Moже мислењево не е за во оваа тема, но немам идеја каде да го напишам... Денес одејќи на факултет, кај МАНУ, ме пресретна мало ромче, барајќи ми пари за леб. Го извадив новчаникот, но имав само 2000. никакви железни ни други ситни пари. Полошо во живот не ми паднало, знаејќи дека мало дете ми бара пари за ЛЕБ, а јас немам ништо ситно да дадам. Реков НЕМАМ и некој камен ми падна на срце кога душичката ја наведна главата и замина... Цел ден се размислувам што точно требаше да направам, бидејќи вака сигурна сум дека згрешив. Поучете ме што вие би направиле во ваква ситуација?
По кој пат не прашуваат мене и најдобриот другар дали сме дечко и девојка. Почнува да ме нервира веќе тоа.
@Oleeenka Ќе го направев истото што и ти. И мене ми е многу жал за нив. Кога имам ситни пари им оставам, се случувало некогаш и чоколатца кога имам во ташна. За жал многу ги има такви дечиња посебно во ск, во Охрид стварно се ретки. Не си ставај се при срце Следен пат ..
Кога би бил мој светот би направил да владее,љубовта,мирот,пријателството,да нема прерасуди кон народите,секој човек на светот да има најмалце парче леб и чаша вода.
Секогаш беше меѓу првите кои ми го честитаа роденденот и ќе ме израдуваше со честитката. Знаеше и да дојдеше да се појавиш од нигде никаде и да не израдуваш сите со твоето доаѓање,шали,смеи. Знаеше денот од убав да го напрвиш најубав,од тажни и нерасположени да не направиш среќни и највесели. Во тебе владееше таа харизма,сум запознала многу луѓе никаде,ама баш никаде неможам да го најдам она што можеше кај тебе да се најде. Каде си сега пријател? Те нема,те нема да ме насмееше,те нема да ми го честиташ роденденот. Несакам името да ти го читам на надгробната плоча,несакам пријател... Нека биде проклета болеста.. Ќе се видиме пријател,таму некаде горе на подобро место...
Не само вчера, и денес ќе се бањав и тоа во Охрид. Ама не, ние жените мора да си попатиме секој месец околу 6-7 дена.
Очи мои дали добро гледате... Ја гледам очободната реклама -Македонија без првут!!!! Без мозок останавме ,сега и првутот ќе не напушти полека и сигурно...
Не знам кој им е филмот на некои луѓе. Тоа роднините од страна на татко ми се удав луѓе, не се разбираат од збор и не знам дали човек треба да им нацрта или што. Уште пред месец дена кога кажавме дека ќе дипломирам и дека не планирам да собирам гости како Ивкова ми слава, следеа коментари, ама зошто, ама си треба и се по ред, македонска работа. Значи убаво им кажа мајка ми дека не е ради трошокот туку ради тоа што се многу и ако ги повика сите макар и на кафе и сок пак ќе испадне влечење и славење со денови, а немаме ни живци ни време за тоа, а и секако нема да е само кафе и сок. И вчера една паметна братучедка која е газдарица на мајка ми, ја викнала во канцеларија и и рекла еве пари за дипломецот штом се толку стиснати да нејкете да викнете на едно кафе, мајка ми ги оставила и си излегласо коментар дека веќе е кажано зошто не славиме и дека нема птреба од поклон, а таа потоа почнала да и се дере уште не знам што...замислете, мајка ми се осетила толку мизерно и понижно што мене вчера кога ми кажуваше ми идеше да им отидам и јас убаво да им кажам. Значи луѓе без осет и со потреба од гестови кој вриштат јас имам пари и сакам со тоа да те понижам ми се гадат. Не можам ете да сфатам кој им е филмот и што сакаат да докажат. Ние секако си почастивме најблиските, си прославив со друштво, мајка ми на работа почастила како што е ред нели, ама овие значи 10тина братучеди на татко ми што се, скоро никогаш не ми влегле во куќа, сега бил муабетот само за едно кафе, до толку за дипломска...амн бре љубов. Многу ме изнервираа, ептен...и велам на мајка ми требало да ги викнеш и стварно само по едно кафе да ги послужиш па тогаш да видиш дали пак ќе налегаат.
Денеска дечко ми и мајка ми ме изненадија Во 12 часот на пауза дечко ми ми звони да искочам надвор да ми дадел нешто јас искочив и кога видов ми донел ладно сокче и ми вели повели освежи се. Се изненадив иако не е нешто кој знае што, но мене малите работи ме изненадуваат и ме прават среќна. Потоа кога си дојдов од работа мама за ручек направила дно од моите омилени јадења риба и ориз. Сега сигурно ќе помислите на колку безначајни работи се изненадувам, но ете јас сум таква
Некој да исконтактираше со NASA да отидат да намалат тоа печката малце испоцркавме сите доле бе ало!!!!!!!! јаооооооо жешко
Кога денови и месеци ќе изгубиш повторно составувајќи се од нечија дрскост, ладност и самоувереност... Кога денови месеци во огледало ќе гледаш само рабови на санти мраз со кои незаслужено те накитиле... И кога во една мили секунда ќе чуеш дека не заслужуваш доверба ти знаеш дека нема назад.. Дека сакаш само men like these...every day...all night... nothing else....
Надеж. Постои кај секого од нас.За некого е сламка да се фати да не потоне.За некого е срча.Газиш на неа ,се виткаш од болка,крвариш и продолжуваш да одиш.Боли..раната зараснува a нaдежтa ти зaлепувa мелем дa не oстaне белег.
Замисли си сијалички за елка. Шарени, на различно копче светат со различен интензитет. Ги пазиш, ги чуваш, внимаваш да не прегорат. Го бркаш кучето да не откорне некоја. На децата не им дозволуваш да си играат со нив. Ја красат елката. Убави се. И одеднаш една прегорува. Може е до струјата, може се престари, може незабележано си ја оштетил. Некогаш прегорува само таа, ама другите остануваат здрави, па ги оставаш. Сијаличките уште изгледаат убаво. Ама некогаш прегорува цел ред, и кога ќе застанеш пред елката еден дел е темен и не чини. Уствари замисли кула од карти. Ја редиш, внимателно, со љубов. После некое време е наредена, изгледа совршено. И одеднаш негде таму втор ред, трета карта почнува да се ниша. Некогаш ќе фатиш со раката, ќе ја стабилизираш и кулата не се руши. Ама некојпат ќе се сруши. И почнуваш од почеток. Градиш, паѓа, градиш, паѓа. Немаш веќе сила и ја оставаш кулата. Ги собираш картите, веќе ја нема. Така некако и животот со хронична болест.
Помина прилично дооолго време откако раскинав со бившиот. Си дојдов на себе, си се принајдов одново која сум и што сакам, ги отпаузирав нештата кои поради некоја причина ми беа паузирани, си постигнав некои лични успеси на кои многу напорно работев... убаво е јас да си бидам повторно јас. Пред некој ден видов за првпат после толку време ставил слика со нова(та) девојка. Да, сеуште го имам на фб, незнам ниту јас зошто, ама не ми пречи. Неможам да го опишам чувството кое ме обзеде кога ги видов. Како нешто во мене да воскликна - конечно си слободна!!! Таа слика конечно го затвори тој пасос од мојот живот и ми донесе толкаво олеснување, нов "воздух", некој вид на радост, мир во душата, некој нов елан, незнам како да го опишам... Незнам зошто го почувстував тоа, значи ниту сме биле во активен контакт, ниту сум очекувала нешто после раскинувањето, ниту сум размислувала воопшто на таа врска... баш затоа и се зачудив од сопствената реакција. Веројатно тоа е она што американците го викаат closure.
@1209 слично ми се случуваше кога не ги викнав на апсолвентска вечер, па по телефони се јавуваат изненаѓени и увреѓени...