Leb i sol Nezamenlivi Cesto mi se vrtat niz glava stihovite Kao na strazi cuvam noc od budnih Ja sam samo jedan od “sinova bludnih” Pravih se reci uvek kasno setim Odgovor znam kad ostanem sam (Izvinete sto ne e na kirilica)
Најтешко е кога се наоѓаш на крстосница и незнаеш кој е вистинскиот пат кој треба да го избереш. Полесно ќе беше да се избере вистинскиот пат, доколку знаевме што ни носи иднината т.е. доколку знаевме што не очекува на крајот од секој пат. А вака незнаеш дали е правилно да го следиш срцето или разумот.
Читам прашање: Мајки да ве прашам може не е соодветна групава ама овде повеќе ве има какво мислење имате за кашичките на Хип дали од тие да се даваат на бебињата или да му се прави дома . Но од друга страна се почесто се коментира дека во овошјето , зеленчукот има пестициди па да не знае чоек што е подобро . Ве молам за ваше мислење Оние што ги пораснале децата со Хипп, прво ги гледаш нив и све ти е јасно, а второ гледаш дете со вишок телесна тежина, ама они се убедуваат што е добро, што не. Абе отвори и види и ги децата што ги одгледала и што тврди дека нема ништо погрешно, па све ќе ти стане јасно. И како се воздржувам да не им пишам - признајте си дека сте мрзливи и барате оправдување. Па и Хипп каша за вечера. Полна шеќер да ги успие, ама утре кога ќе се разбуди хиперактивно. Кога ќе ги видам по аптеки на ангро како ги купуваат... ми оди да им викам - оди зготви ма нешто, мрзлива една. Сериозно погрешна исхрана е злоупотреба на дете...грев да те фати.
Долните купаќи мали, горните големи. Седам на сред соба со партали околу мене и кукам што се ми е мало, само сандалите ми се точни, а нив ги купив денес
Covekot e mnogu dobar advokat za sopstvenite greski,a odlicen sudija za tugite...demek jas sum jas gledajte me i ucete od mene.more mrs,u p.m.mi se gadi od takvi samobendisani,samopreceneti gospogji..i gospoda..
Мајка ми денес особено е нешто расположена да нè тинтра мене и сестра ми, тотално беспотребно нели, доволно сме возрасни и двете за да се грижиме за себе Се вртам во еден момент и ѝ викам: Океј мамо, уживај, не сме принцези. А она: За мене сте! And that's all you need to know about my mom
Само што ме извести другарката дека се смувала со дечкото што праат долго време муабет. Ја мислам дека сум посреќна од неа. Ллеле дај боже да иде се како што треба. Едвај чекам утре да ја видам да бидам известена за сите детаљи. Ако не јас бар она да биде среќна, кога ја гледам таква и јас сум.
Баба ми има една генијална логика: „Да зачистам, раскренам пред да дојде чистачкава да чисти, срамота да види прљаво.“ Жено, за тоа ја плаќаме. Да биде прљаво, да дојде да исчисти па да не биде више прљаво.
Мислам дека интересно му е во врскава што цело време мисли дека сум двосмислена, саркастична и иронична, а и со тоа препаметна, па ме одгатнува одвишак од што треба. Еден ден ќе го уконта стварно тоа и или ќе му стане досадно или ќе си рече абе глуп еден. А некад стварно сакам само да ми измасира стапала и да фрли ѓубре....
Сдк штотуку ја наполнив 26ката ,остарев и јас уште една година ајде дамице наздравје нека тие Исто така сакам да им се заблагодарам на моите другарки што ми ја разубавеа вечерта,и ви благодарам за честитките души мои.А ти мајчице моја од твојата прегратка топла,полна со лјубов,поубав подарок од тоа нема.Ти благодарам за се што ми даде и пружи во животот мајко,среќна сум што те имам и те сакам највеке. А сега и вас тука да ве почастам Повелете
Онаа кога на фб ќе видиш деца од 12,13 години што си честитаат роденден со "се што ти лежи на срце, во кревет да ти лежи".
Наспроти се. Верувам во Бог. Тежок период е. Но, како што велат да му ги предадеме грижите Него. Спојлер Бог се нуди да ги одговори молитвите на Неговите деца (оние кои Го примиле во своите животи и кои Го следат). Тој вели сите грижи да Му ги пренесеме Нему во молитва, а Тој ќе дејствува според Неговата волја. Како што ќе се соочуваме со тешкотии, треба едноставно да Му ги предадеме сите грижи Нему и да примиме од Него мир кој опстојува и покрај проблемите што нè опкружуваат. Основата на нашата надеж и вера е карактерот на Бог. Колку што подобро Го знаеме Него, толку повеќе ќе бидеме наклонети да Му веруваме. Го започнувам денов со молитва и благодарение. Имајте убав ден! Сакајте!
Денеска идејќи накај работа сабајлечки уште поспан,една глетка ми го стопли срцето,и ми ја врати вербата во луѓето дека сеуште постојат хумани луѓе. Идејќи накај работа на еден мост во центар гледам еден човек клекнат со шише вода во рака а пред него лежи дехидрирано улично куче,човекот му го имаше пикнато шишето во уста и тоа цицаше како никогаш да не пиело вода душа ,секоја чест за човекот,секоја чест за големото срце негово,господ треба да ги награди таквите како него. Хуманоста е силата и големината на луѓето.
Понекогаш подобро Хип кашичка, отколку смоки и јогурт за вечера. Јас стварно не знам што хранливо има во тоа?! Или паштета, леб и сок тетрапак на дете од 2 години Битно паштетата била Аргета Јуниор, демек знаеш, за деца
Сношти ,кога дремев на тераса ми помина низ памет.Што ако Бог ,чукне на мојата врата.Баш на мојата.Лично.Си се насмеав на првата мисла дека ќе погледнам низ собата дали ми е чисто.Како и за секој гостин нели.Рефлекс.А потоа си мислам,нема да направиш ништо.Апсолутно.Само ќе ја спуштам главата во неговата прегратка и најверојатно ќе заспијам.Зашто ако не дојде најверојатно се уште не сум направила се.Тој е во се ,но најбитно е дали сме јас сум во Него.Ќе го дознаам тоа ако неговото доаѓање ме вознемири или ме израдува. Морбидна сум,свашта ми паѓа на памет.
Кога го гледам како спие, полна ми е душава. Уште повеќе кога можам да го закачам додека се обидува да поспие уште некоја минута.
Точно е, подобро е да се прави дома. Се знае што е здраво. Јас лично секогаш се трудам да го направам вистинскиот избор при купување на продукти за приготвување на нејзините каши и да бидат вистински здрави без генетски модификации или споменатите пестициди. За мене не е исправно прерано воведување на некои продукти, исхрана од типот пинџурче/манџиче кај бебе или пак машко е, нека проба. Толку многу информации се достапни во однос на табели за исхрана, што од кој месец е препорачливо да се воведе, или пак начинот на подготовка. Кршењето на истите и јас не знам како да го наречам. Исхраната кај трудница, мајка која дои или бебе е и те како сериозна тема која директно или индиректно може да се одрази врз идниот развиток на тоа бебенце. Во однос на кашичките, не дај боже да се погоди дете нејадач. Каде спремаш едно, две три...по неколку варијанти на зеленчук за ручек, а детето не ги укусува. Тоа е мака. А бес колку сакаш, на секој ќош.