Денот ми е никаков , ама баш никаков. Сив, тмурен џанам пролетен ден. Некои обврски низ куќа, неколку лекции..ништо забавно.. Но не е се така црно како што изгледа. Периодот ми е Совршен. Оценките на завидно ниво, пофалби, друштвото ми цвета, љубовта супер... Сончевите за жал поретки денови ме исполнуваат, шеткање, учење сето тоа ме исполнува, ми се ближи и роденденот , Велигден, интересни случки , натпревари.. Сакам да кажам, исполнета сум , убаво ми е, среќна сум, цветам. Ви посакувам убав неделен ден.
Ми недостигаат старите времиња... Зошто? Ај разбери се со самата себеси. Работите беа ужасни за мене, психички и физички. Но, имаше едно нешто кое успеваше секој ден да ме насмее... А сега? Немам никакви грижи, а сепак. пропаѓам длабоко во некој свет. Свет во кој што постојам само јас... Тешки чувства се тоа, особено за ваква личност како мене. Сите ме знаат како силна девојка, која се смее дури и кога ѝ е најтешко. Ми велат: "Само со тебе можам да направам муабет без да се грижам дека ќе дознае било кој друг. Само ти не ме критикуваш за моите гревови. Ти си секогаш овде за сите.". А каде сте вие кога јас сум осамена, кога сум во болница, кига мене ми треба помош од некого?? Тогаш јас не постојам, нели? Е, благодарам за ништо! Но, колку и да ве нема вас кога сте ми најпотребни, сепак, јас ќе бидам тука за сите вас.
СДК ми се допаѓа кога е недела и облачно времето, а јас дома цел ден да се излежавам и да си гледам филмови.
Сум заборавила како е добро чувството после вежбање Сум заборавила како е да мразиш недела, полека почнувам да се вклопувам во клубот на оние што го сакаат овој ден Сум заборавила која ми е мерата за идеалното кафе, еве сум го утнала малку Сум заборавила малку и да пишам некој пост на форумов, а верувам дека имам и оправдани причини. Мојата филозофска тема моментално е: Како да се одмараш и уживаш цел ден, а сепак да бидеш продуктивна? Во случајов, веднаш би се отфрлила физичката работа, бидејќи не можеш да се одмориш, а да се изостави одморот поради продуктивноста - не доаѓа во предвид. Психичка продуктивност - не ми е доволно позната, освен ако не ми дојде на памет некоја голема бизнис идеја седејќи на вц шољата Спојлер Не знам дали знаете, но тука се крие најголемиот извор на идеи па од овој момент фрлете ги сите списанија што ги чувате таму Продуктивност на компјутер - може да се земе во предвид, но во тој случај крајниот резултат може да биде чисто тепање време. Така да, ова прашање останува мистерија, а јас ќе продолжам да го обработувам својот труд во оваа комплексна тема До следното читање
Стануваш во 12 часот, наспана, недела е, нема насилно станување, бидејќи мора да се оди на училиште, а денот прекрасен е, а ти си сама дома. Отидов до тоалет, нели нормално секојдневни ритуали и гледам болјерот е напунет, па си искористив дур нема никој дома си се избањав, една обврска минус. Се избањав што се избањав отидов до кујна, ми се јадеше веќе и гледам на шанкот милка, а до неа ливче, тато ми го напишал дека тој и мама вечер ќе си дојделе дома, а брат ми бил кај баба, ако сум сакала и јас сум можела да одам таму. Како не, ќе си седам сама. Си отворив сок и сега си ја јадам милката, во позадина омилената песна и секако седам на омиленото место, на фемина. Не сум имала вакво утро од поодамна.
Станување доцна,учење,јадење што сакаш,мрзлив ден. Тоа е за мене недела. Ама ако барем си дома. Тоа што имаш 1000 лекции за учење и 500 задачи за вежбање нема врска. Ако се расипа временцево малку,сепак убав е овој период Уште само два месеци со луѓе со кои се знаеш повеќе од осум години Екстерно,полуматура и после секој по свој пат. Ама тоа е. Искрено и покрај тоа што имам цели три месеци распуст уште сега ме фаќа страв за средно. Ама од друга страна тоа е еден од најубавите периоди во животот. Нова средина,нови луѓе, нови професори... Ајде убав ден, а јас отидов јас да поднаучам нешто
Мразам кога расположението на луѓето влијае на нивниот однос спрема другите. Не можи да се речи дека некој има карактер ако го менува своето мислење и однесување како што ќе дувне ветрот. Имајте убаво неделно попладне и не дозволувајте никој па ни тмурното време да ја симни насмевката од вашето лице.
Фемино, така си седам јас и си размислувам. Кога јас ќе се научам колку е 6*8, 4*7 и 6*7? Ептен глупаво звучи, ама тој дел од таблицата во мозоков, ми е закржлавен. (или можеби цел мозок) Ми требаат неколку секунди, за да пресметам. Ми се меша 42, 46 и 48. Што проблем имам јас? Дали треба да се вратам во прво одделение? Среќа што не си ги вадам чорапчињата, за да пресметам. Уште до таму не сум стигнала, ама кај и да е... Ќе си ја залепам, во соба. http://ispeciparecideci.files.wordpress ... ablica.jpg Доколку подразмислам уште малку, којзнае што ќе откријам. Чекај, си ја знам куќната адреса? ... добро е! Вчера се испокарав со тројца души. Значи што ми е проблемоооооооооооот? Во последно време... јас - не сум јас. Јас не сум јас - кога сум гладна. А на диета сум. Ете, кај лежело зајчето.
Недела е, убав ден. Си седам под ќебенцето и си читам фемина. Едвај чекам да одам на концерт (вечер). Сега-засега си собирам сила за утрешниот ден. Понеделник.
Никогашш доста од ваков прекрасен и силен дождд незнам зошто сум толку спротивна од сите но мене дождот дополнително ми го подобрува располижениетооо .... Ми иде да излезамм и да трчам да дождот да трчам и да се радувам како дете, да ја пуштам косата да ми лета со ветерот а околу мене миризба на дожд и на цвеќиња....Морам да излезам на тераса и да уживам на дождот што неможам да одам по дожд неможам бидејки сум настината но можам да излезам и да ја гледам таа прекрасна магична гледка а во позади балади од Тоше....усни на усни , малечка.....
Јас немам двоглед ама гледам и без него Не можам да летам. Ама штикле на ноге ноге у кола, и ето ме на коктел кај Antoninaaa :geek: На која плажа си златна? да не ја утнам Па, кога не ти текнува да ме поканиш јас сама си се поканив. Може и Abeja да ја соберам Идеш женска, или сама ќе леташ? Отидов јас да се спремам. Имајте убав ден
Не бе, не можам да ги разберам некои деца. Сакаат порано да пораснат... Имам една другарка, (ако може да се нарече така, бидејќи скоро ич не се дружиме) која што е помала од мене една година. Еднаш се сретнуваме и ми вели : ‚‚Види, си ги издепилирав рацеве, а и на нозе сум издепилирана.‘‘ Молам?! Како бе така се депилираат уште од 11 години? Имаат ли тие родители? Не знам за вас, но мене ова ми е неразбирливо..
Коса скратена за 20 сантима и одма се чувствувам 10 кила полесна, ќе полетам од што сум лесна, може да ме дувне и ветер ако не ги носам камчињава во џеб. Полесно се диши вака, имам и повеќе време, наместо 20 минути бањање, сега сум готова за 10 и сушењето е намалено за 50% и више. Можело и вака значи
Ја реорганизирав собата, и немав направено апдејт 1-2 години, и еве седам и ја гледам од еден, па де од друг агол и не можам да се навикнам. Веројатно, за месец дена ќе ги вратам работите на исто место. Во животот сум улежана во една комфортна зона од која не мрдам и тешко се навикнувам на промени. Од еден авантурист полека се претворам во пензионер. Доаѓа период со куп обврски и планови, и еве, пак се плашам од нивно неостварување, оти знам дека не зависи се од желбата. Патем, мaка мачам со wish листата. Имате ли вие таква? Јас имам една имагинарна која не ја ставам на лист хартија оти е долгорочна, и другата која ја ограничувам на годишни времиња и се состои од ситници. Барам решение за book shelf. Од тоа најмногу се плашев, ама морам итно да реагирам, немам веќе место на полиците за книги.
Колку е само глупаво тоа што се раѓаш, одеш на школо, дипломираш, се мажиш, работиш, раѓаш деца и на крај умираш. Па кај е мојот глас? Мислам.. Што ако сум сакала да бидам гуска? Јас ништо, уживам, добра сум. Времето ништо не ми може. Само на моменти посакував да знам рецептот на пивото, амстел на пример.
Колку посреќна ќе бев да го немаше фејсбукот! Секој нареден ден е полош од претходниот, се оди на полошо, ми се гади од се што гледам и слушам. 12 годишно девојче се прерадува дека имало 67 лајка на сликата на фејсбук.. ти се молам ! -.- **** Се осеќам празно,неисполнето,никако.. чувствувам дека нешто ми фали .. ми фали еден мал дел да ми ја исполни душата со радост, но тој мал дел го нема ! Но ќе биде подобро.. барем така чувствувам. Имајте убаво неделно попладне