Со мајка ми кога сме во циклус не се поднесуваме ,ми почнала секој ден да чисти ,по скали,да ми тресе теписи и тн ,а мене денес ми е црногорската а каков кејф имав за во базен. Утре ми доаѓа другарка од др град ама баш никаде не ми се оди а толку места и ветив...
СДК +/- килограми = стриички.Пак мачење масажи итнитн. Сфатив дека не треба да се нервирам за глупости да не се замарам толку и да го живеам животот максимум бидејќи пред некој ден добив вест што ме потресе и ме освести...
Доколку некој/а од вас живее во околината на Американ Колеџ, Скопје, ве молам пишете ми лп. Ми треба информација а не можам да ја најдам онлајн.
Се нервирам кога читам еден ист муабет по не знам кој пат на темава. Обично за правописот... Ако некој цел живот не научил да пишува правописно, нема ни сега. Бадијала се замарате. Секој си тера по своето. Ете толку. Во овој случај игнорирањето ви е најдобра варијанта.
Многу работи сакам да кажам. Подобро помогни му на куче, маче многу поблагодарно ќе биде отколку на човек. Мене луѓето не ме сакаат баш и кога ќе им помогнам ама затоа кученца, мачиња па и бебенца во последно време ме обожаваат, без да имаат некоја посебна причина ми доаѓаат во прегратки. Се трудам да побегнам од негативни луѓе кои ме опкружуваат и ми ја крадат енергијата, ме исцрпуваат. Не сакам да бидат во моја близина луѓе кои постојано се намуртени, нервозни, со лоша негативна енергија. Многу подобро се чувствувам во друштво со сама себе додека готвам, чистам, читам, гледам филм, читкам низ форумов, разни сајтови за рецепти, мода, убавина итн. Имајте убав викенд.
Марли е настинат Каква газдарица такво куче. Нежно е многу како мене. Само нешто го снајдува. Денес пак на ветеринар, ни даде антибиотици и така. Кутрото тоа кива, кашла, му свири носето дури диши цело затнато. Душа моја мори. Јас бетер од него со емоциите. Ги прекинав Јасминот по две години и сега како ненормална сум. Се надевам за брзо ќе се регулира.
Треба да знаеш дека има голема веројатност дека си д бич од другарка ако на нејзината свадба вложуваш повеќе во својот изглед, него ли она, иако е невеста. А сите знаеме колку се замараат невестите со нивниот голем ден. Не е као ти си богата и Шурбевски те шминка на секоја свадба кај што ќе се појавиш, така? Кај братучетка ти ок ти беше и сама да се нашминкаш,ама кај другарка ти...мораше да биде Шурбевски. Ама шминкер не е пластичен хирург, ме разбираш така... Па и суптилен украс на глава како круничка... П.С. Мене лично Шурбевски ми се свиѓаше едно време и после престана, откако сфатив дека момчето нема благе везе со пропорција. Се изнагледав еден куп девојки со раздвоени очи, со уште пораздвоени очи од шминката.
Na nekoi frizeri treba da im se odzeme licencata za rabota,ama pod itno,dur i nekoj drug ne go unakazat i mu go razlepsaat letoto.se prasuvam kako ne im e sram,im plakjam,i toa debelo,i na kraj i go nosat bebceto na doenje,i normalno neli pobrzuva da zavrsi,uffaa..ajde,ke porasne...
Ќе те нема во Скопје еден месец, десет нови згради ќе направат, десет нови фасади ќе исфарбаат и десетт нови пешачки премини ќе премачкаат со боја. Ќе те нема во Битола десет години...ништо нема сменето, тек тук некој нов кафич отворен, со големи предиспозиции дека ќе се затвори за неколку месеци, обично три, зошто Австралјаните и Швеѓаните ќе се вратат во своите краишта. Ќе гледате вечер фудбал ? Јас ќе гледам заради другарите, инаку ниту ме интересира ниту ќе ме интересира некогаш кој каде игра или какво првенство е. Убаво ќе е, само да не заврне многу. Како и секогаш, немам што да облечам
Веројатно не сум единствената што носи штикли по дома за да ги тестира? Имам еден пар што сум го носела еднаш, а пред да ги облечам за на работа и да се впуштам во 10 часовно носење, решив прво да им ја испробам удобноста. Па замислете ме како ги носам додека мијам садови и чистам по дома Секси домаќинка на висока штикла Само што сега мијалникот ми е низок
Јас невремето го преспав, а слушам приказни вакво било онакво било. Го знаете она чувство кога другарките те викаат на сите страни, а ти за да им удоволиш на сите сакаш на сите страни да бидеш, а неможеш? Е така во моментов морам да се откажам од една страна. Една другарка пред неколку дена има закажано на козметичар и ветив ќе ја однесам, во меѓувреме за утре ме викаат на викендичка со спиење.Е, нема викендичка ќе мора тоа да го оставам за некој друг ден. Секогаш кој прв нешто закажал со мене тој е во предност. Неможам на сите страни, а деновиве треба да добијам.
Секое лето иста приказна.... прво од топло време се осеќаш исцрпен и ти се спие, после не можеш од жешково да заспиеш и така не знаеш кога спиеш. Скрос ми се поремети спиењево откако сум на распуст. Дење повеќе спијам од ноќе. Резултат - секојдневни главоболки. И од жештинава не можам да излезам пола од денот. А навечер - дома ми е потопло од надвор. Сепак си наоѓам пак некоја разонода. За да бидам поголем баксуз ми се расипа вентилаторот. Така да си трпам засега. Стварно не ми годи лето и топло време. Сите едвај чекаат лето, само јас зима.
Многу од гласните на кои се им пречи, им пречи и да направат нешто во животот. Сами. Неповрзано, многу ме нервираат родители што не си ги воспитуваат децата, па малтретираат луѓе наоколу. Не се мачи да раѓаш ако не мислиш да му посветиш никакво внимание. Аман. Главата ќе ми експлодира.
Далеку од дома а ништо не трепери во мене, ни зрнце носталгија или желба да се вратам. Ах нај веројатно не возвратена љубов што би рекла црната стаорка,ама не еве го до мене заедно избегавме не ќе да е до тоа нешто друго е. Лошоооооооооооо
И уште една работа. http://www.libertas.mk/cheitirigodishniot-almir-pochina-zaradi-banalna-raspravija-na-vozrasnite/ Што се случува со луѓево?
Со насмевка и пристојност можеш многу далеку да стигнеш, дури и онаму каде не си се надевал. Доброто и внимателно однесување, верувајте, има некој што го цени и врз основа на тоа многу врати ќе ти се отворат.
Понекогаш ми е толку тешко, па си се прашувам зошто воопшто сум родена. Која е мојата цел овде? Да патам и да се јадам? Посакувам да легнам да заспијам и на ништо да не се сеќавам. Ама ете...живот...ќе играш како другите ти свират.