Дождливата, досадна, сабота. Ден кој порано го очекував цела недела за да излезам со другарките, а сега ... Ма не го ни чекам повеќе, сеедно ми е дали е понеделник, или сабота веќе. Се ми е сеедно... Ми се јавија за излегување, само им реков не, порасположена сум за заспивање на моите книги. Барем тие се најспособни да ме релаксираат, додека живите суштества стварно ме замараат.
Зошто толку се прекрасни пролетните и летните дождови ? ПРЕКРАСНОТИЈА Си седиш до прозор си слушаш песни од детсвото, песни кои што некогаш си одлепувал на нив и гледаш капки дожд на прозор....Совршено е. Најмногу ги сакам овие дождови толку се прекрасни...Сега ке си земам книга и ке си читам додека не заспијам така до прозорот....Ово че бити добра ноч предосечам хахаха мислам добра за спиење со дождот
Тоа чувство кога ноќе ќе те спопадне лудило да чистиш. Јас лудилово си го нареков чистоманија. Во 9 саат сум пуштила правосмукалка и чисти, се чудам како соседите не ми затропаа на врата. До сега сум бришела прашинa, чистев со правосмукалка, измив садовите, перев нешто и сега е време за трета смена на фемина. Мама се шали со мене и ми вика машала кој ќе те земе нема гајле да има, права домаќинка.
Најважното, најубавото и најпотребното нешто што сум го научила во мојот досегашен живот е да си го слушам срцето. И прекрасно е кога знаеш што ти вели срцето, знаеш дека е исправно тоа што го правиш и на крај се потврдува дека постапката е исправна. Само што (понекогаш) тврда сум на уши
Сега додека го гледав Брат ми како се спрема за излегување, како внимателно ги бира кошулите, како ги пробува, ме преплавија емоции, некоја топлина во душата Се запрашав што би правела да го немав, каков би ми бил животот да не е тој тука? Како детство ќе имав ако секојндевно не се тепавме и не јадевме леб и сирење во песокот Бев благодара што е жив и здрав и што имам таков брат како него.. Убав на дада порасна и тој, стана маж, доста зрел и вреден. Додека неговите другари се пијанчат и користат дрога, тој заработува. Горда сум што го имам... Ајдее пак се расцмиздрив по не знам кој пат денес..
^^^ Постов ко јас да сум го пишувала, исто скорс, па баш и во исто време Како и да е и и јас си го обожавам брат ми, ОБОЖАВАМ. Премногу сум благодарна шо имам брат како него, брат кој ме разбира, сака и секогаш е тука да ми помогни. И јас се расцмиздрив.... Инаку, денов работен и тоа еден од оние поработните. Значи мајка ми е едена од оние ретките која решава да варосува кога времето надвор истура, потура, грми..... и секоја година така, ама ко за чудо и успева. Баш и тоа е причината поради која денеска помалку седев на форумов и општо онака на интернетов. Сакам кога помагам, се чувтсвувам среќна. Стасав точно на она крајното, најдосадното, кога се треба да се исчисти, избриши и врати на свое место. Јас, мајка ми и брат ми со полна пареа цел ден тука разместуваме, поместуваме, де налево, де на десно, напред, назад и така цел ден. Мајка ми се замислила некој кој шо е најмен за уредување и декорирање, па само наредува и прави некои измени по дома. Кога стигна татко ми, викам добро е, сега мајка ми че ме земи во нејзниниот табор, и јас малку да наредувам. Ама не бе, вика сама поубо се наредувало. И така, тројцата заедно, посилни, наместивме, средивме и на мајка ми и остана уште да избриши се. И тука помогнавме ние и така. На крајот стигна мојот омилен дел, прередувањето на алиштата. Обожавам да го правам тоа, посебно со мајка ми. И таа е иста ко мене, приврзана за секоја ситница, за секое парталче и срце не боли ко че треба да го фрлиме или замениме со нешто ново. Најмногу ми беше кеф кога ја видов повторно венчаницата и секако не одолеав да ја пробам, повторно. И да не се фалам, ама уба сум бе, убо ми стој . Инаку вечерва решивме дома да си ја поминиме фамилијарно, со по една чаша вино и си се потсетуваме на страите времиња, интересните моменти и секако неизбежните муабети за иднината и слично. Времето поминато со семејството нема цена! Затоа поминувајте колку што можите повеќе време со нив. Имајте убава вечер девојки
Колку мразам кога споредуваат ,посебно некој кога ќе каже : сите девојки се исти,или сите машки се исти Епа не се сите исти ... Падна муабет за една девојка која е во долга врска и изгледаат презаљубени со дечко и а она позади грб секојдневно му набива рогови,излегува со друго дете за да си го надополнила задоволството кое и било потребно Сите знаат за тоа што го прави само нејзиниот љубен незнае ништо и слепо и верува ... Се спомна нешто за неа во друштво и еден паметен фраер вели : Абе сите женски се исти бе,љубовниците си ги претставуваат како најдобри другари Неможав да издржам кажав : Не сме сите исти,со оваа се навредувам затоа што велиш СИТЕ,еве јас не сум таква Иронично ми се изнасмеа и вика : Абе само се бранете една со друга исти сте Леле колку се изнервирав аууу,престанав не кажав ништо повеќе,не вреди да инаетам со некого кој не разбира и мисли дека е се во право Паметниот попушта ,душата ми е чиста,совеста мирна,немам потреба да се објаснувам на небитни луѓе Аааа и ова сакав да кажам ... Колку бргу минува времето Летааа,не застанува ни за миг ... Кога почнав да излегувам за првпат уживав да се спремам,шминкам,да се преоблекувам по повеќе пати додека одлучам што да носам.Секогаш и велев на мајка ми дека никогаш нема да ми здосади да бидам излезена во диско со друштво.А мама се смешкаше и велеше дека се си има свое време и се е променливо. И навистина е така,не паметам кога последно сум се спремала за викенд да излегувам и да се забавувам... Во последно време тоа навистина ми недостига,сакам да излезам да се опуштам да не зе замарам,да се вратам пред сонцето да изгрее Да се присетам на преубавите вечери кои некогаш ги доживував ,но нема... тие мигови никогаш нема да се вратат,а навистина посакувам. Тогаш ми беше сеедно,се дружев со сите,не ми сметаше никој сите ми беа исти но сега како поминува времето сватив и научив какви навистина се луѓето и со кои како треба да се однесувам. Останува да си се присетувам на минатото и да се смешкам задоволно мислјќи на убавите саботни вечери кои ги имам доживеано,да ужива во сегашноста и по малку да мислам на иднината па да почнам да размислувам посериозно и да кројам некои посериозни планчиња
СДК дека сум исполнета и пресреќна! Настапот беше одличен. Го направивме горд човекот кој веруваше и вложуваше во нас. Чувството е прекрасно!!!! Дури ни дождот не може да ме растажи овој пат!
Оф бре Господи, прости ми тука што те спомнувам, ама морам.Прости ми, шо сум му обрнувала внимание на толку проѕирни, лицемерни, дволични луѓе. Порано. Сеа кои сами се оттргнаа од мене, кои јас ги оттргнав. Такви, не ми требаат во животов. Ама добро е што се изгубија. Луѓе шо ѕвонат само кога нив им треба нешто, или па шо не му текнува со месеци да ти се јават и да те прашат како си, не не. Не ги сакам. А, запознав и такви на кои сум му многу поважна одколку на тие предходните. Е за тие луѓе и се смеам, и плачам и се радувам. Малку пријатели, но вистински.
муабетиве ми се е врхунац: не можам да поднесам што ми прави вака, ама од друга страна - го сакам... или: тој ваков, таков, потаков, најтаков, инаков, никаков ... ама јас го сакам [.. тоа ама многу убав пример за мазохизам дава ] Така бе жени, не се откажувајте! Со трпение и ако доволно почекате, сигурна сум дека ќе го сменете, сепак нели тој ве сакаааа Спојлер умри мушки!!!
Субјективноста е човечка особина. Можеби тоа што не' прави луѓе. На крај, што и' фали на субјективноста? Луѓе сме. Никогаш веќе нема да цртам навечер, само со креди, без молив. Ми дава некое морбидно чувство. Дури и ликот кој го нацртав е морбиден. Потсеќа на тие морбидните, искршени кукли од кои некои луѓе имаат фобија. Јас полека се претворив во „светла душичка“. Друго, шмизла = идна дрофла Почна сезоната на свадбите, држете се свадбо-мразци(и јас сум една од вас). Како беше? Салата, пирошка, вечера, торта? Кружење околу ресторанот цела ноќ. Турбо-фолкери, се извинувам, народњаци. Пиење сокови со сила, колку да имаш што да правиш. Туку ајде, можеби нема да не' канат на свадби. Остави префрлањето сега. Баш е убаво утрото. Дождливо, но убаво. Се' уште не го сакам дождот, но денес ми е убаво. Денес за првпат после неколку години имав појадок со семејството. Леб, путер и чај. И дождливо утро. Ми недостасуваше тоа. Ги сакам неделите. Иронично е што секој „скаперник“(скржавец) ти филозофира како не е се' во парите. Клише. Но, остави. Ај, чао.
Вадава на тв: “Заокружете 1.. Ќе ги вработиме сите невработени, ќе го напрајме патот, вода од чешмата..“ Умреа веќе, филм на рајат неможам да си изгледам! Повеке рекламите ги гледам отлколку шо го дават филмот .-.
Како бе вака во теми каде има нешто да пишете дали сте за или против или легализација - да/не или некои слични на нив, каде би требало да го поткрепете своето мислење пишувате само ДА односно НЕ? Па имате нешто да кажете или немате? Не е поентата само да се напише било што. Дискутирајте девојки! Темите во психологија се затрупани со небитни коментари и нормално нема дискусија. Епа нема.. Беспотребно се нижат страници по убави теми со потенцијал за содржаен муабет, а содржината на истите е мизерна...
- Едноставно, си замина.. Далеку сме, не се слушаме више.. Знаеш, некогаш знаеше да ме прегрне онака најсилно кога ќе ме види, без никаква причина.. Знаеш, си ги бришевме сoлзите една на друга, се тешевме кога ни беше најтешко, заедно ги решававме проблемите.. Знаеш, можеше да ме насмее во секој момент кога никој друг не можел, можеше да направи секаква глупост во секое време.. Секогаш бевме тука една за друга, и во добро и во лошо. Таа.. таа не беше само моја најдобра другарка, веќе ја сметав и за сестра.. Но, ете.. Далеку сме.. незнам како.. Си замина, .. ме заборави.. Ете, тоа ме повреди, што сите изминати денови ги фрли во вода и замина кај дедо господ. Замина кога најмногу ми требаше Нека почива во мир
Уфф како сум се наспалааааа овој дожд беше прекрасен но мајками ме извади од памет, спијам јас и ме здрма само ајдееееееееее кафетооооо леле кога рипнав помислив нешто гори ццццц хахаха јас рипнам и викам штоо кадеее? Вика дома каде сакаш ти хахаа аххх мамо мамо