист...... промашена комбинација се.................................................
СДК дека последниот албум на Бибер е одличен ( и ова го доживеав) а кога ќе го кажам ова на моите пријатели фаците им се баш вакви