vo momentov okolu 100,000 Lugje se vo Buenos Aires.I baraat Messi da ja promeni odlukata za napustanje na reprezentativnoto natrpevaruvanje. Ete kolku e golem Messi!!! Tolku.
Срце ми се кине, тешко дишам и не сум спиела 3 денови. Морав да бидам силна пред него и да му ја дадам целата поддршка на светов, за конечно да се изнаплачам откако замина. Да! И брат ми како една од илјадниците жртви на погрешни политики си замина во подобар живот. Не ми се верува дека секаде стана подобро од тука и тоа ме боли уште толку.... Пусто срце што се мора да истрпи... Ама знам дека мораше така и знам дека ќе му биде многу подобро од тука... Додека со едниот од омилените машки личности во животецов се испративме, другиот си го чекам да ми дојде, со него броиме денови...па да му рипнам во прегратки, да го изгушкам, ребра да му скршам, па да ми каже дека го имам него и дека се ќе биде во ред.. А третиот..за него најтешко ми е.. Денеска 4 негов роденден без него. Тој е сигурно на подобро место, таму горе меѓу ѕвездите каде што што сите добри луѓе евентуално завршуваат.. Боли колку фалиш... Еден си, беше и ќе останеш..се надевам си го нашол својот мир..
Диета. Лето. Aпостолки за по дома, најшарени, рамки за слики, ТЕНЏЕРИЊА, ТАВЧЕ, полна кеса џиџи миџарници. Утрински пазарлук. Пладневен неделен немир. Терапија ми е шетање по Партизанска на зајдисонце. Најголемите соништа ни се отсонувани шетајќи по Партизанска на зајдисонце. Душевна мир, благост и дланчиња што се бараат и плеткаат, па ќе се пуштат. Време на сончогледи. Се сеќавам кога ми го купи првиот букет сончогледи на паркинг на Веро. Си испараноишев дека некако ме манијачел и знае, а и тогаш јас си реков - е сестро, овој е тој. Не дека од еден букет де, ама зјаев во окцата на сончогледите како да ме гледаа директно во срцето. Години, времиња, чувства се менуваа, настани такоѓе. .. Поминавме многу... Од се на мене само четири работи не се сменија - за семејство гризам секогаш и секаде, бесконечно се внесувам во туѓите чувства, нема нешто што не можам да го направам ако доволно сум лута и го љубам него, секој ден со се поголем интензитет. Криво ми е за повеќе работи. Утрово пиев кафе со жената која ми го смени животот. Не е воопшто блага со мене, ама знае и што да ми рече. А не дека не знам ништо од тоа што ми го кажа. Мора нешто да се менува. Ова работно место ме прави само тажна, уморно тажна... и лута, многу лута. Планирам пладневна јога, туш и јавање по зајдисонцето, та до Ситимол пеш, треба да си платам себе си од платата. Денес душава му е лута на татко ми нешто. Во глава ми е ок, ама душава е тажна, но ќе и помине, зошто мојата и неговата душа во некој минат живот биле души на близнаци, не може да е поинаку.Можеше помалку да верува во мене и да ме остави да се одморам, он да ми наѕида некоја цикла. Темелите се родителска должност. Ама некои ни темели немаат кога ќе видиш... а угоре замоци...а тоа е најтажно.
Не знам зошто ама лето ми е период на недостигање на личности... Секој некаде оди, по месец, некој и повеќе и се тоа луѓе што најмногу ги сакам. Научена сум секој ден да си ги гледам, празно ми е некако без нив. Најдобрата другарка цел месец ја немам видено и тек ќе ја видам крај на август, а разговор по телефон и разговор во очи не е исто...Ми фалат и други личности ама најдобрата другарка најмногу. Ај битно они нека се изнауживаат, па коа ќе се вратат така со полна енергија, па пред нас се денови со разговори, прегратки и многу испиени кафиња и незаборавни моменти.
Она кога ќе се фатиш самата себе како некоја песна што на прво слушање си била као wtf и си ја сметала за една од најглупавите што ги имаш слушнато... е истата таа полека почнуваш да ја слушаш по 1532469 пати на ден.
Можно ли е да си ми како воздух.. ми недостигаш се повеќе и повеќе, се гушам без тебе.. Повторно оваа дистанца, толку многу километри нѐ делат - а те чувствувам како да си покрај мене, но кога и да те побарам со погледот, тебе те нема. Се тешам, барем наскоро повторно ќе бидеме заедно. Наскоро..наскоро... Ме притискаат емоцииве, немам сила да се надевам.. доволно е еднаш да ѝ се препуштам на тагата, толку ми треба за да се срушам целосно.
Кога-тогаш ќе ја сретнеме нашата вистинска половина... најчесто кога сме веќе дел од третина,четвртина....
Ако знаеме дека успешните жени се потпираат само на себе и одат по патот кој сами за себе го пробивааат, тогаш истите тие, да не речам НИЕ, не смееме да дозволиме сенката на еден маж без соништа , без визија, без пат да фрли сенка врз нас, врз најмалиот наш сон, врз најнесигурниот чекот кон напред...
Имам една желба, повторно да бидеме заедно. Само тоа и ништо друго. Џабе е се без љубов. Би ги заменла сите штикли за него. И во меѓувреме даваат Аргентина гооол!!
Случајно скролав низ една група на фб и низ милион членови случајно забележав едно познато презиме. Го отворив профилот и тоа што го забележав беше тоа што уствари го мислев. Одамна се знам со луѓето а изгубивме контакт. Мајкаму рано ја изгуби, а татко му беше "забеган" човек. Гледам се оженил, има две деца и жена, од малечка ме знае, татко ми многу го сакаше и тој него. Се мислев дали да ја додадам женава, дали да и пишам, сега е доцна да не ме сфати погрешно. Сепак ја додадов. Знам дека татко ми пред неколку дена му пиша и воопшто не доби одговор. Штета, ептен се дружеа татко му и татко ми на времето, но ете се случува да се разделиш. Мајкаму беше злато жена, жена од челик. Тело налик челик, душа од човек. Но за жал животот за неа прерано згасна. Малечка бев, тогаш имаше хармонија,смеа, среќа и радост. И времето се врти во круг, но никогаш нема да биде "како старите добри времиња."
Imaš dobar razlog da vjeruješ sebi. Ne zato što si uvijek donosio prave odluke, nego zato što si preživio one pogrešne!
СДК , не е битно во каков свет живееш се додека ти е поважно каков свет живее во тебе Каков ти е светот во душата, такво ќе ти биде и тој околу тебе
Спиев ко заклана. Два саато ноќе дојде. Муцките ми вријат како зовриена рерна. Чувство како да бев пиле во зовриено тенџере. Станувам,шо да видам.На муцките добив природен ботокс! Од комарците да им се плукнам во племето нивно!(пардон) Ме направија потечена во муцките се осеќам како Цеца. Поголеми од нејзините ми се. Чувството кога личиш на тој шо најмногу не сакаш. Ето. Добар ден
... Секој ден се повеќе се срамам од тоа во какво општество живеам. Како за добро утро ме пречека снимката од намерното убиство на малиот Алмир душа мала. Па како бе луѓе? Дали има толку мизерни бедни и гадни луѓе..да фрлат искри кон најмилото. Го чувале, бдееле над него за да некоја шизофренична будала со еден потег го сруши светот врз нив. Смртна казна да се воведе за ваквите свирепи убијци. Сочувство до фамилијата
Cudni lugje.. Prezivuvaat masakr i dodeka okolu niv lezat,povredeni,mrtvi,nepodvizni tie namesto da pomognat,telefonot vo raka i snimaj i slikaj...zabega svetov